Мислам дека ние ќе сме последна генерација. Еве 2 женски имам ,нема да дозволам да седат заедно со свекрви ,теорија нема макар кирии им плаќала. Пошо мене мајка ми ми беше ,,Само мажи се ќерко ,тоа е важно. Да ти најдам некој ,Стојна имала внук од брат , Петкана имала од сестра бла бла " ,,А со мајка му да живеете ,ако бе сама е секако живејте слободно " Другиот ден по свадбата ,,а од сеа мамо да ја викаш ,така треба "
Ние сме генерации што кршиме токсични циклуси што се предавале од жена на жена со генерации за кои многу жени сеуште во оваа ера не се свесни па тераат стара школа за жал. Учиме, се едуцираме, по образовани сме од претходните генерации и сме поминале сешто на помлади години. Мене ми скисна искрено од тоа “чекај ќе видиш” за се нешто во животов, еве дочекав еден куп од ситуациите и ништо од тоа не видов, баш оти погледите ни се различни. Едноставно е. Имам два сина, се надевам дека ќе бидат доволно свесни, зрели и реални и никогаш нема да сум толку луда да ги натерам да бираат, а ако некогаш останам без памет и дојде до тоа, сакам секогаш да ги изберат жените. Како родител најмногу што сакам во животот е децата да ми се среќни и никогаш нема да разберам мешкарање на свекрва и предизвикување кавги од кои на крајот никој не е среќен, добро, освен свекрвата оти таа се смета за најбитна. И да се под мој кров, нема оправдување за провокации и мислења за работи кои не ме тангираат и да си земам за право да се мешам само оти се под мој кров. Секако, тоа значи почитта да е обострана. Верувам дека е исклучително тешко некогаш да ги гледаш сопствените деца дека грешат и да сакаш се да направиш место нив, ама едноставно доаѓа време кога треба да се повлечеш и да ги пуштиш да научат сами. За жал, за одредени мајки, нивните деца никогаш немаат грешка, секогаш туѓото не чини и така тераат за се во животот.
Може на Хопинг ќе и' се сака мамо да ја вика де Секако дека е неприфатливо наметнувањето, а инаку - ако потенцијалниот маж не сака да живее одвоено од неговите - не го земајте за маж, толку е просто. Оти независно "кој е во право" - во чија куќа живееш, по тие правила ќе живееш. Не дека свекор/свекрва се во право, туку нема да се сменат заради вас/нас ајде. Такви си биле и ќе си бидат, чим дочекале свекори да бидат, нема тука превоспитување. Подобро спречи, отколку да лечиш
Јас би ја понижила мајка ми ако кажам МАМО на друга жена!! Инаку за тие мажи шо не сакаат да се одделат од неговите за мене не се спремни мажи за женење. Ама реално им одговара пошто не плаќаат кредити, сметки итн. За мене тоа е банално, пак ќе кажам мирот не се купува ниту со пари. Колку подалеку, толку по ќе се сакаме. Не знам само како жените прифаќаат да живеат заедно, плус и во заедница. Да чекам ред во тоалет да одам, да не можам да излезам со пешкирот од тоалетот до спалната или па да не можам на раат да си викнам пријатели, пошто свекорот или свекрвата ќе се тупоса на маса за муабет, НЕ ФАЛА! Ама пак ќе кажам, тука се криви и родителите, не само мажот, свесно треба да го делат од нив, младите си личи да се посебно, сами, а не 2/3 генерации во иста дневна да прдат.
Е ова болдираново е најјјјбитното зошто сите проблеми произлегуваат од тоа. Прво се збори зад грб за снаата на синот како ова не чини кај снаата тоа не чини, второ се слушаат кавгите неѓу сопружниците па пак мешање ти синко си у право и други работи и ете ти уште поголеми кавги така се доаѓа до развод. Кај мене на пример свекрва ми многу сака дс си ја величи нејзината фамилија а моите сака да ги заборавам така ми прави со сите уште од почеток јас да треба да идам кај мои роднини на роденден нешто она секогаш наоѓа нешто да закасниме, затоа еднаш во лице и плеснав ова дека и е последно колку што каснам кај мои толку ќе каснам и кај нејзини се памтам и се ќе вратам и дека од моја фамилија она никогаш нема да може да ме раздели и скара, од тогаш си се повлече и не рекла ниќто веќе.
Извини Хопинг ама искрено мислам не' тролаш со мислењава. Што е толку тешко да викаш друга жена мамо, сериозно праша? Таа жена те гледала, те чувала, те пазела цел живот? Се мачела при пораѓај со тебе па да ја викаш мамо? Таа те школувала? Таа ти давала пари, имала непреспиени ноќи кога ти си шетала? Дај ти се молам, заедно со ова мислење и мислењето дека не треба да се живее со мажот пред брак, назад во камено добата.
Затоа што не е правилно. Не е работата свит хоум Алабама. Се знае кој на кого му е родител и на кој му следува називот мама/тато. Еве потсетување. После ова треба да им падне незгодно и да не го форсираат тоа викање.
Ајде ако не и сопругот на нашите родители нека им се обраќа со мамо и тато? Страшно се знае во животот кој ни се родители и кои заслужуваат да им се обраќаме така.
Па и проблем е. Има мажи ги тераат жените да ги викаат свекрвите мамо. А зошто? Зашто сељачкото не излегло од нив.
Па запрашај се во каква фамилија ќе влезеш ако свекрва ти бара да ја викаш мамо, веројатно исто така во некоја фамилија од камено доба.