Во некој паралелен универзум во кој се е во ред со мојата роџа, би сакала маж ми да и се обраќа на мајка ми со СУЛТАНКЕ. Нема сакам не сакам, мораш.
Значи подобро немажена и со свое имање неголи со mamas boy маж што неќе да оди под кирја. Не ме ни чуди зошто наталитет се намалува.
Што праша и остана жива. Во многу теми те читам, и стварно имам чувство како да не тролаш сите, во 21 век да викам МАМО друга жена, освен таа што ме родила ТЕОРИЈА НЕМА! Ако вака размислуваш, таман можеш некој со истово размислување од камена доба, да си најдеш, успат и тој твоите родители нека ги вика мама и тато.
Не е тешко, дали е потребно е вистинското прашање. Мене ми е дебилно, застарено и необразовано. Ниту ми е мајка, ниту ќе ми биде. Ниту ме доела, мењала пелени, образовала, растела, хранела, ништо. Ако значењето на зборот мамо така лефтерно го користиш би рекла дека е целосен непочит према онаа која те родила. Башка што тоа те прави да си му сестра на маж ти што ќе се прцате навечер во кревет. Иу.
Абе јас мајка ми по име или нагалено ја викам ,ко ќе речам ,,мамо" значи се караме и ми снемува трпение Некоја си вчера шо сум ја запознала и штом се свртам труе сказни за мене - мамо ,важи. А не ,тие му се ,,баба и дедо" ,само никад не разбрав зошто свекорите нас ни се ,,мама и тато" ,а нашива ,,баба и дедо" башка најчесто постари се родителите на мажите Да, имам во близина ,за жал. Дури жената и во нивно отсуство така ги вика
А најгадни се оние свекрви кои имаат ќерки и за нив важат двојни правила. Како ме изнервира една скоро, по снаата фрла дрва и камења, дојденка била во куќата, не била дел од фамилијата и ред други гадости. А ќерка и исто мажена, дома родителите на мажот им ја одстапија куќата и се стиснаа во помошен дограден дел. Ама алапачата вика куќата сега дека на ќерка и била, ако една шајка нема инвестирано. Значи работава е снаата нема никакво право кај мене дома ама ќерка ми е газдарица на куќата од нејзината свекрва. Се увреди кога и го плеснав у фаца.
Па најчесто такви се мене мојава ми рече ти со мене леташ да знаеш свекрва ми мене и свекрвата на керќа ми што и има правено
Може и никој не им правел ништо, глумат жртви. Таквите знаат да се бранат, тешко дека ќе дозволат некој нешто да им прави.
Не викам за тебе, членката што праша зошто да не ги викаме "мамо" - може неа ќе и' одговара така, тоа викам Ми е гајле како ги викаат другите, мене ми е преглупо секако
Апсолутно сеедно. Ништо не ми менува. Мене ми е важно да ми е ок со тој што сум го избрала. А мајка ми неможам да ја понижам со тоа како би ја нарекувала мајката на тој што сум го избрала. Може по име ќе ја викам, од кај да знам ама пак ќе речам, неважно за мене.
Е арно, затоа реков, како ќе ти дојде така да си ја викаш кога ќе ја најдеш Ама дека 99,99% од жените не сакаат и се присилувани - тоа е вистина, и тоа легитимно е дека не сакаат и нема никаква потреба од истото.
Ама не може никој никого да присилува на ништо. Во 95% од случаите свекрвата не е крива туку мажот. Бившиот кој живееше со мајка му и со кој што повеќе бев кај него дома одколку во мојата дома, му коментирала за мојот изглед. Секако дека ги слушнав. И го прашав зошто и дозволува нему да му зборува лошо за мене? Не ми е мене крива жената ама тој зошто дозволува а е со мене. Е вака во врска се премижуваат работи па после се полни темата свекрви и снаи. После е проблем ја присилувала да ја вика мамо а не ја почитувала, им се мешала во спратот итн. Епа....
И да не се тупосуваат, живеење во заедница не носи никому комодитет. Јас зборам како снаа која е многу сакана и почитувана од страна на свекор и свекрва. Имаме одличен однос и комуникација. Помош и поддршка целосна имаме, обострано е. Живеевме кратко заедно, додека да бидне готов станот, сме немале никакви караници, ама сите пазевме што и како ке правиме. Ниту тие имаат слобода, ниту младите. Едноставно никој нема приватност и слобода. Ова во најдоброто сценарио, кога се е во ред, пак не уживаш целосно. Рака на срце, не сум ни за посебен спрат.
Јасно ми е, пошто и јас пред да се вселам во станот бев неколку месеци во заедница. Никако не можам да се пожалам, од доручек до вечера се ни спремаа, не ни дозволуваа денар да дадеме, да купиме нешто, едвај ние пошто ептен не угодно ни беше можеше да зимаме нешто. Инаку така најубаво се живее, 5мкд си се твои чисти, ама кај мене свекрвата цел живот во заедница со нејзина свекрва живее и веднаш ми рече, одма да се делиме, не дека не сте ми мили, не дека не ве сакам, ама повеќе ќе се сложуваме ако сме разделени. Искрено многу убаво ја разбрав. Му помогнаа на мм со стан, дадоа учество за стан, другото кредитот си го отплаќа мм сам. Како и да е, предностите се тоа што сите пари што ти се, се чисти твои, а така треба да мислиш на сметки, да наполниш фрижидер итн. Подобро да си плаќаме отколку да немаме мир.
Муабетот е: еее снао лесно ти е тебе на нивата, ќе си копаш па ќе си седнеш под дрво на сенка. Ама ќерка ми за греота на море, изгоре на сонцето…
Па нејзина е куќата, на снаата, чим овие се преселиле во визбата. Да била нивна, т.е да не изигравале жртви за младите, немало во визбата да одат. Ехее колку има вакви, едно време ми беше греота дека на стари години ко набркани од дома се, ама сега си викам таман си се, тоа е таа македонска жртва за децата само да ти се под сукња цел век, ќе се стуткаат во некоја штала, младите ќе се фалат наоколу дека куќа имаат, а не ко мене и многу други кредит години и години да си плаќам.