За да се реши проблемот со чување на родителите најдобро е да си направат оставинска за идзржување. Така ќе нема далавери. Бидејќи некогаш оставаат на машкото ама не секој родители остануваат во пелени за чување. Кај мене пример бабите и дедовците уште се на нога и по активни од нивните деца. А и не е толку за една соба неваросана туку самото тоа што би те исклучиле од наследство врз основа на пол не ти е сеедно.
Темава за наследство е баш добра за нова тема да отвориме за ова прашање,навистина треба да се сменат некои работи во врска со наследството и малку и ние како женски да имаме право барем на своето мислење.. демек еве ние се мажиме па треба да очекуваме дека сме стабилни имотно покрај сопругот мхм? Но што при развод и што ако заглавиме со некој лик кој потоа сваќаме дека не бил таков баш како што се претставува и што на крај ќе испадне да нема каде да се вратиме за жал? Многу опширна тема
Прв пат пишувам на оваа тема и сакам да слушнам резлично мислење. Со мм пред да се омажиме бевме во врска скоро 9 години, тој беше во странство јас во Македонија ама често си доаѓаше и јас скоро неговите родители и да не ги познавав на карактер. Кафе, ова она и толку. Татко му почина пред некоја година и остана мајка му сама у куќата, а куќата ја направи тој за кога ќе се земеме да живееме. Тој де врати во Македонија де вработи тука и се омаживме. Да скратам куќата е огромна, мајка му си живее на првиот спрат, нагоре двата спрата се наши. На секој спрат имаме по две wc значи не се жалам за просторот за живеење. Моментално имаме бебенце од 7 месеци и сакав да ве прашам колку пати е нормално свекрвата да се качува на спратот? Таа беше скоро 4 месеци кај ќерка и во Америка и јас се навикнав со мало бебенце сама и раат си бев. У принцип за вечера таа готве и кога се каче горе секогаш јаде со нас и после тоа седе и седе. Мажот ми работи до 17h и некогаш ни два саати не можеме муабет да си направиме насамо. Или седе без осет во дневната или коментира нешто без веза во врска со децата на ќерка и или за било што. Неколку пати и кажав дека не сакам такви муабети и рекла казала ама таа пак си продужува Едноставно жената психички ме замара на муабет