Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Машки
    Јас немам свекрва незнам како е да се живее со свекрва , но можам да ги раберам оние кој живеат со свекрва. Имам брат кој еден ден ке донесе снаа во куќата па секогаш и велам на мајка ми „НЕМОЈ МАЈКО ДА СИ ИСТА СВЕКРВА КО БАБА МИ ШТО БИЛА КОН ТЕБЕ„ . Иако јас неживеам со свекрва гледам милиони случаеви кај што снаата и свекрвата се како ОГАН И ВОДА . Мое мислење е дека свекрвите живеат по нивно старско време а снаите бараат „рај„ помодерно време. И затоа доаѓа до конфликти. http://www.youtube.com/watch?v=6nKDKAuFlMM
    постојано со брат ми ја слушавме оваа песна . Ова се однесува на сите кој се откажале од своите мајки за да им угодат на сопругите. Во ред не велам дека ако тоа е единствено решение за да се нема проблеми помеѓу сопругата и мајката да не се оттргнат од неа но мислам дека и покрај се таа му е мајка го израснала не го оставила ниту ќор ниту сакат па како и да е мајката и покрај се не треба да се запостави. :$
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Одамна ме немало на темава затоа што немаме проблеми по дома. А зошто и би имале кога се` се поделивме, сметки плаќаме јас и мм 2/3, старите 1/3, со храна сме поделени, посебно си готвиме и се храниме и фала Богу добро, да не подречам, функционираме. Нормално има мешања и забелешки, ама успешно ги игнорирам и преживувам некако.

    Но, се соочувам со една морална кризна која цел ден ме гризе и еве не ни можам да заспијам, па решив и тука да споделам и да чујам различни мислења. Во спојлер да не зафаќа место.
    Еве за што се работи.
    За некоја недела свекрва ми заминува во странство кај нејзини блиски роднини и ќе остане некои 10-14 дена. И свекор ми е повикан, но тој не сака и нема да оди затоа што сака да остане дома и да ми помага околу децата. Всушност свекор ми се противи и не ни сака да оди, но таа е решена и ќе оди. Искрено, јас повеќе сум за и тој да оди, затоа што единствена помош која ја имам од него е тоа што ја носи и ја зема малата од училиште. Тоа лесно може да се реди, мм ќе ја носи, јас ќе ја земам. Вака покрај две мали деца и мм (кој работи 12 часа и доаѓа претепан последниве неколку недели и немам баш некоја помош од него) и тој ми останува да се грижам и за него.

    Последниве 2 год. со оглед на тоа дека сме поделени, кога и да сум била отсутна од дома, пр. кај моите сум одела 3-4 дена да поседам со децата, секогаш и мм доаѓал да не` види и останувал на ручек, кој јас или мајка ми сме го правеле. Не остануваше да спие, си одеше дома бидејќи работата и организацијата не му дозволуваа. Но, и да не дошол мм кај моите на ручек секогаш си нарачувал за јадење бидејќи мајка му не му готви т.е. еднаш додека бев кај моите ја прашал мајка му што има за ручек, таа му одговорила-не знам жена ти што ти оставила, а знае дека немам ништо оставено бидејќи нели не сум преспала дома. Затоа и оттогаш си нарачува јадење. Исто и додека бев во болница кога се породив со малиот, останав 4 ноќи, т.е. 5 дена и за тие денови мм за него и ќерка ми нарачувал јадење (фаст фуд) бидејќи мајка му не се понудила да им готви. Ок.

    Е сега, за овие 14 дена што свеки нема да биде дома, грижата околу свекор ми ќе биде оставена на мене. Под грижа подразбирам готвење, принесување, раскревање и нормално средување. Јас секој ден готвам и дали ќе ставам едно тањирче плус за него воопшто не ми е проблем.
    Но, проблем ми ствара минатото и она што ми/ни (мене и на мм) го имаат кажано и направено. Никако не можам да заборавам дека не сакаа да не примат дома т.е. свеки не сакаше, а стариот само молчеше и второто-после една караница меѓу мм и свекор ми кога мм застана во моја одбрана, стариот ни рече за 30 дена да си одиме, а свекрва ми ќутеше и се ситеше и само чекаше да се спакуваме и да си одиме. Но, не си заминавме и некако се смирија страстите и еве гураме некако.

    Исто имам напишано и дека купивме стан и дека требаше до крајот на годинава да си одиме. Но, едно планираш, друго искача. За жал според некои наши финансиски пресметки, по се` изгледа ќе останеме тука уште 2-3 год. :( Станот го средуваме, но не сме доволно финансиски моќни ни елементарно да го опремиме, а камо ли целосно. Да, не го тупам.

    Значи, имам јас во себе насобрано гнев и никако не можам да се ослободам од него. Едноставно ми тежи и понекогаш ме гуши, но не можам да го заборавам минатото и кажаните работи и да продолжам како ништо да не било. :worried:

    Ме фаќа нервоза и колку и да сакам да бидам добра и ете сега кога свеки ќе отиде, да готвам и за него, да принесувам итн. итн. од друга страна ми се појавува ликот на стариот кога не бркаше и се сецнувам и се враќам назад и викам-не заслужил. :!: Неможам да глумам лудило и не сакам, не сакам да му слугувам, инает ме фаќа, не не е инает туку некое неопистливо чувство...чувство од кое се грозам од сама себе и се прашувам дали поради ваквите мисли и чувства сум лош човек, дали сум злопамтило и не можам да простувам.....посебно затоа што тој има страв од свеки и во нејзино присуство не смее ни една мекица да ме понуди што таа ја направила.

    Мајка ми ми вика дека не чини за мене да живеам во минатото...знам дека е така и знам дека морам да заборавам, ама не можам. :worried:

    Со мм имаме разговарано многу за неговите и за неговиот однос кон нив. Тие му се родители и мм како се` да заборави и многу им помага, особено финансиски. Му имам речено дека како мајка се гордеам со него, дека е прекрасен син и дека би била благодарна ако и мојот син еден ден биде барем половина од она што тој е. Разбирам дека се негови родители и немам ништо против да ги помага, но не заслужиле. И тој тоа го знае, ама вика-ако, имам, ќе давам, а мене Господ ме гледа и тој мене ќе ми даде...таков е, мек и има многу добра душа, простува и заборава. Не само на нив, на сите....се` прости. Самиот ми рече-не вреди, не вреди да памтам и да враќам, било-поминало.
    Како бе било-поминало :^) Како :!:

    Зошто јас не сум таква, зошто јас не можам да заборавам, зошто не можам да простам.... многу ме имаат повредено и секој ден голтав и се смешкав и се обидував се` да биде како порано, да си останеме во еден добар семеен однос, без замерки...но колку и да обидувам, овие чувства се посилни од мене и остануваат тука.... ;(
    Се радував дека ова е последна год. на заедницава, дека конечно ќе си отидеме од тука и ќе почнеме вистински да живееме, без мешања, сугестии, дека конечно ќе имам мир во свој дом...но заглавивме тука. Ова ми е голем терет и стрпливо чекам и не вршам никакви притисоци и не форсирам, но факт е дека се гушам. Кирија не доаѓа во предвид, само уште повеќе ќе заглавиме. 7 год. сум стрплива, 7 год. чекав....не знам дали можам уште 2-3. ;( ;(

    Не знам дали барам совет или туку така сакав да си ја олеснам душава.
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    lolyta777 да бидам искрена, јас сум прва за тоа дека ако некој ти мавне шамар, ти ќе му вратиш дупло, наместо да му го вртиш другиот образ.
    Мене ми е јасно од прилика како се чувствуваш и колку си била навредена и колку боли. Тие слики и спомени не се забораваат и не се бришат така лесно, од камен да си - не си, човек си од крв и месо и алал да ти е како и толку си ги издржала... Браво за твојата трпеливост, дипломатија и нерви, мислам секоја чест, те читам постојано тука, секоја втора би си отишла, би се раскарала јако или би кренала раце досега.

    Е сега, во врска со конкретниов проблем и морална дилема, и покрај почетната констатација со која започнав, јас лично би му помагала на стариот, т.е. ќе му зготвам и ќе го оправам 2 недели.
    Точно е дека не заслужил воопшто, но мене ми изгледа дека е под прилично голем притисок и влијание на свекито твое. Донекаде и да му замериш што нема муда да застане како маж и да оформи свој став и мислење, туку е марионета на стара караконџула, а донекаде и да го сфатиш. Јака му душа и на него, толку имам да кажам, јасно е кој/а е главната аждаја во куќата.

    Биди поголемиот ЧОВЕК, и не го сфаќај како слугување, туку чисто како човечност и милостина. Подобро ќе се чувствуваш така.
    Има повеќе причини за тоа, јас тргнувам од чисто практични.
    Прво, он ќе увиди (ако веќе не е свесен де) дека за разлика од жеништето, ти си воспитана и имаш срце и култура. Неочекувано може да ти стане и сојузник за во иднина (може и нема, ама ете... може па и односите да ви се подобрат бе, од кај знаеш, луѓето се менуваат, посебно што ќе ја нема во близина да му труби сваштарии над глава).
    Второ, времето е кратко. 2 недели ќе трепнат додека поминеш и готово. И сама си кажа дека една чинија плус тебе и не ти прави некоја разлика.
    Трето, ќе останете уште 2-3 години со нив како што кажуваш. Уште една причина дополнително да не си создаваш тензија, туку пак да се покажеш како поголем и подобар човек.

    Биднало што биднало, боли и не се заборава, ама ништо не постигнуваш ако го оставиш ко некое куче, напуштен, сам и гладен. Ко грев некој.
    Па може свеќи откако ќе се врати ќе те пофали како си се погрижила за него, па и на неа да и` светне во таа тиквата дека не се остава сопствениот син и внучиња без ручек во одредени ситуации. :fubar:

    Која тикварка.

    И така ти велам, може испадна предолго, извини. Ама за општото добро, за доброто на бракот и дечињата, а НАЈМНОГУ за твоја мирна совест оправај го 2 недели човекот колку што можеш.
    Се` биднува утре, и нема да сакаш ова да ти виси над глава.
    Многу веројатно е дека ќе се чувствуваш уште полошо ако го игнорираш.
    Поздрав. :hai:
     
    На Thallia, midnight.flower, Gea и 5 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.230
    Допаѓања:
    67.739
    Пол:
    Женски
    Уф. Лолита јака ти душа. И јас би ти кажала да го истрпиш, ама тоа само би го кажала. Јас лично да бев на твое место не би имала срце да го направам. Што да правам, можеби е ситно од моја страна, ама добро се знам себеси и не би можела да истуркам до крај.
    Прво, си ги знаеш какви се луѓето, сигурно свекрва ти кога ќе се врати нема да ти рече фала што го гледаше туку ќе ти најде некоја замерка, барем јас имам таков впечаток(пак ќе кажам, ти си знаеш најдобро.)
    Јас би го натерала некако да оди, ќе измислам работни обврски, би му кажала на мм дека мора да оди, дека најубаво би било да оди, би ја објаснила некако ситуацијата, ама мислам дека не би можела да го гледам. Најискрено си кажувам. Лесно е да се каже гледај го, ама ти ќе се мачиш тие денови.
    Сепак, ако на крајот испаден ситуацијата да остане, најдобро за тебе би било да ги оставиш работите и да не се нервираш. Тие денови ќе поминат, а на тебе само нервозата ќе ти остане и по некој здравствен проблем.
    Многу ми е жал за општата ситуација така што ти испаднала. :(
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Лолита зошто мажите ги рамниш на ниво со деца кога е во прашање гледање? Знаат и сами да седнат да јадат, а ако нема зготвено а тие ете не знаат да готват (мада сите знаеме основни работи) па неколку дена или недели ништо нема да им биде без тенџере на маса.
    За свекор ти, колку и да држиш бес во себе, сепак сега некаква минимална помош имаш од него, ти носи и зема дете од градинка. Ете во име на тоа, едно тањирче од ручекот нека оди, две недели се, не повеќе.
    Не му се потресувај толку, кога ќе ручате вие викни го и тој со вас...а посебно да му принесуваш, раскреваш само за него, да го прашуваш дали појадил, ручал или вечерал ко да тој сам не знае...јас не би.
     
    На midnight.flower, Gea, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    lolyta777 Точно знам како се чувствуваш, и во право си, верувам дека за некои луѓе раката ни се враќа назад дури и чаша вода да сакаме да им подадеме... НО :!: Ти живееш во негов стан, тој, колку-толку е на твоја страна, од него и имаш некаква помош (колку што знам, од свекрва ти буквално немаш ни помош ни поддршка) и треба да бидеш поголем човек од него и да не ти биде проблем една чинија повеќе на маса.
    Второ, ете ти шанса да покажеш кој е проблемот во таа заедница ;) . Ако вие функционирате супер додека свекрва ти не е тука, сѐ е јасно. Не мора ти него да го засакаш, па дури ни да го почитуваш повеќе од што чувствуваш дека заслужил-треба само да се покажеш прво пред себе дека си поголем човек од нив. Трето, па не ѝ го давај тоа задоволство на свекрвата кога ќе се врати од пат тој да ѝ се пожали, а таа да може да му каже „а бе ти кажував каква е Лолита, гледаш сега?“ :) Замисли ја само кога тој ќе ѝ каже дека не си го двоела во ништо, и дека ете, си се грижела за него како за татко на мт. А кога веќе ќе живеете таму уште барем 2-3 години, не си ја влошувај ситуацијата. Јас ете се трудам да се ставам и во ситуацијата на другиот (свекорот), живеете во негов стан, ви дал кров над глава, иако не мора, нели, негова добра волја е тоа, и барем во тој контекст треба да го испочитуваш. Колку и да сакаш да докажеш дека си во право, ако му тераш инает за сѐ, и ќе го разберам да сака да ви откаже гостопримство. Ти сметаш дека си во право затоа што ве бркале од таму, ама од друга страна, вие сте возрасни луѓе, со семејство и ако гледаме реално (не само како што ни одговара) вие сте должни сами да си обезбедите кров над глава, а ако во заедничкиот живот постојано се генерираат кавги, без разлика кој е виновникот, се знае кој си оди, сигурно не сопственикот на станот...
    Затоа, размисли трезвено и реално, дали сакаш решение на проблемот или сакаш да докажеш нешто. Откако самата ќе одлучиш што сакаш, што и да направиш ќе биде твоја одлука и твоја одговорност. Јас би ти рекла, место да го казнуваш во име на минатото, постави една чинија плус во име на иднината. :) Тоа секако нема да биде твој пораз, зашто мислам дека така го сфаќаш тоа.
     
    На midnight.flower, Annath, artemidis и 2 други им се допаѓа ова.
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Vi blagodaram devojki na sovetite.
    Cela nokj razmisluvav i znam deka sovesta nema da mi dozvoli celosno da go ignoriram.
    Covekot od sekogash bil fer prema mene i e mnogu podobar covek od nea vo sekoj pogled. Znam i deka seto kazano od nego bilo pod indirektno nejzino vlijanie i deka se bilo kazano vo afekt.

    Inaku da dodadam samo deka koga sveki ne bila doma, bez razlika dali ostavila rucek za nego ili ne, jas sekogash sum go vikala zaedno so nas da ruca i toa od ona sto jas sum go zgotvila. Glupavo mi bilo nie da sedneme site a toj sam da si ruca. Zal mi bilo ko grev nekoj da jade iako jas najcesto sama rucam.

    I da vo pravo si Lioness. Krivo i tesko mi bilo jas vodam smetka za cuvstvata na stariot vo odredeni situacii, a da ne mi bide vozvrateno zatoa shto toj ete na nekoj nacin i ja slusha zena mu.A sosema e drug odnosot vo nejzino otsustvo. Kako sto vika i Trendafilka bez mu*a i bez glas i pod golemo vlijanie.
    Sto se odnesuva do krovot nad glava koj ni e daden veruvaj podobro im e i niv so nas otkolku bez nas pred se poradi, kako sto pisav i vo prethodniot post, finansiskata pomos.

    Blagodaram uste ednas za site iskreni soveti i kje prifatam i uskladam se' sto mi bese sovetuvano. :)
     
    На tessie и Sweetheart87 им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    Многу се нервирам кога свекрвите и золвите откако ќе ја изгубат битката со снаата (доколку е снаата во право, да се разбереме), не им останува како да се одбранат (затоа што, еј, да, виновни се), освен да му наметнуваат чувство на вина на синот/братот со фрази од типот: ова ли ми е фала што те гледав и те родив и те носев 9 месеци?

    Тоа ли е мајчинството? Услуга за услуга? Да те чувам за да ме чуваш?
    Да те родам за да кога ќе пораснеш да ми донесеш слугинка која ќе ме одмени како фала што ме чуваше? Дај кога ќе ги раѓаме да им ставаме копирајт жиг и да бидат робови над кои имаме авторски права да бараме од нив да прават се` што нам би ни` одговарало или усреќувало.

    Да те трпам у пубертет за да ме трпиш у старост? Повеќе душа и милост има во позајмување пари од пријател кому ќе му ги враќаш со камата отколку вакво “мајчинство“ каде што каматата е човек, жив човек кој треба да диши под твое диригирање. Освен личната воља и слобода, синот треба да плаќа згора со уште еден човек. Тој човек-снаата е другата цената што синот треба да ја плати зашто мајка му го чувала?

    Мајчинството е несебично и пожртвувано. Раѓаш човек со слободна воља. Не раѓаш роб. Раѓаш некому кому му го покажуваш правецот во животот и потоа му дозволуваш да си ја бара среќата. Не го држиш ко затвореник за да ти прави друштво, туку се радуваш што од него си создала самостоен, независен и зрел човек. Не го раѓаш за да ти чини друштво и измет кога ќе остариш. Ми го знаете примерот со кравата. Купуваш крава, ја раниш и чуваш за да те рани и дотогаш е добра крава. Купена крава и родено чедо исти ли се?

    Не, не е лесна работа и со неа не може да излезе на крај секој. Затоа јас толку години немам деца.

    Кој ќе раѓа за „фала“ ич нека не раѓа.
     
    На Miss666, okcenzi, Mrs.Bass и 9 други им се допаѓа ова.
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    lolyta777 и јас го имав истиов проблем :!: го имав затоа што Oд толку терање на мене и мм конечно го послушавме и рековме нека биде што ке биде одиме.
    секој месец исTо мм се плајкаше стан,вода,струја храна а они ништо,пари за нас ни денар не останувашE од плата до плата бевме и уште сме.
    после секој месец исфрливање на нас од стан како кучиња скитници не тера,а двајцата се правевме и јас и он за добро да е данема кавги,од плакај се јас работај дома и молчи A оние само шетај уживај и збори вака онака.
    потоа кога не исфрлија цела недела во кола спиевме,додека најдовме стан,цел месец без струја и храна малце,немавме пари бидејки Mм имасе платено сTан и се др кај неговоте.
    Oд тогаш до сега има 3месеци,живееме во мало станче јас и он и нашето бебе во меше :) кое забременив тука :) од платата на мм половина кредит плајка од таткому,веке е нанегово име I 3години половина пари таму ке одаT,др стан струја вода бензин и пак ништо неостанува занас.
    додека плајка кредит тешко ке биде,само молам да мм и бебуш бидат добри се др ке сесреди кога тогас.

    за твојава работа гледај некако I свек да замине Nа тие неколку дена,ако успее тоа добро ке биде.
    ако не прависе како ништо да нее,знам тешко E!.
    прави тоа што правиш нормAлно па кога готвиш завас и занего,ако седи дома да јаде ако не нека Jади надвор или нека купува,ке забележис усте првиот ден како се однесува.
    и немој да се нервираш,со мисла дека ке заминете оди напред и наскоRо ке живеете мирно :)
    иако мене уште ме гњават :x
     
  10. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    lolyta777 - знам како се чуствуваш и јас поминав и минувам низ сето тоа....
    Ние сме настрана и пак проблеми имаме и тоа страшни проблеми,ќутев,трпев додека бев кај нив :fubar: не смеев ништо,ама баш ништо се криеја сами јадеа,бруки глупости.
    Тадури неможев на раат во wc да одам, или да се бањам тоа беше луксуз...
    Буцки,проблеми,страотии ;( заминавме под кирија....проблемите повторно беа над нас,цели шест годинипод ќирии,потоа ете половината спрат ќука се направи ете во неа сме....таа пак ровари...
    се до моментот кога ми пукна филмот....
    Ѓи направив од се подоле,забрана и поставив да ми штрапне,е сега безобразна сум била не туку глупа што сум ќутела што сум трпела толку време сега имам и поголема почит од мм.
    Бидејки тој знаеше да застане некогаш и од нејзина страна што е нормално мајка му е....разбирам...
    ама најмногу ме болеше кога бевме во систина тој свежо опериран таа глупости му зборува,зошто нему требало јас да се оперирам....не сум му била потребна јас не сум го сакала....а мм и вели
    каков човек каква жена си ти? не ја сакам сине мил на мајка :tmi:,а тој и вели јас си ја сакам,
    Ја отерав од каде испаднала и џабе....и од тој ден до ден денес не ја множам со нула ни и викам мамо,ниту добар ден.
    И пак џабе....
    Не работевме неколку дена жената лута зошто син и да оди на работи,а јас дома....
    Успеа да дојде и срека телефонот на маса и ја снимам ми објаснува како ние немаме деца и не сме си потребни еден со друг .....тој не ме сакал мене....
    И ја отворив вратата му ја покажав снимката на мм човеков се заледи....Лом се направија и ме нарекла шпион,тоа не било точно....
    Со овакви свекрви нема живот,знам ама јас не го напуштам човекот цел живот сум со него,неможам без него....
    Не велам дека ми е лесно и знам дека додекаа е жива е ќе биде вака и затоа не ја ставам меѓу живите...
    Свекор ми е многу добар лошо се изразив подобар од неа,но таа му диригира и тој кога е сам е подобар со мене....тадури една ден ми бараше прошка...лудории ненормални работи
    Искрено се молев господ да им врати за се ама наместо ним им враќа на мм....затоа
    и да му дадеш храна подај му но почит,разговор не пак ќе се најде начин да се каже е вака рече онака направи....
    Само биди човек,додуша тоа е поим што ти е не можат да го разберат и сварат,но биди поголема во душата од нив...
    И ова ти го пишувам од искуство што сум минала,ако сакаш да им вратиш нема да успееш само болка ќе си ставиш единствена вратка им е тоа што нема ни да ѓи ставаме под разно...
     
    На Anyshka, lolyta777, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    Кога имаш разбирачка со мт и те почитува, не треба ни да стане збор за напуштање. Само за ќефот да и` го направиш? Мало морген. Не би ја оставила да си ја гледа долгоочекуваната омилена програма.
    Какви бесрамни жени ги има. :puke:

    А за лолита. Сега го исчитав убаво случајот и ти препорачувам исто како и повеќето. Да бидеш човек, шо се вели, како што тој бил човек, но не да се осудуваш на ропство како да немаш тројца други дома. Човечно, великодушно, ама и ОПУШТЕНО. Кога не ти носи душата нешто, ќе си кажеш, кога си изморена ќе си кажеш и готово. Дома си, не си на работа.

    Не верувам (особено за свекор ти) дека би можел да ти замери. Стварно си голем човек и снашка која повеќе се залага за семејството ни на сон нема да видат. Само опуштено и уживај во отсуството на свекрвица. ;)
     
    На imelda, rici.aaaaa, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. zapostavena

    zapostavena Нов член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Гледам многу девојки имаат проблем со свекрвата или свекорот. Специално се регистрирав за да си ја кажам маката. Небарам некој совет едноставно да си ја олеснам душата бидејки ми се смачи олеснувајки ја душата кон мајка ми.
    Значи вака најпрво да си кажам дека имам сопруг кој е МАМИН СИН :D , несмееме да им неугодиме на мајка му и татко му за да не бидат лути , иако тоа на нас двајца ке ни предизвика проблем. Абе ало до кога вака? :headbang: Свекрва ми е научена да и угодуваат сите, во ред невелам не но нејзиното угодување да биде цена на наша препрека во животот? За свекор ми па да не зборам .. без коњак несмее да се осане во куќата , несмее да му се пререче за ништо зошто веднаш се дува како балон и не збори со никој 4-5 дена , исто така за него е дозволено се да се купи и на секој 2 дена да троши по 1000 денари . И покрај се за да не му неугодиме ние трпиме последици (празен фрижидер,без денар в џеб , натрупени сметки, задолжени до гуша) :@ . А мм пак толку е мек :@ што како ќе засвири мамичка така игра. Последен денар да му е в џеб тој ќе и го даде само за да и угоди. А што се однесува до мене и 1 денар в џеб да немам тоа за нив не е проблем . Морав да ја напуштам работата бидејки треба да се породам кај и да е , а не бев осигурена и неможам да користам породилно. И сега јас сум без денар в џеб , одвреме навреме мм ќе ми остави 100 денари :headbang: зошто повеќе и нема. Еве во понеделникот мм зеде аванс од газдада бидејки имав лажни болки и ни требаа а дома немавме скршен денар. Авансот беше 4000 , од кој истиот ден се потрошија 3000 (1000 за лекови и инекција што ја примав,500 гориво на колата,500 за в дуќан и 1000 на свекор ми кој за неполн ден ја потрошил а незнаеме каде). И така останаа само 1000 денари од кој мм си купува цигари и јадење за на работа. До четвртокот од тие 1000 денари секое утро се оставаше на свекор ми по 100 денари , значи 4 дена 400 денари . Во четвртокот свекрва ми требаше да оди на контрола за шекерот арно ама немала пари му рекла на мм да и остави ама тој бидејки немал не и оставил и уште рано наутро во 5 часот стана бунт дома , бидејки мм беше веќе излезен на работа а јас „спиев„ во дневната му се опна на свекорот. Му вели „Еве не оставил пари ѓубре знае дека немам како ќе одам на контрола?„(јас свртена со грб се преправам дека спијам). Оди свекор ми во спалната да се облече за на работа а свеќи по него и ја слушам како му вели „Имаш ли 200 денари за да одам на преглед ? Еве себични и двајцата (за мене и мм) да има за нив не ми оставил пари за преглед.Дали ќе им стигнат им е страв , за неа (за мене) секогаш има„ . Се насолзив и ми идеше да станам од кревет и да и се раздерам но несакав да се расправам уште рано наутро.За каква себичност збори,за кој пари во мене што ги имало збори ? :x Да ја прашав во неделата пред да се земе аванс додека мм питаше од другарите како просјак за цигари таа криеше и му велеше „НЕМАМ ОД КАЈ ЈАС ПАРИ„ а за свекор ми имаше постојано , за кој пари во мене збори кога скршен денар немам ни леб да купам , кој е посебичен ние или тие? Ние кој секогаш сметките ги плаќавме со нашите плати , ние кој до последен денар го споделувавме со нив , ние кој секогаш фрижидерот го полневме со јадење.. или пак тие кој ако имаат пари гледат што побрзо да ги потрошат, тие кој никогаш од платите не се дале денар за сметките, тие кој кријат од нас за да си купат „стволинки„ за да јадат скришно .
    И да е барем само тоа само што влегов во 9ти и седам во дневна кога еве ја кај си иде од работа седнува и почнува „Снао кога ќе се породиш другарите ваши не ги викам на мекици„ , и велам зошто?
    „Па бидејки тие вас не ве викаа„ И велам „Како не не викаа кога само 3 ца другари имаат деца от кој на сите бевме на мекици од моите другарки уште никоја нема дете кај да одиме?„ . Премолчи не кажа ништо , кога еве ја пак „А снао за лулајка само кумата ќе ја викнеме и неколку мали деца друг невикаме „ , Велам и мајками и татко и барт ми ќе дојдат „ . Ми вели „Ах кај нас таков адет нема семејството на невестата не доаѓа„ . Јас се изнервирав и и велам „ Свекрво мене тоа не ме интересира какви адети имате кај нас родителите одат а за кај вас не ме интересира и има моите да дојдат сакала ти или не„ . Само се намршти но не ми рече ништо , кога еве ја за 5 мин пофторно „А снао здравје за крштенката кога ќе дојде време само ти , детето , маж ти , главната кума , јас и свекор ти ќе бидеме в црква друг никој„ . Ја погледнав и и велам „Свекрво а моите и таму ли ги нема во адет?„ , „Па снао никој родители не одат на крштенка„ . Ја гледам и веќе не издржав и и велам „ Слушај сега што јас зборам , дури ти велиш моите нетрбало да доаѓат ваму таму , нема ни ти ни свекор ми да идете кај вие таму и тие,кај вас адет за идење на моите секогаш нема но кога треба да се купи нешто моите треба да купат кај сте тогаш вие?„ . И свеки ми вели „ Е неможе јас да не дојдам јас тој фнук сум го чекала 32 години , никој нема да ми успори да дојдам некаде„ , „Епа свекрво и моите 25 години го чекаат тоа внуче нема ни ти да им успориш ним да дојдат некаде„ . Таму заврши муабетот. Но како и обично кавгите никогаш не завршуваат утрово пак ми вели „ЕЕ снашке кога ви велев ај да правиме свадба ти и син ми несакавте сакавте куќата да си ја уредите а сега кога не канат на свадба како ние да одиме„ . И велам „Па добро според тебе подобро е да правиме свадба а во куќата на земја да спиеме , или детето ко ќе се роди в скут да спие„ . Вели „За се ќе имаШе пари. нешто вие нешто твоите ќе купеа„ , Значи за купување моите се тука а тие(свеки и свекор ми) не учествуваат во давање пари. Јас премолчев и се тргнав во другата соба да приберам.
    Со мм многупати сум зборела да престане со толку угодување затоа што последиците ние ги трпиме , сум му велела колку маки ми создават да збори со нив зошто ние само се караме ама НЕ тој секогаш ме прекинува ми вели доста какви се такви се мои се. Не велам не но зарем треба секој ден солзи во очи од нив да имам , задолжени до гуша за нивни кејф, без денар за тие да имаат или каква и да е нашата мака за да не се налутат треба да молчиме. Па и јас сум од мајка родена бре кај се трпи тоа секој ден. Откако сум останала од работа денар в џеб немам , за јадење фрижидерот празен , леп немам да купам , ами ко ќе се роди бебето ќе чекам газдарицата да му дозволи за да му купам нешто само за да не и неугодам ? Згора на се ми вели не купувај алишта за бебето од син ми има . Алооо од пред 32 години алишта да му облечам па од брат ми се понови ако е за тоа 19 годишни се , :swear: . Кога ќе речам ај да се поделиме секој своите трошкови нека ги плаќа мм вели „ОД КОГО ЌЕ СЕ ДЕЛИМЕ ОД ЕДНА МАЈКА И ЕДЕН ТАТКО ЛИ?„ Уф како се нервирам туку ај да не зборувам повеќее зошто се повеќе се нервирам
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.557
    Допаѓања:
    37.849
    Пол:
    Женски
    Zapostavena, разговарај со маж ти. Не смее толку да им попушта на неговите. Ако разговорот нема ефект, оди си од таа куќа. Затоа што кога ќе се роди детето ќе имаш уште поголеми проблеми со мајка му. А бракот постепено ќе почне да ви пропаѓа. И маж ми на почетокот беше мамин син. Еден ден ми пукна филмот и убаво му се изразвикав. Оттогаш работите се сменија. Порано трпев и ќутев, ама веќе не. Добро е што не живееме во заедница.
     
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.549
    Допаѓања:
    139.798
    Не сум ни снаа ни свекрва, ама не можам да не ја читам темава бидејќи е постојано активна.
    Лолита, ако го прифатиш мојот совет, не мисли на тоа дека му слугуваш. Мисли го како добро дело, како нешто што тебе ќе те направи поголем човек. Доста ти е од негативна енергија во домот. АКо го мразиш или си несреќна од нешто, тоа го чувствуваат и твоите деца, и тие се со тебе несреќни.
    Затоа, една чинија плус ако не ти значи ништо, ставај му ја, па дури и со радост. Сам ке се јаде за неправдите кон вас, и тоа му е доволна казна. А ти труди се да ја изфрлиш негативната енергија од тебе, а со тоа и од домот, па така ке бидете посреќни.
    Инаку, за децата, ок, прифаќам дека треба готвена храна и некој возрасен треба да им готви, ама кога не си ти тука, сопругот знае сам да си испржи две јајца, или да испржи колбаси, или што и да е друго. Не мора сарма да витка или турли тава да праи, ама не мора никој да му готви него. Тука некаде е и свекор ти, ама ај ке речеме стар човек, па не може.
    Гирл-мини, не знам кај ке најдеш сила да им простиш на твоите свекор и свекрва. Да те избркаат од дома тебе, ај ништо не си им, иако ни куче не се брка од дома, ама сопствениот син да го гледаат дека спие во кола една недела...Жал ми е и сериозно многу ми е жал што такви клетници има на веков.
    Јас живеев во семејство каде баба ми буквално и го уништуваше животот на мајка ми, а она 5 пати и го спасуваше животот. Ама затоа мајка ми ја почитувам како голем човек, а не ситна душа. Ама на децата им е неубаво - од бабата слушаат се најлошо за мајката, од мајката за бабата, а мислат дека треба сите да ги сакаат. И збунка. Хаос. Се уништуваат децата. Затоа, ако не можете со свекрвата, одете си. А посебно па како што пиша запоставена, дека маж и ги одгледува....а они прават трудница да плаче секој ден????? Пакујте се и да си одите од таква куќа. Вие двајца со една плата можете. Они нека се мачат. Треба среќна да бидеш за детето, не да го полниш негативна енергија.
    Сепак, сфатете ме како сакате, јас сум дете на напатени односи меѓу снаа и свекрва, а не сум ни едното ни другото.
     
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Бааги е лесно тоа да се каже, ти биди човек ако некој не бил спремен да биде човек према тебе, оти кога те доболело некогаш од тоа останала лузна. Па чеша чат пат кога некој ќе ја пипне. Зборам за проблемот на Лолита. По тоа што сум те прочитала невесте од порано, јака ти душа кога свеки ти е дома, за овој период кога ќе ја нема барем од неа ќе ти самне некој ден, за свекорот погледнување лесна работа според тоа се што си минала годиниве од нив, од неа де. Не е убаво тоа што си разочарана, многу јасно дека си, ради станот, па верувам накнадно ти се ствара нервоза што мораш за најдоброто за вас, тебе мажот и децата, да потрпиш подолго и да бидеш дипломат, кога најтешкото сте го минале и воспоставиле некој ред. Здравје ваше, каде два три месеци таму и две три години, ајде, има светло на крајот, ќе се тргнете, па мери после кој колку заслужил и толку давај(не давај) од себе, посебно кога знаеш дека не се подмладуваат ни они сево овоа време. Трпение.
     
    На midnight.flower, tessie, riba79 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.682
    Допаѓања:
    162.039
    Лолита, ако го игнорираш ќе си предизвикаш уште поголеми проблеми, а најмногу ти нема да бидеш мирна никогаш понатака. Од напишаното гледам дека не си човек без совест, така што сметај дека ќе те јаде засекогаш до крајот на животот и ќе има за што да те прекорат. Само човек без совест и свест би терал инает. Плус, постари луѓе не знам,не треба да се сфаќаат сериозно со постапките. Треба да си раздвоите важно од неважно и да терате.
    Сериозно е тешко да живееш со горчина во себе и би рекла дека тоа повеќе е инат, него ли било што друго. Мене не ми се јасни оние луѓе што упорно ДРЖАТ до себе и викаат таков сум, не можам, ако ми згреши некој крај...Извини големиот ти. Ако сметаш дека си на повисоко интелектуално ниво од другата страна, немаш потреба од дигање на носеви. Овде немаш потреба од јачање на ега и докажување кој е кој, секако нема победници, секогаш губитници, така што, не ти се исплати... Па тогаш ти не си подобар од грешникот, тогаш ти си заостанат кој не работи на себе си, плус некогаш се баналности во прашање, некогаш некое недоразбирање од неразбирање...

    Па просјак да е ќе те фати жал, ќе му купиш едно ѓеврече, а не пак свекор, кој ако не бил не ќе биле ниту маж ти, ниту твоите деца.
    И малце да го научиш маж ти да готви. :!: :lol:
    Башка веќе кога ти се јасни односите кој е кој, време е да си раскрстиш битно и небитно. Небитна ти е свекрвата, политика со свекорот, не се фокусирај постојано на идејата да ја уловиш свеки како греши, пошо сто посто ќе се деси такво нешто и ќе се вадиш од кожа. Си утврдила каква е, што можеш да очекуваш од неа и толку е, да ја смениш не можеш. Опушти се и уживај си со децата и маж ти.
    А што се однесува до тоа дека застанувал свекорот на страната на свекрвата. Абе видете, секој сака да му е мирна главата, па мажот, дечкото ваш некогаш субјективно ќе застане на ваша страна и ќејф ви е. Него ништо не му значи, ама знае нема да му трубите на глава. Жива вистина! Сите мажи така функционираат. Нема објективно,субјективно, мирот да си го зачува и си тера свои политики. Жените преувеличуваат, мажите си смируваат и така си оди тоа. Работата на мажот си е таа, пред останатите да си ја брани, на само да и каже како си стојат реално работите. :D Калимеро нема правда.
     
    На Neytiri, midnight.flower, kate21 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    За јадењето - ако тој не е човек, покажи дека ти си човек.
    Кај што готвиш за вас, така и за него. Ако не можеш ти, дај и на ќерка ти да го однеси или на маж ти.
    Секој дава тоа што има. Како некој мудрец, некој го навредил, а тој му вратил со љубов. Кога го прашал зошто, рекол јас тоа имам во себе, тоа давам. Ти имаш омраза, тоа го даваш.
    Не паѓај на нивно ниво.
    Дај му лекција со твоето понашање над нив. Покажи се. Покажи му што е човечност, хуманост и добрина.
    А, и маж ти ќе ти биде многу благодарен. Ќе види уште еднаш колку благородна жена имал.

    За селењето - кај биле толку години, та и 2-3 ќе поминат побрзо отколку мислиш. И онака сте делени, секој е по своето, ајде издржи.
    Сега те фатило некоја криза, лош период и затоа се чувствуваш вака. Ама посилна си. Ќе ти помини. И ќе се среди...
    Се ќе помини. А, што не поминало...
    Гледај си ги дечињата и мажот. Сепак имаш многу повеќе од некои други. Уживај во тоа што го имаш засега.

    Поздрав
     
    На imelda, tessie, Gea и 2 други им се допаѓа ова.
  18. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Lolita колку и да ти има погрешено човечки е да му дадеш една чинија храна посебно кога и така за вас готвиш. Верувам дека не мериш колку готвиш и една чинија во секој случај ќе ти остане.
    Ти чувај го и биди човек а тој ако има малку човечност повеќе ќе те цени.
    Стар човек каков и да е ќе биде благодарен и ќе те благословува, зошто од инает да не му дадеш храна па да те колне?
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    E за ова потполно си во право. Најправеден човек на светот да е, вака прави. Што донекаде и треба. Мало дете е греота пред сите да го испокараш не па животен сопатник.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Лолита јас да ти кажам случка пошто гледам горе долу сме во иста ситуација со свеки со тоа што вие пак колку толку комуницирате, ние се одминвиме и ништо не си викаме ( и кај нас беше исто јас кога сум кај мојте нема понуди на мм за јадење, ниту пак кога се породив тие четири дена, јас кажав дури и кога небевме скрос оделени му ги изваде на мм алиштата од перална и не му ги испра, а јас кај мајка ми, па работите наши ги одели во друго шкавче а ние појма за тоа немавме јас одам во куња и барам кај шо стојат секогаш нема и она глупо одма свакаш не е твоја куќа ама тоа е сега за сега, а и ред други работи многу за набројување скоро цела година што кажа една феминка пред свадба мед и млеко одма после свадба отров) и за ситуацијата ни стигаат дома дрва јас сама со малиот среќа спиеше му помагам на луѓето да расчистиме троа дворот за да можат да ги нафрлат дрвата и јас културно фино му сварив кафе, турив водичка и.т.н доаѓа свекорот, му варам и него и иди поручекта свеки и свекоров му кажува дека сум сварила кафе за луѓето и она "леле шо збораш ле" и онака саркастично као демек шо ми текнало, а јас си го направив од чиста култура тоа, од воспитанос и ми е чиста совеста, не се скрив дома, а шо можев да се извлечам како сакав ама нејкев да бидам некултурна како нив. Затоа што еднаш мм имаше човек донесено да швајцоват нешто јас небев тука, таа не излезе ни добар ден да речит не камоли кафе да сварит, и сега летово кога ни идеа друштво нели топло вратите одтворени, тие се криеа ги затвораја враите за да не ги видат, а ако се сратнееа на пат лица лица шо :x :swear: