Свекрвите и снаите – проблеми

Discussion in 'Брак' started by zdravkova, Dec 1, 2009.

  1. eva11

    eva11 Популарен член

    Joined:
    Jun 23, 2011
    Messages:
    1,851
    Likes Received:
    758
    Ке се надоврзам на проблемот на лолита мада сите и дадовте совети прекрасни
    лолита еве ке ти кажам мене што ми се случи 7години живеевме во куката на свекорот и свекрвата на 2спрат делени о дпрв ден после свадба по 7 години не избрка со маж ми и со 2 деца се иселивме за рок о д16 дена во стан од татко ми и мајка ми даден на мене белење чистеење пархет лаковање
    Испаднавме избркани и понижени и 3 месеци немавме никаков контакт после3 месеци некако се смиривме
    сега за нив сум најдобра снаа другата не чини и јас како тебе не му ги заборавам зборовите на стариот и му реков дека тоа е негов грев кога ке оди кај дедо господ даси го носи на душа идат кај нас му варам кафе си седат ги разносувам до кај со треба се тоа фрлив пепел доста години живеев со гнев полна и омраза
    4години сум од таму испадната сега се е ок не заборавам ама и немам срце да праваам лошо не сакам јас на мојата душа да си имам гревови
    совет до тебе како сакаш свати го
    биди благодарна што седиш таму барем не плакаш кирија и тоа е некаква помош викаш ти го носи девојчето на училиште ете ти помош пак не мора да го пееш али за едно чинијче можеш не за друго за твојата душа да е чиста да не си носиш гревови на душата а неговите гревови нека се негови и ке си ги носи кај господ да знаеш поз
     
    imelda and midnight.flower like this.
  2. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Joined:
    Jun 26, 2011
    Messages:
    541
    Likes Received:
    1,051
    Лолита, многу убави совети ти дале феминките, се надевам ќе ти користат. Се согласувам со нив. А за седењето уште 2-3 години со нив, дур да се среди станот... :worried: Старите велат, каде цел вол, таму и опашката, ама ти си знаеш.

    Јас се помирив токму оној ден кога му поверував на мажот ми дека ќе си го бараме чарето некаде на друго место. Се‘ додека ми велеше: „Ајде да пробаме, може и не ќе биде толку лошо...“, мене ми беше многу тешко и на се‘ наоѓав замерка. :!: Иако, да бидам искрена, јас немав проблеми од типот на: бркање од дома, кажување погрдни зборови, ниту кон мене ниту кон било кој од моето семејство. Тоа што мене своевремено ме мачеше е мачкина кашлица споредено со ова што читам од Lolita777, Girlmiri или некои други феминки. Она „стави на игнор“ не функционираше се‘ до оној ден кога се решивме дека еден ден ќе се иселиме во наш и само наш дом. Потоа се‘ беше полесно и се‘ беше поинаку. Не се трудев да „свијам гнездо“ под туѓ покрив, не се трудев да бидам домаќинка, не и‘ се мешав во ништо на свекрва ми, ниту таа мене. Оставив да биде како што таа сака, како што било во таа куќа 30 и кусур години. Небитно дали тоа мене ми одговара или не.

    Што и како бидна во спојлер, бидејќи не е многу директно поврзано со темата.
    Кога после 2 години заедничко живеење купивме стан, каков што можевме да си дозволиме, си дадовме рок од 3 месеци за да се иселиме. Ама како што бива во животот, се‘ нешто искрснува: финансиски, здравствено, немање слободно време итн., и периодот се оддолжи за уште, еве веќе месец и пол. Ние имаме огромен проблем во станот (што и ден денес не ми е јасно како не го увидовме кога го купувавме станот) со кој може, некако, да се живее, а за чие решавање ни треба солидна сума на пари (која ја немаме, а сме задолжени „до гуша“). И сега се две опции:

    1. да го решиме проблемот сега и да живееме во заедница уште бар 1 година (бидејќи во тој случај парите што ги имавме за покуќнина и ел. апарати ќе одеа во решавање на тој проблем), или
    2. да научиме да живееме со тој проблем и да реновираме по 5-10 години (одново да се растуриме, бидејќи проблемот е во подот).

    Ние ја одбравме втората опција, бидејќи јас веќе вака не можам! Сега сум млада и сега ми треба мир и приватност. Кога они биле млади, имале приватност, си го живееле животот. Сакам и јас да го живеам мојот живот. Зашто во животот никогаш не се знае. Можеби јас нема да доживеам да имам свој живот, ако се трудам да им погодам на сите.

    Можеби направивме погрешен избор, можеби требаше да се стрпиме уште 1-2 години, но од сегашна гледна точка, повеќе сакам да живеам во свое (какво и да е), отколку вака.

    Сакав да кажам, Лолита, алал да ти е ако можеш да издржиш уште 2-3 години!
     
    imelda likes this.
  3. kva

    kva Истакнат член

    Joined:
    Jul 16, 2013
    Messages:
    308
    Likes Received:
    345
    Леле, читам и се нажалувам( за многу примери кои беа дадени), значи општо зборувам.

    Просветлете ме малку. Не можам никако да сфатам како е можно некој свои деца да си избрка од дома?
    Ниту кога се случувало кај некои блиски ниту сега кога читам реални случки од животот.
    Се разжалостувам навистина.

    Да имаш толква куќа, за тебе спрат долу, за нив горе, и пак децата да си одат на друго место да живеат?
    Не можам да сфатам, никако. Секој своја кујна нека си гледа, свои трошоци и завршена работа. Татко и син да се делеле. Ај да нема услови, да се 5-6 души во 50 квадрати, разбирливо мора да си бараш чаре.
    Не ми јасно како живееле пред да влезе туѓ човек; ке дојде една снаа и ајдееееее, синот нема на трпеза да го викам. Па твое дете е, ако тебе не те боли, комшијата уште помалку.
    Па зошто сум ги чувал тие деца? А внуците, чии деца се тие? Деца на твое дете. Не можам да сфатам!

    Нели колку пати велиме да не се генерализираат работите. Но сепак, генерално сметам дека клучот на квалитетни меѓучовечки односи кога семејството се проширува е сепак во постарите, односно свекорот и свекрвата. Ако тие се разумни и разборити луѓе, ке се постават правилно и паметно кон новиот член во семејството. А би требало да се попаметни од нас, бидејки поминале многу во животот, имаат големо искуство, сметам дека годините си го прават своето.
    Но изгледа не е така, кога сум ги изнесувала овие ставови пред баба ми Бог да ја прости, велеше: кој бил разумен како млад ке биде и како стар. Тој што сега не е со ум, не бил ни кога бил помлад.
    А јас си мислев (и згледа сеуште), дека со тек на годините луѓето треба да стануваат посмирени и да им се зголемува прагот на толеранција и разбирање, посебно кон своите дома.
     
    Anyshka, B.Bulka and Glasna like this.
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    1,623
    Likes Received:
    10,358
    kva да не ти е чудно што родители вака падат од дома фамилијарното им дете. Јас како момичка сум била бркана од дома, не па со зетко барабар кој ќе требало он да ми бере гајле. Ама така било во филмовите, полнолетен-клоцата. Оу кеј. Не дека сум била проблематична, јас како единка, туку сите од децата не бркаше татко ми и ни барал ќирија, сум кажувала на други теми. Кај нас тој е `свекрвата`, а како и секаде, другиот партнер поддржава ако сака мир во брак. Тесно им стане изгледа, нема каде да ги соберат големите им ега :D

    Откако им се испразни домата, зјае празна куќа можат жмурка да си играат и да не се најдат цел ден, и си ги гледаат внуците еднаш во година, ако и толку, тогаш им текне дека не им е филмот по америчка режија од хапили евр афтер. Епа, постели си па легни си. Мене само едно ме радува, дека немаат снаа покрај нив дома оти џабе и делена да е горе, оти такви се, се они знаат, и душата ќе и ја вадат секој божји ден.

    Ете ти ја и темата развод, каде давале примери како родителот не сака да си го види детето уште мало кога треба барем на пат да го изведе кога веќе го направил, а камо ли да го мисли кога ќе порасне. Тоа па бетер од побетер.

    Така да, мене не ме чуди. Верувам дека постои неизмерна родителска љубов кон своето чедо, верувам и крвта дека не е вода, ама исто и знам дека на крај краева човек најмногу си се сака себе, па после друг.
     
    Li0ness likes this.
  5. kva

    kva Истакнат член

    Joined:
    Jul 16, 2013
    Messages:
    308
    Likes Received:
    345
    Неверојатно, навистина.
    Повеќе човек да сочувствува со душите(празни и самољубиви) на тие што децата си ги истерале, отколку со самите деца.
    Децата ќе се снајдат некако, Бог ќе ги води, ќе им помогне. Но дете да си испадиш од дома?
    Често велам, Бог на некои луѓе им дал деца, па не знаат како со нив, а некои кутри немаат деца.
    Едно е да си строг, да ги воспитуваш, да ги држиш ( не под контрола туку во смисла да не грешат во животот како ти што некогаш си грешел, без оглед на која возраст се), но да се става точка на долгорочни патеки - страшно!
    Никаде нема идеалност, ке се случи, ќе има конфликт, недоразбирање, но ќе помине ден-два, со кој ќе пиеш кафе ако не со синот и снаата, бе?
    А на крај краева, не да биде на ти го дај ми го, ама како што вели мајка ми, старите назад одат не напред, понекогаш човек ќе си премолчи, нема светот да пропадне ако снаата (или синот) направи како што сметала. Свекрвата треба да си ја спрема снаата, да си ја обучава( :D ) што се вели, утре фамилијарната традиција да ја продолжи, па има и поширока фамилија, и со тие треба да се одржуваат соодветни контакти, комуникации. Дефинитвно, за мене здраво размислување е дека клучот на добрите односи е во свекрвата.
    Е добро, утре ако ги стрефи нешто, недај Боже, комшиите ли ќе им трчат?
     
    Filiposka likes this.
  6. zapostavena

    zapostavena Нов член

    Joined:
    Oct 5, 2013
    Messages:
    27
    Likes Received:
    7
    Здраво феминки еве ме пофторно на форумов. Како сте ми вие? Инаку јас се јавив за да споделам еден проблем со вас. Синоќа со мм отидовме да нарачаме бебешко креветче и кога се вративме мм и се „исповеди„ на мајка му , а таа како и обично маана мора да најде како да мислиш таа ќе спие во креветчето или па за нејзиното дете сме го купиле :x Не прашува колку пари сме го купиле , каква боја било , каква постелнина имало и кога ќе го доставеле до нашиот дом. ММ и вели 9800 со 20 % попуст со него душек добивме , бело со една сина и една розева китка (цвет) на фиоките и постелнината дека е кремова. И за да не остане доле мора маана да ни најде вели „Од толку бои бело најдовте , тоа се вали прашина фаќа , па зошто 9800 скапо е многу плус постелнината не ја дават со него па и зошто е кремова?„ Ми се качи притисокот и велам „Добро бре свеки на се мора маана да најдеш па прашина ќе фати без разлика каква боја е ќе се избрише , па и постелнината зошто ти смета дека е кремова па цела детска соба ја направивме бело-кремово зар сина да земам или розева?„ . Ми вели „ НЕ НЕ јас само онака кажав вие и онака никогаш не купувате како што јас сакам„ . Да сум купувала како што таа сака па кога немаме ист фкус на нештата што да правам јас си сакам такви бои и тоа ќе си купам. :worried:
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    18,525
    Likes Received:
    121,241
    Gender:
    Female
    И кој е тука проблемот за да и се развикаш на свекрва ти? Не смее она да каже нешто? А и на крај краева зашто да не и направиш ќејф па да купиш розевка постелнина или плава не знам што носиш машко или женско?
    Значи маж ти по тебе не смее да разговата со мајка му, да и каже дека сте купиле креветче за нејзино внуче, да и се пофали на мајка му? навистина некогаш не ве разбирам што всушност сакате вие од вашите мажи и од вашите свекрви !!
     
    tessie likes this.
  8. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Joined:
    Sep 2, 2013
    Messages:
    662
    Likes Received:
    5,231
    Еи ги знам тие типови на луѓе. Оток луѓе. Штета што сега ти е фамилија па мора да ја трпиш, али дефинитивно копач у глава за вакви напори. Само паметна да се напраи, она све знае, никој друг ништо не знае. Следниот пат кажи и` „А да ти го оставиме детево да го израснеш и воспитуваш ти место ние?“ :devil:
     
  9. zapostavena

    zapostavena Нов член

    Joined:
    Oct 5, 2013
    Messages:
    27
    Likes Received:
    7
    Нена можеш да се навратиш на мојот прв пост бидејки имам постирано 2 3 пати само и ќе видиш зошто ми смета што постојано се меша. Зошто да и одам по кејф што таа сака за моето дете таа како баба ако не и се допаѓа може слободно да си купи што и се допаѓа , за мое дете јас одлучувам што ќе купам а што не. Значи не реков дека несмее да знае што сме купиле само ме нервира тоа што маана наоѓа каква боја било колку пари било. Па крај краева што ја интересира колку пари сме го купиле таа не даде пари за него јас и мм си го купивме од наши заработени пари.
    Capitain всушност мене ме нервира тоа што таа за ништо не дава пари а ако купиме скапо нешто зошто сме купиле па работиме ќе купиме не бараме пари од неа за да купиме. Доволно ќе биде со нејзината плата барем јадење да купуваше ама ете и тоа го нема. Откако останав од работа заради пораѓај што ми се ближи во фрижидер освен шишиња вода нема ништо друго , дури одев на работа ќе го наполнев фрижидерот од до а сега дома седнав немам плата нема ни во фрижидерот јадење. Со на мм платата ѓи плаќаме сметките и кредитите а нивните кај се тоа незнаеме за ништо не дават пари а во се се меша како сол во каша е
     
    Anyshka likes this.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    18,525
    Likes Received:
    121,241
    Gender:
    Female
    А кога ја знаеш каква е што не и одговориш : Може да се откаже креветчето ако толку ти е кејф да му купиш повели. не вреди да се нервираш за вакви работи. Знаеш уште колку поголеми битки те чекаат во животот?? остави ја нека лае, ти свиркај си и чекај си го бебето.
     
    Filiposka and tessie like this.
  11. zapostavena

    zapostavena Нов член

    Joined:
    Oct 5, 2013
    Messages:
    27
    Likes Received:
    7
    Нена јас и онака не се замарам многу многу што ќе каже затоа и префрлува. Дури си ставав се на среце секој ден плачев од неа сега поЧнав да и се одговарам и се поретко префрлува. Кога мм во смеа и рече „Ајде мајко купи ти детско креветче бабата (мајка ми) купи количка транспортер алишта златце за уроци со сино окце на него„ , таа му одговори само вака „А вие како родители што ќе купите?„ . И сега ми се буни зошто толку пари било зошто таква постелнина зошто пак кремово бело било прашина ќе собирало , па каква и да е бојата нормално прашина ќе собере. Уште кога се бунеше за алиштата што сме ги купиле немало потреба да се купат стоеле алиштата од мм од пред 30 години што можам повеќе од неа да очекувам . Туку само вака си велам СТАРОСТА ЈА НАФТАСАЛА ПА ЗАТОА Е ВАКВА и само игнорирање давам друго и не ми преостанува.
     
  12. cecilia

    cecilia Популарен член

    Joined:
    Dec 9, 2009
    Messages:
    1,329
    Likes Received:
    1,195
    Навистина? Добро ај нека ти биде.
    Те молам прочитај некаде каде се употребува буквата В а каде Ф.
    За свекрва ти конкретно овој проблем е за бош кафе муабет со другарките. Секако неможете да имате ист вкус ама она нека си каже, ти прави си по твое. Она кога ќе зборува тебе ако не ти одговара бркај си работа кажи нозете ти потекле и повлечи се во соба. Што се замараш јас не те разбирам.
     
  13. zapostavena

    zapostavena Нов член

    Joined:
    Oct 5, 2013
    Messages:
    27
    Likes Received:
    7
    Најпрво нека извини админот за овој пост надвор од темава но морам да постирам вака зато што несакам темава да биде заклучена како што ѓи заклучуваат ред други теми заради непочитување на правилата. Се случуваат премногу префрлања на постовите на феминќите , се создаваат расправии , но ќе ве замолам феминки држете се на темава секое префрлање надвор од темата или секое предизвикување на расправиа завршува со банирање и заклучување тема , доколку имате било какво недоразбирање со феминките обратете им се во лп. Овде постојат феминки кој навистина имаат потреба да споделат проблем и да добијат совет , но заради некој предизвикувања може да се заклучи темава и на тие што навистина имат потреба од совет да им се ускрати „помошта-советот„. Сепак оваа е тема за СВЕКРВИТЕ И СНАИТЕ а не за префрлање како некој пишува и дали некој му верува на постот. Секој има право да сподели проблем поврзан со темава.
    АДМИНОТ доколку смета дека постов нетреба да го има ќе го замолам да ме извини и да го избрише постов а воедно да ги потсети сите ФЕМИНКИ И ФЕМИНИ на правилата на форумов.
     
  14. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Joined:
    Sep 28, 2013
    Messages:
    194
    Likes Received:
    46
    Gender:
    Male
    Ова навистина ми е несватливо иако немам свекрва неможам да ги разберам стариве. Од една страна пари не даваат за ништо од друга страна ако купиш со твои пари зошто си го купил. Како што разбрав од првиот пост ти си моментално невработена поради пораѓај што ти се ближи , а дури си одела на работа ти си купувала за јадење а сега кој купува што јадете велиш фрижидерот е празен? Па кај ѓи троши парите ако за ништо не дава пари свекрва ти велиш ти и маж ти купувате за јадење и плаќате сметки. Страшно еве јас немам свекрва но затоа имам сопруд , свекор, девер и јатрва со кој живееме во заедница и секој си знае каде ќе дава пари за остатокот од парите не бара никој очет кај си ги потрошил или зошто. А за креветчето мила запоставена ич немај гајле не дава пари па и нека не се меша добро е да советува ама не и да се меша во секоја чорба.
     
    Anyshka, okcenzi and zapostavena like this.
  15. kva

    kva Истакнат член

    Joined:
    Jul 16, 2013
    Messages:
    308
    Likes Received:
    345
    Ви пренесувам дел од интервју за бракот:

    Georgij.Kapsanis.interv.
    Интервју со aрхимандрит Георгиј Капсанис
    игумен на манастирот Григоријат, Света Гора


    Што е индивидуа, што е човек и што е личност?
    Човекот е Божјо создание кое може да стане индивидуа или личност. Индивидуа станува кога е затворен во себеси и не општи ниту со Бог, ниту со луѓето, и кога нема внатрешна духовна заедница, и кога не го надминува својот егоизам. Индивудуа е и една мачка, едно куче, односно индивидуа е биолошко постоење. Но, колку што повеќе стекнува заедница со Бог и со луѓето, човекот ја надминува индивидуата. Бракот многу помага во тоа бидејќи гледаме двајца млади кои уште пред да се возљубат еден со друг, секој од нив се разбира само себеси и вели јас, но штом вистински ќе се возљубат помеѓу себе, тогаш се чувствуваат соединети еден со друг и велат ние. Тоа надминување на јас и на ти, кои стануваат ние е веќе нешто што ги води младите луѓе кон тоа да станат личности, да живеат во заедница. Но, како што реков и претходно, таа заедница не треба да се ограничува во меѓусебната заедница на двајцата млади кои се љубат, туку треба да напредува во љубов кон Бог и во љубов кон сите луѓе.

    Која е смислата на бракот и која е неговата цел според денешното општество, но и според нашата Црква?
    Според општеството, вие кои живеете во светот знаете подобро од мене. Според Црквата ова е голема Тајна, а јас ви зборувам за Христос и за Црквата. Црквата, апостолот Павле, Божјото слово сакаат бракот да не биде обичен општествен договор и биолошки настан, туку да биде и духовен настан, па да им помага на луѓето во нивното духовно восовршување. Тоа е една од кожните облеки, со кои Бог го облече човекот по падот, заради утеха во неговото прогонство и во неговата смртност. Значи, бракот е свештена институција, благословена од Бог, која им помага на луѓето да ја живеат тајната на љубовта. Затоа светиот Јован Златоуст бракот го нарекува тајна на љубовта. Во тоа психосоматско единство луѓето учат да го надминуваат нивниот егоизам, односно јас и ти да стануваат ние. Потоа, да можат да се љубат еден со друг, едниот да му се принесува на другиот, едниот да има трпение кон другиот и да се жртвуваат еден за друг, така што таа љубов помеѓу двајцата сопружници, како што минува времето, да станува посовршена, поисполнета и позрела. Во бракот брачните христијани треба да созреваат, со текот на времето, и да постигнуваат поголеми степени на љубов, која нема да биде само телесна, туку ќе биде и духовна. Таа љубов полека-полека да се проширува и на оние вон семејството, односно во почетокот на децата кои ќе дојдат на свет, а потоа да излегува од семејството и да го прегрнува целиот свет.
    Ние православните христијани треба да внимаваме, затоа што дури и во таа семејна љубов може да има егоцентризам, ако ги љубиме само оние кои се во четирите ѕидови на нашиот дом. Тоа е демонска љубов. Ние го љубиме нашиот животен другар и нашите деца за потоа да можеме да го возљубиме целиот свет. Значи, љубовта почнува од семејството, но не завршува во семејството, туку треба да биде севкупна (соборна) љубов за сите луѓе. Господ вели: „возљуби го својот ближен како себеси“. Ако не го возљубиш својот ближен, а во случајов сопругот или сопругата, децата, родителите и браќата, тогаш како ќе ги возљубиш подалечните? Ги љубиш блиските за да ги љубиш и далечните. Не ги љубиш блиските за да останеш само на тоа, затворен во една семејноцентрична љубов, како што видов дека се случува во Америка, каде што луѓето навистина го љубат семејството, но само заради себеси. За нас, семејството постои за да биде мост кој ќе нè одведе во љубовта кон Бог и кон сите луѓе.

    Дали можеби автономијата, независноста на брачните парови наспроти останатото татковско семејство предизвикува проблеми во бракот?

    Овде е потребен, од страна на сите, и на родителите и на младите брачни парови, став на љубов, па ниту постарите да се обидуваат да влијаат врз младите и да не прават пречки во сопружничкиот живот на нивните деца, но и помладите да покажуваат почит кон постарите, секако одржувајќи го на некој начин нивниот семеен азил. Двајцата млади сопружници треба да го развијат нивниот живот. Другите не треба да интервенираат и да им го расипуваат животот. Од друга страна, пак, младите деца треба да знаат дека сето добро што го имаат го примиле од нивните родители, и да им ја покажуваат потребната почит, да им покажуваат љубов, грижа итн., но и секогаш да ја држат својата куќа во таква состојба никој да не може да ѝ направи штета.
     
    hermosa likes this.
  16. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Joined:
    Jun 26, 2011
    Messages:
    541
    Likes Received:
    1,051
    Од мравка - СЛОН направивте!
    Големо чудо, прашала какво е креветчето и колку чини. Констатирала дека белата боја поприметно се валка и според неа скапо е платено креветчето. Каде е тука проблемот не ми е јасно? А што ако прашаше дали врне надвор? Ако констатираше дека е многу студено и дека овој месец сметката за струја ќе биде поголема? Обичен муабет направила жената. Си го кажала своето мислење. Не ве тера да го смените креветчето, да го вратите! А да молчеше? Да не ве прашаше дали и какво креветче сте купиле? Пак ќе згрешеше. Ќе беше: Еј, баба е, а не и‘ е гајле дали и какво креветче сме купиле за внукот/внуката што доаѓа! :x
    Никако не е, ниту да ве праша човек, ниту да не ве праша. Многу трудници и млади мајки, забележувам, се однесуваат како Земјата околу нив да се врти. Е знаете што? Не се врти Земјата околу вас, си има таа Сонце и си има своја оска, а вие не сте ни еднотото, ни другото.

    За финансии и за фрижидер полнење, не коментирам. Најубаво би било да се одвоите. И за млади и за стари, така би било поубаво.
     
  17. zapostavena

    zapostavena Нов член

    Joined:
    Oct 5, 2013
    Messages:
    27
    Likes Received:
    7
    Не ми претставува мене проблем што таа прашува какво е и колку е креветчето , едноставно ме нервира што на било што да купиме нејзе нешто не и се допаѓа. Истото ми го правеше и дур купував јадење , таа не јадела ова, не јадела она , не пиела ваков сок не сакала незнам што. Значи малку што не купува ништо па и кога ќе купам не и се допаѓа ете знам не јади ништо свинско па занеа зимам пилешко , несака било каков кашкавал сака строго МАЛЕШЕВСКИ таков и зимам, не пиела жолт сок и зимам црн зарем треба ако таа не јаде нешто и да не го купиме за нас? Како и да е кавгата ја оставам настрана и се трудам секоја нејзина кавга да ја одбегнам или да ја претворам во шега така ми олеснува на душата. Мислам како и да е под ист покрив сме така што каква и да е мајка на мм е не го одрекувам тоа и почитта ја ставам на прво место. Едноставно понекогаш за некој работи неможам да премолчам па и возвраќам но на смирен начин. :)
     
    Anyshka likes this.
  18. confused

    confused Популарен член

    Joined:
    Dec 5, 2009
    Messages:
    175
    Likes Received:
    327
    Cе сложувам во потполност. Hе е крај на свет ако искоментирала, ама па можела и таа муабетот да го заврши со "не е важно, со здравје да си спие внучето па и за свадби да му купувате". вака, шо знам, звучи малку мрчаторски, ама и снаава малку рачка за кавга бара, треба некогаш и низ прсти да се прогледа. мене и снаава и свекрвава ми изгледаат егоцентрично.
     
  19. Nova

    Nova Популарен член

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    1,049
    Likes Received:
    1,131
    Јас кога и кажав на мајка ми колку пари ќе не фати креветчето, душекот и постелнината одма имаше реакција: Ќере бееее, многу пари е тоа. Доби одговор дека парите се печалат и продолжи да се радува и она. Е сега, со мајките сме поинакви ама ако свекрва ти го каже истото одма очи се копаат? Одма се меша и е вештерка?
    Ви фали објективност затоа и непотребни тензии си правите низ дома. Со лесно нека ви е.
     
  20. zapostavena

    zapostavena Нов член

    Joined:
    Oct 5, 2013
    Messages:
    27
    Likes Received:
    7
    Мене воопшто не ми пречи дали свекрва ми ќе каже нешто за тоа што јас купувам со мој пари , кога таа ќе даде пари за нешто тогаш нека се меша. Кога мм и кажа да даде пари за креветче бидејки мајка ми купи количка , транспорете , алишта , златце со сино окце и плус даде пари за мебелот во детската соба таа му рече вака „ А вие како родители што ќе купите?„ . Значи мајка ми да купи е во ред а таа да даде за нешто пари неможе а згора на се и маана ќе ти најде.