Ејјј не се напнувај девојче, чувај ги нервите.....само една феминка беше подиректна во одговорот, и тоа си го кажа за неа лично, дека би и` било срам така свекрвата да и` мести доручек. Ние другите се заебававме, олабавете малце.
^ јас пак мислев дека и се заглавил Caps Lock и ќе и речев да пишува со Shift, ушите ме заболеа веќе.
Хехехех, само јас бев подиректна да го напишам тоа што сите во себе си го помисливме. Нана, кога пишуваш јавно, мораш да сфатиш дека не секој ќе биде воодушевен од твоите постови, во случајов од доручекот од МАЈКАТА НА ДЕЧКОТО, а не од свекрвата, бидејќи нели може и таа да не е твоја свекрва нели, ништо не се знае Така што сега не можеш да тврдиш каква свекрва е.
точно јас во неколку наврати го потенцирав тоа МАЈКАТА НА МОЈОТ ДЕЧКО- МОЈАТА ИДНА СВЕКРВА и затоа многу рекоа дека можеби сака да ми напомене нешто со тоа што напраила доручек затоа изјаснив дека е мајка на дечкоми и дека сигорно не сака ништо да ми напомене а јас неможам да отидам и да речам АЈДЕ ШТО ДА ПРАВИМЕ ЗА РУЧЕК ?? КАКО ЗА ТОА ДА СУМ ОТИШЛА
Абре кога прочитав постот од таа свекрвата што ја оцрнуваа снаата на интернет мислам дека се видов. Абре да си ти жено нормална нема да седиш на интернет ко прво. Ко второ, секои постари помагаат на помлади, нејзините немале пари ова она, па она ќе го пере синти ко ке те нема тебе. Јас што да речам. Трудна,од никого помош,свекор и свекрва невработени,јас со мм со една плата, пред пораѓај сум,немам пари бенкиче да му земам на бебето,јадам леб и компир секој ден, значи јас маж ми не сум требала да го земам така? Или може дотичната ГОСПОЃА и самата нема вода во очи па сакала побогата снаа, епа и јас чекам машко, и МАЖОТ е тој кој ја гледа куќата, па од сега ја мислам тргам чаре да му обезбедам на синот што му треба. И да сме реални,има и лоши снаи и лоши свекрви. Ама СЕКОЈ ЗА СЕБЕ! Кога тогаш ке ми се сврти среќата,се замарав ама немам намера порано да се породам,ама од такви како дотичната ГОСПОЃА (ја нарекувам така пошто она сама се фали за финансиите) младите не можат да живнат.
Оваа не е свкерва нечија, не се акајте од земја. Ова е само чисто тролање, а некој у позадина се витка од смеење.
Брееее,ептен те трогнаа проблемите кои ги имаат со свекрвите феминкиве тука ...па се изгуби на форумов тука....заборави која е трудничка? А бре дете,не си играј со маките на другите...оди пишувај домашно ...
Нана19 не сваќај толку трагично што ти пишуваат поискусните феминки од тебе. Не дека ти љубоморат туку не сакаат да се разочараш. Некој убаво ти напиша, ти си сега за сега гостин во таа куќа, за мир на синот мајката се ќе направи. Дај боже да ти е таа свекрва и да си имате најубав однос, но како постара (35 годишна) и многу повеќе работи поминати од тебе можам да ти кажам да не леташ многу во облаци и подобро земај си се со резерва. Почитувај ја, не велам не ама немој да кажуваш дека ја сакаш како мајка ти! Мајка не се заменува и колку да е добра свекрвата мајка си е мајка. Биди си малку резервирана, многу работи може да се сменат. Верувај ми.
Сериозно забавни неколку страни... Трудничка ис бек!!!!! Незнам зошто воопшто трошите време во објаснување на некој кој што живее во облаци, или некој исфрустриран кретен кој нема попаметна работа, па пишува приказни во стилот на шпанска серија - јас не сум ти вујко, јас сум ти мајка!!! И наредни 250 епизоди ќе се плаче... Не се замарајте луѓе, овде веќе подолго време освен некоја од постарите членки нема никаков вистински проблем. Дури и кога имам проблем и можеби би ми олеснило да си го пишам, престанав. Не вреди, чудо дрндупки само ќе добијам. Незнам уствари ни зошто отворив, веројатно и јас немам попаметна работа. Да, точно така! Моира, една виртуелна бацка што ме изнасмеа вака слатко...
Море колку отракани свекрвишта имало пупупу знаеле и на форуми да јадат г.... да ми беше на мене свекрва ке те ставев во правец косите ке си ги кубеше недолично створење господ згрешил со тоа што дозволил синти да се ожени чувајсиго за тебе и легни во постела место снаата
Колку години може да има една свекрва одприлика ???? Не помалку од 48 м??? Абе модерни свекрвици и „трол„ во интернет речникот знаат што е
Не поставила за тебе доручек туку за син и, а ти си се погодила кај нив па од култура ти ставила и на тебе. Мене ова ме плаши право да ти кажам, она мисли дека ти незнаеш да му поставиш доручек