E кога се омажив на 16 родив на 17 ќе бидам млада свекрва па и до скоро млада баба . Туку децата да ми се среќни јас со нив се осеќам уште млада. Добро Нена немораш постојано да ги убедуваш феминките за иста работа си кажа што имаше да кажеш. Мислам нема што да се лутиш добро ти велат едно е „МАЈКАТА НА ДЕЧКО МИ „ а друго „СВЕКРВА МИ„ . И јас сум била снаа па сега и свекрва јас навистина се надевам ќе бидеш среќна како што зборуваш бидејки знам колку е убав животот со слога со свекрвата и со снаата.
Поубаво да преспиваат отколку по улици да скитаат. Поубаво да преспиваат, отколку после да се верат, мажат и остават. Кога дома туѓинци, пријатели од не знам каде преспивале, зошто да не може идната снаа да преспие? Луѓето се сакаат, најбитно е нив да им е убаво. Велиме водете љубов, а не војна !!! Па, не направиле некој страшен грев, ако преспиела девојката... Мене порано не ме оставале да преспијам, срамота било... па ќе гледавме филм дома му и во 2-3 навечер ајде тегни се до дома, пали кола, земај такси. А, надвор било зима, ладно. Чудото големо ако сум останала до 8-9ч. А, комшиите секако ќе зборуваат. Та спал, та не спал. Од брат ми женската не преспиваше дома, и му викаме ние, не се устручавајте, ако сака нека си преспие, си има тој негова соба. Колку мои другарки преспивале, никому ништо, сега таа да не преспие. И понекогаш останува, па наутро јас како ранобудник знам да ги изненадам со поручек. Ниту се улижавам, ниту го правам тоа за да ја придобијам. Едноставно обожавам да готвам, а и нив им се допаѓа мојата храна. Па, потоа таа ќе ги измие чиниите (или слично ќе се заметка нешто) или таа ќе зготви следниот пат...и сите среќни и задоволни. Зборот ми е, многу пострашни, понеморални работи се прават на бел ден, и никому ништо, а толкав проблем да се прави за едно преспивање ми е смешно.
Само да надополнам и јас го подржувам тој чин преспивање кај девојката/дечкото па 21 век сме. И дури и да не биде ништо да не стапат во брак па нема да се ни први ни последни , луѓе со деца се оставаат или не се ни зимаат воопшто па сега некој преспил кај партнерот што занм мене ми е нормално.
И јас го кажав тоа но сите ме нападнаа , зошто сум преспала и на дечкоми мајка доручек ни направила.....
Па не знам зошто во темава на некоја ќе и текне некој став и одма сите се со подршка кон тоа. Дај, размислете со своја глава. Реално, кои се предностите, а кои недостатоците да се преспие кај дечкото? Заради тој срам од преспивање моја брачеда се сврши со дечкото, а сега се оставија. Тоа подобро е ? Или пак ќе речам, срам било. Срам од кој ? Од комшиите да не те видат ? А, комшијата може со швалерката е дома му, од него да се срамам? Незгодно било, трета личност. Која незгодност? Таа не е којгоде, утре внуците може ќе ви ги роди, прва жена на синот...!!! Со љубов, со слога и разбирање се може да биде убаво.
Јас имам 2 сина едниот е 23 години другиот е 20 години. Првиот син ја носеше снаа ми на гости но не преспа таа кај нас никогаш (дури ние бевме дома а кога беа сами е тоа нз ) , а другиот син е 20 години тој пред 4 години за прв пат ја донесе тогашната му девојка дома . Не се сеќавам дали беа во врска повеќе од една година , таа преспиваше кај нас а замислете имаа само по 16 години. Секако нормално тогаш јас бев против тој чин сепак имаа по 16 години се плашев недајбоже уште на 16 години дете да си направат . И ете сега син ми има друга девојка па што се збореше „Еј син и ја носи дома каква мајка сум била јас што сум им давала дома да ги носат , па каква мајка нејзината била што ја пуштела„ . Па добро подобро ќе беше да се кријат шпо ќошеви да ги зборат ејх еве по кошеви се кријат. Мислам стварно логички размислете. Во наше време срамота беше но во 21 век сме модерно е тоа.
истоот го мислам и јас и ти благодарам.НО дваесет души коа ме нападнаа синоке , боже тие никогаш не преспале или нема да преспијат кај дечко ма дај ти се молам . Мајкаму сакала нешто да ми префрли со тоа што напраила доручек ма свашта таа жена е предобра бе не знаете што све поминала во животот со кои лошотии се борела и кое зло го победила , да знаете барем една петина од тоа што и се случило ке знаете зошто е толку добра и внимателна. За доручекот сакала да не изненади и напраила , затоа што понекогаш кога седеме касно со дечкоми и ако извалкаме некои садови јас ги измијам.ВЧЕРА отидов и ми дава пакла цигари на мене ми купила и пакла цигари на син и.
И сакав да кажам јас не се видувам со дечкоми многу долго време затоа кога е тука сакаме максимално да се видиме.Тој работи во странство и по цели месеци не се гледаме никако ни скајп нема интернет ништо контактираме само со пораки , и кога си дојде тука 5 дена сакаме максимално да се видиме незнам кој колку ме разбира , но цел месец да не се гледате со саканиот и да дојде само 5 дена а несум само јас на неговата листа , тука се неговите пријатели , неговото семејство треба и за нив да најде време не сум само јас ....
Е тогаш веќе е друга ситуацијата. Значи колку што можев да сватам ти и дечкоти ретко се гледате значи ретко се гледаш и со мајка му. Па вака добро ти реЧе една од феминките само ти погрешно ја разбра. Па нормално доручек ќе спреми па штом син и си иди само на 5 дена мислам повеќе од јасно е.
Нана ке речам имаш 20 години па затоа размислуваш така но и јас ги поминав тие години и јас имав дечко и подолга врска но никогаш не сум размислувала како тебе.Извини ама размислувањево твое ми е дури и чудно некако.Како ја претставуваш твојата идна свекрва ке помислам дека е некоја светица.Девојче бе отвори ги очите извади ги розевите наочари и гледај ја реалноста малку.Немој за никого да ставаш раце во оган и да гарантираш колку е тој совршен да не се изненадиш.Луѓе се познаваат со години и години па се менуваат и не можеш да гарантираш за никој.А тоа колку она патела во животот не е мерило дека е толку добра како што ја опишуваш, зошто некој од тие (напатените) некогаш знаат и да бидат полни со комплекси па да ги лечат на друг.Велиш феминките ти префрлале за преспиваљето за ручекот и остало па и јас се согласувам со нив.И не е тоа префрлање ова е форум штом си решила да споделиш нешто ке се сретнеш и со позитивни и негативни критики а јас да сум на твое место би ги препрочитала уште еднаш и би подразмислила.А тоа во врска со доручекот мене би ми било незгодно јас како магарица да лежам уште не влезена во таа куќа и жената да ми спрема доручек би се засрамила знаејќи синоќа што сме правеле со син и (нели не сме деца)па ајде нека оди и креветот нека ви го намести.Такви приврзувања јас не сакам ке дојде време кога ќе биде и тоа.Ти сакај си ја почитувај си ама секогаш биди со резерва и запамти една е мајка не можеш да сакаш свекрва колку мајкак не можеш да ги споредиш тие 2 личности и да ги ставаш во исти кош како ти со еден твој пост..
Зборувавме на друга тема околу преспивањето. Јас не гледам ништо лошо во истото,а и родителите немаат простор да се бунат. Зошто? Затоа што не им овозможиле на децата да се осамостојат и под тоа не подразбирам родителите материјално не ги обезбедиле, туку друг ми е муабетот. Остави го нека се осамостои, нека го живее животот онака како што сака, нека преспива кај него девојка, дечко, своја личност и може да прави што сака. Ама не, онаа болна потреба за контрола... Поголемиот дел, ако не и сите од родителите на моментот мамо тато, јас сакам да живеам сам, најдов цимери одам под кирија, под еден, го сфаќаат исто како срам и што ќе речат комшиите детето под кирија со други им отиде, сто посто имаат дома проблем или што ќе прави, зошто оди така, сигурно нешто не е чисто, под два, не оди сине, не троши пари, штеди ги тие, ние ќе те гледаме, кога ќе има женачка, мажачка тогаш троши си ги ќе ти требаат и тогаш плус ќе те потпомогнеме, а не размислуваат дека тој систем ќе им го направи детето уште поспособно само да се снајде. Јас тргнувам од моите едноставно, само објаснето им е ова мноооогу убаво и нема муабет од типот ПОД НАШ КРОВ СИ ИМА ДА ПРАВИШ ШТО НИЕ ЌЕ КАЖЕМЕ, туку колку што е нивни, толку е и мој. Никогаш не ми било кажано тоа и како возрасна личност го имам правото на глас за било што. Ама со повеќето родители тоа не е случај и го имам слушано од другарки и другари родителите тоа да им го кажат. Па нема поголема форма на непочит према сопственото дете и поголема форма на губење на безусловната љубов и потпора. За мене не се тоа родители, зошто гледам кај овие личност колкава празнина и несигурност создава. Е сега не им чинело преспивањето, комодитетот, приватноста, конзервативност, морал... абе ајде. Јас знам дека се тоа е со тензиично внатрешно чувство кажано, а не со слободна воља, туку од некој чуден инает (да, инает е). Зошто се е во рамки на некое обострано ограничување. Кај не му дозволуваш да се осамостои од некои себични причини, па уште и го угнетуваш. Еднаквост сосема доволно го решава случајот за да детето (кое и не е дете) се чувствува како возрасна личност со сопствен интегритет и право на глас, се учи да учи за животот и важноста за донесените одлуки. Со тоа шефовско поставување ти ќе ќутиш и немаш право ништо да кажеш си ги шкопите децата вака грубо да се изразам. Не се моите должни да ми плаќаат сметки ако живеам со нив и заработувам. Не е должна мајка ми да ми готви ручек, а татко ми секогаш да го полни фрижидерот. Никогаш не ми биле побарани средства, ама договорот кој е изграден на збор и покрај нивните негодувања инсистирам да платам (а ако немам, останатото што следи се подразбира),купам, исчистам, исперам, зготвам. Истото нели би го правела кога би живеела сама или со цимери. Ги прифаќам обврските и ги сакам! Не очекувам дека мајка ми ќе ме испере и ќе ми зготви, дека секогаш кога ќе го отворам фрижидерот да ми биде полн со тоа што јас го јадам, татко ми да ми ги плати сметките од телефонот и картичките (а се случува многу, ама многу често да го направи тоа и тогаш се караме,мнооогу се караме), а располагам со свои средства. Ајде знаеме каква безпарица и безработница е, тој дел ќе го сфатам ако финансиите и долговите не си ги средувате сами, ама ако сте од оние дембели кои се вадат ама јас студирам или уште полошо сте невработени и бараат работа и не преземате домашни обврски...па не знам што да кажам друго освен нешто лошо. А најлоши се оние работат, заработуваат, си гледаат за сопствен задник, лажица дома немаат измиено, денарче немаат дадено зошто нели, нивните ќе го средат се тоа, ЕПА тогаш заслужувате да ви биде кажано - под наш кров си, ќе биде ние како што ќе ти кажеме. И примерот од погоре на Силвер, ако сакаш да преспиваш или живееш заедно, вери се. Слатки Исусе, дева Маријо... Кога бре ќе пораснете и ќе владеете врз вашиот живот? Кога ќе имате став во животот? Со верење и мажачки сигурно не се стекнува интегритетот и самостојноста!!! Бара многу повеќе!!! Само кај нас некои работи се неприродни. Само кусо ќе апсолвирам, какви сме воопшто како нација и држава, колективната потсвест, се се должи на односите во семејството и се поврзано со него како основна клетка на општеството. Ужасни егоисти, ужасни конзервативци, а во позадината...и следи она, не ни чини државата. Како и секогаш, на широко ја терам работава за да извадам поента, па разводенувам, ама мислам дека ме разбравте што сакам да кажам од каде потекнуваат работите. Туку не можеме да ја изгенерализираме баш за секој случај, ама кога се работи за ситуацијата на оваа Нена или Нана, како беше ќе го кажам својот исклучок, не можам да не забележам една доза на безосетност,непочит и невоспитаност. И е поврзано со онаа последна категорија која на крај ја спомнав, кои го заслужуваат она со покривот над глава итн итн. Не заради моментот преспивање, колку ставот, ми покажува почит и мисли дека тој чин таа го заслужува, а и убедена е дека жената ќе и биде свекрва во некоја далечна точка во иднината. Не искажува ни доза на сопствена непријатност од тој чин, туку некое удобство кое од секогаш ме нервирало кај луѓето. Онака мислат дека го заслужуваат. И воопшто не само за вакви работи, туку и за поразлични, јас го заслужувам тоа, тоа така треба да биде,па зошто да не?! Зошто ти не си иницијалната каписла, туку друго е во прашање и симни се од облаци.
Малку погоре кај што нена пиша за свекрва и мислам дека се препознав себе си. И јас како и нена преспивав кај мм/дечко ми , мајка му секое утро доручек ни спремаше , мед и млеко од уста за мене и течеше што се вели црвен килим ми имаше постелено но до кога? Се дури не станав снаа во куќата е тогаш се се смени уште што не видов . Како и да е нена нека ти биде така убаво и во иднина.
Дечки нема ништо лошо , две возрасни индивидуи да си преспиваат , да делат живот заедно , но јас не гледам причина нашата љубов да ја наметнуваме на нашите родители . Ручек , повремени средби имало и со моите и со неговите ама не сме спиеле во домовите на нашите родители .. Повозрасните луѓе различно го перцепираат тоа преспивање ние колку сакаме да сме модерни тие различно го гледаат тоа .. Друго ние сме дома такви , да се работи за комодитет , секој си има свои навики кои не сака да ги дели со секого .. Мајка ми пример не живеела со свекрва нити сака да живее со снаа ,зошто да и се мота по кујна некој и да и ремети мир , таква жена си е , ако во нејзиниот дом си нема мир каде на друго место ? Таа секогаш вели -снаи сакам да дојдат на јадење да ги пречекам на гости , да се подружиме и здравје натаму внучиња да чувам , за премногу блискост нема потреба , нека си тераат со снааите како сакаат . Не би преспивала па и уште како во хотел некој да ми спрема доручек . Јас имам двајца браќа и сме поминале низ неколку сериозни снаи , не дека немале план за нешто посериозно ама сепак врската пукнала и малку неблагодарно е спрема родителите тоа зближување и играње куќа . И тука вината била најмногу во моите браќа а потоа кај девојките . Ви се игра куќа ? Слободно фатете стан живејте заедно и решен проблем . Барем јас така размислувам , може сум во право може не сум .. А што се однесува дека родителите не дозволуваат да се иселат децата , барем кај нас не е така , па дома моите би биле најсреќни да се преселиме и да живееме сами , мајка ми често се смее дека кога сме студирале и било најубаво возрасни луѓе живеат на едно место сите со различни навики и потреби И сериозно ако сакате да се иселите а имате финасии кој ќе ве спречи ? Родителите можат да сугерираат ама кога си веќе способен да заработуваш за себе ,ако навистина сакаш никој не те држи со синџири . Ми дале дом , ми дале образование , ми дале се што требало и не требало од ништо не ме ускратиле и секогаш се тука за мене , која сум јас на нивни 60 години да им наметнувам мои потреби и да им менувам ставови од корен ? Затоа и кога сум кај дечко ми се однесувам како гостин не како домаќинка и гледам да не сметам на никој.
На мајка ми пријателка има два сина, и некогаш кога ќе паднеше муабет за тоа дека има девојка донесено дома за секс , така викаше не за "преспивање" , им правеше исто доручек, ги служеше ги двореше знаете зашто?? Па машко е детето не чини да е долго време без жена. Кога мајка ми ќе ја прашаше И не ти смета тоа што ти се шетаат по дома? викаше: Не знам дали ќе ми биде снаа, ама ти викам машко е па не чини да е без жена. Така да ниедна мајка на дечко не прави доручек за девојката, туку за синчето да си се окрепи детето после партијата. Само пазете од тие, што се научено со девјката секс, па мама насабајле пржени лепчина и кафенце зашто таа навика ќе му остане и во брак!!
Дека има сенекакви свекрви, има. И многу на почетокот се светици, а после за нигде. Го знаеме тоа. Но има и исклучоци. Ретки се, ама има и предобри свекрви и браво за нив. Дај боже и од Нана свекрвата да е во тие добрите... Исто како што нема само најубави снаи. И во нив ги има никакви...
Во врска со Нана, она што многу ми забоде во очи многу пати спомнуваш ја сакаш идната свекрва исто како твојата мајка. Си го кажала некогаш ова на твојата мајка ? Ако не си и кажала досега подобро немој, верувам нема да и биде сеедно. Жена која ја познаваш некое време на исто ниво да биде со твојата мајка . Дај боже да си се сакате и почитувате цел живот да ви тече млед и млеко, ама едно е да почитуваш, а друго исто да сакаш како што ја сакаш твојата мајка. Жената која што те родила, се мачела за тебе цел живот, се тресела кога си била болна ја ставаш на исто ниво со твојата свекрва пардон ИДНА СВЕКРВА. И не, не ти завидувам, скраја да е , и јас ја почитувам мајката на мојот дечко со кој сме долги години заедно, јас сум личност која држам дистанца со луѓе кои едноставно не можам да бидам многу блиска пред се затоа што сум затворена личност, а и не сакам да се зближувам, секогаш си имам еден затворен круг околу мене, но ја почитувам жената и немам ништо лошо против неа. Но таа ми е идна свекрва а не мајка . И кој што сака нека каже, за некој сум може себична, лоша, ама свекрвата и светица нека биде, еве не мора да е свекрва, комшивка, пријателка што и да е, не може да се рамни со мајка !!! ЕДНА Е МАЈКА !!!
Во однос на тоа дали свекрвата може да се сака како мајка и обратно.... За мојата свекрва повеќе пати сум пишувала дека се согласуваме релативно добро, си се почитуваме, но сакање како мајка-ќерка нити може да има нити е природно. Во почетокот јас влегов во брак со став дека ќе се трудам максимално да имаме коректен однос-што значи нешто да не слушнеш (а си слушнал.), нешто да преќутиш и да подголтнеш, да се трудиш да не избувнуваш на ситниците кои те нервираат, а кои се неминовни. Да бидам искрена и таа го правеше истото, затоа што ни јас не сум идеална. И ја викав мамо... Се додека после 5-6 години брак не се разболев што се вика до смрт. Еден месец со температура над 40, секој ден по болници, инјекции. Таа првите 2-3 дена се однесуваше засекирано, а после почна да си се однесува како се да е нормално. Дома хаос, не можам ни ручек да си направам, нити има чај кој да ми свари кога маж ми е на работа. Еден ден заглав во болница затоа што имаше проблем со инфузијата. Доаѓам дома-хаос, нема што да јадам, ни јас, ни детето, маж ми на работа. Кога избивнав, ја направив лом...и одтогаш престанав да ја викам мамо. Тоа е епитет кој треба да се заслужи, а за сакање не ни правам муабет. Потоа односите пак ни се средија и животот си продолжи по старо. Но тој период никогаш нема да го заборавам, никогаш... Потоа после некое време маж ми ми доаѓа и со тажно гласче ми кажува...мама е болна . Прво во мене нешто се кршеше (како дилемата на Лолита со ручекот и свекор и). Потоа решив...Зготвив домашна супа, исцедив портокали и лимони. И и однесов... Е вака се прави кога на човек не му е арно-доволно гласно да ме слушнат сите. Штета што на форумов нема сериозна жена која веќе има снаа и да ги изнесе своите размислувања околу сакањето или несакањето. Една моја пријателка сериозно ме замисли. Син и сега скоро се вери...и пријателкава е ептен задоволна од снаава. Постојано ја фали дека е фина, културна, воспитана, едноставно се погодила. Но еднаш ми ја отвори душата. Зборуваше дека животот тотално и се менува дека ништо не е како порано. Дека иако ја сака снаава, длабоко во себе чувствува завист, како да и краде нешто најсакано, како да и откинува дел од срцето. Тоа е едноставно природно. Само прашање е колку дотичната свекрва успева да ги исконтролира овие чувства...
Природно не би рекла. Бидејќи ако тоа е природно нели и во обратната ситуација би било природно. Пример, таткото на невестата да го гледа со завидливи и конкурентни очи зетот. А таквата ситуација мора да признаеме дека ете барем малкуцка не е здрава. За мене тоа е неспособност да се остави времето да тече и луѓето да пораснат, променат, иницираат. Тоа не е природно. Родителите треба да се среќни што успеале да ги воспитаат децата толку добро што тие си пронашле партнер со вредностите кои се ценат во тоа семејство: фина, културна, воспитана, едноставно се погодила . Се другото како татковска или мајчина љубомора кон невестата или зетот не е нормално.
Тоа и јас го зборував. Пријателкава конкретно е среќна што синот ќе земе таква жена-воспитана, фина, културна. Не за џабе реков-дека ме замислија нејзините помешани чувства. Таа зборуваше за длабоко интимни чувства, што тешко е самиот на себе да си ги признаш, а камоли на друг. Една целосна искреност и соголување. Ме замисли од една и единствена причина, што сум мајка на син, со силни мајчински чувства. Само ако си мајка ова можеш барем до негде да го разбереш. Мајчинските чувства се едни и единствени...сите други релации-татковци, свекори се сосема друга природа. И овие амбивалентни чувства би требало да се најсилни на почетокот кога мајката ќе осознае дека во животот на синот има друга најважна жена. Потоа се ток на време, ако е зрела и стабилна треба да ги надмине...
Да тука не се мешам дека сеуште не сум ги искусила ваквите чувства. И затоа и ми беше интересна темава. Сакам да чујам / читам ставови токму за ваквите комплексни ситуации со вакви чувства кои знаеме дека и не се баш пристојни а (ни) се случуваат. И со луѓе кои ете не глумат дека во нив никогаш не се пројавиле ваквите чувства. А нели мислиш дека малку е дискриминирачки доколку мајаката таквата љубов ја има само за синот, а не и за ќерката? Исто и двете личности и се деца(своја крв) и на двете деца во животот понатаму им влегуваат личности кои би требало да им станат поважни од родителите. Но зошто секогаш повеќе се форсира и се смета за ок појава оваа ваквата мајчино синовска љубов и се гледа како оправдана? Која е таа опсесија за да ние (идни-сегашни) мајките така гледаме на синовите и да ги ставаме на едно место погоре од ќерките? Зашто на нашето поднебје потешко е кога родителите се делат со синот, а и поради тоа некогаш и не го пуштаат тој да си создаде сопствен нов дом пристојно подалеку од некогашниот и првичниот.