Кога напишав дека може да се има на некој начин преголемо согласување и дури и љубов кон снаа и свекрва или свекор сите ме нападнавте како да не било точно. Еве да не биде само за мене кке ви кажам една случка на моја другарка. Во брак е неколку години и секој пат вели дека свекор и и свекрва и ја чувале повеке од што нејзините родители. еден пат додека била на работа многу врнело дожд и свекорот и се јавил и и рекол да иде да ја земе , а она бидејки таткои никогаш не направил такво нешто за неа дури одвозбуда не знаела што да му одговори на човекот , и рекла не не ке дојдам сама имам чадор не се мачи а човекот рекол не излегувај надвор јас ке дојдам ке те земам. И има милиони работи кои имат докажано колку е голема нивната љубов . Свекор и не пуши цигари и седнале едно сабајле кафе да пијат и снаата му пружа цигара човекот за да и прави друштво да не ја одбие зема цигара иако никогаш не пушел и секој ден и праи друштво со по едно цигаре на снаата. Секој ден и се јавува од работа ја прашува дали нешто и треба за да и купи. мНОГУ пати вели срам ми е да отидам со него во маркет си зимам шо ми треба и кога дојдеме на касата сескараме никогаш не ми дозволува јас да платам ама никогаш. ПРЕМНОГУ ГУ САКА И ВЕЛИ ДЕКА НИ НЕЈЗИНИТЕ РОДИТЕЛИ НЕ СЕ ГРИЖЕЛЕ ТОЛКУ ЗА НЕА КАКО СВЕКОРОТ И СВЕКРВАТА
Таман работа дека правам разлика меѓу мајчинската љубов меѓу машко и женски. Ау, побогу зошто така си ме сфатила, не е 19 век. Јас зборувам како мајка на син, зошто немам ќерка и зборуваме конкретно за овие релации меѓу син-снаа-свекрва. Инаку тагата на мајката по ќерката која се мажи и одделува од неа и од домот е по видлива. Мајката отворено ги изразува своите чувства, нормално е мајка и ќерка да си поплакаат да си се гушкаат пред свадба, па и за време на свадба. Мојава плачеше и тагуваше од денот кога и кажав дека ќе се мажам секој ден, а на свадбата се истурила од плачење пред комшиките. Муабетот ми е дека мајките некако поотворено ги изразуваат овие чувства. А нели свекрвите се обичнот весели и горди и се обидуваа да ги потиснат чувствата за разделба, без разлика дали младите ќе живеат или нема да живеат со нив. Инаку оваа тема ќерка-зет-мајка е сосема друга тема, не помалку вредна за анализа од актуелнава.
Конкретно за коментарите на Нана.. не ми е јасно зашо девојката уопште коментира во темава,дека насловот на темата е 'снаите и свекрвите-проблеми',а не 'јас и идната свекрва-проблеми'.
Спојлер Нана, душо...препорака од триест и кусур годишна жена-одлогирај се од форумов, оди свари по едно кафе за тебе и мајка ти, седнете на раат да го испиете, а потоа гушни ја толку силно, како никогаш до сега и кажи и:- фала мамо. *Ако те праша зошто, одговори и:- зашто си една на светов. И велиш, свекорот пропушил од љубов кон снаата... Не една, уште сто и една приказна да ни раскажеш тука - тешко некој да убедиш во твојот став. Спојлер Ако ме послушаш, наздравје нека ви е кафенцето
Дефинитивно нема пошуплив и посмешен аргумент од омиленото „па 21 век сме“. Менталниот склоп на луѓето на кои ова им е главно оправдување за сѐ ме фасцинира. Замислете си само кога во 15. век викале „Па аман, 15-ти век сме! Не сме 12-ти...ццццц Во 15-ти век вака да размислува некој“.... А тема за преспивање кај дечко си има, чека...
Lele nana primerov..... Pa mene taka nekoj da mi se javuva i da me napnuva kako da sum malo dete ke se skrenam od pametot. Da me tretira kako da sum malo dete sto ne mozam sama da si dojdam deka vrnelo ???? Pa ako nkoj treba da ja zeme drugarka ti e MAZ I a ne svekor i!
Нана, во ред е да се сакаат свекорот и свекрвата. Ако тие пружаат почит неможеш да не им возвратиш со почит. Но, не заборавај РОДИТЕЛИТЕ НА ПРВО МЕСТО!!! Може свекорот се понудил да ја земе, а она кога била настината кој седел буден цели ноќи над неа?- Родителите секако. Кој се радувал на нејзините успеси, кој плачел со неа на нејзините падови?- Родителите. Денес- утре, недај Боже се разведат, кој ќе биде тука за неа да и пружи утеха, поддршка па можеби и финансиски средства? Па родителите. Никој, ама баш никој неможе да ја замени мајката. Никој, никогаш. Никого неможе да го заболи срцето за тебе како твојата мајка, никој неможе да се израдува за тебе како твојата мајка. Единствената личност во животот која неможе никогаш да се замени е мајката, па и таткото!!! Убаво е да си имаш убав однос со идните свекор и свекрва и јас го сакам тоа, но тие твои мајка и татко никогаш неможат.да бидат. П.с за.девојките што им смета, нана почна тука да пишува и се разви дискусија тука. Ако треба нека се пренесат миалењата, неможе она на 10 места за иста работа да збори.
Мислам дека што и да кажеме нема да ја разубедиме Нена Се надевам дека целиот живот убаво ќе си го помине со свекрвата - и јас имам одличен однос со мојата, но и дека ќе сфати дека главнината на забелешките тука не се однесуваше на почитта и љубовта што ја има кон неа, туку во мерењето и споредбите што беа направени. Не се мери (и купува) љубовта со чадор на дожд, доручек, кафе муабет. А за фамилијарен однос, блискост и разбирање- сето тоа е убаво и и посакувам да продолжи.
Јас верувам дека кај многу свекрви се јавува ваква завист. Исто како што кај многу снаи се јавува нетолеранција кон свекрвите, без некоја посебна причина. Мислам дека ова се нормални односи меѓу снаа и свекрва и извор на сите неволји кои ги читаме во темава.
Moжно е да постои вакво нешто. Ако не се сакаат, може да барем да постои почитување помеѓу истите. Исто како што сакаш пријателка, комшика, мислам дека до одреден степен можеш да сакаш свекрва или снаа, секако ако не посто оправдана причина да не се сакате. За да може да се случи тоа, свекрвата не треба да гледа на снаата како некој кој и го презема синот и конкуренција и да градат пријателски однос.
Има разлика меѓу сакањето и почитувањето на снаите и свекрвите.За мојата свеки греота е да кажам лош збор ,до сега се е во ред фала му на бога.Работата низ дома ја делиме кога сум таму не ме остава јас да правам се,нути пак јас неа вели ако си тука не значи дека слугинка ќе ни бидеш. Имаше конкретен пример кога јас морав да учам ,внук му требаше да го земиме да го чуваме,но за да можам јас да учам таа ојде кај нив,а над сето тоа за да не губам време (според нејзино мислење) направи ручек за три дена на мое огромно противење бидејќи не сум фатена ниту неспособна за да направам ,а сигурно дека немаше да се промени ништо ако изгубам час,два за да направам ручек но ете таа така сакаше и го почитував тоа мислам дека не со задна намера и сум и бескрајно благодарна поради тоа. Затоа кога се врати не ја оставив ништо да прави бидејќи не само што чувствував одговорност и дека мора да и вратам туку едноставно мислам дека тоа беше коректно од моја страна и го ценев тоа што го направи.Како што знаат постарите членки или оние кои што ме читале моите родители се починати и иако меѓу нас постои голема почит,разбирање и компромис никогаш никој нема да може да ја замени мојата мајка,таа секогаш ќе биде мајка на мојот иден сопруг,а моја свекрва. Секој си има свои мани,кој поголеми кој помали,некогаш на некои нешта подобро да преќутиме се разбира ако не е нешто енормно што ни смета отколку да си правам кавги за ситници. Пак ќе кажам до сега не сум видела некоја мака од неа,ме почитува,ја почитувам ,но секогаш со мала резерва и не летам во облаци дека цело време ќе биде вака бидејќи никој не знае што носи иднината. А на темата преспивање дома кај дечкото,сум се изјаснала на соодветната тема дека преспиваме и дека нашите немаат проблем ,но не напоменав дека откако се веривме спиеме заедно под ист покрив.Иако сме 21 век јас сум поконзервативно воспитана иако сме од различни градови и тој доаѓаше да спие кај мене,односно почна да доаѓа дури по 4 годишна врска пред тоа спиеше кај другар,но до веридбата спиевме во различчни соби,а и јас ко ќе одев кај него исто.Иако моите го знаеја и неговите мене сепак нас не ни беше згодно и сепак мислевме дека тоа е правилно бидејќи да се мислат и да им биде незгодно на нашите дали ќе ги видеме по пижами или да внимаваат на однесувањето пред сеуште несигурниот зет/снаа не ни беше најприкладно.
Не ми е јасно зашто толку го напаѓате девојчето. Редовно ве читам, имав навистина високо мислење за некои од вас се дури не ме разочаравте кога дојде случајот на Нана. Нејсе, сепак мислам дека неможете да ја сватите зашто не знаете всушност за каков однос со свекрва и таа ви збори, неможе очигледно да ви ја долови убаво релацијата помеѓу нејзе и нејзината идна свекрва Особено ме изреволтира коментарот во смисол дека не е компетентна да збори на темава зашто ете не и е официјална свекрва туку идна свекрва, па да си се одјави од форумов. Хммммм.....ја можам да се кладам дека она оваа релација со идна свекрва си ја има мн подолго време од некои што се омажиле пред два месеци, тогаш и прв пат седнале да пијат кафе со свекрвата ( не буквално, ме сваќате со сакам да кажам) па ако ги читаме со по 10 страни на форумов ама ете нив официјално им е свекрва, а Нана што очигледно мајката на дечко и веке си ја гледа како свекрва, сигурна сум дека и она нејзе како снаа неможе зашто ништо од тоа не е официјализирано. Точно дека ништо не се знае во денешно време, дај боже да и стане вистинска свекрва, а вие сигурни ли сте дека вашите свекрви ке ви останат до крајот на животот свекрви, незнаеш што ти носи утре за жал. И ај да не забегувам сеа мн остајте го девојчето да го искаже нејзиното искуство со идната и свекрва, без да мислите дека лета во облаци или незнам што. Јас сум мажена (подоцна за моето искуство) но имам брат кој не е женет но има девојка со која иде 6-7 години. Коа ја читав Нана за момент си помислив а бе оваа мојава снашка да не е за мајка ми да не збори хахаха со оглед на некои детали со ги напишала дефинитивно не е мајка ми со нашата идна снашка има речиси ист однос како Нана со свекрва и. Без разлика што брат ми и девојка му се толку години заедно, милион пати што има преспивано на сите родендени свадби слави она е до него, ни едно сабајле не дозволила коа она ке преспије кај нас да нема доручек коа ке станат ( со тоа несака ништо индиректно да и пренесе, ниту пак да ја придобие на било каков начин, туку само се покажува како жена што се грижи за своите деца. Наместо да ги мислам што ке јадат, ке им направам за јадење. Немој да го сватите ни како лелеее малите деца неможат сами да си напраат нешто да каснат, секој човек е различен, некој премногу се грижи некој помалку......според мене нивниот однос е мн коректен, мајка ми не очекува од нејзе да ја вика мамо или да и глуми мајка. Ете пред една недела и беше роденден на девојчето, и мајка ми и нарача торта да ја изненади, она била кај нас вечерта и во 00:00h и ја извадила. Иако она донесе торта да ги почасти моите мајка ми си ја сака нејзе и си ја поштува и има направено сто такви убави гестови нормално и она нејзе
Благодарам многу навистина , само ти ме подржа. ЈАС САМО САКАВ ДА КАЖАМ ДЕКА НАВИСТИНА СУМ ЈА ЗАСАКАЛА НЕА КАКО И ТАА МЕНЕ.не сакав да привлечам тука никакво внимание, ако некој нема добар однос не значи дека сите се исти.Сите ме осудиа без да знаат дека јас освен нив немам никој друг на светот.НЕМАМ ни брат ни сестра кај кого би отишла утре на гости, со кого би споделила прекрасни и тажни моменти , па затоа си ги сакам золвами детето, идната свкерва бидејки тие ке бидат моето семејство јас други немам за жал.
не сакам да привклекувам внимание само сакам да кажам: Така сум воспитана да им враќам со добрина на сите, кои што се добри со мене и да го сакам секој кој што мене ме сака. штоо е толку чудно ако реков дека ја засакав како мајка ?Зарем немате некоја пријателка , или комшика што толку многу сте се зближиле и заскаале како да сте свои ? Заслужува да ја сакам бидејки така се докажала. пред некое време дечкоми не беше тука а и дошле керка и зет и на гости жената ми се јави да идам не ни знаев дека се тука, не ми кажала бидејки ако ми кажала ке сум накупувала на детето чоколади и разни глупости а знае дека сум не вработена и не скаала да трошам пари.ме викна пред да се направи ручекот , ме викна за сите заедно да седнеме и да јадеме. БЕШЕ пресреќна жената и само си рече уште син ми да беше тука у сите комплет ке си бевме многу ми е мило НАНА што дојде и тн
знам.Без разлика на тоа што изначитав тука ништо нема да се промени.А за тоа за прспивањето додека седевме со ена и пиевме кафе ми вика леле бе Нана зошто се малтретирате нокеска во 4-5 саато си идеш дома на ова ладно време бе ке настинете , твоите знаат јас знам слободно остани преспиј си ке си одиш утре ова веке си е твоја куќа нема зошто да се срамиш слободно остани . дај боже наскоро да ми стане свекрва и цел живот вака да си бидеме сите среќни и сложни а што се однесува до тоа некоја феминка ми рече срамота што сум рекла дека и грешам на мајками со тоа што идната ми свекрва сум ја сакала како мајка мајками тоа го знае и ми рече МЕНЕ ПРЕД СЕ И ОД СИТЕ НАЈВЕКЕ КЕ МИ БИДЕ МИЛО АКО ВИЕ СЕ САКАТЕ И СЕ ПОЧИТУВАТЕ !
Е сега јас со мојот случај мажена сум пред неколку месеци, пред тоа со маж ми живеевме заедно, сами под кирија. Ни беше супер, но останав бремена напраивме свадба, нормално и математика за идните трошоци, па за да не фрламе во воздух минимум 15 илјади секој месец, одлучивме да го откажеме станот и да идеме кај него да живееме привремено дури го решиме станбеното прашање (се надевам тоа ке биде на пролет). Дури живеевме сами неговите ги гледавме еднаш, два пати во неделата на ручек и толку. Сега живееме заедно, ете веке 3-4 месеци пу пу да не се урочам ни еднаш се немаме заречено за нешто, они се прекрасни луѓе немам искрено ништо лошо шо да кажам за нив. Свекрва ми е душа од човек, предобра жена но има некои др работи што ми сметат, односно некои нивни навики што незнам како да продолжам да ги толерирам. За некои може ке им се смешни моиве проблеми но ете за мене за проблем навистина голем Живееме во трособен стан, јас маж ми, брат му, свекрва ми и свекор ми. Со фактот што немаме воопшто приватност и слобода на која што бевме навикнати веке се помирив и научив да живеам со тоа, но со нивната хигиена незнам како да продолжам ние сме во едната соба, брат му во др соба, а свекрва ми и свекор ми во дневната која што е заедно со кујна и трепезарија. Користиме исто купатило, иста кујна. Дури идев кај нив ги пред да се омажам и да се преселам тука ги немав заприметено овие работи, но сега и тоа како ги примекам и ми се преобракаат црева секој ден. Значи шолјите од кафе мн ретко се мијат со сјај, обично се премиваат со вода и нормално остануваат остатоци од кафе на нив, на тањирите, вилушките редовно остатоци од храна ( знам ке кажете ја да ги мијам садовите ако не ми се свига како се измиени, но неможам да дежурам на лабаво што се зафати одман да го измијам) они не оставаат ни 5 мин тањирче или чаша да остане за миење, ке ја поминат некако и одман во чистите остај ја. Почнав да премивам скришно пред нешто да земам, знам дека е мн глупо да ме видат како премивам но како да се напијам од таа чаша или да јадам со вилушка на која гледам храна можеби сум претерано гадлива незнам шо е проблемот. Како да пијам од сокот коа пред тоа сум го видела свекор ми како крева од шишето и пие, или сиренје не знаат да сечат со нож, копат со вилушката со јадат, исто и со павлаката и со сееееее и милион други такви навики и сеа јас што да правам во оваа ситуација???? совет ?
Е сега јас со мојот случај мажена сум пред неколку месеци, пред тоа со маж ми живеевме заедно, сами под кирија. Ни беше супер, но останав бремена напраивме свадба, нормално и математика за идните трошоци, па за да не фрламе во воздух минимум 15 илјади секој месец, одлучивме да го откажеме станот и да идеме кај него да живееме привремено дури го решиме станбеното прашање (се надевам тоа ке биде на пролет). Дури живеевме сами неговите ги гледавме еднаш, два пати во неделата на ручек и толку. Сега живееме заедно, ете веке 3-4 месеци пу пу да не се урочам ни еднаш се немаме заречено за нешто, они се прекрасни луѓе немам искрено ништо лошо шо да кажам за нив. Свекрва ми е душа од човек, предобра жена но има некои др работи што ми сметат, односно некои нивни навики што незнам како да продолжам да ги толерирам. За некои може ке им се смешни моиве проблеми но ете за мене за проблем навистина голем Живееме во трособен стан, јас маж ми, брат му, свекрва ми и свекор ми. Со фактот што немаме воопшто приватност и слобода на која што бевме навикнати веке се помирив и научив да живеам со тоа, но со нивната хигиена незнам како да продолжам ние сме во едната соба, брат му во др соба, а свекрва ми и свекор ми во дневната која што е заедно со кујна и трепезарија. Користиме исто купатило, иста кујна. Дури идев кај нив ги пред да се омажам и да се преселам тука ги немав заприметено овие работи, но сега и тоа како ги примекам и ми се преобракаат црева секој ден. Значи шолјите од кафе мн ретко се мијат со сјај, обично се премиваат со вода и нормално остануваат остатоци од кафе на нив, на тањирите, вилушките редовно остатоци од храна ( знам ке кажете ја да ги мијам садовите ако не ми се свига како се измиени, но неможам да дежурам на лабаво што се зафати одман да го измијам) они не оставаат ни 5 мин тањирче или чаша да остане за миење, ке ја поминат некако и одман во чистите остај ја. Почнав да премивам скришно пред нешто да земам, знам дека е мн глупо да ме видат како премивам но како да се напијам од таа чаша или да јадам со вилушка на која гледам храна можеби сум претерано гадлива незнам шо е проблемот. Како да пијам од сокот коа пред тоа сум го видела свекор ми како крева од шишето и пие, или сиренје не знаат да сечат со нож, копат со вилушката со јадат, исто и со павлаката и со сееееее и милион други такви навики и сеа јас што да правам во оваа ситуација???? совет ?
ЗНАМ како е навистина е ова непријатно дури не е културно така од шише да се пие и слично ова што кажа, но пробај некако издржи штом велиш дека се во ред се сложувате а наскоро треба да си заминете од куќата со маж ти пробај издржи стрпи се толерирај бидејки да не се замерие сега ако сега се замерите а утре ке излезете од таа куќа зошто да оставиш лошо по тебе нели ? ЗОШТО да не ти дојдат утре на еден ручек или ти кај нив , знам дека е тешко скришум да премиваш и се друго но неможеш тука ништо да направиш единствено ако можеш да му кажеш на маш ти дека ти е непријатно што така јадат и пиат од шише и тој да им под спомне без да те меша тебе