уф колку изнапишав и не сум го пратила мила моја во никој случај неможеш свекрва ти да ја сакаш како мајка. Колку и да и е мило на мајка ти и и колку и да е среќна за вашиот супер однос верувај помило ке и биде кога ке знае дека колку и да ја сакаш свекрва ти неможеш да ја сакаш како нејзе шо си ја сакаш. Ти сакај си ја како ВТОРА мајка, како мајка на твојата љубов, ама како мајка...не иде и на свекрва ти помило ке и биде кога ке знае дека пред се неизмерно ја почитуваш но ја сакаш на овој начин, поискрено и реално ке си го свати и јас мојата свекрва си ја сакам премногу, ама како мајка ми ни приближно жената е предобра, но јас ете неможам дури ни мамо да и кажам уште си ја викам тетка и името. Свекрва ми најмногу од сите свекрви мислам дека заслужува да ја викам мамо но ете јас неможам, се си мислам дека со тоа ке ја навредам мајка ми, која е единствена незнам и со ова како да продолжам понатака, она се има изјаснато дека не и смета што не и викам мамо, јас се вадам со тоа дека ете така сум навикната, долго време пред тоа сум ги викала тетка...чичко.... но сигурно би им било мило да ги викам мамо и тато. Незнам што да правам, особено кога ке се најдам во ситуација како неодамна му викам на свекор ми чичко.....подај ми она а имавме гости и гостинот ми вика као што уште ли така сум ги викала и ја па така навикната бла бла не не на крај памет не ми паѓа на маж ми да му ги спомнам овие работи, не сакам да ги навредам во никој случај. кај и да е ке се породам па планирам да се ставам на режим на исхрана што значи нема да јадеме исто ке можам и со средства за чистење да баратам, па ке го доведувам купатилото во ред, сеа ништо од тоа не пипам за да не дишам хемикалии. ајде ке се издржи некако јбг суптилно им давам до знаење дека не идат така некои работи, како некни свекор ми имаше некои гости сите пиеја кафе,си заминаа лугето јас се најдов у кујна тој момент и го гледам како ги премива со вода само шолјите и чашите (неможам да си поверувам со гледам) а што е најжално се старци беа уште толку да ти се слоши и му викам а бе остај ја ке ги измијам, не не ете готово ми вика, ја упорна до крај а бе остај да ги измијам жити мене, он не не, абе остај му викам со сјај со сунгер ке ги измијам и дури се убедиме он си заврши работа
Нена, и мене ме напнаа како тебе вака кога кажав дека свекрва ми е срце жена, сеуште ми беше идна свекрва до душа. Свиркај си мила, ако жената е добра добра и ќе остане. Неколку пати напоменувам, не се повампируваат они, едноставно поинаку е кога живееш со некого и кога одиш на викенд време, биди сигурна во тоа. И тие се луѓе од крв и месо, и тие имаат чувства и навики, нема сега она што да се менува заради снаата, таква си е итаква ќе си остане, не гледам ништо лошо во тоа. Таков беше случајот и со мене, ама пак ќе речам и покрај се таа направила една одлична работа, го родила и го израснала мм, можеби не е најдобро воспитан и џентлмен за каков што една жена сонува, ама за мене е супер, сум си го одбрала и ќе си живеам со него, значи ми одговара. Мене пример ми смета што жената сака да има конторла над се, ама и кажувам отворено, малку да се смири, да се опушти и не успевам да издејствувам кај неа нешто такво, е што да правам сега, нема драми околу тоа да правам. Досега силум ништо не сум направила, сметам дека не е во ред, затоа оставам на времето, така се ќе се среди. Знам дека е најдобро да си живееме само, можеби и под кирија, но веќе имам спомнато дека под кирија не планирам да одам освен ако е тоа единствениот избор, и свекрва ми е на истото мислење како мене и смета дека е најдобро да не остават сами да живееме што во моментов и не е изводливо. Им благодарам што створиле колку толку простор за да живееме еден убав и пристоен живот во заедница, не се мрчала по секоја цена да ни наоѓаат замерки, ако сметаат дека нешто не чини отворено ни кажуваат особено свекорот и тоа е доволно за еден убав соживот. Таков е животот, турбулентен и напорен, немаме време и простор да се караме и да правиме проблеми таму кај што нема
Не знам кој пишал погоре, не знаев дали да се смеам или очи да превртувам, од Нана, пиј кафе со мајка ти, па гушни ја, бла бла, шпански серии. Едни се родителите, никој не го спори тоа, без разлика на се, но има многу примери кога некој друг повеќе ќе ти се најди и помогни него родителот. И мене ми се случило тоа. Ама тоа не значи дека сега го сакам родителот помалку. Едноставно, реална сум, си признавам, родител си ми, ама не ми се најде, тој и тој ми се најде повеќе. Го разбирам советот од Нана од мајка и, и баба ми, Бог да ја прости ми го велеше истото. Сакај ја, почитувај ја свекрва ти, имајте убав однос, за да си поминиш лесно и убаво со неа. Тоа не значи, заборави ме мене, заборави ја мајка ти. Туку дека сега ќе живееш во туѓа куќа, таму треба да гледаш да се прилагодиш и сложуваш. Спојлер Иначе кога дошла мајка ми во куќава, баба ми рекла, јас си имам уште една ќерка. Никогаш не им се мешала во бракот со татко ми, ама секогаш и била десна рака, за работа, за шетање, за чување на нас. На тетка ми и рекла, сега ти си ќерко мажена, дома си секогаш добредојдена, но ти си веќе гостин овде, мешање, чепкање по куќа не сакам, за да немаме проблеми со снаата. Сега ти си главна кај мажот ти. А, мајка ми со љубов ја викала на баба ми: мамо. Многу се сакале. Така функционирале работите, и навистина имало повеќе слога и разбирање. Секој знаел каде му е местото.
Ние сме сега лошите, зошто сме и` рекле нешто на Нана? Ај ве молам, ова е чиста природа, Пеперминт со примерот на колешката најдобро го долови моментот свекрва - снаа, за истово имам зборено одамна. Јас со свекрва ми сум во топ однос, ги викам на име, ама не живееме заедно, што знам дека ми е плус. Како растам (да не речам стареам ), така се` повеќе ми смета секој кој не е од мојата (маж, деца) фамилија, вклучувајќи ја и мајка ми, кога би требало со денови и месеци да седи со нас. Не сум еднострана, не велам дека мајка ми би ја примила а свекрва ми Не, ама секако за мајка ми СЕКОГАШ повеќе ќе ме боли отколку за другата „мајка“. Закон на природата, нема ништо чудно тука, ако е обратно треба мајката да си ја чукни главата и да направи една длабока анализа на изминатите години, мора некаде да погрешила во односот со ќерката. Свекрва ми се` прави за нас - ако го побараме тоа од неа. Во основа, не барам никогаш јас, за тоа е задолжен син и` зошто знам дека него може да му каже НЕ, ако во моментот стварно не можат да го направат побараното, додека на мене сигурно ќе ми каже Да, и од старт ќе им се искомплицира денот. Имам огромна почит како кон родители на мажот ми, им го почитувам просторот и времето, и истото го добивам за возврат, ама - НЕ Е ИСТО, тоа пробуваме да и` го кажеме на Нана. Целиот овој муабет тргна од една моја забелешка која повеќе требаше да биде хумористична отколку зајадлива, јас појма немам која е Нана нит свекрва и`, ниту ме интересира, ама ете, таа се најде во моментот да биде тема на разговор. Во твоите постови многу жени се пронајдовме, сите оние кои почнале позитивно, а завршиле за никаде, и оние кои почнале со огромен ентузијазам,а завршиле „само позитивно“. Еден прост, најпрост пример: Дента не` болеше главата и двајцата, едвај се движевме. Отидовме на ручек кај нив, повеќе за да ја анимираат малата за да можеме да се одмориме и оправиме, и свекрва ми влезе во соба кога јас и мм коментиравме колку сме за никаде, и одма праша: Што е, што се случи????, засекирана нормално, да не е нешто сериозно, и на мојот одговор „НЕ` боли многу главата и двајцата денес“, таа испаничена се сврте кон син и` и со паника во очите му рече: Каде ТЕ боли главата?! Јасно ти е Нана? Мене ептен ми беше јасно, природна реакција имаше жената, тоа „дете“ го изгледала 33 години, реакцијата и` беше баш на место, исто како што би била и на мајка ми. Кога ќе дојде момент да се „бира“ меѓу синот и „стекнатата ќерка“, се знае на каде која фамилија ќе се сврти и тоа е тоа. Имај го на ум, чисто да не те начека некој ваков момент неспремна па да се разочараш заради големите очекувања, а почитувај ги луѓето бескрајно, впрочем како и сите други луѓе, зошто дечко ти постои заради нив Спојлер И не требаше да го пишеш почетниот пост во оваа тема, има друга за добриот однос снаа - свекрва
Не би сакала да ја раскажувам мојата животна мака но би сакала да ви раскажам една случка и да ме посоветувате бидејки ова вака не оди. Синоќа правам пици за сите и во тој момент ми се јавува брат ми ме прашува што правам му велам правам пици , ми вели ај напрај и за мене ќе дојдам , му велам ајде повели ќе напраам а свеки во тој момент ми се обрати „НЕ САКАМ ГОСТИ , ДЕНЕС НЕ ПРИМАМ НИКОГО„. Јас само и реков „Свеки брат ми доаѓа кај мене на гости а не кај тебе било ти тоа си го сакала или не„ . Е сега сакав совет за тоа како да се справам со свеки секогаш ми прави збрки кога треба да одам на гости кај моите или тие да дојдат кај нас. Незнам зошто не го сака моето семејство , но со тоа што така ми прави мајка ми почна да ми се лути зошто така ми правела свеки , мајка ми ми вели збори си ќерко не давај да те погази како маж ти си ги гледа неговите зарем ти несмееш. Колку и да и се спротиставувам секогаш исто .
Иако јас сеуште немам свекрва, од искуство на моја блиска личност би ти кажала да на попушташ. Заради некои одредени причини (не е бишто што и како) ти и маж ти живеете со неговите... Сакале или не, сите мораат да се прилагодат на таа ситуација... Вие живеете во еден дом и на некого можеби стрварно не му е до гости, ама она свекрвинското- не сакам гости, е нешто друго... Никако немој да попушташ, таа со своето- а ти продолжи си со своето... Најверојатно сверква ти е онаа типична- балканска свекрва која не ја сака снашката по ниедна цена (секоја чест за исклучоците) и што и да направиш ти таа нема да е задоволна. Па уште кога станува збор за семејството, што има таа секој пат да мрмори нешто- тие ти се семејство и нормално ќе доаѓаат и ти ќе одиш на гости... Ако не и се допаѓаат, нека си легне да спие или нека излезе нека прошета ако не сака да ги гледа... Порано или подоцна ќе попушти, ќе и досади, ќе види дека имаш цврст карактер...
Моира, не велам крива си, ама девојчето едноставно беше нападнато од повеќето од вас како си умислува дека свекрва и ја сака, како после брак ќе се смени и слично. Да речеше свекрва ми ме мрази па толку немаше да се напнат сите да и објаснуваат Не е тоа финтата која свекрва и повеќе ја сака, проблеми вика темава. Можеби Нана и во другана тема со пофалби да пишеше пак ќе се најдеше некој да ја “спушти“ на земја. Се сеќавам и јас пишав во темава како сум задоволна од свекрва ми и сите истото ми го пишаа, почекај да се земете тогаш збори, еве ме сега, скоро една година како живеам со неа и истата си е жената.
Потполно ја сваќам дека можеби е уморна сепак оди на работа, можеби не и е догости , но како се кога моите роднини и семејство ќе треба да идат тогаш не и е добро или не сака гости. Кога нејзините доаѓаат ништо не и е. Ајде роднините нај мал проблем мака ми е што моите не ѓи сака а се немат скарено. Верувале или не 1 и 10 месеци сме заедно со мм а свеки и свекор ми само 2 пати имаат отидено кај моите и тоа со молба од страна на мм. А мајка ми доаѓат штом им се пружи прилика и секогаш вели „Нека не доаѓат ако не сакат , а да не мислат ако тие не дојдат и ние нема да идиме па ти си ни керка се дур ти живееш по тој кроф и се дури не кажеш ти да не доаѓаме ние секогаш ќе идиме„. Незнам како да се справам со свеки никако не и попуштам ама и таа се потврдоглава станува. А кога на мм ќе му кажам мајка ти вака и вака ми рече и тој ја прашува зошто така кој е проблемот таа секогаш вели „НЕ СИНЕ НЕ СУМ И РЕКЛА НИШТО ИЗМИСЛУВА или пак СЕ ШЕГУВАВ СИНЕ„
Мајка ти е во право, и треба да си доаѓаат на гости - тие доаѓаат за тебе, а не за свекрва ти. А дали посетата била возвратена не треба да се замараш - доволно е што ти и сопругот ги посетувате. Едноставно игнорирај ги коментарите на свекрва ти.
Епа свекрва ти си лечи комплекси на тебе, па баш затоа не го ставај тоа при срце. Штом не се расправете со маж ти на таа тема, уживај си... Чекај си гости кога ти е ќеф и не и обрнувај внимание, таа ќе си збори ама ваљда некогаш ќе и досади. И убаво ти вели мајка ти, тоа е нивна некултура, твоите доаѓаат на гости ем да те видат тебе и зетот, ем и свекор и ти свекрва ти...
очгледно свекрва ти си има некој проблем, воопшто не е во ред тоа шо го праи, ти не и носиш некој од улица по дома и го носиш твојот роден брат, на нејзе колку и да не и е дојдено до гости или било што и да е, нека напраи едно поштовање спрема луѓето со кои се осватила. Мислам дека најпаметно би било да седнеш на само со нејзе и убаво да си напраиш муабет, што е проблемот, зашто секогаш вака реагира коа станува збор за твоето семејство, дали нешто и смета во врска со нив, дали некогаш ненамерно да ја навредиле па она сега вака се понаша. Само отворено и искрено и на убав начин, ке се дојде до некое решение. Објасни и дека ти смета што вака реагира секогаш коа ке треба да дојдат твоите, дека те боли и повредува коа вака реагира. Сигурно си има некоја причина жената, очигледно има нешто против твоите, најубаво она да ти каже што и е проблемот и да си го решите со време па да можат твоите на раат да си идат кај тебе во иднина. Вчера моите беа на гости кај нас и незнам нешто кака падна муабет и свекрва ми и вика на мајка ми НИЕ СМЕ СЕГА ЕДНО СЕМЕЈСТВО, и мајка ми да така си е јас се осетив мн убаво они двете веке се гледат како едно семејство
Да се надоврзам на постот од Моира, убаво кажа женската... Секој го боли за своето, сакале да признаете или не. И мене кога свекрва ми ќе ми каже дека има некој проблем, јас да, сум загрижена и ако можам ќе и дадам совет, но ,ако ми каже мајка ми за истиот тој проблем, е нема да ми биде исто. И не станува збор овде за себичност, но едноставно тоа е закон на природата и се што понатаму се прави е вештачко, сакале ние да признаееме или не. Тоа со љубовта меѓу свекрва- мајка, го коментирав во претходен пост и никогаш нема да се предомислам, моето мислење секогаш ќе биде дека свекрвата ќе ја почитувам единствено само како мајка на мојот сопруг и човек од фамилија во која сум отишла јас, но да изразувам љубов како спрема мајка ми, тоа никогаш. А да ве прашам нешто, би го сакале ли вашиот девер/золва како што ги сакате вашиот брат/сестра?
За брат ми би убила човек без размислување, значи во секундата. За золва ми би направила многу, но не тоа. За мајка ми би убила човек исто, а ла секунд, за свекрва ми , доволно е и чаша вода кога е болна, и еден кафе муабет. Ако ова ме прави лоша, не ми е ич гајле! Мајка ми ми е мајка, ме носела, родила, воспитала, од кило месо-човек од мене направила, и сега јас да се стрчам кај свеки и да и речам со полна уста МАМО! Е видиш, неможам. Можеби да беше поинаква без проблем, ама ете, неможам. Со мајка ми можам цел ден да се расправам, ама мајка ми е, и да се скарам до вечер ќе заборавам и ќе и простам, додека на свеки ќе и памтам цела недела. Мајка си е мајка, свекрва е свекрва. Исто и она, кога маж ми не е добар, го превртува светот наопаку, исто како јас што би направила за моето дете. Јас сум легната во кревет месец дена, и ако не станам да си земам/направам што ми треба додека мм е на работа, така и ќе си остане! Не и се лутам, таква си е она. Никој никого не напаѓа овде, само некои тука од искуство реагираме на тоа "како би било ако би било".
Јас сега го причитав ова, гледам сте се распишувале па ми стана интересно... Ја разбрав ситуацијата и не би сакала да сум во твоја кожа... А и да сум и јас сигурно би ги премивала чиниите и приборот за јадење... Хаха копаат со вилушката- ме насмеа, ама работата не е за смеење... Тие си имаат такви лоши навики, а ти трпиш... А крајно некултурно е пиењето од шише: кога ќе ти дојдат гости си мислиш дали свекор ти пиел од шишето или не- бруки... А совет нема: ќе стиснеш заби до пролет, пред јадење и пиење ќе премиваш се и тоа е тоа...
Кога читам вака, многу се плашам што и како ќе биде откако ќе се омажам, тоест дали свеки ке се смени. Ме теши тоа само дека нема да живееме заедно, па си викам односот ќе е ист, зошто исто ќе ме гледа. Не секој ден. Имам пишувано дека до сега е се ок. Иначе кој каков си е таков е, никогаш нема да се смени(ова за мажените). За мене има време коа ќе зборам.
За девојката која се жали од хигиената на новото семејство, абе како татко ми да ти е свекор. И мене ми е грозо со него да јадам, така од шише пие, плакне само со вода, за вецето да не ти раскажувам. Салата незнае да си стави во тањир, брца со виљушката во целата салата. Го каравме сите дома порано ама он не се смени, таков си остана. Најмногу се срамам кога јадеме со маж ми или со зет ми ама тоа е. Стамота е ама од пусто селско дома така правеле кај мајка му па оди смени го. Кај мене несмее така да прави го служам што треба сам несмее да земе или има шише за него кисела вода, сок се... Сакам да ти кажам дека нетреба да се нервираш, такви се нема да ги смениш а на маж ти ако му кажеш само ќе се срами а ништо неможе да смени. Заштити си се колку можеш, премивај кога ќе можеш и не пиј сок од нивното шише како децата оние со цевче купувај си. Кураж и пиши пак Абе сакала ти или не кога си во заедница неможеш да викаш гости кога ќе ти текне. Еве кај мене кога ќе дојде некој јас сакам се да ми е цакум пакум, од предсобље до тоалети. И маж ми несмее да викне некого без да ме праша. Кај мене никој несмее да дојде на врата и оп на кафе дојдов. Таква сум си бе и во моја куќа мои правила. Сега ти си нова снаа и не би ти препорачала да се замеруваш туку треба да го почитуваш заедничкиот простор. Со тек на време ке се навикнете ама немој ти сега мајка ми рече да се бунтувам и брат ми мора да дојде кога сака и крај на светот да е. Вие дома како сте си пртавеле незнам ама ако еден ден јас имам снаа и таа да дојде кај нас да живее и од прв месец да почне да ми вика гости кога јас несакам нема ја сакам многу. Ај и да дојде брат ти а неа не и е до гости и се скрие во соба нели и така неличи? Несакам да ми се налутиш туку само да ти кажам како можеби се чуствува твоја свеки за да сфатиш дека секакви не има на светов.
Значи најпрво моите еднаш на 2 та месеца доаѓаат и плус не седат по цел ден доаѓат на 2 3 саати. Исто така јас кога ја гледам дека еизморена или слично гостите си ги терам горе да повелат а не кај нејзе во дневна. Јас сепак мислам дека свеки треба да ги издржи тие 2 3 саати. Еве и јас како траам кога нејзините идат и мене не ми е секогаш до гости и јас си имам денови кога ми се Х. Но никогаш не сум и рекла „НЕСАКАМ ГОСТИ НЕКА НЕ ИДАТ„ плус тоа да се работи за семејството. Еве за комшии пријатели кога сакаат да дојдат јас кога гледам дека не и е добро или е изморена им велам „Извининете јас и мм само што се сптремавме да тргенеме на гости„ , со цел да не навредам никого. Но ова вака не оди како баш секогаш кога мои пријатели,роднини или семејство треба да дојди на нејзе не и е добро . А кога нејзините доаѓаат и да неможе да стои на нозе таа со ширу отворени вратри ги дочекува. Еве веќе 1 година и 10 месеци кога сум снаа во куќава и секогаш е така. Погоре кој беше рекол да разговарам да не случајно моите ја навредиле ја прашав „Свеки што е проблемот што кога и да кажат моите дека ќе дојдат ти лик мениш,веднаш неќеш гости,веднаш не ти е добро која е причината ти згрешиле нешто?„ и само добив ваков одговор „Така ми одговара затоа„ . Несакам да се расправам со нејзе сепак под ист кров сме ама тоа така не оди , како ќе и било на нејзе ако свекрва и тогаш така нејзе и правела за сите куќата ширум отворена а за нејзиното семејство не се расположени? Стварно нема смисла незнам веќе како да се справам со нејзе. Ѓи прашав и моите да не сте се скарале нешто со свеќи а јас незнам да не сте се навредиле ненамерно . Моите ми рекоа „Керко кога да се увредиме или скараме ? Па ние во ова време кога си мажена некогаш телефонски сме разговарале (си ги немат броевите меѓусебно), некогаш кога сме дошле сме останале сами без да сте ти и маж ти таму, кога се дојдени кај нас за да имаме можност да се скараме?„ .
хаха моментално пијам сокче со цевка немам намера да му спомнам на маж ми за овие работи, глупо ми е дури и тука шо се жалам од нив, ке се преживее некако. со салатата е ист случај јадат сите од неа, незнаат да си стават посебно во чинија, на почеток не јадев од салатата, после почнав за мене посебно да си правам со образложение дека сакам со помалку сол и зејтин, може сватиле незнам али секој ручек има посебно салата за мене од сирењето, павлаката, мајонезот и такви работи што брцат во нив со приборот со кој јадат, јадам само коа ке се отворат моментално а после не ни помислувам да јадам од тоа. и пред нив ме гледат како си сечам со нож, или со посебна лажичка си ставам во чинијата и ја оставам лажичката во мајонезот пример за да се стави од неа, они пак со онаа што јадат брцат во се за миење на раце пред јадење немат слушнато изгледа, од надвор како ке дојдат седнуваат да јадат, факат лебот (кој го кршат со раце) и сигурно дека оставаат милион бактерии на него. Јас автоматски без коментар, си зимам др си сечам кришки и ги оставам нив да си го јадат оној. Свекрва ми коа праи ручек неможам да ја гледам, зашо после сигурно нема да ми се јаде цел ден раце не мие никако, кива од црвениот пипер и некои др зачини и тоа директно во јадењето јас коа правам за јадење пак она нешто ке умеша прсти, а ме гледа како обрнувам внимание по сто пати ги измивам рацете....тоа е ке се преживее некако прашина се брише исклучиво со влажни марамици јас ке поминам со политура и средство за стакло, така се врши на некој начин и дезинфекција и кажувам, види 2-3 дена нема прашина, со влажните џабе поминуваш, до вечер пак прашина, џабе си брише она со влажни марамици, јас по неа со политура и така срекно и весело си живееме по дома
Навистина читам и не ме се верува каков се народ има , тое е се до ПРОСТОЌА не е од друго. јас шо имам една комшика тука со снаата очи си вадат да не излезе на улца да не почне да зборе за снааи срамота жива оди по цел ден по улица и си ја колне снаата па знае ли кого колне ? на нејзините внуци мајка и на син и љубовта ама тое секакво ги има и тое е резултат само на НЕИЖИВЕАНОСТ И ПРОСТОЌАААА !
Добро бе, кој напиша дека свекрвата е подобра од мајка и повеќе да се сака ??? Колку што гледам, НИКОЈ не го рече тоа. Никој. Само рековме дека има исклучителни ситуации каде свекрвата може да биде злато и браво за таквите ретки примери. Иначе и јас мојата ја фалев дотука и назад, ама сега се смена, катастрофа е. Признавам. Ама дај боже од Нана да си остани убава.