Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753


    благодарам.јАС реков дека ја сакам КАКО мајка а не повеке од мајками се надевам нема да се смени бидејки е душа жената , во секоја прилика гледа да ни удоволи и на двајцата на нас да ни е убаво секогаш за нас вели дека сме на прво место кога ја повикаме некаде со нас несака да дојде вели несакам јас вие сте си млади одтесе си сами јас несакам да ви сметам прошетајте си вие и сл.секоја почит за неа
     
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Јас имам конфликт сама со себе во однос на чувствата спрема свекрвата, не сакам да ја сакам.

    Споредба со чувството на сакање на мајка и на свекрва не можам да направам затоа што мојата мајка почина кога бев 15 години, свекрва ми е таа што била покрај мене во сите тие поважни моменти во животот, свадба, децава кога сум ги родила, крштевки, родендени итн.`
    Jа гледам и таа повеќе ми настојува на мене него на другите снаи кои имаат по два родитела, им настојува и на децата повеќе дека само таа им е баба и кога ми доаѓа така убаво одвнатре за нејзе ќе пукнам од мака иако жената за ништо не ми е виновна.

    И ми доаѓаат онакви мисли нели мајка е една, никој не може да ја замени, да ама мојата не е тука до мене а свекрвата е и се нервирам затоа што на некој начин ми ја потполнува таа празнина што ја имам, ја заменува мајка ми а не сакам да е така.

    И ај сега некој нека ми го најде крајот, жената си е супер, да беше лоша немаше да се нервирам колку сега што се нервирам дека е добра.
     
    На drugarka, Silver.E, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753


    мислам дека си неправдена но не си ни ти крива како што кажа си ја изгубила мајкати на млади години но ете сепак секрвати сака на некој начин да ит покаже дека не си сама дека на некој начин имаш мајка до тебе да ти ја потполни на некој начин таа празнина иако не е можно .
     
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Битер, ако е напорна со нејзината преголема грижа кон тебе, ако во нејзиниот однос гледаш еден вид сожалување кое тебе не ти треба (без разлика што си ја изгубила својата мајка, имаш татко, имаш други битни личности во твојот живот) тогаш можеш малку емотивно да се дистанцираш.
    Но ако таа си е умерена, само ти не сакаш замена за мајка а ја доживуваш како таква без таа посебно да се труди, тогаш сама треба да си расчистиш во глава, колку и да е добра, колку и да ја сакаш и да те сака, не е твоја мајка, не може да биде...но можеш да ја почитуваш и сакаш, нема ништо лошо во тоа. Нема потреба да чувствуваш вина.
     
    На midnight.flower, NoellePage и bittersweet им се допаѓа ова.
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Nana19 никој овде не ти рече ништо со лоша намера, ниту те навреди, ниту па некој ти љубомори, туку сите те советуваа како постари.

    Види, јас те сфаќам, една година си постара од мене може и не цела и јас имам долга врска и јас кажувам дека мајката на дечко ми е сега за сега супер. АМА има едно големо АМА, сеуште не живееме под ист покрив, јас со неа се гледам 3 три пати во неделата на по еден саат, дали и толку ако се на се соберам. Така што тој збир од заедничко поминато време е ништо во споредба со живеење заедно. До сега е навистина греота и би било грев да речам некаков лош збор или пак да делам непотребни и негативни коментари за жената. Мило ми е што е искрена и реална, го имам кажано ова и на друга тема дека си имаме и двете искрено кажано дека она мене не може да ме сака како нејзиниот син, а дека јас неа не можам да ја сакам како мојата мајка и крај, тука завршува се. Би ми било чудно и би се запрашала за каква личност се работи и би се посомневала во нејзината искреност и намери доколку ми речеше дека е обратно. А вака јас лично сум среќна што и на двете ни е кристално јасно како си стојат работите и доколку си продолжиме на ваков начин ќе биде супер и одлично за сите. Така што, Nana19 убаво е што се сложувате, убаво е што се почитувате, убаво е што е убаво АМА немој да велиш дека твојата идна свекрва е на исто рамниште со твојата мајка и работите гледај ги секогаш со резерва. Што и да направи, светот да го преврти за тебе и да биде најдобрата личност, нема да биде на исто како твојата мајка. Мајка си е мајка, една е и крај, за мене е смешно и воопшто што се дискутира за такво нешто, смешно е дури и на зборови да се споредува некој (не е битно кој) со сопствената мајка. Исто и за таткото, и тој не треба да се споредува со никој. Искрено, мене и ми е жал за мајка ти што воопшто го знае твоето размислување. Верувај дека не се чувствува најубаво, она само сака ти да бидеш среќна па затоа и не ти вели ништо.

    Јас гледам и вака на работите, зошто многу парови пред да официјално стават потпис, се одлучуваат да живеат заедно со цел да видат како ќе функционираат под ист покрив? Значи и со партнерот со кој сме долги години во врска, со кој сме поминувале многу време заедно, кој го знаеме во секакво светло и за кој гарантираме дека е човекот на нашиот живот и дека го знаеме и како диши, ние имаме потреба сепак за еден мал тест и сепак сме свесни дека не е ист животот кога сме под ист покрив. И што е најинтересно неретки се случаевите кога партнерите се изненадиле еден од друг, дали биле секојдневни навики, дали било во врска со храна, дали било во врска со хигиена, итн. Значи понекогаш и партнерот до нас кој мислиме дека го знаеме 100% всушност не го знаеме, а не па идната свекрва, која јас лично преферирам да ја нарекувам мајката на дечко ми.

    Е сега јас лично не верувам дека луѓето се менуваат којзнае колку, барем јас верувам сеуште во искреност и верувам пред се на мојата лична перцепција и мојата лична способност за проценка на луѓето. Со тоа што до сега таа способност не ме разочарала, ниту пак ме излажала интуицијата, се надевам дека и понатака ќе биде така. Доколку навистина премногу се смениле работите, односно доколку вашите свекрви пред да ви станат официјални свекрви биле одлични и имавте само пофални зборови за нив, а сега се е обратно јас би рекла дека може е и до вас проблемот и дека може и вие сте си виновни за тоа. Прво затоа што не сте биле реални пред себе, второ затоа што сте очекувале премногу, а трето затоа што сте сакале на секаков начин да се покажете пред вашата тогаш идна свекрва па со самото тоа и вие самите не сте се покажале во вистинското лице.

    Не секогаш сте само вие разочарани откако ќе се официјализира целата работа. Запрашајте се дали можеби и другата страна е разочарана... Или можеби и вие сте гледани како манипулатори, можеби и вие не сте се покажале во вистинското светло претходно, можеби и за вас со право велат дека сте се смениле на полошо.. Така што не секогаш ние сме најправите, не секогаш ние сме најкултурните итн.

    Читајќи ја темава човек ќе си помисли и ќе си изгради слика за свекрвиве дека се најподлите, најзлобните, најнекултурните, најнехигиенските суштества на земјава од кои нема спас. Секогаш и секаде има исклучоци ама она што е најсигурно е дека работата секогаш има две страни.
     
    На midnight.flower, lilaaaa и jb82 им се допаѓа ова.
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Се што треба да се знае е ова горе пишаното. И плус бегајте од заедница, бегајте колку што можете подалеку, направете да можете да создадете свој дом. Каде што никој нема да може да ви писне за ништо. Каде што вие ќе живеете а нема да се стискате за да недај Боже повредите некој или пак да мора да си ги барате вашите права кои некако ви ги одземале.

    Возрасни сте и работете на случајот. Не жалете се дека ќе нема кој да ви ги чува децата. Некои родители успеваат да создадат кариера и додека се на работа децата си ги носат во градинка, а после работа целосно им се посветуваат ним. А не им ги даваат на бабите и дедовците.

    Која е потребата да сакате мајка ви и татко ви да ги обврзете постојано да ги чуваат вашите деца? Знам дека во прашање е силна љубов ама сфатете дека тие се ваши деца и вие треба да ги растете и воспитувате. Вашите родители таа обврска ја завршиле со вас. Понатака внучињата може да си ги гледаат ама не и да ги чуваат секој ден. Себично е тоа да им го направите. Себично и кон родителите ваши и кон дечињата на кои им се потребни родителите а не бабата и дедото.

    Така ќе се почитувате со свекрвата. Кога ќе ја гледате два, три пати неделно формално на ручек пример, а не секој ден. Кога нема да и дадете можност таа целосно да ја реализира онаа нејзина понекогаш и болна љубов кон синот која понекогаш ги преминува границите и која доведува до моментот таа во вас да гледа жена ривалка.

    Кога таа ќе сфати дека вие сте ЖЕНА која самата може да води семејство, да постави нови семејни вредности и правила. Жена која го полни тоа семејство со топлина и љубов.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    48.754
    Пол:
    Женски
    Мене на темава увек овие поплаки први ми бодат очи. Сите се жалат како свекрвите не чистеле,не переле,не готвеле и сл. па според таа логика како бре живееле тие пред да им стапне снаата во кука за да биде наводна измекарка. Зарем во кочина јаделе само леб и сол и се бањале еднаш месечно на селска чешма ?!?

    Ја мислам дека и снајки малце преувеличуваат.Дома научени мама за зготви ручек,тато да испазарува јас една правосмукалка да фатам и со тоа цел ден да се понашам ко на нива да сум орала. А факт е дека мама дома ке те тинтра под изговорот да си ја одморам додека е кај мене пошо утре у брак се на нејзин грб ке остане па утре коа у сопствениот дом или во домот на родителите на мажот ке треба да ги засукаме ракавите одма почнуваме да кукаме дека сме измекарки и едка вештерката овај свекрвата де едвај чекала синот снајка да донесе за да и готви и да и пере и пегла..

    Многу нереални поплаки има на темава и не тоа секоја планина со своја тежина затоа што има реална тежина некој проблем и едноставно некој бил премногу тинтран и размазен додека живеел со неговите па сеа мисли дека со тоа што фати крпа у рака да избрише прашина автоматски станува конкуренција на Пепелашка.

    lilaaaa извини што ке ти го кажам ова ама семејството на сопругот го напраи најаљкавото и најпростото семејство на светов.Бактерии ,прљавштии и што ти ја знам... Ако толку ти смета што не станеш јасно и гласно да им кажеш -Луге јас мислам дека сте најпрвљавите створења на светов гад ми е на маса со што седам со вас.Или не знам гад ти било свекрвата да готвела немало да јадеш.Срамота. Секој има свои навики.Лугето навикнале салата да јадат од ист тањир.Па што?!? Да не ти пљукнале случајно у тањирот па толку што ти е гадно?!? Или никад со другарка твоја залак од ист тост немаш поделено и сок од исто шише се немаш напиено па сеа толку што ти сметаат овие луге со нивните навики?!?
    Некои работи се претеризам.Едно е културата ,определен начин на живот ,хигиената ама сосема друго е глумење Монк и усисавање во насока на стрелките на часовникот или филтрирање на воздухот пошто некој друг го дише во истата просторија со тебе.А очигледно уште тоа фали да го филтрираш воздухот во дневна пошто кој знае какви се не бактерии издишуваат тие кутри прљави невоспитани луге.
     
    На midnight.flower, pikolino, MSkorpionka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Битер,верувај сосема исто се чувствувам со мојата свеки од која што досега не сум почувствувала да прави разлика помеѓу мене и син и мојот иден сопруг. Се грижи толку многу што некогаш дури и смета таа нејзина грижливост,внимание,посветеност.Смета токму од таа причина што прави да се чувствувам убаво,сакано,да ми е топло на душата,а истовремено и збунетост. Баш како што кажа ти не сакам да ја сакам бидејќи на таков начин чувствувам ко да ја изневерувам мајка ми. Не знам,некое чудно чувство на посветеност,љубов,почитување,а истовремено и непријатност која што ме тера да се дистанцирам и ми прави некој немир и чувство на грижа секогаш кога ќе ме прегрне,бакне каже душо дали ти треба нешто или едноставно помага околу се и е присутна. Факт е дека никогаш никој не може да ја замени мојата мајка и сето тоа сеуште е ново за мене и полека се навикнувам на целата ситуација.
    Во контекст на темава еве нешто што ќе не насмее,а е толку реално :D
    http://puls24.mk/zanimlivosti/vicoteka/ ... -so-zakon#
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да чувстувате грижа на совет ако си ги сакате на некој посебен начин свекрвите, мислам дека тоа е сосема убаво и за пофалба што ви се погодиле фини, културни и што имаат разбирање и почит спрема вас. Се знае љубов спрема мајка и љубов спрема било која друга жена, една е мајка и таа љубов е посебна и единствена, не се меша ни се приближува до мајчината. Секоја љубов си е посебна и различна.
    Јас немам свекрва нит сум и приближно до тоа да имам у блиска иднина, но би сакала искрено да ми се погоди некоја за почит и која ќе ја засакаш како жена и како пријател како вашите, а не да се мразите и да неќете очи да си видите. Ние стално се смееме со класната моја од средно дека ја сакаме како втора мајка, зашто и стварно и така се понашаше, не дека ни ја заменила мајка ни наша, нормално не, но така се грижеше за нас и за мене секогаш она ќе биде прекрасна особа за која ќе имам љубов и почит до крајот на животот. Не исто, може смешна е споредбава, ама сакав да ви објаснам некои работи како стојат според мене.
     
    На bittersweet, Annath, rainlover и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Edno e so eden chovek da podelish shishe voda,sok,a drugo e koga od edno shishe pet dushi go mljackaat |( ..Nas vakva situacija ne zatekna na gosti,domakinkata ni sipa koka kola u chasha so eden kup ronki :P ,pa uz muabet si go dokrena shisheto da se prinapie(nejzina kuka ,nejzini pravila :D ),ama pa ni jas ne sum dolzna od kultura da se napijam..kako pa da ne...a inache devojkava epten tripuva na domachica ili kako sakate chista Dana.
    Nego drugo mi beshe muabetot,chovek kolku i da bide imun na gadlivost,pak ke mu se prevrtat crevata ako vidish dodeka nekoj gotvi hrana ili poslano na masa so hrana,nekoj nonshalantno se raskiva,raskashla bez da ja svrti glavata ili u brz efekt i raka da stavi...pa da bakterii i se toa,kolku nie sakale priznale ili ne,se bakterii..a i samiot poim vo glava ti zvoni deka treba od toa da jadesh |( ...jas ne bi...nema so sila creva da prevrtuvam zaradi nekoj shto nema osnovna higiena...i ovde ne se raboti za svilenost,nego za zdravje.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.686
    Допаѓања:
    162.081
    Битер ти се чувствуваш виновна зошто ја избираш страната на животот и живееш, а не затоа што се работи за свекрвата. Ти чувствуваш грижа на совест према твојата мајка, а не зошто така се чувствуваш према твојата свекрва како што те сфатија. Тоа е комплексна тенка линија.
    Мајка ти секако би сакала ти да си среќна и да има некој да се грижи за тебе како што би го правела таа за тебе. Јас не би те советувала да ги прифатиш тие негативни и одбранбени чувства кои ти се појавуваат, туку да го прифатиш животот и се во него. Навистина си среќна ако твојата свекрва го разбира тоа и се труди.
    Нема потреба да се чувствуваш лошо, секако дека за твојата мајка чувствуваш посебна љубов каква што нема да чувствуваш за твојата свекрва. Но знај дека и твојата мајка премногу те сакала и би сакала да те прифати некој друг речиси како неа кога веќе таа не би можела. Не се затворај и прифати го разбирањето и љубовта, зошто ако ги негуваш тие негативни емоции со текот на времето ќе ти остане само горчина и ќе дојде до степен да не можеш ниту да ја поднесеш.
    Самата викаш дека ти е мило што е така, значи не можеш до крај да се израдуваш зошто те јаде совеста дека и грешиш на мајка ти. Сепак не е така, ослободи си ја душичката.

    И во вакви случаи, многу често се случуваат вакви измешани чувства.
     
    На andromedae, bittersweet и tessie им се допаѓа ова.
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Исто е и кај мене,
    (мајка ми е почината)
    не се работи за претерана грижа (напротив не се сложувавме баш со свекрва ми), но ме болеше тоа што наместо мајка ми, таа е прва тука за се. Но, за тоа не е крива свекрвата. Таква е судбината, тоа е...
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    48.754
    Пол:
    Женски
    Во ред Гласна разбирам што сакаш да кажеш се согласувам дека има секакви луге но некогаш се претерува. Фала богу дека нејкам некој да ми се накашла додека јадам или додека се готви но ако се деси тоа еднаш сигурно нема паника да кренам ко у најмања рука антракс да ми стаиле во јадењето.Крај краева на толку бактерии и болести околу мене сигурно од тоа што ми кивнале нема јас кој знае каква болест да фатам. Мене ми фати око девојкава бидејки семејството го напраи најпрљавото и најгнасното семејство на светот.И што е што сопругот никаде него спомнува него само неговите родители.А верувам дека и тој е ист како нив бидејки неможеш да имаш поинакви навики од оние со кои 20 и кусур години си живеел. И што е тука проблемот ?!? По секоја цена да се наогаат замерки и да се подругаваат останатите бидејки тие се твои а не се мои?!? Јас да сум на местото на свекорот и свекрвата да го прочитам ова што го напишала секундарно има да ги избркам од дома.Не син,не жена на син.. Марш да не ве глеам штом ви е гаден истиот воздух што го дишеме. Фали уште поп да викне и со темјан и света вода да ги отчати и егзорцизам на нивната гадотија да изврши.
     
    На pikolino му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    И онака се осекам доволно глупо што ги кажав сите тие рабаоти, зашто освен овие тие нивни навики луѓето се супер, одлично се сложуваме по дома и фала богу не сме имале никакви замерки до сега. Ја така испукав зашто морав некому да се искажам, овие работи единствено тука ги кажав, ни на мајка ми, ни на најдобрата другарка пред никого луѓето ги немам зборено за ова. Нема да продолжам ни тука, глупо е да збориш за некој со кој делиш ист покрив, воедно е и предобар со тебе. Едноставно такви си се и се помирувам со тоа. Само да кажам, во врска со кивањето во јадењето не се случило еднаш, двапати, се случува секогаш коа става црвен пипер коа готви (едноставно жената кива од него, но нека кивне на страна, или нека ме викне мене ја ке зготвам, или ке ставам пипер). Со маж ми е др приказна, со него живеевме пред тоа 2 години заедно сами, на почеток ми сметаа некои негови навики, но него можам да му кажам, па така он се адаптира на мојот начин на живот. Знае некогаш и он да седне со неизмиени раце да јаде или некои др работи да напраи но слободно без око да ми трепне му кажувам и он нормално ме послушува, пред се се работи за неговото здравје. Не дека се правам нешто или глумам некое лудило, но братучед ми два месеци глава неможеше да крене од болници зашо закачил некоја бактерија од некое прљаво јадење од надвор или јадел со неизмиени раце. Едноставно си го чувам здравјето, од иста чаша, од иста вилушка, од исто јадење единствено можам да јадам од маж ми со кој го делам креветот секоја вечер од др никој. И само колку за информација пред тоа не сум имала алергија во живот, последниве 3 месеци, незнам на што да го препишам тоа, дали дека сум бремена па ми е ослабнат имунитетот или некои ДРУГИ ОКОЛНОСТИ се нешто се нафрлам се по лекари па ништо неможам да користам за мачкање...
     
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Тие си се фамилија и нив не им е гнас да јадат од исти чинии или чаши како што тебе не ти е од мажот. Единствено се заборавиле дека имаат друг човек во куќа, но тебе никој не те тера да јадеш од иста чинија со нив, па затоа коментарите за нивната нечистота ти се непотребни како и оние ако не измиеш раце пред јадење ете како братучед ти ќе завршиш 2 месеци во болница. Изводиш многу иако сакаш да се оправдаш. Ако сметаш дека ти е нечисто па затоа се нафрлаш наместо да посматраш колку е чисто и кој како готви земи ти чисти и готви. Не за нив, за тебе, за ти да не добиваш алергии... |(
     
    На bittersweet, nena2010, macence4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    хаха секако дека не јадам од иста чинија со нив, или да пијам од иста чаша, муабетот ми беше дека еднствено од маж ми не ми е гад. Далеку од тоа дека сакам нешто да се извадам, нема да продолжам да коментирам за нивните навики, неможете да сватите за што зборам освен цецилиа која ете има ист случај со татко и :) а за чистење и готвење драга моја секако дека и јас чистам и готвам не седам како кокона некоја, но некогш имам некои обврски и готвењето останува на свекрва ми (која е невработена) единствено купатилото не го чистам зашто нејкам да работам со јаки средства, но ете да се породам ке го чистам и него
     
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    А вие, додека се преселивте кај нив, не одевте по ручеци/вечери, за да знаеш како јадат?
     
  18. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    да да идевме, еднаш у неделата сигурно, но тогаш се си беше културно салата си ставаа посебно во чинија, кришки леб имаше посебно исечено во чинија ставено, за во фрижидер како стоеле работите или јадењето дури се зготвело незнам како било но тогаш се беше нормално. Мајка му вадеше дури и посебен сервис за јадење :) си се опуштиле луѓето после од коа сум дошла да живеам тука, како што си живеат, ко што кажа скорпианка нив сигурно не им е гад еден од др но ете јас неможам така :worried: може и до мене е, претерано сум гадлива незнам шо да кажам
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    А бе ти кој знае до сега колку нивни кивавици и лигавици си изела, само што не знаеш зошто не ги гледаше :D па еве, здрава жива си, не си завршила 2 месеца на болница....
     
    На Mikako, midnight.flower и tessie им се допаѓа ова.
  20. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    liliaaaa И јас кога се омажив кога бевме во заедница,тие го правеа истото...ако не и полошо :lol: тадури таму не користеа ниту сјај за чинии туку едноставно чинијата под
    чешма со рака поминува и ете мие садови...Бев запрепастена наводно купив сјај и свеки вели не не ова е отровно ќе се отруеме и го фрли...На мм му кажав тој вели ако ти е гад нема да јадеме...бидејќи не смеев јас да готвам туку само таа...и од чиста култура седнував само во присуство на мм инаку не ми ни даваа а не ни дозволуваа некој да им го допре фрижидерот...незнаев како да се носам со сето тоа.
    Разговарав со моја долгогодишна пријателка и таа ми вели: Не можеш тие луѓе да ги промениш,така си живеат,плус тоа не си прифатена од нив и ним баш им е гајле дали ти се допаѓа или не...затоа или прифати ги тие услови или батали се!!!
    За срека не бевме долго кај нив,освен 3месеци.
    Ама тие месеци беа вечност!
    Е кога тргнавме по кирии се беше поинаку си готвев на мој начин...
    Искрено совет ти е само да ѓи прифатиш или одвоено да си готвите...
    Тадури во новата/нашата кука кога се преселивме нормално дома имаше политура кога виде свеки се здрви вели:" леле,леле ќе го отруеш син ми"
    Додуша мојата никогаш не бриши прашина упс лага во годината само двапати за божик и велигден ама ете таа е голема чистотница... :tmi: искрено ја баталив како сака нека си чисти,готви,јаде тоа е нејзин проблем.
    Јас не сум со неа во заедница и не ме занима!
    Но кога бев сакав нејкев ѓи прифатив нивните навики :roll: така и ти!!!Бидејки ако нон стоп се склетисуваш ти ќе си ѓи губиш нервите,а не таа...затоа или сами посебно гответе си и јадете или заедница и прифакање на нивните навики...Додуша има фамилии кои се трудат да им биде убаво па си разговараат се договараат со снаите...јас ја немав таа срека,мене ме столчија...затоа немој ти да им го дозволиш тоа...договор со мти и полека смирено...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.