хахахах леле ме изнасмеа ќути, поарно и да незнам ај да идам сеа да напраам нешто за ручек пред свекрва ми да ме превари
Ќе бидам офф ама аман жено внимавај на правописот, не се пишува ѓи со Ѓ туку ги со Г. Аман имате барем основно образование внимавајте малку. Разбирам тифлер, разбирам пермут на букви во куцање ама овие основни правописни грешки ??? А ми се правите овде госпоѓи!! А што е со оние жени кои се бремени а немаат кој да им чисти дома па мораат сами да чистат со средства? Мутанти родија?? Ајд те молам па не чистиш белки секој ден со солна киселина. Тоа ми е најглупаво оправдување, трудна сум не можам да чистам, трудна сум не можам да готвам.. Значи да си ти сама дома а бремена вас бубашваби ќе ве лазат зашто нели нема да смееш да чистиш со средства!!!
А да не претера ти малце? Ај биди трудна па ќе правиме муабет дали ќе се свиткаш и 10 минути кадата ќе ја рибаш со Доместос.
^^ Нена е нешто нервозна Стварно нервира кога некој не почитува правила на форум и пишува неразбирливо ама па не треба да му каже така .. И неможе да имате одма одговор за секој проблем , и јас еве бремена сум па избегавам да чистам со јаки средства. Не дека дома бубашваби ми лазат , хигиената ми е на завидно нивоУ Не се вадам бремена сум па имам право да се излежавам , додуша ако сакам и можам Мое право си е . Ајт поздраФ
ОДИМЕ ВО ДРУГА КУЌА И СО ДРУГИ НАВИКИ мораме да се навикнеме на нивните навики и да ги прифатиме тие луѓе бидејки не само нив тоа е обострано треба некој и нашите навики да ги прифати нели ? Сепак во секоја куќа е различно и секој си има свои адети и обичаи кои што меѓусебно едни со други мораме да ги прифатеме да најдеме заеднички јазик да се соживееме за да имаме мирен и убав живот. верувам ако се сака може да се постигне еден баланс за среќен живот.СЕГА чувај боже што изначитав какви се луѓе има има некои со кои не си ни во можност да приговараш нели за секојдневните навики за делење на работата но не е само до постарите туку и ние младите сме брзи и неразбирливи , мислеме дека само нашта страна не е испочитувана и неразбрана но секаде може да се направи еден договор и да се има еддна убава хармонија во куќата
Не сум била трудна ама мои другарки и блиски роднини биле бремени па чистеле па ене ги децата здрави прави.
Teшко е во бременост да се одвиваат многу работи нормлано и секако дека сметаат тие таквите средства признавам НО ЖЕНИ СМЕ МОЖЕМЕ И МОРАМЕ никој не не прашува како ни е дали можеме или не , но тоа е наше ако исчистеме чисто ке ни е ако не никој нема да дојде да ни ја заврши таа работа а дека е тешко во бременост нормално секоја нормална работа од порано во бременоста е потешка ама шта чеш
јас се си чистам сама па догурав до 9ти месец ... мислам чистам се освен со доместосот во вц ... ама нели во темата нон-стоп се спомнува 21ви век па така женички нели 21ви век сме па не му ја мислтете доместосот на мажот во раце и нека ви помогне ... на крај краеви па и мажите се виновните за сите нереди во бањата
^^ Добро, ти не мораш ништо, кога може сега свекрва ти при тебе здрава, права, нетрудна, да ви мести и прави доручек, сигурно за тебе се` ќе прави кога ќе си трудна Спојлер Шала, ама морав
Жените ништо не мораат. Жената треба да биде нежна и убава. А не затруена од некакви силни киселини или турли тава мириси. Токму ова е неопростлива грешка и затоа мажите одат кај оние жени кои им мирисаат на чистина и невиност. Тие сакаат секс со неотруена жена. Се разбира дека не сум сериозна за ова горе напишаното. Мислам пола шала пола вистина. Си стојам зад тоа дека жените ништо не мораат да прават ако не сакаат. И за промена и мажите може да ги натерате да земат четка и да ја рибаат шољата и кадата во тоалетот. А доколку имате маж на кој без ниту еден збор ќе му текне самиот да го направи тоа, сметајте се за среќница.
Рецептот на Моира за оцет, сода и понекогаш хидроген и ништо нема да ви биде иако сте трудни Чистат бремени жени по дома, чистеле секогаш ќе чистат и у 21 век Инаку на темава за гадливоста и чистотата, сите си имаме некој праг на толеранција под кој не сакаме да се спуштиме, мене на пример не ми смета да јадеме салата од иста чинија но сме сами со мм па ќе речете не е страшно. Бидејќи Лилааа викаш дека порано повеќе внимавале пред да се преселиш таму, обиди се да ја поставиш ти неколку пати масата за ручек онака како што те пречекувале тебе тогаш, може ќе им текне што сакаш да кажеш може не но вреди да пробаш а и да бидеш упорна. Стави им чинии за салата, послужи ги, чаши за сок, пресечи леб...Обиди се не губиш ништо.
Jaс имам само едно прашање до Нана, од кај знаеш ти и со која сигурност ја нарекуваш мајката на дечко ти свекрва? Луѓе веридби растураат, на ден на венчавка решаваат да не стапат у брак, а ти богати од 3-4(карикрам) одења кај него дома одма си ја именуваш за свекрва. Не ти посакувам ништо лошо, стварно, али никогаш не можеш да бидеш толку сигурен во тие работи и уште од сега да се плеткаш во овие односи на свекрва и снаа. Смешно ми е мене искрено, млади девојќи уште од 18 години по овие работи се плеткаат, наместо да се образуваат, работат, дружат и забавуваат. Не можам и не можам да сфатам зашто побогу толку брзате да пораснете и уште од сега се заплеткувате во овие лавиринити, кој искрено не ви доликуваат.
А бе искрено, мене не ми смета што ја вика „(идна) свекрва“, и јас така 3 сум викала додека ја најдов идеалната ама ми смета што, на свои 19 години, кога реално појма нема од домаќинство, семејство, дете, маж, обврски - си зема за право на трудна жена да и` соли памет дека ние жените МОРАМЕ да издржиме во чистењето и домот, јаки сме биле, никој не можел да ни помогне, тоа е тоа. Ај деца одете играјте друго, не си играјте со постари ко нас
Ама ти премногу си се внела во улогава колку што разбрав во врска си а не мажена однесувај се како девојка а не како некое женче
хаахаха нов правилник на однесување а ? не реков ништо само ја подржав феминката дека не е лесно во бременост , не сум трудна ама не сум ни гупа да видам како изгледа ! океј ?
Не бе душо однесувај се како сакаш твој проблем и не се однесуваше тоа само за тој пост него ти ги исчитав и другите на темата.се понашаш како да си во брак а не во врска.А како ја подржа феминката дека е жена и дека мора да издржи јаки се жениве а ? Абре девојче оди подучи нешто испиј кафе со некоја другарка не си седнала на фемина и најактивна на темава солиш памет овде на жени кој што се во брак со години па некогаш не можат на крај да излезат од некоја ситуација ти ќе ги просветлуваш.Омажи се влези во таа куќа со статус сопруга-снаа види како е па после дојди овде да раскажеш
Значи не сфаќам едно нешто?! Кога сакаш да појдеш некаде на гости од чиста култура ќе се јавиш барем саат време порано ако не друго.. Ми се јавува мојата драга свекрвица во 14 h, (што според мене не е пристојно време за гости) само што го завршив ручекот и сакав да искочам малку да прошетам со бебчето низ населба со пријателка да се видам дури да си дојди маж ми за ручек, и она вика ќе дојдам да го видам бебето, ама викам извини на врата ме начека морам да излезам се договорив веќе ај покасно викам коа ќе си дојде маж ми, пак културно и одговорив, женава се наљути спизде вика добро коа ке го видам јас бебето?! ај ај вика ко ке сте слободни звонете,(онака иронично) а до претходно никаде ја немаше и испаѓа као јас треба на закачалка да сум коа ќе и текне на неа, ни да праша дали имам обврски може спијам може чистам може ручек праам ...ми прави да се чувстувам незгодно а знам дека не е во право!
ги читам последниве коментари и со повекето делам мислење ама исто така и на некој начин ја разбирам и нана девојката мисли дека ако она и биде свекрва и дека ке се однесува како што се однесува сега со неа хм некои свекрви се навистина така на почетокот и после тоа се исти али тоа е еден мал премал пример денес. еве на пр мојава уште на почеток беше иста и иста си остана али она си беше таква уште верена кога си бев,уште тогаш кажуваше што и како треба,сакаше уште тогаш да биде главна и јас ако си кажев мое мислење веднаш збеснуваше и така си продолжи жената но повекето се едно пред да ја земат девојката а потоа во нивниот дома се друго кај многу е така. па нана мисли дека ако она и биде свекрва*кој таа е нарекува свекрва може си збореле они за веридба и брак па затоа си ја накерува свек* иако никогаш мајката не ја заменува никој ама никој,мајка е мајка,можеби оти сега се заедно мисли исто е ама кога ке живее со свек ке свати која е разликата. ама кога би било се така убаво како што мисли нана темава немаше да биде свекрви и снаи проблеми,така да не е се туку така,крајот кажува многу