Само да и кажам на Нана што може да и се случи. Имав долга врска, некои 5 години. И јас викав дека ако таами биде свекрва, ке бидам пресрекна. И жената беше префина со мене. Забелешки никакви немав. Арно ама нејзиниот син ја заеба врската, почна да шврља, и јас му раскинав. Да пукнам, ако таа истата жена, што само мед и течеше од устата, кога ке ја прашаа зошто сме расинале после толкава врска, она викаше дека со пола град сум спиела, па јас иако не сум спиела таму, кажувала што сум праела со син и? не дај боже ова да ти се случи, ама блискоти со идни свекрви, не. Само културно однесување и почитување за жената која го виспитала и содзала дечко ти. Повеќе блискости по брак. Ама ти си знаеш.
Јас ричи.ааааа и се извинувам на нена10 лејди ди што несум пишувала правописно а сум се правела г-ѓа... е па бејби еден миг да си ми била во кожата додека сум го пишувала тоа што сум го напишала би сватила ,арно ама ти си премногу јака лејди и понизно ти се извињавам.... бидејки не си вредна за да се карам со тебе ако добро забележиш неставив ни запирка ниту точка
Еве не и нас пофторно. Синоќа свеки му вели на свекор ми „Ајде од овој месец ќе ги оставиме сами да си водат домаќинство спратот им е среден па нека си бидат домакини„ , а пак свекор ми се налути и и вели „А што ќе правиме сами ние таванот ќе го гледаме и 4те ѕидови?„ . Јас нормално не се умешив продолжив со гледање тв но мм им рече „Мајко не ти е лоша идејата вие нема да сте вечно живи редно е жена ми да те замени.„ Свеки не кажа ништо но на свекор ми не му беше сеедно. Како и да е под ист кров сме исто ми е дали ќе готвам за 2ца повеќе или помалку. Дали ќе расчистам 1 или 2 соби помалку или повеќе.
Едно е правописна грешка друго е неписменост да се разбереме. И ве молам не одете предалеку од темава. Овде се збори за свекрвите и снаите а ако имате лични проблеми обратете се во лп.
Извини, ама смешно ми падна ова. Човекот не сака да е сам изгледа, ама ни вие не сте му за забава него. Секој има свој живот АКо имате каде, одете си. Бидете домаќини, пробајте се како ви оди.
Значи свеки предложи да се качиме сами на спратот и сами да водиме домакинство а не да се отселиме. И плус да се качиме сами да водиме домакинство во иста куќа сме , пак сме заедно со нив . Тоа не значи дека ќе ги оставиме сами во 4 ѕидови. Па изгледа несака да се раздели од нас штом му смети ако сами пробаме да водиме домаќинство. Но кога тогаш сами ќе сме нема они вечно живи да се
За првото болтираното имам само едно долго ЦЦЦЦЦЦЦЦ,срамота женоооооо... Не се тоа никакви гости,туку брат најроден,оној кој со снаата јадел и спиел под ист кров,иста крв и месо.Свекрвата нема потреба „да се крие во собата“ како што велиш ти,доволно е да се поздрави со братот на снаата и да си брка работа по дома. Како бе така,ќе треба да ми дозволат за да дојдат моите на гости кај мене???Абе ајде... Да ,заеднички простор,заедница,ама тоа незначи дека нејзините родители и нејзиниот брат несмеат да доаѓаат бидејќи свеки не била спремна за гости.Па не одат они кај свеки,туку кај ќерката....ццццц,колку се умислува свеки... Сега за второто болтирано...хахахаха...јака ти е изјавата,„кога ти ќе сакаш“ догаш да доаѓаат сватовите за да си ја видат ќерката,хахахаха,па нив нема да им плаче срцето тебе да те видат,туку ќерката да си ја видат и дај Боже нека бидат некои мангупи па секој ден да ти доаѓаат(сакала ти или не) А кажи ми,кога ќе одиш ти на гости кај ќерка ти,планираш да се најавуваш кај ќерка ти или дирекно ќе вртиш на сваќата да ја прашаш дали може да одиш да си ја видиш ќерка ти?
Значи бог да чува со некои личности. За НАНА , оставетего девојчето нека си коментира, кога ке раскине или кога ке се омажи ке праеме муабет,вака бадијала и зборите,а можда и стварно и е погодена идната свекрва. НЕНА2010 ти им светеше на другарки кои чистеле додека биле трудни ? И јас чистев на почеток бременост, па се истурив од мачнини, и сега чистам некогаш, ама не ме држат нозе од миризбата, затоа додека не си бремена не е во ред да оставаш такви коментари на бремени жени. Имај малце почит. СОЛНА КИСЕЛИНА да имам јас каде,спрат како тебе одма ке се тргнам.
разни карактери има затоа колку подалеку, толку поубаво. ние имавме договор свеки да помогне нешто, нешто моите и да земеме стан кој чинеше 35000 евра ... бидејќи двајца браќа се а куќата е тесна и немавме никакви услови да живееме ... свеки парите ги чувала во банка и после банката се видела со етрва ми на само и не знам што муабет паднало ама лудата моја свеки ги запали парите а не ги даде за да не се лути етрва ми иако и има спремано цел спрат со буквално се ... и не можеше да и ги даде за да не ја гризе совест луѓе ги запали пред нас ... нормално ние си подигнавме кредит купи кука-купи стан и моите ни дадоа 15000 евра и сега тераме... нема поубаво од тоа да си тераш сам домаќинство
Нема ништо по одвратно кога ќе ти коментира жена за нешто што ниту го има проживеано ниту пак знае како изгледа. Тоа се вика недозреаност, а нема врска со годините. Патем и јас не го чистам купатилото уште од првиот месец на бременоста. Мутант нема да родам ама и мажите не се само за правење.
^Па ако нејка од девојките /жените кои тука коментираат не се омажени или немаат деца не значи дека по дифолт се малоумни и немаат никаква претстава за тоа што значи брак и соживот.Ако ништо друго во чамец не се родени живееле со родители па доволно е своите коментари тука што ги пишуваат да се базираат врз домашното искуство кога ги гледале родителите нивни со што се се соочувале. Или мора папир да имаш црно на бело дека си во брак за да бидеш довлно достоен да напишеш 2 реда муабет во темава.
Дали ќерката треба специјално да се најави за да дојди кај мајка си ??? Како ќерката во секое време е добредојдена, наручана и напијана ??? Како сестрата на мажот кога сака да дојди, а брат ми мој да треба да се најави и да не е добредојден во секое време ??? Кои глупости !!! Брат ми ќе си ми е брат каде и да сум, со кого и да сум. И што и да му треба, дури и најобичен муабет, секогаш сум тука за него 24/7/365. Па тоа ни се најблиските !!! Како може свекрвата да си собира комшивки со саати да дремат и оговараат, а брат ми да се најави ??? Ако не го почитуваат моето семејство, не ме почитуваат ни мене. Како јас што сум ги прифатила нив, и се навикнувам на нив, така и тие треба да го прифатат моето семејство. И брат ми ќе седи до мене, со мене ќе муабети, јас ќе го угостам, никој не ја тера неа да седи до него и да му вари кафе. Нека си оди кај сака. За тие кои не се во посериозна врска или во брак, верени, ќе видат како ќе им е ако нешто ти кажат или те свртат против своето најмило со кое си растел цел живот. Боли.
Ако јас сум дошла да живеам кај нив, значи тоа по некое (не)пишано правило е и моја куќа... Работам, придонесувам, помагам,правам се само за таа куќа и за тие луѓе. Зар немам право, да дојдат моите и да ме посетат, тие не идат да сметаат, тие доаѓаат да си го видат детето кое било во нивната куќа 20 и кусур години.Врз основа на тоа, кога некој од моите родители или брат ми ќе посака да дојде, јас не сметам дека иде на гости, туку иде дома, без разлика кој и колку души сме, дали живееме во една соба или во палата, за нив никој не треба да противречи. Луѓето од нашето семејство не се другарки, другари или комшивки к0и можат навистина да му сметаат на човек. Еве на пример, мојот брат си иде од работа и мене не ми се јавува, доаѓа, баш за ручек и јаде она што имам јас во моментот... Но, кажав и претходно, живееме сами, ама и да бевме во зедница, за луѓето од моето семејство, би направила СЕ!
нена твоите другарки родиле здрави прави деца ок ама мој апријателка у 9 м есец бременост чистеше во купатило и се ближеше именден на маж и и после 2 дена на онтрола на лекар бебето беше мртво значи не викај два пари се може да се деси викај само бог да чува
Како прво јас не реков дека секоја бремена жена треба да чисти!! Еве и мене ми се лоши од миризбата на средствата па не чистам ама си имам жена која ми доаѓа еднаш неделно а јас само одржувам. НО тоа си е во МОЈ стан, живеам сама, на никој му немам дојдено дома, и да пишувам по форуми дека се гадам од свекор и свекрва, девер снаа и што ли уште не, а ме прибрале да живеам кај нив дома. Постот мој се однесуваше на жената која освен што овде ги направи свекор и и свекрва и најгнасни луѓе на планетава уште се вади со тоа дека е бремена па не може да чисти! ако и смета, нека даде 1000 денари за жена, ем ќе ја одмори свекрвата, ем ќе биде исчистено. место она да седи и да пишува на интернет нека земе нека измие садови. Нема тука ништо срамно ни страшно да земеш да измиеш садови. Јас не сум мажена, но сум имала и тоа како искуство со свекрва ( фала богу прекинав пред да тупам глава од зид). А за тоа дека не сум бремена и дали не сум била бремена е моја интима за која нема место тука на форумот.
Сите ние сме со различни мислња и доаѓаме и живееме во различни средини. Јас си кажувам јас каква сум и како функционира моето семејсто за да некоја од вас која неможе да се изначуди зошто и рекле дека брат и во последен момент не може да дојде на вечера не си рече свеки моја е една и единствена туку ќе знае дека на фемина има една таква. Еве сега е скоро 9 и ќе вечераме, замислувам золва ми да се јави (тоа е невозможно туку ај за пример) дека се пред врата дошле сите 4 ца на вечера а јас сум по пижами едвај детето сум го заспала и кај и да е ќе си легнам зошто утре сум на работа. И сега маж ми да рече ама она мене ми е сестра и кога сака ќе дојде и ти ќе радуваш што таа е дојдена. Значи ако се случило нешто и треба да дојдат кај нас нема да биде проблем (исклучителни ситуации) тие му се семејство на мажот ми, ама ете досадно им е дома, золва ми не и се правело за јадење и оп на врата . Значи да се разбереме, девојка дома и мажена не е исто па макар и да живеат сами. Семејството се шири и модифицира и секој член треба да се прилагодува. Гости кај мене доаѓаат со најава и се добредојдени. Таква сум и готово, затоа и ќе испаќам хипотека 30 години ама раат ќе сум.
Потполно се согласувам. Треб да се почитува приватноста. И јас мразам да ми дојдат ненајавени гости па колку и да ми се мили.
Значи во општество каде младите се делат уште пред да се мажат/женат, се зачудив како живеат по дома оти не сум сретнала да се спомне чистење по дома како но но од ни една која била трудна а ја знам. Па земав да гуглам, аз ју ду и не најдев да доместос исплатиле милионски суми на пари оти отруле неродено дете Туку наидев на ова. http://americanpregnancy.org/pregnancyh ... ducts.html И ова, од нетдоктор. We've never encountered a case of a baby who has been proved to be damaged by exposure to such products, and indeed they are tested very stringently by the manufacturers to make them safe for use in homes by all people whether they are pregnant or not. Така да, безбедно било вие малите да позачистите по дома (дури и со хлор, ако не ви се чисти со алтернативни природни состојки, сода/оцет/лимонска киселина) каде свекрвите не знаат да чистат или чистат лошо па зашто да оставате да е гадно и вас да ве исипуваат брумки, баш кога сте најнежни и на тело и на живци и се осеќате болни и сакати наместо да се осеќате тоа што сте здрави и едноставно трудни.