Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    кај спомнав дека не чистам??? Чисто информативно цел стан денес го исчистив со ПОЛИТУРА, СРЕДСТВО ЗА СТАКЛО И ПОД (и тоа го правам на секои 3-4) без разлика што сум 10 дена пред термин да се породам, воопшто не ми е тешко дури ми е супер што сум толку активна во речиси 39та недела, но за во купатило да си фаќам работа со доместоси и сл средства не ни помислувам од коа сум останала бремена, ни свекрва ми не ми дозволува као прво и основно, коа сметам дека треба да се исчисти културно и кажувам и рака на срце жената без проблем поминува ( сеа како тоа е др приказна, но од коа ке се породам ке си чистам како јас што си знам) а за садови секако дека мијам, но неможам да дежурам на лабаво, после ручек ке се истепам да ги измијам садовите но во текот на целиот ден они си зафакаат садови и си ги преплакнуваат фино лепо одман, па коа ке влезеш во кујна ретко коа можеш да видиш нешто за миење, се е "измиено". Нема веза, како и да е ќе му кажам само фала на Господ што имам вакви проблеми, а не некои далеку посериозни какви што се не имам исчитано на форумов.
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Абе невесте, и тоа што викаш, арно викаш, барем ниту те падат од дома ниту те малтретираат, да има и полошо. А мали проблеми секаде има, кога човек треба да живее со друг човек. И ние како жени и од мажите ни ќе се пожалиме некогаш, кога не зајаде некоја нивна навика, а не пак од продолжената фамилија.
    Јас ти викам, ни со доместос чистење не е проблем очигледно, оти замисли да се десило на некоја трудна да и наштетило во големиот свет, ќе пукне на големо, а не дека било штетно рекла казала во цела земја со едвај една четвртина народ во споредба со само некој поголем град во светот каде многу повеќе трудни има и сами чистат по дома. Тоа е поентата. Сепак, ако не сакаш ти да чистиш со хемикалии, ти го носиш тоа бебе и ти си одговорна да постапиш како срце ти кажува, ама затоа и ќе потрпиш уште малку повеќе.

    Инаку, мислам ти си таа која ги спомна алергиите претходно. Да ти кажам дека при влијание на контрацептиви, заради пореметени хормони, јас добив кожни алергиски реакции, поготово позади колената. Ништо чудно од хормоните при бременоста да ти се јавиле нови алергии кои не си ги имала претходно. Се задевав за нечистото и брумките, заради тоа оти сама посочи дека алергиите е можно да ти се од нечистено дома.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Да појаснам битното во реченицава беше СВИТКАНА бидејќи нели со стомакот е тешко.
    Секако дека и јас си чистев додека бев трудна ама квалитетот беше само задоволителен а не одличен :D
     
  4. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Што беше толку многу неписмено и за Аман, во постот на rici.aaaa, што ја опоменавте? А да, наместо Ги напишала Ѓи и тоа баш во темата за свекрви, нц нц нц како не и е срам
    Навистина сте лоши понекогаш :nod:
    И колку да не бидам офф, ќе си кажам само дека треба да бидеме потолерантни едни кон други, оти колку луѓе толку различни карактери.....а најважно од се, да се испотиме и да си создадеме свој дом макар тоа била и само една соба,па тамо ќе си важат само наши правила и нема што да ни се меша свекрвица
     
    На Anyshka и lilaaaa им се допаѓа ова.
  5. solnakiselina

    solnakiselina Нов член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    12
    Цецилиа не те бранам нити те напаѓам но со стомак до заби со доместос да чистиш ? Знаеш што правиш? Колку е опасно да се вдишува најпрво миризбата а потоа допирот на самото средство? Не само на доместосот туку секаква киселина е опасна. Комшивка од миризба на доместос падна во несвест дури беше трудна и знаеш што и се случи? Спонтан абортус од падот. Не да те плашам само те советувам да не работиш со никакво хигиенско средство дур си бремена.
    Еве да си кажам утрово што ми се случи. Свеки ми кажува каде и стоеле рецептите за лекови и да сум и ги купила и нејзините а патем и моите. Ми вели „ Потоа оди на пазар купи домати,краставици,кромид,морков,лук и магданос. Купи си и боди и гаќи за во болница. „ Нормално не ме ни праша дали имам пари но вели купи. Не и реков ништо велам ајде не ги зимам моите лекарства ги имам за оваа недела ќе ги земам нејзините таа за денес нема. И пред половина час ми се јавува да ме праша дали сум била на пазар и дали сум купила лекови. И велам свеки денес празник не работат аптеките и пазар нема неможев ништо да земам. И свеки ми се изнавика немала лекарства како ќе била вечерва ќе ја болеле колената. Па што сум јас виновна што аптеките неработат , требало да мисли синоќа дека нема лекарства да си купи па и знае дека празник е . Конфекциите работат но тоа не значи дека и аптеките работат. Мислам не е проблем никаков нормално жената се изнервира но што можам јас против неработниот ден.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    48.754
    Пол:
    Женски
    ^Не знам од каде си но Зегин работи и за празник и за делник.Конкретно Зегин доле во МНТ што е.Така да ако ви се итни лековите таму можете да ги побарате...
     
  7. solnakiselina

    solnakiselina Нов член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    12
    Кај нас за жал зегин нема имаме 3 аптеки само од кој 2 се приватни нз како се викаа и една државна кој нормално денес не работи :^) Е сега свеки требала синоќа да мисли дека нема не треба последно апче да испие па да и текни дека треба да купи друзи како јас за 1 недела унапред си ги зимам.
     
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ^ Ок, и сега ова тебе ти е причина за замарање на главата и за одма пишување на "проблемов" на форум?

    Абе снаички уште цврсто стојам на тоа дека сами си ги правите некои работи. Премногу се фаќате за ситници и вие секогаш се си знаете. Ама тоа дома, на друго место и во туѓа, да, да туѓа куќа нема така.

    Туку друго забележав што сте напишале. Како бе така кај вас дома (таму каде што сте мажени) вашите најблиски можат кога сакаат да доаѓаат? Јас разбирам брат, сестра, мајка, татко, во ред и јас си имам родители и сестра ама тоа не значи дека тие секогаш ќе ми бидат на прво место и дека секогаш за нив ќе имам време. Не значи дека ако сестра ми "утре" реши дека кај мене на гости треба да доаѓа секој божји ден од сабајле до вечер дека јас ќе го прифатам тоа. Треба да си сфатите дека сте мажени, дека имате свое семејство и дека сите други луѓе во вашиот живот се споредни. Од тој момент кога вие сте веќе во брак дури и најблиските со кои до вчера сте живееле заедно веќе имаат статус на гостин во вашиот дом. А гостин се знае како доаѓа, прво се најавува, седнува саат, два и си оди, сето тоа во пристојно време и се разбира не секој ден.

    Баш ме интересира дали исто ќе размислувавте ако сестрата или братот на вашиот сопруг исто доаѓа секој ден кај вас и си се однесува како дома? Ама тогаш ќе биде, "ама ете секој ден дреме овде", "се меша", "немаме приватност", "ете и свекрвата почна да доаѓа", "ми преместила нешто што јас сум си го наместила како што јас си сакам"... итн, итн, итн... :D

    Не знам, мислам дека на форумов немаме само мамини синови, туку имаме и татини принцези кои исто така не можат да се одвојат од мама, тато и бато. Разбирам љубов, нормално, кој не си ги сака родителите и братот или сестрата, па и јас си ги сакам, ама се си има граница и после брак секој треба да си го знае местото. Што е најинтересно, кога се работи за вашата фамилија тогаш се е можно и нормално, а кога се работи за фамилијата на маж ви се ви смета и се нешто неправилно се работи.
     
    На Anyshka, bittersweet, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    ^ Се сеќавам имаше голема дискусија како золвата била безобразна што нонстоп идела кај свекрвата , ама кога се работи за фамилијата на невестата друга е работата :D
    Најблиски роднини биле ова она , а золвата што е на свекрвата ?
    Двојни аршини ...
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.686
    Допаѓања:
    162.089
    Право да ви кажам, многу се лигавите. Ако постои тема на која најмногу се лигават на фемина, тоа е оваа.
    Што сакате? Во заштитен вид да ве стават?
    Од фамилиите кои доаѓате сигурна сум дека сите се благородници и све по протокол се одвива. |(
     
    На Neytiri, De-lovely, kate21 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.055
    Допаѓања:
    5.078
    Оди на www.fzo.org.mk и ќе најдеш листа на аптеки во твојот град кој се дежурни/ работат на празник.
     
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Не знам што запнавте со аптекиве кога гледате дека снаава само си бара рачки за несогласувања со свекрвата.
     
  13. solnakiselina

    solnakiselina Нов член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    12
    DUFFI каде јас напишав дека е проблем ова случка. Зошто секогаш судите некому без да прочитате поубаво што некој постира? Јас реков дека свеќи се налути што не сум и купила лекарства па во нашето место има само 3 аптеки од кој денес ниту една не работи од кај да и купам? Требала таа да внимава дека синока и било последното апче па да си купи синоќа со оглед на тоа што знае дека денес е празник. А и неморала да остави последниот ден да бара лекови да побарала порано како јас барам 1 недела унапред. Не ме сваќајте грешно но што лошо направив јас па да ми судите сега?
    дејдреам Јас незнам каде напишав дека доаѓаат моите кога сакаат. Секогаш се најавуваат и доаѓаат било тоа и се допаѓало на свеки или не. Како би ти било тебе еден ден да не сака твојата сваќа да одиш кај твоето дете? И тоа таа да не е расположена за гости само кога за вас се работи? А за нивни гости и едвај да стои на нозе нема да рече ништо. Тоа во ред ли е?
    Еве и уште една дискусија што дури постирав ми ја соопшти свеки. Крштениците имаа годишнина на 20 ти октомври но не не повикаа си го собрале само семејството. Во ред е тоа сепак им е само прва годишнина. И свеки ми вели „Кога ќе биде вашата годишнина ќе повикате ли некого?„ и велам “ Да мислевме да ги повикаме другарите,кумовците и моите мајка ми татко ми и брат ми“ . Но свеќи нервозно ми возврати со повишен тон „Зошто да доаѓат мајка ти , татко ти и брат ти доволни се кумовците и другарите и ние фамилиарно„. Мислам хелоо тие да присуствуваат а моите не зошто? Зарем моите се туѓинци? Незнам зошто на свеќи и смета што моите доаѓаат кај нас , зошто не ѓи сака. Немојте да ми судите за постов , си ја споделувам случката за да ми олесни зошто се изнервирав а несакам да се карам со свеки каква е таква е свеки ми е.
     
  14. svekrva123

    svekrva123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    6
    ЦЦЦ еве јас како свекрва да те советувам. Не се нервирај не е добро за здравјето. Исто би се осетила и јас да сум на твое место. Се ставам во твоја кожа , мене никогаш свекрва ми бог да ја прости не ми рече „Неможе да дојдат твоите„ . Сепак се тоа мои родители мое семејство за да стапнам во нивната куќа како снаа да им донесам внуци на светот тоа семејство ме создало и израснало.Да и мојата свеки понекогаш беше изморена , болна и сл но кога моите се најавуваа дека ќе дојдат ако сме дома свеќи рипаше од кревет и велеше „Леле керко брзо спреми нешто за јадење може ќе дојдат гладни сепак се од далеку , чиста постелнина намести може ќе сакат да останат да преноќат„ . Мислам ова твоево solnakiselina е стварно за жалење. Еве и јас сум свекрва и кога сваќата ќе каже керко или сваќе ние ќе дојдеме јас со широко срце ѓи дочекувам било тоа дали ми е добро или сум изморена. Па тоа се родители на снаа ми , луѓе кој ја донеле на светов и ја израснале од 3 кг месо и сега таа е моја снаа , жена која ќе донесе живот на светов . Тоа се само неколку саати од денот макар и да се преправаш дека ѓи сакаш ,заради почитта кон снаата ќе молчиш а не да велиш дека некого не сакаш да ти дојде. И за ова сегашниов пост Мила керко (со оглед на тоа дека си млада замене си керка) ич да не си попушташ , особено кога за твоите се работи никој нема право да ти каже дека неможе некаде да присуствуваат ако тоа ти и маж ти го сакате таа не е таа што треба да рече може/неможе. Како би и било нејзе да не ја сакаат некаде? Има ли твојата свеки керка? Ако има дали ќе и биде убаво ако вака сваќата се однесува со керка и, ако не ги сака нив?ДАЈ ПОДЗАПРАШАЈ ЈА . Мислам стварно имало секакви ... :x
     
  15. solnakiselina

    solnakiselina Нов член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    12
    Со оглед на тоа дека моите немаат афтомобил и доаѓаат со такси не доаѓаат често. Значи доаѓаат еднаш во 2те месеци и секогаш најавени. И како да кажам ако свеќи не ги сака па немора да седат со нас нека си останат на нивниот спрат моите горе кај нас ќе си седат. Исто и за јатрви золви како ќе ни биде ако доаѓаат. Искрено не ми смета тоа бидејки знам што значи да си далеку од твоите и колку е тешко кога неможеш да ги видиш па кога и да дојдат нивните фамилии јас не сум против дури и да не сум добра или изморена јас ќе поседувам пола саат и ќе одам во друга соба да одмарам.
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.121
    Допаѓања:
    257.786
    Во темата има снаи со вистински проблеми со свекрвите, а има и онакви кои самите си ги создаваат.
    Не е како дома, треба да се навикнете.
    Не знаете што се проблеми од свекрва, никогаш ни да не ги искусите.
    Па затоа уживајте, не сте виделе вие проблеми од свекрвата ;) .
     
    На Espadrila, Annath и girl-miri им се допаѓа ова.
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    48.754
    Пол:
    Женски
    Конкретно за гостите барем јас сум така воспитана и во моето семејство секогаш така функционирало да однапред се најавиш кога ке сакаш да одиш негде или да ти дојде некој. Пред се од практични причини бидејки кога ке отидам негде ненајавена голема е веројатноста домакините да не се дома па да идам на празно. Друго никогаш неможам да знам домакините што имаат во план тој ден па да им ги пореметам плановите со тоа што можеби би им било глупо да ме вратат и од куртоазија да ме примат не чини.

    Исто така познавам луге кои не водат сметка за попладневен одмор после работа,за време ручек и сл. Доагаат тогаш ним кога ке им текне а ти едвај си чекал да се прибереш од работа во 4 часот и да си легнеш и да се опуштиш.Епа сега некого да занимавам само затоа што има слободно време на птерек а мене очи ми се затвараат стварно не е во ред.

    И мајка ми ко Сесилија кога некој ке се најави на гости опсесивно чисти по дома и не е дека нема да те прими во куќа ако не е усисано ама ете незгодно и е а и лош муабет е утре да слушнеш од трачари -Ете вчера бев кај Перса абе да видиш прашина 3 прста,трошки по тепихот неусисано една недела и сл...

    Јас најчесто чекам да ме поканат дали е другарка или братучетка , да ми кажат ај дојди на кафе а во многу ретки случаи ми се десило да кажам -Еј дома си?!?Стај кафе ке поминам за 15мин.

    Ја разбирам свекрвата до некаде бидејки стварно има денови кога со никој не ти се праи муабет и сакаш сам да седиш стуткан у кебе пред телевизор наместо да удостојуваш луѓе кои баш во тој момент немале што да прават па им текнало да ти се трупнат дома. Али едно се тие денови кога си станат на лева нога друго е кога кога некој постојано ти вика не може овој да дојде не може оној да дојде.

    Еве јас имам братучетка која ми е многу блиска скоро ко сестра и има слободно време на претек не студира не работи ,кога ке дојде кај мене седи на целодневна што ја викаме ние.Од сабајле од 10 до 8 навечер.Блиска ми е и ја сакам но не секогаш сум во состојба да ја дружам кога ке дојде кај мене.Колку пати суптилно ке и кажам ми се спие уморна сум само што си дојдов од факултет или од работа и ко ке ми каже ако легни си ти ја ке седам на фејсбук на компјутер ми иде да се пукнам у колено.Не затоа што ми смета нејзиното присуство туку затоа што после напорниот ден ми е потребна самотија.Буквално сама во соба по гаки да седам и да не се замарам со ништо и никој.

    Убаво кажаа погоре.Снајки увек кукаат како деверот по цели денови седел дома кај нив,како золвата си доагала кога сака и седела колку сака и тоа им смета и не чини така да им прават,но кога станува збор за нивните тогаш како може мене некој да ме двои од мајка и татко и да ми кажува кога да дојде а кога не .А вие како може да кажувате и да ја ругате золвата зашто у сабота дошла на целодневна кај мајка и и татко и дома и да плачете дека немате мир и спокој во сопствена куќа ?!?

    СолнаКиселина штом проблемот со доагањето на твоите кај вас дома се повторува земи збори со свекрвата прашај ја што е пробемот што постојано така се понаша према твоите,или па кажи му на маж ти дека не ти се допга тоа што постојано кога твоите треба да дојдат таа паника крева.Најдете заеднички јазик разберете се каде е проблемот.Ако не успеете во тоа ондак викај си ги сама.Нека си дојдат лугето.На свекрвата ако не и чини нека оди нека си легне во соба никој со сила не ја тера да се дружи со нив.Ке поседат саат два ке си отидат. Не е крај на светот ако таа во спална кај нејзе ги отспие тие 2 саати додека вие си седите во дневна.
     
    На MacenceEna, Annath, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. solnakiselina

    solnakiselina Нов член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    12
    Искрено можам да разберам дека има многу поголеми проблеми од моиве. Додуша моиве и не се некој огремни проблеми. Само мене ми смета што свеќи не ги сака моите. Што секогаш само за моите не е расположена за гости. Кога се работи за нивни гости дури и болна да е таа ќе рипне и со широки раце ќе ги пр
    Јас за да не се скарам со нејзе му кажав на мм за случките дека кога и да с ејават моите свеки секогаш вели „НЕСАКАМ ГОСТИ , НЕ СУМ РАСПОЛОЖЕНА„. ММ разговараше со нејзе неколку пати а таа како одговор му даде „Сине јас се шегував„ или „Не сум рекла јас такво нешто измислува жена ти„. Значи пред мм со едно лице зад мм со друго лице. Еднаш и јас ја прашав „Свеќи зошто кога моите треба да дојдат ти секогаш несакаш гости или не си расположена„ и само си добив одговор „Зошто така сакам„. Седнав и со моите разговарав им раскажав за случките , ги прашав „Мајко , татко брат да не сте се скарале вие нешто , да не сте се увредиле?„ . Мајка ми со солзи во очите ми рече „Кеко ние едвај еднаш во двате месеци идиме и седиме по 2 3 саати сме немале прилика да се скараме.„ . Велам телефонски да не се имаат скарено или навредено ама си ги немат броевите како прво а фиксен моите немаат. Незнам која и е причината што не ги сака. Исто и јас велам па добро тие се родители едвај еднаш дошле па ако не ми е добро сум станала на лева нога ќе поседам пола саат па ќе одам во друга соба ќе легнам , ќе гледам тв. Со оглед на тоа што куќата има многу соби може слободно да се одалечи ако не сака да седе барем малку со нив.
     
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.827
    Допаѓања:
    101.162
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека еден и ќерка ми вака ќе ми зборува за свекрвата.Како знам?Зашто е размазена и своеглава.За снаата не можам да зборувам ,се уште не знам од каква куќа ќе дојде. :D
    Мислите дека само вие имате проблеми?Биле нечисти свекрвата и свекорот? Би требало да ги запознаете моите.Не сакале гости? Треба да ве запознаам со мајка ми.
    Треба да сфатите дека сте различни светови,и дека функционирањето во едно домаќинство е многу тешко со две жени.Решение делете се!Не може да се поделите ,постигнете договор.Значи разговор мора да постои,немојте да се карате зашто тоа е непотребно расипана енергија.Не верувам дека некаде снаата ќе го исчисти купатилото како што треба а свекрвата ќе чисти по неа.Чекор по чекор и само со насмевка ве молам.И со убав збор.Сакате да се дружите со ваши пријатели?Земете ја в раце целата подготовка.Од почетоткот до крајот.Свекрвата и свекорот не се должни да седат со ваши родители,пријатели,роднини.Исто како и вие со нивните.Не скокајте и не драмете за ситници.Ве советува за ручек,послушајте што ве чини.Не знаете нешто прашајте ја.Што ве чини?Два чекора вие ,еден чекор свекрвата или свекорот.
    Проблеми со свекорот и свекрвата за мене не се проблеми.Проблем е ако не може да се сложите со сопругот.Е тоа е веќе проблем.Се друго е минливо.
     
    На Espadrila, midnight.flower, MaxyMax и 10 други им се допаѓа ова.
  20. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    21.188
    Кога читам за тие ваши свекрви, помислувам дека се паднати од марс.
    Нормално е да не се сакаат свекрви и снаи, едноставно така било од секогаш, да живеат како куче и мачка.Ама кога живеете во иста кука барем да има почитување и разбирање. Ако дошла снаата во нивна кука треба да ја гледаат како нивно дете, а не како некој странец кој дошол да им го ремети мирот и да ги нарушува нивните правила, или да им ја преземе љубовта од синот.
    Нормално е ако нешто не чини да си кажат една на друга и да не постојат кавги.
    Ако свекрвата не ги мие добро чиниите или не умее да прави ручек, а снаата сака да ја замени во тоа за да им биде поубаво, не знам зошто свекрвите не ја погазат својата гордост, да си ги признаат грешките и да ја отстапат работата на снаата или да си ги поправат грешките.
    Или свекрвата или снаата не сакале гости? Нормално е дека секој сака кога некој ке доаѓа претходно да се најави, ама ако случајно гостинот се појави само на врата како да дошол од друга планета ке му се изровиш и ке кажеш сега не сме расположени за гости. Ке поседиш со натрапникот 20-30 мин, и ке кажеш ти седи со останатите (ако не е твој гостин) а јас морам да одам да одморам. Или ако воопѓто не го сакате гостинот, бидејки не е ваш гостин побегнете случајно од собата уште пред да влезе и готово.
    Ама за жал не постојат добри свекрви ниту добри снаи.
    Во мојов случај сеуште не ми е свекрва и понекогаш знае да е добра ме подржува во се и баш е онака природна, ама некогаш............................................. толку ми е одвратна и како да збори се од инат, инаку не е мразач на мои гости барем сеуште не, ми дава да си готвам што сакам,воопшто не се нервира кога ке земам да измијам чинии, и искрено баш е педантна и вредна жената. Е само онака некогаш ме нервира чисто нејзино одвратно зборување. Се надевам дека и е до менопаузата. :D