Се согласувам со SuperGril24.Ние сме таква нација.Научени сме да сме слободни.Не само што не се најавуваме, туку повеќето не знаат ниту да заsвонат или тропнат доколку нема звонче. Може сум оф топик но кога сме веќе кај гости многу се претерува во врска со тоа.Мислам на гости кога ќе посакаме да видиме некој од блиската фамилија,или да не видат, културно е да се најавиме, и да ни се најават.Во денешно време постојат безброј начини, барем за најава. Сакам изненадувања ама не до толку.Многу често ми се случувало да нема каде да ги сместам,затоа што останувале да ноќеваат,да снемам намирници како кафе,шеќер сок, благо...да сум зафатена и нормално е дека сум се чувствувала незгодно. Затоа се најавувам.Не сакам да сум непожелна, да сметам, да расипам нечии планови или да предизвикам можна брачна расправија. Сакам гости , но најавени. без разлика за кого се работи. Спојлер Нема мои твои гости, туку наши
Извинете за офтопикот,немам што да кажам на темава снаи и свекрви,само почуствував потреба да го напишам мислењево после прочитани неколку мислења дека трудници чистат со хемикалии. Не е проблемот во чистењето како физички напор,тука секоја трудница е различна,некоја има полесна некоја потешка бременост и секоја сама треба да одлучи до каде и е силата за физичка активност. Ама,чистење со хемикалии никако. Страшен тератоген фактор се,најмал проблем е смртта на плодот предизвикана од хемикалиите,туку ваквите хемикалии се причина да се родат бебиња со страшни аномалии,колку тератогениот фактор делува порано во бременоста толку аномалијата е потешка зошто прави нарушување на основата од која ќе се развие плодот . Затоа нека чисти таткото ,баба,дедо ,свекрва било кој,заштитени со маска,ракавици и да се чисти во просторија што е проветрена,значи отворена врата ,прозор,вентилатор било што.Трудниците подалеку од средства за чистење. Или алтернатива што супер ќисти и не е штетна е оцет,сода бикарбона и сл.
Убаво пиша луничка погоре, проблеми со свекорот и свекрвата не се проблеми. Проблеми се оние со мажот. Се друго се решава. Јас имам среќа што мм е на моја страна, и правам компромиси за да не се нервира тој беспотребно. Прифатив да не доаѓаат моите на гости кај нас воопшто, исто и тие прифатија, само за да имаме мир дома. Доаѓаат само кога свекрва ми не е тука, а тоа било одвај еднаш во последнава година и половина. Мене многу ми е криво што е така, ама за жал, со неразумен човек нема разумен муабет. Без разлика што не живееме во една куќа, сепак делиме ист двор, па госпоѓата смета дека моите немаат право да доаѓаат кај нас, бидејќи ја „избркале“ неа кога им дошла на гости. Се случи тоа што се случи, многу работи беа тотално погрешно сфатени, а за моите проблеми со свекрвата ќе си кажам дека вината е исклучиво моја, поради тоа што ја викнав мајка ми да ми помогне со малиот кога се породив, бидејќи мм беше на службен пат, а свекрва ми не се нафати да ми помогне. Да сум сега со овој памет, немаше да ја викам да седи кај нас, сама ќе се снајдев со малиот, вака или така. Барем за второ дете ќе знам.
Јас добро реков дека немам проблем си ја споделив само случката. Но кога мм ме подржува не ми вели да не идат моите мене ич не ми е грижа што свеки кажува. И уште една случка што мајка ми ми ја соопшти ме изнервира многу. Наводно свеки на тетката на татко ми и рекла „После свадбата ни ние кај нив ни тие кај нас„. Мислам хелоо а зошто?Што и згрешиле моите? Во ред можеби тетка му на татко ми измислува но до толку ли?
Поштувајте си ја фамилијата на тој што сте си го зеле за животен совпатник бидејки тие се негова фамилија и ако го сакате него ке ги сакате и тие околу него. Зарем не треба да сте им преблагодарни што го создале и израснале тој човек за да сега биде ваш? верувајте ако вие ги сакате и ги цените и поштувате ке ви вратат со многу подобро !
ТОЧНО ! Има и такви не викам не , но тоа веке не се луѓе.Само игнорирајте ги , како да не постојат, бидејки не вреди да се обрнува внимание и да се нервираш за луѓе кои што не заслужуваат ни да ги погледнеш.батали ја знаеш онаа песната од јована ? има некој горе кој за тоа пишува извештај па така да срцка ништо во животот не е бесплано, порано или подоцна секој си плаќа за тоа што си го направил
Конкретно за случајов на солнакиселина со брат и не гледам тука ништо лошо.Тој не и тропнал на врата ненајавен него фино лепо и се јавил на телефон ја прашал дали се дома и кажал дека ќе дојде.Па што ако дошол на пола саат-саат нема куќата да ја однесе.Значи брат е.И јас би била изреволтирана да сум на твое место и свекрва ми да ми се понаша така за моите.Поготово ако доаѓаат така ретко како што кажуваш 2 пати во месец.Не мора да седи со нив не мора да им спрема ништо не мора ни здраво да каже ако свеки не сака па и во заедница ако сме и ако има повеќе соби нека седи во друга, или јас би седела само нека не ми се качува на глава.Тоа што си мажена во таа куќа не значи дека си робинка и дека имаш помалку право на глас,па уште да ми забранува да ми доаѓаат мајка татко брат.Кој ако не тие, луѓето што од кило место ме растеле и се треселе над мене ме направиле човек.И не не сум татина и мамина принцеза само тие ми се РОДИТЕЛИ.
Дури и јас кога ќе речам ајде да одиме кај моите со оглед на тоа што имаме афтомобил можеме да одиме почесто тогаш на свеќи и текнува дека има дома нешто работа,дека нив им требала колата со еден збор причина само за да не одиме. И пред свадбата ми правеше такви проблеми но сега откако заврши свадбаа дупли ми ѓи прави. Не се противам за ништо сепак ова е мое ново семејство се привикнувам на нив но да ми забрани некој да дојде моето семејство кое ме израснало од 3 кг месо , семејството кое едвај пари за свадба собра,кое едвај доаѓаат во 2те понекогаш и 3те месеци и тоа секогаш најавени тоа неможам да го толерирам.
СОЛНАКИСЕЛИНА - Дали вистина постоиш или си некој трол со аФтомобил ? Која нормална жена би си ставила име: Солна киселина ? И сите пораки се со: тупење !!! Отупе темава ! Жал ми е ако се сомневам за џабе, ама стварно нека се провери. Не знам дали само мене ми е сомнително ?
Ајде барем тука да се искажам,па мож ќе ми олесни...Свекрвава моја углавном е ок,секогаш ми помага околу бебето,секогаш прави ручек (во заедница сме,во стан од 50м2) итн итн... никогаш не се пожалила од мене ни на моиве,ни на некои др луѓе...Арно ама,мн ме нервира што мн го толерира нејзиниот прв внук,од деверми,што има 4 год. Не живеат мн далеку од нас,ама идат 1 месечно,и тогаш му е дозволено станот наопаку да го заврти,и што е најтрагично,сите ќе го караат а таа ќе вика не го карајте,нека прави што сака,и тој излегол од оваа куќа. Маж ми,и тој мн го обожава пошо им е прв внук во фамилија,па кога му реков дека не ми се свиѓа тоа од страната на мајка му,ми рече остави го,мал е и сл. Др.проблем е што на внукот секогаш му дава пари за в градинка,кога иде некој празник им дава пари да му купат нешо облека,или кога одат на свадба или слава и сл. а проблемот е што таа нема пари и му бара пари на мажми,ем знае дека штедиме за стан,дека тој не издржува сите 5 мина дома,пошо,заборавив да кажам,пензијата од свекорот оди кај деверми...и пак тие се греота,тие немаат ништо...а деверми е појден домазет,и освен за цигари,за нишо не му требаат пари,јатрвами раб.,за сметки и јадење се секираат нејзините. Мојов кутар,до 2-3 по полноќ седи на раб. (има кафуле),па после тоа дали ќе спие со бебушов ко шо треба или не,нема врска...кога треба да одат негде мора тој да ги носи пошо другиот е греота да го будат од сабајле...и 500 сл.раб. Совет некој? ( ми треба совет како да се воздржам да не ги отерам сите по ѓаволите нишо не им пререкувам заради тоа шо се добри спрема мене и моите,ама не се трпат )
Јас изгледа имам најдобра свекрва. Склеротична. И кажеш, речи си ја сакам снаата, и она повторува и тоа со голема насмевка, јас многу си ја сакам снаата. Ако не можете да ги победите, не им се придружувајте, изулавејте ги
Тами не знам за која сума на пари станува збор.Верувам дека не сакаш така,ама замисли да останел девер ти тука ,во тој стан како ќе живеете?На свекрва ти очигледно и е тешко што тој е домазет,и затоа е попустлива спрема детето и му дава пари.Велиш дека таа зема од твојот сопруг?Таа нема плата ,пензија???Мислам дека е паметно да позборуваш со неа отворено,и да и кажеш да не му дава толку често.Ама не очекувај дека ќе те послуша.Или тоа ќе го прави скришно.Не знам како се поставени работитите во твојот дом.Кој плаќа сметки,кој го полни фрижидерот.Ако се паѓа на товар на твојот сопруг тогаш не е фер да го финансира внучето.И тоа треба да се укаже.Но ако и таа учествува во буџетот,а не и достигаат пари за да си го почасти внучето тогаш не е фер ти да се лутиш.Мора да постигнете договор за давање пари,ако веќе нема доволно нека дава само за родендени и празници,а не секојдневно. А за палавоста ,така е дури детето не потпорасне ,ти не можеш да смениш ништо тука.
Ако Тами има некој проблем со финансиите, треба со сопругот да среди (бидејќи нели негова заработка се), а не со мајка му. А за тоа дека не може да се издржи детенце што доаѓа еднаш месечно, останувам без коментар. И тоа дете е внуче и си го сакаат исто колку детето на Тами. Плус, очигледно освен нејзе никој нема проблем со него - и тука доаѓаме пак до муабетот на снаата што доаѓа во куќа и сака свој ред да воведе.
Шокирана сум од "проблемот" на Тами. Toa со парите донекаде и го разбирам, затоа што е заработка на маж и`. А за тоа што е негова заработка, прва се прашува жената. Се согласувам. И тоа дека ги двојат двата сина. Што и не` носи до заклучокот дека во многу случаи подалечни = помили и ете затоа најубаво е да не се живее во заедница. Е за тоа драга моја Тами, не ти е крива свекрвата што му бара, туку мт што и` дава. Затоа ќе си седнеш и ќе си разговараш со НЕГО, а не да го жалиш како свекрва ти што го жали девер ти. И тој има уста и може да каже „И јас сум греота, и јас имам едно семејство.“ А очигледно мт САКА да им дава. Тука ти си имаш проблем со него, а не со свекорот и свекрвата. А дно дна е тоа што во целава оваа ситуација, ти присметува едно дете кое доаѓа еејј замисли ДУРИ еднаш месечно кај НЕГОВА фамилија. И шо ако прави лом? Твоето дете кога ќе порасне нема да прави? Мисли си. Толку ти е тешко да средиш еднаш месечно по огромниот хаос шо го напраило едно мало дете? А што си мислеше кога се нафати на живот во заедница? Дека мт цела фамилија негова ќе ја отпише заради тебе? Ти сметаат стари баби и мали деца, а не сакаш да си признаеш дека очигледно ниту ти, ниту мт не сте биле спремни (и се`уште не сте) за чекорот кој сте го направиле - брак и семејство.