Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.547
    Допаѓања:
    121.345
    Пол:
    Женски
    Тами, за финансиите не ти зборувам не се мешам тоа е осетлива тема, НО за внукот кој доаѓа кај баба му и дедо му еднаш месечно и ти пречи немам зборови. Како прво знаеш ли ти колку ја боли свекрва ти што внучето си го гледа само еднаш месечно од x причини, а не го гледа почесто? Знаеш ли како и е нејзе?? Зар сака она да го гледа тоа дете толку малку или сака почесто? Не знам што се десило меѓу неа и јатрва ти штом не и го носат почесто, но ти немаш право да се буниш за сегашнава ситуација!!
     
    На ilipili, duffi и tessie им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.766
    Допаѓања:
    23.737
    Пол:
    Женски
    Еве ја иам еден, и тоа постар, ама џабе. :D

    :rofl:
     
  3. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Тами 13, ќе бидеш баба и ти, па ќе те видам како и што ќе правиш кон своите внуци.
    Нема на светот баба и дедо кој не си ги сакаат децата и сите по некој денар ќе им дадат па макар им биле последни.
    Доаѓање еднаш месечно не е проблем, истрпи, млада си. Стави се ти во ситуацијата на јатрва ти. Пример ти да си таа, зарем нема да се радуваш што свекрва ти го сака детето, и дали не би се навредила ако на другата јатрва и смета присуството на твоето дете?
    За финансиите нема да коментирам, факт е дека тешко се заработува во денешно време.
     
    На nena2010 и tessie им се допаѓа ова.
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Да, така е, се согласувам ама не по секоја цена. Ако имаат ќе дадат, а не од едниот син да земаат, а да даваат на другиот, односно во ситуацијава зема од едното внуче, а дава на другото. Ова знае многу да иритира. Барем јас и моите дома го имаме ова осетено на своја кожа. Колку и да кажам ете баба и дедо ми се, сепак ме нервира и страшно ме лути тој факт.

    Tami13 јас те сфаќам целосно како се чувствуваш ама џабе е се доколку на маж ти тоа не му смета. Така што ти нема што да се буниш. Ако на маж ти му одговара да работи до 2, 3 вечер и потоа да ги финансира неговите и брат му тогаш ок. Ти можеш само еднаш да му укажеш на тоа, ама само еднаш и толку. Ако те сфати ок, ако не те сфати пак ок. Доколку и ти работеше и твојата плата се даваше на таков начин тогаш имаш право пред сите да застанеш и да каже стоп или доколку не се купило нешто неопходно за твоето дете само за да се даде на внучето. Инаку мој совет ќути си и трај си. И така велиш дека си собирате пари за ваше сопствено живеалиште, па издржи уште малку. Зашто ако сега ти се побуниш само ќе направиш да се испокараш со сите и никој нема да те сфати на правилен начин и ќе бидеш лошата снаа што не го сака внучето.

    А за тоа што внучето правело неред немаш право да се лутиш. И самата велиш дека доаѓа еднаш во месецот, и тебе треба да ти биде мило тоа детенце, па колку и да прави неред, а не да фрчи нервоза од твојот пост за истото. Тебе можеби и те нервира тоа дете заради постапките на неговата баба и маж ти. Ама детето не ти е виновно, виновни се возрасните.

    Да додадам, доколку ваквото финансирање продолжи константно и откако ќе си се осамостоите во ваш сопствен дом и ќе си бидете независни, тогаш имаш и тоа како право да се побуниш. Никој не е должен да финансира некој друг што е работоспособен и возрасен, па макар бил и брат.

    Сега прочитав и дека пензијата од свекор ти оди кај девер ти и плус он не работи, а работи само жена му. Мене ми изгледа работава дека ова вака било уште пред ти да влезеш во таа куќа. Очигледно така си го научиле син им, да си лежи и да му даваат пари. Уште еднаш ќе ти кажам ќути додека не си отидете од таа куќа, а откако ќе си отидете постави си твои сопствени правила.
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.553
    Допаѓања:
    139.856
    Мене баба ми секогаш ми даваше, по 50 денари, по 100, никој да не види. Снаа и е еден катил жениште, што ако видеше дека денарче ми дала, она одма ги праќаше децата да и бараат. А баба ми и дедо ми живееја со нив, заработуваа страшно многу, ама се нив им даваа, оти , нели они ќе ги чуваат кога ке остарат.
    Еднаш, за Нова година, баба ми даде 1000 денари и јас си купив блуза. Отидов да и се пофалам, иако живее на другата страна на градот. И братучетка ми виде и почна да плаче кај мајка и и оваа се симна, и почна да хитериши да и даде и на ќерка и, иако ќерка и беше 10 години, не оди никаде за НГ.
    Баба ми и рече, на маж ти ги дадов сите пари од денеска, може 5000 денари, нека ти даде он. И почна оваа да и вика како ќе дошло ден, она болна ке била и стара, ама јас да сум ја чувала со блузата. Идиотка. Јас одев еднаш у месец, највеќе 2 пати кај баба, ама тоа ме израсплака. Ја фрлив блузата у двор и си отидов. Мајка ми се јави, вујко ми се јави, се испокараа. Баба ми и дедо ми умреа у најголема мизерија, вујна ми беше таков себичен идиот што и лекови не им купуваше. Дедо ми го лазеа мрави последен пат кога го видов. Бараше прошка од мене што не ме сакал доволно, а тоа според него значеше што не ми давал пари. А увидел дека вујна ми не заслужува за толкава куќа и коли и мотори. Двајцата умреа млади, на 60тина години. Мајка ми и вујко ми не зборуваат, затоа што жена му, беше тешко љубоморна.
    Ете госпожа, до што ке доведе твоето љубоморење за 100 денари, и што растурало детето. Истрпи еден ден нека растура, дете е. А твојот кутар, до 2 работел, ама до колку спие денски? Трошиш раце да се жалиш за внучето на свекрва ти???
    Извини, а што работиш ти? АКо си невработена, можеш еднаш месечно да исчистиш по едно дете. не веруам дека ти ги мачка прозорците со маргарин.
     
    На Captain-Omni и pikolino им се допаѓа ова.
  6. Tami13

    Tami13 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    Ех,конечно ти ме сфати колку-толку.А мене не ми смета внучето туку однесувањето на баба му. Згора на се,скоро цел стан е полн со нивни ствари (постелнини,поклони од свадбата) па нашите стојат онака,кај било,потпикнати.Да имам каде да ги сместам,ќе нема и што да растура внукот,а исто така и играчките од бебушка моја сакам да си ги чувам за ко ќе потпорасне,кукли,мечиња и сл.а сега заради баба му морам да трчам по него и да му ги земам.А и ММ го кара кога растура,ама и внучко веќе си научи дека кај нас е КАКО БАКА КАЖЕ. А мож и поубаво е да си ќутам,пошо в година ова време,здравје боже,ќе бидеме во наш дом,па тогаш што сакаат нека прават :)
     
  7. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    [/quote]

    Ех,конечно ти ме сфати колку-толку.А мене не ми смета внучето туку однесувањето на баба му. Згора на се,скоро цел стан е полн со нивни ствари (постелнини,поклони од свадбата) па нашите стојат онака,кај било,потпикнати.Да имам каде да ги сместам,ќе нема и што да растура внукот,а исто така и играчките од бебушка моја сакам да си ги чувам за ко ќе потпорасне,кукли,мечиња и сл.а сега заради баба му морам да трчам по него и да му ги земам.А и ММ го кара кога растура,ама и внучко веќе си научи дека кај нас е КАКО БАКА КАЖЕ. А мож и поубаво е да си ќутам,пошо в година ова време,здравје боже,ќе бидеме во наш дом,па тогаш што сакаат нека прават :)[/quote]
    ја свакам твојата ситуација но најдобро ке биде да си молцис ,ако проговорис несто утре нема да знаес кај ке ти е главата од проблеми бидејки си нова во куката истрај додека да си отидете под вас кров тогас е друга приказна за твоја мир и мир на бебусот да узива со мамицка е најубаво да премолцис и да стискас заби поздрав
     
  8. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Ejjj de de,pa babata ako saka da si dava pari na vnuchinja,neka si dava od svoj dzeb,taka?Zoshto mora soprugot na Tami da raboti do niedno vreme,nit zena da vidi,nit dete,a negovata zarabotka da se dava na drug?Em po doma ne e,em pokratok vo dzeb.Familija si e familija,ama pa sega ovie shto zarabotuvaat ke se stiskaat,a nekoj drug ke koristi..kako pa da ne :emo: .Tami nemoj da si sobirash na dusha,izjasni se pred soprugot,samo taka mozhesh da go reshish problemot.Oti toj shto si e nauchen da koristi ke si koristi dodeka izvorot ne presushi.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tami13

    Tami13 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    Фала гласна. А Ска,јас не раб.зс сеуште студирам,а и бебето ми е мало...и значи,НЕ МИ СМЕТА ВНУЧЕТО,ТУКУ ПОНАШАЊЕТО НА СВЕКРВА МИ!
     
  10. Tami13

    Tami13 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    Мајка му е,не може да не и даде,ама она постојано бара НА ЗАЕМ олку-онолку,а никогаш не рекла еве ти го враќам заемот од некни. И кога одиме по родендени или свадби,одиме заедно со 1 поклон,а тој поклон нормално е од наша страна,или ние само го купуваме или ако се пари,само ние ставаме во пликот,а тие си идат на готово.Во една прилика им рече мм,аман,само стај ти сте се научиле и тие му рекоа,аман синко,кој како ке имат,нз вака,нз така...и пак остана истотоо..
     
  11. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    А зошто дозволуваш да фаќа ваши работи?
    Свеки може да му дозволува да прави лом ама нека растура нејзини ствари а вашите не чекај некој да му рече ти ќе си кажеш, тоа несмееш да пипкаш.
    Нема што да ти е страв, ако сама не си ги заштитиш твоите работи немој да мислиш дека свеки ќе се потепа да го кара.
    И кај мене е исто кога ќе ги донесе децата од золва ми тие прво гледаат што може да расипат од играчките на ќерка ми да се возат во количката нејзина :o и јас што да не ќе чекам она да ги кара. Партал ги правам и ич не ми е гајле.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tami13

    Tami13 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    Ќе треба така да почнам...а ако сум само 1 год во куќава.
     
  13. Tami13

    Tami13 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    Раб.е што пензијата од 300 евра оди кај деверми,а јатрвами скоро толку зема плата,кај нив таму не плаќаат ни сметки,ни ништо.се е за нив и детето...а од др стана,мора секогаш да му даде пари в раце на внучето. Ако сака така,нека остава некој денар од пензијата,така?
     
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Ти за тоа не се секирај се ќе си легне, и маж ми се удираше во гради за децата од сестра му јас пукав во себе ама кога требаше они за неговото поклон да купат и они со рацете во џеб ееее да видиш сега како се смени. Никој не е до толку будала само издржи до моментот кога ќе му се отворат очите.
     
  15. Tami13

    Tami13 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    Вакво нешто сакав да слушнам сесилиа. Фала :*
     
  16. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.539
    Допаѓања:
    174.342
    А да си излезете под кирија ,а ?
    Ќе си ставиш клуч на врата и никој нема да ти растура по дома....

    Па кажи фала ти Боже што деверот излегол домазет(немој да мислиш дека нему му е лесно,како и да ти изгледа тебе дека ужива,мислам дека се лажеш) колку толку сте ималекаде да се приберете со сопругот и детето и имате можност да штедите за свој дом.
    Замисли си да решил деверот да остане во станот.... тогаш автоматски ќе сте морале да излезете под кирија и да фрлаш 150 евра на кирија.Е сега ...да ќефрлаш на кирија,ама ќе имаш мир...
    Сеуште не ви е доцна да излезете под кирија...тогаш наместо на брат му и на внучето,парите ќе ги давате на кирија,ама ќе имаш мир.
     
  17. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Леле јас сум готова, ќе пукнам. Свекрва ми вчера заклучи дека Матеј ќе биде женкар на татко му. Ејјјјј, жено што ти е, ми одеше да и плеснам се во лице, ми пукна филмот. Кога и да дојде да го види Матеј само збори дека цел е на дедо му (свекор ми) по карактер. Како може да знае на кого ќе биде. Будала жена. Да не ми е овој форум не знам на како би издржала да не кажам на никој.
    Со душа чекам да го завршам факултетот, да се вработам и да си одиме од оваа куќа.
     
  18. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Теа, не паѓај лесно на провокации, гледаш дека сака да те излудува.Што се сеќираш нека збори...од едно влегло од другото уво излегло.На кого ќе биде нека биде.Џабе губиш нерви.
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    ^^ Знам како ти е, мислам дека +/- сите новопечени мајки сме го поминале тоа...не можеш да ја измениш, ниту пак е било каква причина да се конфронтираш со некој, затоа - умот на пасење, и секогаш, ама СЕКОГАШ, повторувај си дека тоа дете е ВАШЕ - твое и на сопругот, и ќе личи само на вас, на никој друг. Кога ќе ти „легни“ целава нова ситуација, кога ќе почне малото да влече само кон тебе и таткото (што е и нормално нели), и тебе повеќе нема да те јадат вакви моменти, зошто твојата сатисфакција ќе е љубовта која тоа ангелче ќе ти ја дава несебично :)
    Претпоставувам сега е бебе, не комуницира, и од сега се кршат копја кого повеќе ќе сака, кон кого ќе се наклонува....ама без разлика на кого ќе личи, за тоа дете ТИ ќе си секогаш првиот и последниот човек за се`. Имај го тоа на ум, и ќе видиш како сите забелешки нема ни да ги перцепираш ;)
     
    На pikolino и lolyta777 им се допаѓа ова.
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Бабите најчесто исто си ги сакаат внучињата. Грев е некое да делиш сепак сите се дечиња. Тука не се мешам.

    Но, ми пречи кога некои ќе советуваат за ќерката (сестрата на мажот), си има права во куќата, ќе се понаша како сака, шо сака ќе прави (доколку е мажена).
    Па не ми оди баш некако... :?:

    Тетка ми е мажена (баба ми и дедо ми им помогнале многу финансиски), а дома во куќата ние живееме, чистиме, реновираме, вложуваме... Тетка ми ниту еден денар не дала (ниту имало потреба да дава), ниту на баба ми и дедо ми додека беа живи ги гледаше. За рано и за лошо ние од дома трчавме за нив.
    И затоа дедо ми секогаш ни даваше повеќе пари нас, повеќе не сакаше и го признаваше тоа. Зошто ние бевме секогаш тука за него. Нив ги немаше. Си уживаа во нивниот одвоен живот без стари луѓе дома.

    И потоа се лутеа кога баба ми и дедо ми ќе ни купеа нешто поскапо. На крајот и од куќата бараа за која ние сме крателе од уста за да вложиме во неа

    Мислам дека кога веќе си делен настрана немаш многу права да бараш. Ама и кога ќе доаѓаш на гости да се понашаш разуздано зошто ти се може.
    Многу жени тоа го користат, забораваат дека куќата има снаа, па си пребаруваат внатре, се раскомотуваат, децата прават лом, а не смее пола збор да им се рече.
    А, дома им, дојди прави така ако можеш!
     
    На Anyshka и Glasna им се допаѓа ова.