Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Нена, мислам дека Симона збореше за оние што повеќе се лигават а и такви ги има. Каков е веќе тој претеризам од типот, ми влегува в соба, ме прашува што работам( :^) ), колку плата земам( :^) )... Тоа проблем ли е? Тоа што некои свекрви ги интересира снаата каде им работи и колку плата зема јас не го гледам како проблем, уште помалку е проблем тоа дека им влегуваат во соба. Па нормално дека ќе влегуваат ако живеат заедно, нормално со граници. За работата нормално е да знаат исто и колку плата земаат, се живее во заедница т.е. една куќа. Не дека Симона не ги разбира оние што поминуваат низ пекол, но повеќето се такви што се лигават, искрено како што напишав поназад, повеќе проблемите потсвесно си ги создаваме и замеруваме на се и сешто. Вие и се нафрливте, а веројатно не и ја разбравте поентата.
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Symona

    Symona Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Фала богу некој разбра што сакам да кажам :rofl: не овдеке сепак е поважно да се лигавиш за нај банални работи отколку да признаеш дека се лигавиш, една членка кажа дека свекрвата и префрлала кога ке си купела нешто за нејзе тоест свекрвата зборела како таа има сметки за плаќање и неможела да си купи нешто а госпогата лигава вели „ не ја терам јас да ги плаќа’’ па и на госпогата лигава нема да и се исушат рацете ако и купи една маичка од мапзарче на свекрвата пошо и готви и плаќа сметки итн итн.
    Но реков поубаво би ни било кога свекрвите би биле неми слугинки да исчистат да спремат, а потоа да ги затвориме во подрум остатокот од денот. Нивно мислење околу нешто бог да чува и да брани кој се тие нас да не прашуваат или да ни дадат некој совет! па на крај краева ако сакам да прашам нешто или ми треба совет ке и се јавам на мама или на другарките што има таа воопшто да ми кажува мене нешто.
    Ете во 90% поплаките од свекрвите се такви на форумов а и во реалниот живот.
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.334
    Допаѓања:
    114.038
    Пол:
    Женски
    Искрено ни моите родители не знаат колкава плата земам. Па зашто па свекрва ми да знае или било кој друг. Тоа е бре деловна тајна која ни маж не треба да ја знае. Да не треба на 1 ви да и ја давам неа платата или на маж ми??? Е тоа примитвно размислување кај мене не пали. А за поделба на трошоците сум. Секој треба да учествува кога веќе се живее во заедница. Грешка е само едните да плаќаат ако и двете страни имаат примања. И за одржувањето на домот.
     
    На Stancence, Anyshka, mariah.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Symona

    Symona Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60

    [mod-navredi:xmnn3mol][/mod-navredi:xmnn3mol]
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Нена извини може ќе те навредам, ама се ми се чини дека си живееш во некој си свет во кој само твоето его е важно и ништо друго, затоа ти се случило тоа што ти се случило. Кој е проблемот ако на пример знае колкава плата земаш? Ќе ти ја земе случајно? Зошто да се прави проблем околу тоа? Ако сака да знае - кажи и. Нема зошто да се нарушуваат односите за банални работи. Нека ти го егото, добро е да го имаш, само пази кога ќе тропнат годините и самотијата на врата, тогаш нема да е егото толку важно. Ова ако сакаш и како совет земи го, сеедно што сум помала од тебе. Можеби ете тебе ти е убаво да бидеш осамена, но не дели овакви совети на свое искуство да читаат други девојки, па да ги применуваат после да се чудат што ги снашло. Сум на пример да не ја занима колку плата земаш, но ако живеете одделено, но во заедница не гледам проблем голем околу тоа.
     
    На dushiche му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.103
    Допаѓања:
    66.982
    Пол:
    Женски
    Сосема сте оф топик. Ве замолувам да се држите до темата и да се воздржите од навреди.
     
  7. Symona

    Symona Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Јас се извинувам за тоа што сум оф топик но сепак има врска со темава, личност која никогаш не живеела со свекрва и свекор се дрзнува да дели совети според нејзиното гледање на работите. И турка погрешни констатации како единствено правилни нешта кој треба сите да ги применуваат. Сепак некој кој воопшто не е компетентен и нема искуство во такви работи да дели совети за било што на форум се нарекува трол колку и да е интересен и да си мисли дека е во право да го бута неговото гледиште на работите.
    Или по едноставно кажано исто како кога стоматолог ти поставува кардио васкуларна дијагноза и ти препишува лекарства притоа тврдејки ти дека неговото мислење е најдобро
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.334
    Допаѓања:
    114.038
    Пол:
    Женски
    Леле, леле, ама се пуштивте. Навреди, навреди, леле мори мајко. Како прво, јас не сум воопшто егоиста и за да дадеш на некого таков епитет треба мноооооогу добро да го познаваш, а овде никој со никого не се познаваме.
    Симона, искрено се надевам дека истото јас што го поминав со бившиот и колку болка и се прежиевав ќе го доживееш ти или некој блиозк на тебе, па после ќе те видам дали вака ќе зборуваш. Како што кажав претхдно некои работи не се за во јавност. Трето, за мене не се проблем работи од типот, свекрва ми го поместила чаршафот, па сега јас ќе правам дома драма од тоа. Го поместила, го поместила. Јака ствар!!! Според мене ВИСТИНСКИ проблеми се оние кога роварат во бракот, кога на секој начин пробуваат да ги разделат младите. Навреди од страната на свекврата, подметнувања и слично.

    Точно е дека не сум живеела со свекрва и искрено се недевам дека нема да живеам во заедница, но ако дојде до потреба да се живее (болест или слични проблеми) сигурно нема да речам не и да одбијам одма. И таа е човечко суштство. Така да ве молам. ако имате малку лична култура да се воздржите од навреди, не само кон мене, туку и кон сите други. И пазете што ви излегува од уста, зашто се се враќа се се плаќа.
     
    На Stancence и nice-girl им се допаѓа ова.
  9. kiki3047

    kiki3047 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    24
    немора да се навредуваме секој нека си напише што го мачи зошто сепак овој форум нее брачно советувалиште него филтер на кого пишано се изразуваме како се осекаме.....
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    факт е дека во почетокот на бракот, ќе има мешање од двата пара родители на младите, мора цврсто да се држите еден до друг, да си ги кажувате мислењата за родителите,само запамтете никогаш немојте да бидете престроги со неговите, тие го пораснале и секако дека му мислат најдобро, никој не посакува лошо на своето дете.Мајката е мајка и не може да ја замени свекрвата никако, но и од неа може да се научат некои работи.Ако живеете заедно научете ги сопствените маани и немојте да се нервирате една со друга намерно,вие сте помлади и ако ништо друго бидете потолерантни и докажете дека сте културни и дека вашите добро ве воспитале.Ако дозволите бракот да ви се распадне ради родителите мислам дека немало доволно љубов,разбирање и почитување,Сакајте се и научете некогаш да попуштите.
     
    На femina11 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Leea...22

    Leea...22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    110
    Зошто би биле проблем, јасно е дека никоја снаа и свекрва не се сакаат толку многу, но би можело од култура некогаш да си седнат заедно на кафе дали кај снаата или свекрвата, да има еден пријателски однос, што би коштало едно кафе... Зошто кога свекрвата не ме задева и не ми прави проблеми јас да ја мразам, само да има давам повод на луѓето да ме зборуваат... Подобро да ми љубоморат дека многу ни е добро... Ако не друго барем во нивните очи да изгледаме дека се сакаме, а и не би било фер, сепак таа е мајка на мојот дечко, како тој ги почитува моите така и јас неговите! :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.599
    Допаѓања:
    106.478
    Пол:
    Женски
    Ма има свекрви - срциња што навистина се добри и секоја чест до нив ( и мојата свекрва си е супер). Ама па живеев 19 години со баба ми ( која сега е почината) и добро знам што и правеше на мајка ми. Не сакаше нејзините да доаѓаат кај нас на гости , ниту кога јас и брат ми сме биле мали несакала да не чува ниту нешто да помогне ( а и сама кажала на мајка ми дека нејке деца :^) )
    Постојано се качуваше на 2 спрат и гледаше што прави мајка ми па само маани и наоѓаше , па кога ке се скараа го набедуваше татко ми да биде против мајка ми. Не викам дека сите свекрви се исти , некои се стварно ок , а некои што ти го уништуваат животот...Како и да е, најубаво е да си живееш одделно и така повеке ке си си мил еден со друг :)
    Свекрва ми вика најубаво е да си живееш сам , да можеш по гаќи да си се шеташ дома :D

    И ке кажам еден пример - Имам една комшивка која што маж и се понаша како дете ( секогаш и секаде оди некаде со татко му , на пр. на доктор итн) а има 45 години. А кутрата таа сама се грижи за детето , без никаква помош од свекрвата , не и дозволувала да донесе некоја пријателка , а свекор и секој месец и ја зима платата и тој и дава пари кога таа ке побара :devil:
    Сега пред неколку месеца разбрав дека отишла под кирија. Затоа вие што имате такви свекрви и ако имате можност бегајте подалеку!
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.334
    Допаѓања:
    114.038
    Пол:
    Женски
    Знам дека темата е за проблеми меѓу снаи и свекрви, но денеска бев сведок на нешто толку убаво, буквално ме трогна.

    Бев во супер маркет и додека се шетав низ равтовите гледам една повозрасна госпожа и под рака се држи со помлада жена и младава цело време мамо, мамо. Еден топол однос меѓу нив, се осеќаше дека си имаат убава комуникација. Во исто време една друга жена и вели на постарата гопоѓа, Ви честитам колку убаво се грижи ќерка ви за вас. А госпоѓата и вели, Благодарам но таа ми е снаа од син, а си ја сакам како ќерка, иако имам 2 мои родени ќерки сега имам 3.

    Верувајте ми идеше да ја гушнам женичката. Зашто бре сите не можат да бидат такви фини и да нема тие глупости и кавги и непотребни тензии?
     
    На Stancence, evangelina.ina, nice-girl и 5 други им се допаѓа ова.
  14. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Да се надоврзам на Нена, мојата мајка има една теорија за тоа, ми вели дека таа мајка што нема ќерка не знае што значи родителска болка, најверојатно тоа го вели од нејзиното искуство со свекрва и која имала 3 сина, па била лоша свекрва( дури и јас како дете паметам како мајка ми плачеше додека татко ми беше на работа ).

    Kако и да е, јас верувам дека има добри свекрви, но исто така и лоши снаи(а за мене се тоа жени што го газат сопствениот маж и се без почит кон сопствените родители, па сигурно нема да почитуваат туѓи), бидејќи ако си добра снаа ќе бидеш и добра свекрва. И се разбира што подалеку од свекорот и свекрвата, така си помила, а ако веќе живееш во заедница треба слога и разбирање бидејќи не знаеш што животот носи.
    Jас бев единственото внуче што плачеше кога баба ми почина(свекрвата на мајка ми, а мајка на татко ми) ,иако не ме сакаше ни мене ни брат ми, но јас неа ја сакав бидејќи мене мајка ми не ме труеше против неа, а сега сум сведок на снаи што ги трујат своите деца со лоши коментари за нивните баба и дедо( тоа не можам да го разберам ). И жената мора да биде снаодлива и итра и да се бори за тоа што го сака, бидејќи животот е борба и тоа што не може да те убие те прави само посилна.
     
  15. zagrizena123

    zagrizena123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    4
    држи и тоа квалитетно место хахахах мене мојата свекрва 3 пати додека мажот ми и свекор ми беа на работа ме падеше и ми ги зашупи еднаш чевлите надвор на улицата....замислете ми удри шлаканица ете тоа ми го направи јас сум им го уништила животот откако сум дошла но тоа беше така бидејќи откако се ожени мојот сопруг со мене престана да седи по цеели денови со мајка му а таа така била навикната тој постојано да биде покрајнеа е сега јас дојдов и и го земав ајас тоа не го правев намерно едноставно постојано си бевме заедно...мислам дека откако синовите ке се оженат се јавува лубомора кај мајката тоа го имам од многу луге слушнато.и нее само тоа што ми направи ии мнооогу други работи...благодарејки на нервозите и стесовите од неа немозам веке 3 години бремена да останам ете тоа ти е секој ден си имам по еден стрес и постојано ни прави разни шушми да се караме многу пати доагавме до оставање но издрзавме тоа едобро се надевам ке се промени...а јас искрено ништо лошо не и правам постојано се водам по нејзиниот режим но никако да и погодам...и што да правам....
    [mod-tekst:353lggde][/mod-tekst:353lggde]
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zagrizena123

    zagrizena123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    4
    Еве сега јас ќе ви кажам на сите што не знаете како е.
    Јас буквално на мојата свекрва сум и слугинка, значи буквално.Т аа има 40 години не е толку стара, може се да работи здрава и права е. Сите обврски по куќава јас ги вршам, живееме во куќа на 3 спрата. Јас и маж ми сме на 3ти, а тие се на 2ри, а ручаме на први сите заедно!
    Е сега кога ќе дојде ред за чистење мојата свекрва оди на фризер, а јас ја чистам цела куќа од горе до долу... Таа кога ќе си дојде само скалите пред врата ќе ги избрише, соседите да видат, друго ништо. И кога ќе дојде ред јас да си полегнам да си одморам, ако сопругот мој оди со неа да си поседи му вели: Брееејј цееел ден газ плеска, не може да си го подигне, прашината не и е избришана не знам колку време.
    Ете тоа ти е свекрва. Е сега некој нека ми каже дека сум мамино дете и разгалена. Мислам не е фер
    такви работи да се прават од каде што се ти завршила снаа ти барем молчи си, еејј се глупираш.. Ама на кого...тоа ти е! Има и мноогу други работи и многу лоши, но не се за кажување може некој да се исплаши :D
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    Она што јас имам да го кажам на оваа тема е следново:Ние живеевме во заедница и моите родители и баба ми и дедо ми,но јас додека бев дете во ниеден момент не приметив лош однос меѓу мајка ми и баба ми. Добро понекогаш има недоразбирања но боже мили.Тоа зависи пред се од луѓето(постојат добри и лоши луѓе).Она што сметам дека е најважно да има толеранција и разбирање.Не се само свекрвите криви,јас знам и ситуација каде снаа истепа свекрва.Јас се надевам дека ке имам добар однос со мојата ми идна свекрва.Сега за сега супер ни оди :D :D :D
     
  18. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Да имам 20 години и скоро 2 сум во брак, ама да не сум мажена во никој случај не би коментирала на темава.

    Е да де и јас пред да се мажам си мислев се' ќе ми биде мед и млеко во бракот, ќе имам прекрасен однос со родителите на сопругот, ама некогаш желбите и плановите се далеку од реалноста, иако остварувањето на истите најмногу зависи од нас самите, ама секогаш е тука влијанието и на пропратни х-фактори.
     
    На cecilia му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    загрижена 123, престани да бидеш слугинка.Викаш дека живееш на3 спрат, зошто ја чистиш цела куќа, оди и ти на фризер. Чисти си само таму каде што седиш, заедно ручате, чисти само во таа просторија.Што ти е гајле што ќе рече било кој.Таа има 40 год. и веќе научила како да го живее животот а ти чисти ако немаш попаметна работа. Ова ти го кажувам од искуство, и јас живеам во заедница, мојата соба и на детето редовно ги чиста, собата на старите не ја ни пипкам а таму ручам,остатокот од куќата го чистам секоја втора недела.Порано се замлатував и само чистев,јас сум жива педантерија и ме нервира неред,ама научив да живеам и сега не дозволувам да ме користат.Готвам секој втор или трет ден, ако таа излезе да се ака јас одам кај моите на гости или намерно ги оставам без ручек, кога ќе дојде маж ми од работа ќе му направам нешто.Треба да бидеш итра, мене ни детето не ми го чуваат, ама јас му ги отворив очите на маж ми и воопшто не ми прави проблеми, ниту ме тера да чистам, ниту да готвам, значи чистам и готвам само ако ЈАС сакам а ич не ми е гајле дали ќе бидат без ручек.Немој многу да се замарас, едноставно качи си се горе, пушти си музика кога си чистиш, одмарај кога сакаш, и кога си со маж ти најди начин да му објасниш дека си му него жена,а не слугинка на целата куќа.
     
    На Anyshka и stilas7 им се допаѓа ова.
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    И мојата баба од татко ми ненормална ахххх нема крај од неа :x :x :x