Девеми нема да се врати зш нему и на јатрвата им било тесно во стан,а нејзините живеат во куќа,па ако си заминеме и ние под ќирија на пр.,стариве мн ќе се навредат,такви се,плачат за секаква ситница,и паѓаат во несвест. А ако седеше и деверми со семејството во станот ќе имавме причина да си заминеме под ќирија без никој да се навреди. А ако седиме под ќирија,ем ќе имаме мир и приватност,ем истите пари ќе ги трошиме,ама барем за нас,а за внукот,здравје,ко ќе има причина,роденден,матурски и сл.
Не знаеме бе душичке, само ти си мајка, ние останатите сме маќеи Еве моето така прави, едниот го заспивам другиот вика, што да му направам на поголемиот да го треснам од земја????ама пусто мое си е па ме боли, не е малиот син цар па сите да му висиме на трепки, бебе е, ќе се разбуди, ќе си заспие тоа му е работа. Кај мене е ово секојдневна појава а кај тебе еднаш месечно, ништо нема да и биде на ќеркати. Ово всушност е само нетрпеливост кон свекрвата, не може да се удри по магарето па се удира по самарот, жалосно особено кога станува збор за толку мало дете а плус има и голема доза на љубомора, самата си напиша дека не е само он внук сега па да му одат по газот. Изгледа имате време на претек кога се нервирате за вакви глупости, секој си влече на своја страна, мм треба да се треска од земјата ако татко ми рече дека син ми има некоја карактерна црта на мене или брат ми?? Или пак јас да се нервирам ако свекрва ми рече дека малиот личи на дедо му, двајцата се плукнати на татко им, татко им на татко му, значи двајцата личат на дедо им, нема што да е нервирам за нешто што е жива вистина. Би се увредила, нервирала ако некој ми рече дека децата личат на комшијата а за на татко им, Бог да чува не сум до толку плитка па демек јас сум ги носела во мене 9 месеци мора на мене да личат
И јас го живеев истото пред да се омажам,ама сега гледам дека и ваму ќе биде истото,пошо кога стариве не се добри,ко ќе се врати мм од раб.во 2 по полноќ,тогаш одат на доктор,тој ги носи,а ако им е лошо уште од 23 часот,деверми не смее да се вознемирува во тоа време,ќе се исплаши ако го побараат толку касно...
Епа тоа ми е муабетов бе срцка,да е мое немирното дете или на сестрами,ќе знам како да се справам,ама ако со внуков се испонашам така,ќе речат оваа уште недојдена кажува закони,а љубомора нема бе душо...ако ми е дојдено да и љубоморам на свекрва,да одам и да се убијам...мајка ми и татко ми 1000пати повеќе се грижат за внуката и поубаво ми е така,од другиве не сакам ама ништо.
Секогаш се обидувам проблемите да ги разгледам и од агол на оној другиот, па и овој на Тами. Нејзината ситуација малку ме потсеќа на односот на мајка ми со постариот внук. Значи од како се родени децата се израснати кај нас. Буквално секој викенд преспиваат кај нас. Ги сакам повеќе од се, дури се прашувам дали и своите деца ќе ги сакам како овие деца. Е сега кога се кај нас, кај баба, граници НЕ ПОСТОЈАТ. Значи од растурање, бељи правење, трошење буквално им е се дозволено. Се под заштита на баба. И се би било во ред ако тоа не е лошо и за самите деца. Во присуство на баба, сестра ми несмее да го искара, а не па јас. Пример цеееел ден е пред компјутер, не чини, за видот не чини, башка треба да учи. Ти му викаш стани одмори, тој ти вика баба рече може, баба вика остај го уште пола саат и така во круг. Јаде пред ручек чипс, па после не руча, па јаде сладолед, па пак сладолед, па чоколади, и вечер на полноќ ќе земе манџа. Му викаш не јади чипс ќе ручаме, баба вика остај го детето машко било. Се што има во фрижидер се отвара истовремено, ако има овошен јогурт од неколку вкуса сите почнати и така не дојадени стојат. Велам не е убаво детето да се научи дека цел живот што ќе му се сјаде ќе му биде достапно, е кај баба можело. За трошењето исто, баба последните пари ги зема за заедно да шетаат низ маало до продавницата, за сам да си одберел чудовиште. Така да мене јасна ми е таа бабина луда љубов кон внукот, и така ќе остане, ич не се мачи. Само ќе те мрази ако и речеш за детето. За да не се троши толку ќе си разговараш со мажот и ќе си штедиш да си се одвоите. А до тогаш тоа што не сакаш да го фаќа ќе си го тргнеш во шкаф.
А ти случајно да не земаш да раскреваш по детето? Пушти си ја баба да си расчисти ти ич да не пофаќаш, вади се со бебето, неможеш ти. А и свекрва ми ги остава децата да ја будат ќерка ми се дури еднаш два пати не и ја оставив да ја успие. Кога виде што значи да нишкаш дете пола саат па некој да ти го разбуди е сега не им дава да викаат, барем се труди што не значи дека и успева ама помислата е важна. ПС. На времето кога бев млада невеста како тебе и се срамев да им викам на децата и се пожалив на другарка ми. И она тогаш немажена ми вика како можеш така па тоа се деца бла бла, јас од дечко ми внучињата ги обожавам итн итн. Се омажи пред една година и ете ја ми се жали абе како да ме снимала па сега касетата ми ја пушта. Што да и речам? Нели ти реков?
Како да ги опишуваш внуците на мм. Од а до ш. Само што не е само пред баба. Пред сите е. На мама и тато не им пречи па зошто тогаш да се бунат другите.За појадок сладолед да се јадело А татко му место да го искара вика чекај јас да си каснам пред да го изедете вие. Така да, пак ќе кажам,колку чергата им е долга толку си ги пружаат нозите (не во смисол на пари). Начинот на кој бабите си дозволуваат да ги размазуваат децата ме иритира. Кога работев со деца одма се познаваше дека баба им ги чувала. Дете од 3 год. она го рани. па дома не сака да јаде сама (мајка му паметна, не сакаш да јадеш, ок? стани од маса, никој нема да те тера со сила да јадеш, и никој нема да те рани) Јас уште сега кажувам, ако видам дека на малата и дозволувате работи кои јас не ги дозволувам, јас одма ќе познаам. После тоа нема да ги видите со недели, да не речам месеци. Свекрвица или баба ќе го размази детето па после дома родителите си ја акаат главата што биднало.Кај мене тоа нема да помине. Па кој сака нека се лути.
Децава немаат граници, се им е дозволено и после се прашуваме зошто се збеснати, што и е на младинава !!! Знам како е со внучето на дечко ми. Се качува на маса, па го скрши стаклото. Баба му вели, ако, ако, ново ќе купиме (и детето не знае ништо да цени затоа). Во фрижидер наеднаш отвора 3-4 работи, плука по земја, не ги јади, само штета да се направи. По мене тегни, вујно стани од кревет. Вујно седни таму. Значи ме строи како војник, а јас морам да му се понижувам за да не пререче бабата. И затоа детево не знае за авторитет. Сите фиоки ги прави ничкум. И во Септември почнало в градинка Спојлер (нели јас не сум во некои односи со нив) и мајка му по пат ја сретнав се жали како в градинка правело лом, се карало си сите, грабало играчки и општо дека умот им го вади и дома. Затоа треба да пазиме, зошто воспитувањето деца не е играчка, и тие се нашата иднина утре.
Само проблемот на Тами јас не го перцепирам како демек она малку преувеличува, демек дете е дете, темпераментно такво си е секаде, само неа и смета. Туку еве мојот внук знае каде што му проаѓа. Значи кога е кај нас нема граници, пример кога се јаде, тој со лебот шета низ цела куќа, па сакал и цртан истовремено да гледа и троши насекаде. Е истото тоа дете кога си е дома, ИСКЛУЧИВО ЈАДЕ НА ТРЕПЕЗАРИСКА МАСА, и дури подбутнува со рачето да не му паѓа доле. Јас кога ја видов оваа сцена кај нив како е внимателен бев . Само прашање е како таа да не се меша, некако да се дистанцира. Јас би си стоела малку по на страна,и би се вадела на премногу обврски со бебето.
Кога прочитав дел од постовите , цел живот ке му бидам благодарна на Бог што нема да имам свекрва оффф ...
А да не е проблемот тоа што внукот е поише тинтран и е центар пажња од твоето дете па сеа не ти е право?!? Пошо според последнава реченица така делува работава. И како тоа ке научиш мало дете да ги дели играчките со другите деца кога ти како ВОЗРАСНА и според тоа поразумна нејкеш да ги споделиш со друго дете. Играчка е ,и од злато да е зошто да не ја дадеш да си игра друго дете со нејзе освен ако не си екстремно емотивно приврзана за нејзе? Или тоа ти е еден начин на инат и освета дека од другите добива се ,па сеа ти за инает нема му даваш ништо што е твое за да види како е?!? Ах бе убаво кажаа,од ваши брат или сестра да беа дали вака ке ги двоевте играчките или сами ке ги носевте у соба и ке викавте одбери си со што сакаш да си играш. Срамота Тами една возрасна и зрела личност со вакви плитки работи да се занимава. Не е дека нејкеш да ги споделиш играчките на бебето пошто во иднина сакаш да го учиш на братска делба бидејки ти освен за себичност и егоизам според твоите постови ништо друго не покажа. Утре и кришката леб ли нема да му ја дадеш ако ти побара само за да докажеш дека нема да има се што ке посака и дека твоето дете треба да биде центар пажња и тинтрано исто како него?!? И да,грешат сите оние кои ти рекоа дека немаш сериозен проблем и дека на празно се жалиш.Ти навистина имаш прсериозен проблем,ама не со свекрвата не со мажот не со едно 4 годишно дете туку со САМАТА СЕБЕ.
Секој со лично своите пари може да си прави што сака. Доколку моите решиле да даваат пари секогаш кога ќе ги видат кумашинчињата нема што јас тука да им се мешам. А уште помалку кога станува збор за внуци. И тоа без разлика дали кумашинците се побогати од нас. Некогаш мерак ти е на блиски луѓе да им подариш нешто. И доколку маж ми еднаш месечно сака да му даде пари на внукот од сестра зашто мене да ми биде криво. А и колку може да се тоа -1000 денари?! Доколку има услови и желба зашто да не даде. Сепак му се радува на тоа дете и го сака.
Колку мајки знам кои сметаат дека околу нив и нивните деца светот треба да се врти, и својата тесноградост, љубомора, незрелост, да не речам простотилок ја правдаат со тоа дека имаат тие принципи и правила кои треба да се почитуваат. Затоа не даваат играчки, затоа им доаѓа да исфрлат туѓо дете надвор во секунда затоа што го разбудило нивното бебе а се случува замисли еднаш во месец или недела дена, затоа очите како пет банки им се отвараат кога мажот или бабата даваат пари на свое внуче и затоа не сакаат да поминат 2 мин со правосмукалка после нередот на туѓо дете. Оти имаат принципи, тоа е се...
Ти очигледно си во некоја слична состојба како девер ми и внук ми,па затоа така велиш. А пошо ќерка ми е сега мала за да знае шо треба да прави со играчките,зошто сум јас тука? За да чувам тоа шо е нејзино за неа,а не за нејзиниот разгален братучед шо има цела џамбо соба и малку му е,благодарение на баба му. Мое дете,мој маж,мои принципи,мои закони,мое семејство...без разлика што и станот не е наш кај што живеам и чистам јас,и кај што маж ми плаќа се,никој нема да се понаша ко дома само затоа што е прв внук или шо и да е,пошо никој не знае каков ми бил денот или каков ќе биде наредниот...
’‘ Кога ќе потпорасне малата твоја и кога ќе оди кај братучед и' да си игра, и кога неговата мајка ќе ги крие играчките од твојата ќерка под изговор дека е разгалена и дека си има доволно свои играчки, тогаш дури ќе сфатиш колку е мизерно ова што го пишуваш... Така де, само строго, јачина си, има да ставиш мало дете во ред па што сака нека биде...бравос.
^МОЕ МОЕ МОЕ МОЕ- единствената размазена личност во ТВОЕТО семејство си ти.Не е ниту деверот,ниту свекрвата ниту ВНУКОТ. Греота за таа личност која ке треба да ја градиш и да и ги укажеш основните човечки вредности како соживот,толеранција,безрезервност,солидарност делба кога за жал ни ти не ги знаеш значењата на тие зборови а не па емотивната вредност што ја даваат на едно човечко битие. Бај д веј не сум мажена, немам девери и золви како што претпоставуваш во предходнот пост,ама затоа сум доволно зрела и разумна за да знам што е опсесивна себичност и што е само една грижа за мојата сопственот па макар и да станува збор за најминорен и безвреден предмет.
Зошто воопшто се умешуваш во ова кога не си доживеала ни една најглупава случка од ова? Затоа не ми кажувај што знам,а што не. А знам дека моето дете нема да урла по други куќи (како што не сме урлале ни јас ни сестрами,ни ред др деца шо сега идат кај нас) и нема да мора бабите да му купуваат нешто за оди да ги посетува,како што прави горенаведеното внуче (стои пред зграда и без некоја играчка не се качува горе,се дрецка,и тука настапува баба нормално со поткупување) па види сеа кој како ги учи децата.