Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.766
    Допаѓања:
    23.738
    Пол:
    Женски
    A не сум чула некоја да се жали како нивното дете е привилегирано пред братучедчето, па од истите тие принципи да и` е жал или незгодно. Некои жени многу глеале Хурем Султан, па мислат дека освен нив и нивните деца, други не треба да постојат. Многу се замарате со тоа како се понашаат со внуците. Па внуци им се, ќе ги сакаат нормално, подеднакво се разбира, ама првенче е првенче. Со него станале дедо и баба.

    Наместо да се полните со горчина затоа што се` бабата и дедото удоволуваат на дете кое не е ваше, покажете се пред нив како жени кои си го сакаат и прифаќаат мажот и неговото семејство, вие заиграјте се со нив, дури и одбранете ги некогаш кога ќе ги скараат. Сите ќе ве гледаат со други очи. Во повеќето случаи, не се сака еднаквост на внуците, туку потсвесно предимство на сопствената крв и затоа атмосферата е таква, напната, натпреварувачки настроена.
     
    На Cka и ilipili им се допаѓа ова.
  2. Tami13

    Tami13 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    Од цела дискусија само заклучив дека:Тие шо се нашле во моја ситуација барем 1 ден,знаат шо сакам да кажам во врска со растурањето,играчките итн.,а тие што се нашле во ситуација на омилен девер,внук и сл.,кај што бабата прави се за внукот да и иде на гости,дури и по цена другото внуче шо и е дома да не спие и да се дрецка од плачење неколку часа...тие знаат само да критикуваат зашто нормално нема да им е лесно ако наеднаш им секне изворот на пари наречен свекрва!
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Не ми се верува колку муабети за едно дете што еднаш месечно (па и неделно да е) доаѓа на гости кај баба му и чичко му. И јас не сакам ако претеруваат децата, и ќе свикам ако треба (имам и внуци од девер, и кумашинчиња и деца од другарки), ама па нема одбивност да покажувам (ниту да осеќам!). Посебно е забавен делот со играчките - кога ќе порасне ќерката нема ни да и бидат интересни играчките за бебиња (претпоставувам такви има сега), без оглед на тоа дали се фантастично очувани. Дете со играчката што минатата недела му била омилена оваа веќе не си игра, па не со нешто прикладно за многу помала возраст.
    Некој тука спомна дека било нормално повеќе да се сакаат внуците што се дома во однос на "делените". Апсолутна глупост! Тие се поблиски, секако ги гледаат цело време и повеќе ги познаваат, но баш затоа во тоа кратко време што ги гледаат другите и многу повеќе ги размазуваат од "домашните". Секој компензира на свој начин, баш од љубовта што ја осеќа, а не може толку често да ја покаже. Од сопствен пример говорам - јас растев со едната баба, и знам кој однос го имав со неа, а другата во друг град ја гледав на распусти (и жената беше толку среќна кога не гледаше што ако и иконата од ѕидот и ја побаравме, ни ја даваше - а имаше и други внуци од истиот град, и исто и нив си ги сакаше).

    Јас во постовите на Тами не прочитав ниту едно позитивно чувство, освен љубовта кон ќерката, ама што и нејзе ќе и биде пренесено, само времето ќе покаже.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.766
    Допаѓања:
    23.738
    Пол:
    Женски
    Тami, ти си немаш работа со парите на свекрва ти, каде сака таму ќе ги даде. А за парите кои мт ги дава на свекрва ти, веќе треба да си напраиш муабет со него, а не нејзе да ја кривиш, кога тој самиот си покажува кого преферира од тој аспект. Сигурно и тебе да ти даваат пари, нема да им ги враќаш назад. Малку ли е што се грижат за твоите студии, за твојот кров над глава, за твојот залак каснат во таа куќа?

    :clap: :clap: :clap:
     
  5. Tami13

    Tami13 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    За студиите се грижат моите,и така ќе биде додека да дипломирам,а шо се однесува до кровот над глава...само за да не се навредат тие,само заради тоа седиме сеуште со нив,а за залакот се грижи мажми..А ако таа продолжи да се однесува така и кога ќе тргне у школо малиот,кај ќе ни биде крајот...а син како син,дур бара мајка пари,он ќе дава...
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.766
    Допаѓања:
    23.738
    Пол:
    Женски
    Понашањето на свекрва ти е работа на МАЖ И`, а понашањето на маж ти е тоа што е твоја работа. Дај ќе си го правдам мажулето и ќе удрам по стари луѓе и мали деца... само можеш да направиш да те замрази мт ништо друго...
     
    На Annath, duffi, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Tami13

    Tami13 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    Кога си во заедница секое понашање е секому битно...така да ни напаѓам ни бранам некого,туку некој (свекрвами) не може да се помири со фактот дека на другиот син не може да му се погоди ништо,па така и живеалиштето,па си заминал од дома и дај сеа сите ќе го жалиме него и внукот и се живо ќе прајме само за нив,а другите шо се дома не се битни,дома се,знајш дека секој ден јадат,а како дошле до јадењето,и тоа не е битно.....а ако родителите од јатрвами таму ги гледаат го кралеви,пак тие за се се греота,а ние имаме се и нетреба да се жалиме!
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.539
    Допаѓања:
    174.342
    Е, па сега и ти зезаш...ем сакаш,ем ти стиска газот...
    Абе излезете си под кирија,убаво ти реков....а ти што ми одговори-старите ќе плачеле,ќе се нервирале...дрн-дрн јариња...
    заедничкиот живот има своја цена-вашата цена е тоа ,,мало дете кое го разгалува баба му,,.
    Па не е висока цената.Какви се проблеми има ,вие сте супер...
    а за 3-4 години внукот ќе порасне,нема вечно таков растурач да остане...
    Ајде,не драми многу,тоа дете има многу појака позиција од тебе кај старите.Со мрчење нема да постигнеш ништо,што и да кажеш-нема да држи вода...
    Прво внуче секогаш ќе остане прво.Син ми е најстар внук на моите родители-моите го гледаат како да е незнам што=како Господ да им влегува во куќа кога тој оди кај нив.Ја сакаат и ќерка ми и синот на сестра ми(он е најмал),ама мојот им е лек за душата.
    Е сега ,сестра ми е така (жал ми е што ова морам да го кажам)пољубоморна личност.Кога ќе се затекнеме кај моите (и нејзините де,родители)заедно со децата,абе жал да те фати да ја гледаш и да ја слушаш.Па се нешто на син ми му спушта муабети,се нешто многу пари трошел на облека,а нејзиниот (има само 5 години)она скромно го облекувала,па го тера син и да ги гушка баба и дедо(еднаш татко ми и кажа дека нема потреба да го малтретира детето со сила да го тера да имседи во скут на него и на мајка ми)...абе едноставно како да сака тоа „замисленото тронче“на кое се наоѓа син ми,да го земе и да го устоличи нејзиниот син.
    А замисли си,сестра ми е!!!А што ќе беше да имав снаа???Ќе ме пишуваше по форуми тука....
    Туку ај,....да сме живи и здрави..
     
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Мислам дека скоро секаде е така со прво родените внуци. И кај нас исто. На мојата мајка постариот внук и е мелем за се. Сигурно не го сака повеќе од малото, но малку е поразлично сакањето. Се него го жали, во секоја втора реченица е тој. Баш сега беше нешто казнет, нешто тотално небитно, му забраниле да излезе надвор зошто не научил. Абе мајка ми цела драма направи, и се јавуваше на телефон на сестра ми, се расправаше со неа, па кога ја виде пак тоа, па пред детето драми правеше, како така они незнаеле да воспитуваат циркузи. И тоа така ќе остане. Затоа и велам на Тами таму не чепкај. Не ти се исплати војната ти е од старт изгубена.
    Гледај да си се одвоите. Е тешко ќе им било нив. Епа сега тешко ти е тебе. Кого повеќе жалиш нив или себе. Подобро ти е со маж ти да разговараш за иднината одколку за вакви минорни работи.
     
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Како не процени сите, браво за тебе :clap:
    Тие што критикуваат се омилени девери, внуци итн |( и плус имаат извор на пари наречен свекрва :clap:

    Кај мене омилен внук е првиот син на брат ми а кај мм вероватно е најомилен првиот син на брат му :?:
    Моите не се омилени ;( ;(
    А извор на пари наречен свекрва немам имам извор на пари наречен моја плата и платата на мм, гледање на деца, куќа, готвење, чистење тоа се сами си правиме.
    Јас не чекам од свекрвата ручек секој ден и помош околу бебето имам две раце а и мм има две, затоа пак никој нема право да ни се меша во животот.
     
    На tessie, imelda, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Мислам дека на сите ни е јасно што е проблемот, освен на жената во која е проблемот :) . Се чувствува загрозена од 4-годишно дете, не знам дали е повеќе смешно или тажно тоа. Трагикомедија. За еднаш месечно ама никаков проблем за ништо не правам :emo: . Кој сака нека дојде, што сака нека прави, ќе кулирам и ќе се смешкам само, посебно ако тоа ми го купи мирот дома и мирот во душата. А за растурањето, како што си знаеме, дали ќе ни пречи зависи од тоа кој растура. И затоа Тами, многу се јасни твоите чувства кон тоа дете кое ти отворено го презираш :o , а сиротото има дури цели 4 години. Барем ти однесувај се како да имаш повеќе години и зрелост од него. Моите деца немаат први братучеди тука во МК, ама затоа можам да зборувам за внуци од братучеди кога доаѓаат, или за деца од наши другари или (кога се работи за поголемиот) за негови другарчиња. СИТЕ играчки се вадат, на патосот одиме како Шота да играме :D, се беснее здраво и сѐ што не е опасно за нив е дозволено! И мене ми е мило кога толку се забавуваат, уживам во нивната радост, едноставно. И затоа тешко сфаќам кога некој се лути што внучето фаќало играчки што не се негови (А си има свои, срам да му е, бе!). Очигледно е дека проблемот е што внучето што се разгалува е од деверот, и веројатно се лути што нејзиното дете не е на истиот трон. И може да не е, ама тоа не значи дека помалку го сакаат. Па родителите на мм различно ги третираат нашите две деца, поголемиот (првото внуче, кое подолго беше и единствено) е неприкосновениот владетел, сѐ му е нему подредено, со второто (исто наше, нели) ситуацијата ни оддалеку не е таква. А од друга страна, не збори многу пред време, назад ти е зимата, така викаат нели ;) .
    Сепак, многу недостоинствено е кога возрасен човек има такви грди чувства за дете, завист, презир, љубомора... аман бе! Само замисли си твоето така да го третират кога ќе оди некаде, да го гледаат од високо, да му кријат играчки и сл. И не викај дека твоето нема да биде такво! И ова може не е, ама ти така го доживуваш затоа што, едноставно-не го сакаш.
     
    На Dentina, mimiiiii, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ние сеуште немаме деца со мојот иден сопруг-здравје ќе биде и еднаш месечно и кај нас доаѓа да го чуваме по неколку дена внук му од сестра.Детето е толку живо што секунда не седи,дури и кога ќе спие мрда.Еднаш од вертикална состојба во спиење мене и мојот вереник не направи да сме во хоризонтална :D.Значи се фаќа,цело време не застанува и сега сите околу него трчаме што мене ми е најнормално и најголем ќеф ми е кога ќе дојде нас ни е празник во куќата бидејќи не размрдува и расположува од секојдневните проблеми кои не опкружуваат.Никогаш не ми било криво ако свеки му даде некој денар него или на ќерка му,па и мојот вереник.Па сестра му е и нивна ќерка фала богу дека ќе и помагаат колку што можат со оглед на тоа каква свекрва има таа-убиј боже да почнам да кажувам на некои проблемите ќе им изгледаат блага вода за разлика од нејзините.И што треба јас сега да правам,да пукам од љубомора,да мрчам,кривам уста и да кажам ми смета едно мало 2 годишно детенце кое што е темпераментно толку многу што сите не споулавува( во позитивна смисла) и да приумирам кога здравје ќе дојде наше дете и кога ќе дојде тоа на поседок дека кревало врева место да ми е мило дека ќе си играат и ќе минуваат време заедно или дека мене сега не ми обрнуваат доволно внимание па трчаат по него .Не,тоа според мене не е прикладно,туку најнормално е секоја баба,дедо да трча по своето внуче бидејќи е единсвтено,а и да не е јас тука не гледам ништо лошо во тоа.
    Тами конкретно за твојот ајде да речеме проблем ќе сум директна.Ти си љубоморна и за жал го гледаш проблем тоа мало детенце и тоа што сверква ти им дава нив пари.Па мајка е и баба нормално дека ќе дава колку што може и ќе им помага.Што ако си игр со играчките на твоето дете,па и ги растура.Зарем нема да ти е мило кога тие две братучеди ќе си играат по некое време или ќе им браниш за д а не растираат и да не ги скршат играчките? Па тие за тоа и се викаат играчки-бидејќи се за играње. Зарем не е помош тоа што кога си на факултет-претпоставувам одиш како што кажа го чува малото или пак што ќе направи ручек? Па биди благодарна на тоа дека некои снаи не го добиваат ни тоа.Не е проблемот во тоа мало дете,во свекрва ти,сопругот туку во твојата завист и љубомора.
     
    На Dentina, elena.mak, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Мислам дека тука главен проблем не е нниту детето ниту свекрвата, туку фактот дека сопругот на Тами воопшто не ги дели негативните чувства кон двајцата - уште во првиот пост беше кажано дека тој си го обожава внучето, а редовно финансиски ја помага мајка му. Од тука потекнува горчината, ама фрапантно е во колкава мерка таа е изразена.
     
    На Cka и Annath им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.766
    Допаѓања:
    23.738
    Пол:
    Женски
    Главниот проблем е што со маж и` немаат заеднички јазик во процесот на планирање на неговите средства тој што ги заработил. Очигледно избрзала со бракот, штом се`уште не седнала сериозно да разговара со маж и` за оваа важна проблематика ако сакаш да градиш дом, не сака да си признае, па го брани маж и` и бара алтернативни виновници, како што се стари луѓе и мали деца и потхранува горчина кон нив.

    Mм давал пари на неговите ОТКАКО ќе се договорел со мене. За тоа од старт сум му рекла. Значи кога е навистина потребно и со договор. Распределба на заеднички буџет не е небитна работа во заедничкиот живот, бракот и слично. За неа се дискутира уште на почетокот. Taка си е, ма колку и неромантично да звучи.
     
    На lolyta777, Annath и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  15. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Темава е хаос ЗОШТО? Зошто сите осудувате,критикувате,напаѓате вреѓате.
    Од кај знаете вие се,секој можен детал,нервозна личност колку логично може да се изрази во еден пост?
    Зашто толку има покварени да не речам личности кои освен вреѓање не знаат ништо, ваква си , таква си, несозреана си, па секој од Вас кој осудува ја пишува реалноста за својот живот? Пола од вас се огорчени женички кои живеат од навреди и осудувања на другите.

    Што се однесува до Тами13 , јас ја сваќам и зошто сум во иста ситуација. Она не е несозреана ниту го мрази внучето, ама не може маж и да дава пари за свекорот и свекрвата а стариве да даваат за другиве толку. Ја сум во иста ситуација, само што живеам во заедница,уште месец ќе родам и е мислам како ке ми спие детето со внуците околу. Знаете ли вие колку е тешко јас да спијам а не бебето?
    Дали сте свесни колку може тоа да влијае на психата на човек?

    Јас на свое дете нема да му дозволам да се понаша како да е излезено од зоолошка, па зашто и општо да се нема ред? Едно било што се случувало додека не си венчан,а после е друга приказна. И не знам зашто уопште се мешаат некои кои не се во брак,иил во заедница,од кај знаете вие како е?

    И НИКОЈ значи НИКОЈ нема да дозволи тоа за што тами пиша на форумот,колку и да се прави важен,и јас се им купував на внуците, па се омажив и видов колку е саат кај сите, за бебчето мое никој не ни прашува кога ке се роди и останато,а за другите душа се дава.

    Реков претходно за Нана ке видиме кога ке се омажи,ама навистина не се мешај кај што немаш поим.

    И уште еднаш премислете што пишувате . не знаете никому како му е, никој не е сиромав до толку за да му даде едно смоки на внук,ама ако никој не го Е*АВА твоето дете боли и тоа како.

    п.с. се извинувам на изразот.
     
    На Anyshka, evangelina.ina, jb82 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Па да, но генерално никаде тука не беа спомнати суми - и колку се тоа пари што се даваат на детето - ако се работи за 100, 200, па и 500 денари или 1000 еднаш месечно, зависно од семејниот буџет тие можеби и не прават некоја разлика вредна за договарање. Сопругот на Тами има кафиќ, знам дека некои газди вадат одлични пари од тоа (и сума што може да се даде на дете не е ни заокружување во дневниот пазар), други имаат само колку за пристоен приход (тука треба повеќе балансирање).

    Не знам, добивам осет дека не е тоа главниот проблем, туку нејзе и пречи општата блискост со неговата фамилија (а тоа е нешто што требало уште пред бракот да го знае). Па и утре кога/ако сами живеат, секако дека тој ќе сака братот и внучето да продолжат да му доаѓаат на гости.

    А дали некаде Тами напиша дека свекрва и го игнорира (покултурно кажано) нејзиното дете (освен можеби кога другото внуче е присутно, еднаш месечно)? Немој своите проблеми да ги проектираш на другите (или нас да не категоризираш), дискутираме буквално за она што е напишано, така како што е напишано. На форум друго и не може.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.766
    Допаѓања:
    23.738
    Пол:
    Женски
    Кога некој не е постојано покрај нас, не ретко со угодување и пари се обидуваме да го надокнадиме времето. Потсвесно многу од нас тоа го прават и не е ништо посебно. Деверот и јатрвата не делат добро и лошо со нив, не се помагаат и не се гледаат секој ден.

    И точно е, сите осудуваме, а не се гледаме самите. Пример, Тами како го критикуваше деверот дека е домазет, дека фамилијата на жена му се грижи за него, а себеси не се гледа. Па нормално дека ќе даваат за внучето, чувствуваат грижа на совест затоа што друго семејство им се грижи за другиот син. Kојзнае колкав притисок и срам чувствуваат а со тоа и желба да се оддолжат. Тоа што земаат од устата на едниот за да дадат на другиот не е баш фер, но во семејниве односи (кои се базирани на емоции), не можеме да очекуваме секогаш голема објективност, a и не е работа на снаата да се меша во односот на мажот со неговата фамилија. Тој се градел уште пред таа да стапне таму.

    Тами не треба да се грижи дали свекрвата на нејзиното дете ќе му даде пари или ќе го игнорира или не. Треба да ја боли ако маж и` или таа не можат да му пружат, а никој друг нема реално обврска да му дава на детето. Имам кажувано дека на вујко ми многу му било мерак да ни` угодува со брат ми, но мајка ми штом ќе видела дека претерува, ни` ги земала парите од раце и му ги враќала и велела дека некогаш дури и на свекор и` и свекрвата им велела да си ја чуваат пензијата, а не па на вујко ни`. Финансирање на дете е работа на родителите (мајка и татко) и ничија друга работа. Другото нека си оди во зависност од желба. Многу ми се прости жени кои ги буцкаат децата да одат кај баба и дедо и да им бараат сосила пари. Ќе се збогатат санки од свекрвините пари. А ги има и такви. :puke:

    Единствено нешто во кое што има право да се меша се финансиите на маж и` и каде ќе одат тие. А ако не може со него да се договори, со цела фамилија да се раскара, џабе ќе и` е.
     
    На artemidis и duffi им се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    48.768
    Пол:
    Женски
    ^Кога снаата иде да живее кај зетот и е притоа невработена па е на грбот на сопругот ондак е друг муабетот.Таа е домакинка,финансиски можеби не придонесува но пере,пегла и готви па и е простено.

    Кога мажот иде да живее домазет,тогаш тој е неспособен други го издржаваат и е нижа вредност на човечанство.

    Тоа се тие двојни вредности во нашето општество.
     
    На okcenzi, duffi и tessie им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.766
    Допаѓања:
    23.738
    Пол:
    Женски
    На тоа и мислев. Баш ќе се случеше да седнеме фамилијарно и со пријатели и имаше еден кој стално на маса му префрлаа дека е домазет. И јас викав „Еeee a јас што сум дома-снаа и тоа се`уште невработена, од срам не треба од дома да излезам.“ :D

    И не ми го сфаќаа хуморот...баш ради тие ограничености и двојни аршини. И ми пропаѓаше шегата. :(
     
    На duffi и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  20. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Добро женски, или вие многу брзо пишувате, или јас бавно читам. :D Вчера имав уште само 2 страни да ја дочитам темава, ама имав работа и си реков, ајде утре. Денес гледам уште +10 страни :o :D .
    Не ги дочитав сите постови, ситуацијата на Тами13 ми привлече внимание, затоа што и јас во еден период исто така се чувствував.
    Имено :D , ние моментално сме во период на селење, т.е. по две години живеење во заедница, еве сега се делиме, во свој дом (додуша, малку и на банката е :lol: , ама ќе биде наш). Деверот и јатрвата своевремено, исто така живееле во заедница со старите 2-3 години дури да се иселат во комшии (т.е. во новата кукичка). Првата година од моето живеење таму, јас приметив дека они наместо во дуќан имаат навика да си дојдат тука и да си побараат што им треба (1-2 глави кромид, морков, едно млеко, малку сенф, малку брашно, малку ова, малку она...), а има дуќан на 20м од дома, уште еден на 50м, и еден маркет на 200-300м :^) . Си ќутев малку, ама со оглед на тоа што и јас и мажот ми работевме, си плаќавме сметки (на пола), купувавме за дома и плус дававме малку пари за да се купуваат неопходни работи за дома, тоа барање (мене на просење ми личеше) од страна на девер ми и давањето од страна на свекрва ми почна ептен многу да ми смета, и еден ден - пукна! Ја застанав свекрва ми и и реков се‘, и двајцата (деверот и јатрвата) работат и нека си купат. Ние не работиме за нив да ги издржуваме. Знам дека на жената тешко и падна, ама од тогаш, пред мене не им даде (а ниту тој побара) нешто од нашите залихи.

    Сакам да кажам, можеби требаше да преќутам, бидејќи ми беше тешко потоа, ми беше многу непријатно. Таа е мајка и сака да им помогне. Тоа што тие (деверот и јатрвата) и двајцата имаат подобри примања од нас двајца, а пак не можат да сврзат крај со крај, е резултат на лошото менаџирање со парите од нивна страна. Сега кога се одделуваме од таму, не ми е гајле што сака нека дава. Но, жал ми е што знам дека (стариве) немаат доволно за нив, а тој пак без срам ќе бара по нешто. Ама нивен син, таков си е. Од друга страна, мојот сопруг не е таков. Не зема, не бара. Што и да ни треба- ќе оди ќе купи. И многу е по греовит, и знае во каква состојба се, и сака да им помага како и колку може. И не само кон нив, туку и кон моите родители, сака да им помогне, сака да им се оддолжи бидејќи и тие многу ни се најдоа.

    Секој родител сака да подаде на своето дете (и моите ми подаваат по нешто, даваат и на сестрите ми), ама кога сметките се измешани, не се знае кој кому дава. Доколку родителите живеат сами (како моите родители, како сега што ќе живеат сами и родителите на мојот сопруг) тогаш кој колку има, кој колку сака и кому сака нека дава. Но ни во тој случај, не е фер детето што се одвоило од дома сам/а да бара од родителите. Ниту јас сум барала, ниту моите сестри барале нешто од моите родители. А пак, доколку има дома уште едно семејство: син и снаа или ќерка и зет, и живеат во заедница, тогаш не се знае кој кому дава.
     
    На Anyshka, Glasna и Sweetheart87 им се допаѓа ова.