Па каква емоционална зрелост очекувате од 22 годишна девојка која до вчера гледала млади бунтовници сега треба да е домакинка? Сама си си крива Тами што ни факултет завршено ни обезбедено живеалиште сте трчале кон брак, наместо да се осамосталите до крај, а ти уште чекаш од мајка ти пари а имаш дете кое утре од тебе се ќе бара? По автоматизам мајка ти сега има две деца ти и твоето дете. Маж ти работи, знам он се грижи за залакот ама дете не се расте само со залак треба и да го воспиташ утре и тоа правилно. Кажете ме лоша, ме нарекувале и љубоморна али тоа пребрзо стапување у брак трчање како да ќе ви го украде мажот некоја а ни финансиски ни емоционално не сте спремни за тоа ја гледам вината само во вас драги мои и во никој друг. Не сте можеле да почекате 2-3 години да се осамостоите и како воздрасни да почнете живот или најлесно е кога друг плаќа сметки и на туѓ грб е полесно? Нашите родители се и делумно криви што не праат бескичмењаци па цел живо они даваат пари, кај нив живееме, итн....Иди под крија брате па биди сам свој газда и стои на свои нозе, ако било лесно со свекор и свекрва сите ќе живееле по дома. Треба да се прави тест за емоционална зрелост пред влагање у брак, зашто гледам ја претравте од 18 со прстени на рака и дете чува дете, не иде..
Годините како бројка не играат улога, ако не се поврзани со зрелоста. Jaс бев дел од заедница и пред брак (имав снаа која не влезе во брак многу млада па што се вели повеќе таа можеше да научи од мене отколку ли обратното, мислам на понашање и ставови и знаење на своето место) и тоа многу ми помогна бргу да ги научам правилата на игра иако се омажив млада. А материјалната самостојност е релативна работа, денес ја имаш, утре ќе ја изгубиш. Она во главата носи највеќе бодови на тестот.
Теси се согласувам потполно со тебе. Јас имав ваква вујна, а не бев немирно дете, воопшто. Не сум растурала, а пак ме мразела. Годините не играат улога тука, ниту пак образованието, тука игра улога туѓо дете, она колку и да е стара така ќе збори, она нема чувства за туѓи деца освен за своето. Факултетот не те прави човек ако не си, ти дава поголемо знаење од одредена област. Остај ги финансиските проблеми, проблемите со деверот и т.н, детето не ти е криво, што ако бабата му дава пари, ало дете е А муабетот ми растура цел стан, незнам колку може да ти го растури, живеев јас во стан од 30 квадрата и три ѓаволчиња ми го "растурале", преполнет со работи како магацин, а тоа не беше ништо што неможеше да се среди за 10-15 минути. Искрено што очекуваш од дете да прави кога ќе ти дојде? Играчки не му даваш зошто нели оно ќе ти ги изеде, сакаш муабет за Бранко и Грујо да седне да ти прави? Па не бе мацо, ќе си бара занимација. И маж ти сигурно гледа дека не му даваш на детето да си игра и го брани. За девојкава совет, издржи уште малку, детето само нема да сака да те види, не се секирај. Оно си осеќа колку е посакувано од тебе
Не сфаќам зошто некои од нас чувствуваат потреба да ги напаѓаат оние со кои делат различно мислење. Уште малку и виртуелни шлаканици по Тами ќе фрчеа Можеби поради тоа што сум воспитана во воена фамилија каде владее ред и дисциплина, јас можам до некаде да разберам што ја мачи Тами. И ај да бидеме реални вие како деца кога одевте по гости, па макар и кај баба и дедо урлавте ко луди, траскавте далечински од телевизори (нели пошто тогаш немаше компјутери) или рошкавте по туѓи плакари. Ова нема никаква врска со тоа дали детето е немирно. Ете јас и брат ми сме биле многу палави како деца ама никогаш вакво однесување не сме имале. Затоа што ова не е последица на живоста на детето, туку напротив, на отсуството на домашно воспитание. А тоа што бабата го тинтра и кога треба и кога не треба после има фино лепо од глава да им се окрши. Затоа што дете кое нема никаква почит кон авторитет после тоа р'шум ќе прави и во градинка и во училиште. И после ќе се чудат зашто. Е па затоа де. А тоа што бабата дава туѓи пари (од сопругот) а нивните (пензијата) ги даваат на деверот, е тоа драга Тами мораш со сопругот да го решиш. Затоа што тоа е аранжман меѓу него и свекрва ти. За играчките нема да коментирам затоа што секој од нас е различен. Некој ниту чепка по туѓи работи, ама не сака и по негови да се чепка. А јас како гостин во нечија куќа културно е да ги почитувам правилата на домаќинот. п.с. Еден совет Тами - наместо сите играчки да ги собираш па малиот затоа што нема со што да игра па си рошка насекаде, остави неколку играчки за да има детето со што да се занимава. Стави му неколку игри погодни за негова возраст на компјутерот и седни со него, ти или маж ти, па со убаво (со и благи зборови) покажи му како се играат. Ако го заинтригираш, верувај нема дете што нема да реагира на таков убав, лежерен и полн со детски дух пристап. И волкот сит и овците на број
Оправдувања, оправдувања, ќе преплачат, ако се онесвестат две три слаканицаи и колоњска вод ако турскиве серии и оп ќе живнат. Ајде ајде не ги жали толку молим те, туку убаво ти е да си седиш кај свекрва додека е мало бебето па си имаш и помош и плус студираш. не те критикувам, само дај биди искрена пред нас овде и себе си па кажи како е. А за детето не почнувај војна таа ти е однаред изгубена. Јас како тетка на 4 внуци кога ќе ми дојдат на гости а бе станов ми го прават лом, и сега да ми дојде мене дечко ми ( утре маж ми) и да ми каже дека му сметаат??? знаеш што ќе си добие?? Прстот накај вратата, и нема да ме види повеќе. Тие ми се крв, тие ми се мои и не давам никој да каже нешто. Па сега после ова се надевам ти е појасно да соледаш што те чека ако отвориш тема дома. Свекрва ти нема да сака да те погледне, маж ти ќе се навреди, и ТИ ќе бидеш кривата. А ако е толку немирно, придобиј го бе некако, биди му авторитет, да видиш како ќе те слуша. Со деца треба само малку психологија. И од лошата тетка вештерка ќе станеш омилената тетка на планетава.
Не сум снаа, ама ја следам темава чат-пат така не за друго најактивна е . И ми се чини дека сите тоооооооллллллку преувеличувате за глупости, толку нема во песнине за Марко Крале. И снаите и останатите што коментирате. Се поставува еден „проблем“, дали е голем или не си знае личноста што го поставува и толку се навлегува во суштина, во буквалност што боли глава кога чита човек. Не ми е целта да ве нападнам ама има огромни постови со хипотетички ситуации, а уствари просто е решението. Секоја жена различно гледа на работите и ако некоја може да истолерира некое дете да и растура, некоја не. Е ајде сега на сите што можете награда за мир да ви се даде, а другиве што не можат нека бидат каменувани. Просто е: жената треба да седне со сопругот да си разговара , да си каже дека има нешто што и смета, ако биде прифатено арно, ако не, секако ќе се дели, нека не си ствара проблеми за глупости. А вашите финансиски средства си се ваши и ВИЕ т.е сопругот и ти може да правите што сакате со нив, затоа со сопругот треба да разговараш, со никој друг. И многу лично ги сфаќате работите и место совет да дадете некој, ги напаѓате лицата кои пишуваат. Малку чил аут...
Ама во случајот е 3ца против 1 Бабата, дедото и сопругот се радосни кога внукот е тука и не им смета . И смета само на Тами . Нема да навлегувам во тоа зошто на Тами толку и смета мало дете и дури оди во крајност да крие играчки ... Ама сепак на нејзино место би направила компромис , сепак се работи за еднаш месечно ! А што се однесува до финансиите , нема проблем со свекрвата туку со мажот . Ете штеделе за стан , значи секоја пара им е добродојдена , па и тој маж треба да се освести која му е фамилија , има мало дете и жена а живеет во 50 квадрати 2 фамилии. Доколку таа парична помош влијае врз нивните планови за иднината и јас би се бунела и тоа како , ама не на погрешно место те кај свекрвата , туку кај сопругот . А ако се работи за ситна сума ,и не влијае многу на буџетот , нема да се мешам .
Малку офф јас но морав. Редовно, редовно сум на оваа тема, и покрај тоа што немам проблем. Лесно е да кажеме ние од страна или да дадеме совет за проблем кој ние го немаме, посебно феминките кои не се во брак. Не е толку просто и едноставно, вие мислите дека е, затоа што не сте се нашле во таква или слична ситуација. Седни разговарај со сопругот ако не те послуша дели се? Или еден мора да попушти, па сега оваа снаата е дојдена во фамилијата и треба да биде ТЕЛЕ, сите да ги слуша и да прави како им одговара на другите? А дали има можност да замине да живее посебно, дали им дозволуваат финансиите? Не зборувам само за еден пост, туку читам коментари за кои не се дава совет, туку едноставно колку нешто да се напише. Темата убаво си гласи, ПРОБЛЕМИ, тука секоја феминка си кажува причина за која мисли дека стварно и е проблем, е сега ние ако можеме ќе и дадеме совет, ако не, нема потреба да коментираме дека нејзиното не е проблем, дека е просто или сложено или не знам какво.
Како бре вака си се жалите дека некој ве вреѓа, не е лошо да си препрочиташ колку навреди самата напиша, кажи си кој се тие огорчени женички, анонимен е форумот, тука ако не сте искрени не знам каде би биле. И не, не се пронајдов во огорчените женички Пишува некаде во правилата на форумот само тие што се мажени и живеат во заедница 2-3 семејства во 50 квадрата имаат право да пишуваат на темата? Тие внуци постоеле и пред да се мажиш, знаеше какви се условите во кои ќе живееш и сега на децава што да им прават, да ги избркат од дома затоа што твоето бебе треба да спие, не можам да ве разберам колку и да се трудам. Само се чудам што ќе правите кога ќе имате второ дете, дали тогаш на поголемото ќе му ја зашиете устата да не вика за да не се разбуди бебето или тоа бидејќи ќе е ваше ќе е ептен воспитано и нема глас да пушта додека спие бебето. Во моментот ти сеуште не си мајка, не знаеш како е да боли за дете и ти пишуваш за нешто кое сеуште не си го почувствувала, треба некој да ти забрани да пишуваш??? Сега те игнорираат тебе, тек кога ќе родиш ќе можеш да кажеш дали некој го игнорира или не твоето бебе.
Elanor ова е јавен форум, на кој секој пишува што сака и на кого сака, никој не и ставил нож на грло да си напише мислење и да пожали тоа го направила свесно дека ќе прими и негативни коментари. Јас се извинувам ако ме сфативте дека сакам да делам виртуелни воспитни лекции и шамари не ми беше тоа намерата зашто таа лекција требало дома да си ја добие и научи, тука не. Теси ти си имала среќа, ете снаа ти е еден од исклучоците, нормално не потенцирав ама од секое правило има исклучок нели. Не смеам сите да ги ставам у ист кош, точно некој и на 40 не достигнуваат емоционална зрелост па тек на 20 али просечно гледано моја генерација и помлади од мене добри 90 посто уште живеат дома или со парите на мама и тато или баба и дедо. Тоа не е зрелост и така и јас сум зрела способна и силна со туѓи пари и кога друг ми ги пере гаќите, да ми простите на израз. Точно е и тоа дека финансиската стабилност не мора да е таква засекогаш, но до кога ќе чекаме од друг да ни ги плаќа не само нашите сметки сега и на маж, дете или деца? Не е фер навистина не е. Зашто се вика брачна заедница меѓу 2ца а не меѓу 4ца или пак 6орица ако ги вклучиш и двете страни родители. Абе сто пати сум рекла само негативните работи ги земаме од запад никако позитивните, у Америка е срамота на 28 години да живееш со твоите, а кај нас е нешто ко моралистичко мама и тато стан да ни купат или дома да не приберат по секоја цена...
Hipster не ми беше тоа намерата. Воопшто нема потреба да се извинуваш Секој има право да даде мислење на ситуација која некоја феминка овде јавно пред сите ја објавила. Впрочем затоа и го објавила проблемот, за да добие совети. Некој ќе биде поблаг, некој поостар. Секој совет е важен затоа што разгледува различни аспекти од конкретниот проблем. Меѓутоа она што воопшто не ми се допаѓа, а на тоа мислев кога го напишав горе цитираното, е кога наместо да се даде совет или мислење за конкретниот проблем почнува да се напаѓа оригиналниот пишувач на проблемот - де ваква била, де таква била. Бре, бре демек сите ние по дома сме Ганди кога станува збор за решавање конфликти. Ако некому толку му изгледа тривијален проблемот зошто воопшто се мачи да пишува коментар. И тоа коментар во кој ќе го омаловажува значењето и големината на проблемот со кој нашата форумџика се соочува. Па не мора на се да се реагира. Scroll надолу или tab друга тема. Малку повеќе почит и разбирање. Сепак сме едно големо семејство Извинете за off-topic -от.
Битрерсвит штом реши да ме изанализираш и да знаеш како е ко си во таква ситуација ок твое право , моето мислење нема шанси да го сменам, а како ке биде ко ке имам второ дете не му се мисли, само гледам форумов прераснува во женси пазар. и некогаш не ни вреди да се дискутира. А секое дете ако не се научи од мало како треба да се однесува,или ако тоа што го зборам јас не е правилно,тогаш алал да им е на оние супер мајки кои се можат да истолерираат. Ете можеби во мене е грешката шео сакам убаво однесување. За овој муабет толку од мене. Само тенка е линијата од нормално немирни и разгалени деца.
Кога јас се омажив неможев да си го најдам местото и сите ми сметаа, од золви до внуци а па за свекрва ми беше посебна приказна. Кога после некое време сфатив дека иако во заедница јас и маж ми сме свое семејство и јас сум му број 1 се смирив во душата и ги прифатив работите. Одеднаш сфатив дека немале другите проблем со мене туку јас со себе.
Е, тоа е, двојни аршини. За истата кажана работа на некоја ќе ја подржат со 10 лајкови, а на друга ќе ја задават со 10 коментари. И клише ми стана она, јавен форум е, абе си дебатираме. Биди реален. Кажи си го својот став, не лижи туѓи га*ови со сила. Иначе мислам дека за многу работи не се криви свекрвите. Мажот си е крив што не знае како да се постави. Со вистински маж на место, нема вакви банални проблеми со една свекрва.
Δ Грешка си. Зад секој силен маж стои силна жена. Без неа е само мамино детенце, без нов патоказ, без потпора, ако мама е силната жена во неговиот живот, мамин син ќе е. Така да, до снаата е. И каков Маж да очекуваш да еден човек биде кога до него застане огалена принцеза, убавата нежна таа, милото сине таа на мама? Јеп, имаш мамин син и туѓо дете од озгора. И после проблеми, епа проблеми
E да де, тоа сакам и јас да го посочам. Ама усулот и обѕирноста кон другите ни` е во акалот, ни во диплома, ни во финансии. Многу често, во овие случаи, најмал проблем се парите, туку размислувањата на одредени снаи дека со влегување во куќата, ќе се избришат сите жртви, солзи, труд на оние кои ја граделе и вложувале средства и емоции во неа и магично сите права ги добива жената. Она како ќе каже, така ќе биде, автоматски нејзино е. На такви, и диплома да им купиш и директорки да ги ставиш, џабе ќе им е, сами сосила ќе си се прават финансиски зависни, затоа што финансиите од свекорот и свекрвата се нешто што тие очекуваат, а не нешто без кое што ќе умрат од глад. Треба да поседуваат свест и иницијатива за финансиско осамостојување, пред самите финансии. Да си свесен дека не треба цел живот да живееш на нечиј грб, треба во акалот нешто да имаш. Е на тоа јас мислев кога реков тоа што е во главата највеќе бодови носи, а за другото се согласувам.
Не се согласувам. Најсилна, најнезависна, зрела итн. итн. жена да бидеш, ако мажот е мамин син ќе биде и ќе остане мамин син. Корените на проблемот се многу посложени и мултислоевити. Најнапред најголемо влијание има односот мајка-син и дали и колку мајката зазема доминантна позиција во животот на нејзиниот син. Ретко која ќе сака да се откаже од таа положба. Овде секако придонесува и фактот дека кај нас младите многу доцна или пак воопшто не се осамостојуваат (финансиски или станбено) од родителите. Спојлер Не сакам да генерализирам ама овде на Балканов мажите се така малку повеќе тинтрани. Демек, остај го машко е. И многу повеќе им се попушта отколку на жените. И после во брак не добиваш маж туку добиваш едно големо дете. Длабок наклон кон жените кои успеваат да воспитаат самостојни мажи, зрели мажи кои знаат да балансираат. Жени кои не се љубоморни на снаата зашто знаат дека никој никогаш нема да им го оттргне синот. Жени кои се сигурни во себе и немаат потреба да си го потврдуваат своето значење во животот на синот со тоа што ќе му се мешаат во животот. За мене тоа се жени за почит. Неколку генерации под ист покрив е тежок дипломатски залак. Секој сака приватност, секој сака во сопствениот дом да се чувствува комотно и сл. Ни на мажот не му е лесно кога од него се бара да одбере страна помеѓу двете најважни жени во неговиот живот. И не сите мажи се мамини синови. Than God for that Ама од друга страна што можеме да очекуваме од возрасен маж кого мајка му уште го пере, пегла и му мести алишта по шкафови. Или уште полошо, по 20 пати на ден го бара на телефон дали ручал, дали пиел кафе, дали спиел .... На 5 годишна возраст ај разбирам ваква постапка, ама на 30 и кусур малку ме тера да се подразмислам. Затоа очи отворени пред мажење. Тогаш се гледа кој маж е независен и дали за секоја одлука ќе се обрати прво кај вас или кај мама. После нема чудење кога истото ќе се случува и во брак Туку понекогаш си мислам дека повеќето од овие проблеми постоеле и пред стапувањето во брак ама многу жени знаат преќутно да преминат преку нив поради желбата да се стапи во брак. Надевајќи се дека откако ќе се омажат ќе почнат полека да ги средуваат.
Многу снаи влегуваат во брак со ПРЕголеми очекувања. Очекувања дека мажот автоматски ќе ја избрише својата фамилија(нели се женил па ќе основа нова),дека мајка му ќе нема право на глас над синот и ред други работи. Значи јас сфаќам се,но не можам да сфатам како може да очекувате и да барате од вашиот маж,да заборави на сопствената мајка,сестра и остала родбина. Јас имам ќерка и бремена сум во второ. Утре ако родам син и истиот го пораснам од толку мал и од него создадам еден зрел човек,дали ако се жени ќе немам никакво право над син ми,во смисла да го прашам што прави,дали е добро или едноставно да си направиме муабет на само како мајка и син или пак ќе треба да земам дозвола од снаата адвокат за да си разговарам со сопствениот син,а притоа она да не мисли дека ако мајка и син разговараат без нејзина придружба се кова некаква завера против неа?! А за девојката која ги крие играчките пред едно 4 годишно дете немам коментар. Длабоко сум сигурна дека детето е постабилно од неа самата.
ЗОшто снаите мислат дека они треба да кажуваат како треба да функционира семејството? Се омажила на 22, без работа, живее у стан со свекор, свекрва, девер, онии веќе 30 години си функционирале заедно, и сега снаата да вика - нема свекрво ти пари да даваш за другиот син, маж ми ти дава. Извини, ама тоа семејство така си финкционирало и пред тебе. Ако се твои пари, ке кажуваш, ако не се, ке кутиш. Мене сеа снаа да ми дојде, на брат ми жената, и да и рече на мајка ми, не и купуј фарба на ќерка ти, не може од тие пари. За косичето и надвор ке лета. Не се нејзини пари, парите на брат ми се негови. АКо сака он да ја рани, нека ја рани, што и е гајле за другите? Некоја што уште на млеко мириса ке кажува јас макја ми и татко ми како да финкционираме, само оти се омажила и дошла кај нас. Не ме сфаќајте погрешно, ама ако влегувате во туѓо семејство, потрудете се да се соедините со него. АКо не можете, жал ми е. Пред да се омажите сте знаеле дека во заедница ќе живеете и што носи заедницата со себе. АКо не сакате да ја гледате свекрвата, одете си. Исклучок, нели, несакана бременост па мораш да се мажиш. Се друго, сами сте си криви.