Тоа е фраза, а значи, на игнор сите нејзини замерки. Како да не постои. Не може да кажува снаата, која за жал е издржувано лице во семејството, да кажува како да се трошат парите. Да има нејзин кеш, во ред. АМа за туѓи пари, треба да си кути.
Абе Cka во ред е сето тоа, ама кога двајца луѓе ќе се земат формираат ново семејство во кое што тие двајца треба да се договорат што како ќе функционира. Не може туку-така ние вака функционираме тејкит ор ливет. Кои сте тие вие, гледаш кај тебе нема никаква толеранција спрема лицето кое што туку што треба да влезе во фамилијата, а од неа очекуваш да толерира, т.е да се прилагоди, покрај тоа што никој друг не се прилагодува. И јас сега да работам ќе му давам и на брат ми и на мајка ми и на кој сакам пари, ама кога си во заедница друго е, тие се ваши финансиски средства и не може туку-така да ги даваш на кој што сакаш без да се консултираш со партнерот. Која култура е тоа. Како би функционирало ме интересира ако двајцата си прават со парите што си сакаат... како ќе напредуваат тие воопшто. А со остатокот од постот се согласувам во право си. Сакав само да кажам дека од двете страни разбирање треба да има. Оти ако влегува снаата како фурија во фамилијата и очекува се околу неа да се смени, тоа шанси нема само ќе си остане да си мрчи. Ама и луѓето во фамилијата ако очекуваат дека се ќе остане исто со плус човек и тие се лажат. Треба прилагодување. Од двете страни што е поважно.
Кога веќе му станала жена, во брак нема мое-твое. И двајцата партнери ќе одлучуваат што ќе прават со финансиите, т.е парите
Чекај малце, ја пренагли работава. Што сакаш да кажеш? Сите што денес-утре ќе бидеме снаи, ќе бидеме уствари робови во таа куќа без апсолутно никакво право на глас? Девојкава е во тотална грешка затоа што се фатила за дете мало, а инаку за поголеми суми пари секоја жена треба да биде вклучена во одлука. И никој никого неможе да фати за коса или да го избрка од куќа, зошто ко прво (еве за пример те давам тебе и брат ти, зошто ти го зема тој пример) тој нема да земе куче во куќа туку жена и нема ти да се жениш со неа, туку брат ти. И снаата ако се буни за пари што се даваат тука е мажот да ја седне и објасни, а не золва или свекрва да и делат памет! Многу ми се допадна мислењето на lepadama затоа што е многу реално, за големите очекувања на снаите и сум за тоа секогаш синот и мајката да имаат добра комуникација и ако треба тој нека дава пари. Пред да се коментира на било што, човек треба да тргне од самиот себе, како тој би се чувствувал, и како би му било да се забранува комуникација со родители или пак помала финансиска поддршка за родителите (за голема не од причина што тој веќе си има семејство кое исто така треба да го храни)
Во ред е, јас совршено ве разбирам кога е брак, составен од маж и жена. Тогаш, сами сме си, он знае дека немам плата, и ке ми дава пари. АКо сме сами, е мнооогу лесно. Ке се договориме и за тоа дека он нема веќе да оди да уплаќа на спортска, туку ке штедиме. Ама, и тој и јас сум знаела како ќе биде ситуацијата. Но! Ако се мажам со него, свесна дека ке живеам со свекор, свекрва, девер, и дека тие ке ме ранат заедно со маж ми, не можам да кажувам што ке прават со парите. Со моите можам да кажувам. Но ги немам, да речеме. Не е можно во заедница да речам, јас 5 пати мочам, еднаш се бањам на ден. Значи, за вода толку ке платам, а свекор ми има простата и моча 10 пати на ден, значи он повеќе ке дава за вода.Такво нешто нема во заедница. Еве замислете се во ситуација, да ви дојде трето лице дома и да ви кажува како треба да располагате со средствата кои вие ги заработувате. Колку и да ја сака било кој член од семејството, и колку и да ја почитувате таа трета личност, не може да ви се меша во вашиот начин и ритам на живот. Инаку, Емоушнл, тој жена ке земе, но тој ке ја земе, не јас. А таа не може мене да ми каже каде да ги трошам парите. Еве јас и брат ми на дневна основа си позајмуванме пари. Не сме сигурни кој на кого му должи, и колку, ама си даваме еден на друг. И сега, да дојде девојка му и да рече, аха, он дава повеќе од тебе!! Што има она со нашите пари бе???
Прво не те анализирам, немам никаква потреба од тоа, плус си има тема за анализи и ти не дискутираш ниту пак имаш став на темава, ти малтене сите кои не мислиме како теба не нарече покварени огорчени женички, јас колку што знам тоа не е дискусија, тоа се навреди. Ни за првото, ни за второто ни за стото дете твое не му ја мислам, си мислам само за моите, моите се облечени, најадени, не се жалам јас дека немам бенкица да му купам за бебето и да ја окривувам свекрвата за тоа, тоа ти го правиш. Ве прашав тебе и Тами што ќе правите кога ќе имате уште по едно дете дали и тоа ќе ви смета како сега на сопругот внуците што ви сметат, не ми одговори туку пак со навреди почна. На никој не му е јасно како еднаш во месецот може да ти пречи 4 годишно дете, си има и решение за тоа ако толку и пречи тој ден нека си оди кај нејзините и решен проблем.
Овде за девојки збориме или за снаи? Иначе, кога брат ти ќе оформи семејство, ќе биде поинаку, ќе видиш. Не дека нема да ти дава пари и да ти помага кога ќе може, ама нема да биде на дневна база, како што е сега. Оти кога ќе има деца за гледање, подруго е. А инаку, кога се живее во заедница, прилагодувањето треба да биде обострано, не само од страна на снаата. Големите одлуки се носат заеднички, без разлика кој заработува. Оти и „седењето дома и гледањето деца и куќа“ исто така е работа, која ни малку не е лесна.
Ако сака некоја девојка да влезе во брак во кој само сопругот заработува, ама таа да раководи со неговите пари, тогаш за таа жена има две имиња. Или е сметководител. Или е Gold digger. Ми е гајле што муабетите не им одат во прилог на некои девојки, ама разумот вели дека ако отидете да живеете под ист кров со семејството на мажот, а во својство на негова сопруга, тогаш вие не сте создале ново семејство, туку сте станале дел од друго семејство. Ако не ви се допаѓа тоа, I dont care, Deal with it.
Да да разбирам, ама за големите одлуки. Како, дали треба да се преселиме у друг град, дали да ја издаваме гаражата Ама за другото, не. Кога ке има деца брат ми, не сум луда да им земам од лебот нив Но, еве во моменталнава состојба да речеме, брат ми се жени и дома, во тие 2 -3 соби доаѓа снаа која наеднаш, вика, нема веќе вака да живеете! Уште па по форуми да ме озборува Не оди тоа така. Муабетот ми е дека како што се менуваш и приспособуваш со дечкото, мажот, кога си со него, се приспособуваш и со семејството во кое си влегол. СУпер е да не живееш со сите, но кога си во ситуација да не вложуваш во семејството,не можеш да кажуваш што да се прави. Тоа е како АД Колку акции имаш, толку моќ на управување имаш И ова се однесува на средствата и ресурсите, не на другите работи Немојте сега да речете дека треба да кути снаата како дебил и ништо да не рече. Туку да се слее со семејството со кое живее.
А обратниот случај како е? Оти, нели, има и такви мажи Никаде не спомнав дека жената треба да раководи со парите кои ги заработува мажот, напротив. Тоа е заедничка обврска. Исто и кога двајцата заработуваат, пак парите се заеднички, двајцата раководат со истите. Барем јас така мислам, а и мојот сопруг го дели моето мислење. А што се однесува до живеењето во заедница, факт е дека снаата станува дел од друго семејство. Ама како што таа мора да се прилагоди на новонастанатата ситуација, така мора и семејството да се адаптира.
Видете вака, исто како снаата што не може да влезе во куќата како бос и да почне на сите да им наметнува нов начин на функционирање, така ни семејството не може целосно да и се наметне на снаата и да ја потисне. Мора да се има некаква средина и некакво разбирање. Кога тоа го нема и се влече на една страна работите ќе пукнат порано или подоцна. Кога снаата влегла во новото семејство не треба само таа да се прилагоди, па луѓето таму не ја примаат како да е избегано куче па да и дадат милостина и да мора да живее целосно според нивните правила. Значи член од нивното семејство ја сакал и решил да го дели животот со неа. Затоа мора да има компромис. Е тоа е тешкото, што сепак секој влече на своја страна и според мене никој не е во право, а само си го отежнуваат животот. Затоа на крај се сведува на тоа да си живееш самостално, поубаво нема. Ама пак си ги знаеме нашите услови, за жал.
Офкорс дека е истиот случај. Ако е мажот домазет и не придонесува за семејството во финансиска смисла, тогаш нема право да извољева. Клучниот збор секако е компромис, ама погледни ги проблемите кои ги изнесуваат феминки на темава, многу далеку од било какво сфаќање за зборот компромис се самите тие, а камо ли оние повозрасни свекрви, во голема мера конзервативни, суетни и себични... Сепак, главниот збор во една куќа го има еден човек. Обично највозрасниот маж мисли дека тој е глава на семејството, но најчесто е тоа највозрасната жена. Ако снаата влезе во нов дом, мора да се прилагоди на тој систем, а тоа мислење го темелам на сопствениот себичен избор кој го правам. Во мојот сопствен дом, јас сум оној кој ги носи крајните одлуки. Секако, мојата девојка/сопруга има 49% власт во носењето одлуки, но тоа се 2% премалку. Кога живеев како син, не можев јас да одлучам на што ќе одат парите и сметам дека така и треба да биде... оној кој заработува и оној кој ја има власта на „акциите“ во домот, тој има право да носи одлуки во домот. Не му се допаѓа на некој таквиот систем, лесно е да ја најде вратата за надвор, сепак се само 6 врати вкупно во мојот дом, нека притисне неколку кваки, ако не може да ја притисне својата суета. Јас разбирам дека тука има девојки кои ова го имаат како личен и реален проблем, а јас само хипотетички нафрлам, но реалните проблеми на неколку поединци не значи дека се доволни за да го изместат здравиот разум.
Хех. Добро ти е ова вака хипотетички. Ако не и се свиѓа знае кај е вратата, м? Ама што праиме па ако она тебе ти се свиѓа и ја сакаш (што ако си се одлучил да ја земеш за жена секако ќе биде така), мислиш така лесно ќе и покажеш кај е вратата? А ако да речеме зема поголема плата од твојата, кој ќе има помалку два посто во гласањето? И системов нажалост би те одвел само до пропаст, во брак нема мое твое, тоа допрва ти следува да го увидиш.
Дечко, коа ќе бидеш свекрва или снаа или евентуално будуча свекрва или снаа, пишувај и хипотетички и како сакаш. Ти овде зборуваш за односот со твојата жена и колку права ти на неа ќе и дадеш , а овде се зборува за друга работа. Ама ајде еве, пример она викаш ќе има 49%. Хипотетички нафрлам ти остануваш невработен, она го носи лебот дома. Многу мило ќе ми биде коа ќе ти ги одземе тие 2% права зошто нели по твое, кој го носи лебот на маса, тој е главен и само он се слуша! Во брак дечко нема главни- не главни, а претежно во денешно време. Ти ако така си воспитан и растен, незначи дека и кај жената така ќе тераш. А тоа знаеш кај ти е вратата- тоа на муабет многу лесно можеш да го кажеш, ќе те прашам утре кога ќе се најдеш во таа ситуација, дали ќе бидеш така сигурен во тоа. П.С поглупаво нешто од машко да коментира на оваа тема нема, како бе без срам на вакви теми да коментира не ми е јасно .... уште во темата бебе да го видиме
Малку бегаме офтопик, ама ако. Ако она мене ми се свиѓа, а ми се свиѓа фала Богу побајаги... не и` ја покажувам вратата во секои 2%, ама во ситуација во која ќе биде или јас и таа (или снаата или свекрвата) тогаш таа (снаата) е онаа која ќе се фати за квака. Јас лично, никогаш нема да си дозволам да одам во нечиј туѓ дом и таму да побарам нешто кое мене ми се допаѓа повеќе на сметка на веќе воспоставениот систем. Може да го кажам своето мислење, секако и да кукам на форум, ама крајното решение на проблемот е прилагодување на системот и молчење или фаќање за квака. Емоционална123, научи да разграничуваш примери од факти за да можеме да дискутираме. Прочитај што напишав на одговорот на Реинбоу.
Ти кажувал пример или реална ситуација, ти го даваш своето некакво мислење на темава, го изнесуваш од машка перспектива (на женски форум и на тема свекрви-снаи), и кое стварно како маж (ниту си свекрва ниту снаа, а ниту пак можеш да бидеш) многу глупо е да го изнесуваш.
Captain-Omni мене ми делува дека вака само на форум тоа, ама некако во реалноста... Не иде баш. Мислам дека ако ја гледаш жена ти да се нервира ќе те боли, фала богу дека ќе те боли, дури и не си свесен колку може да те боли за личноста која ја сакаш малку повеќе од себеси... Така што вака некако хипотетички се паѓа во вода, можеме да одиме до бескрај со хипотетички ситуации, ама ако беше вака, ќе беше така, епа ако не беше ќе биде вака. Никој не може да знае навистина што би се случило. А има луѓе со вистински проблеми тука(добро, освен некои измислени троловски муабети), што навистина им треба совет. Поради нели претходно спомнатата наша жалосна ситуација во земјава и примораноста да се живее во заедница.
Зошто да не ги видиме, зарем во животот на бебето нема удел и таткото? Ако ти си научена само жената дека треба да води сметка за бебето за повеќето не е така. И ти не си ни снаа ни свекрва па пишуваш на темата, до кога ќе им се ограничува пристап на темата на тие кои не ви одговараат? Се додека не ги нарушува правилата на форумот секој/а има право да си пишува каде сака и колку сака. Јас баш би сакала да видам поголем број на машки кои би пишале од нивен аспект како се снаоѓаат, што праваат кога ќе се најдат измеѓу чеканот и наковаланата (сопругата и мајката).
Еве ситуации со конкретни примери: Снаата влегува во куќа, не е вработена, нема пари. Синот работи и заработува колку за нив двајца за џепарац што би се рекло. Во однос на станбено прашање имаат цел спрат горе среден со соптвено купатило, кујна со дневен и плус три спални. Само за нив двајца. Можат слободно да слегуват на ручек/вечера долу кај свекорот и свекрвата. Сметки за струја и вода плаќаат “старите“, никој ништо не им бара. Прва ситуација Се случува свадба, на свекорот сестрата жени ќерка. Свекорот одлучува на ќерката на неговата сестра да и купи фрижидер за поклон. 1. Снаата коментира дека тоа е многу голем поклон, дека сестрата на свекорот, нејзе и на маж и на свадбата им донела многу помал поклон. Зошто да и се купува фрижидер, аууууууууууу? Па она не се согласува со толку голем поклон . Втора ситуација За свадбата, на снаата и се дарува се што е потребно, злато-мато, облека, бовчи дрн- дрн ... По иницијатива на золвата оти многу си го сака братот, се оди во Грчка за невестински фустан и успат ај и една бунда бела (зимна свадба) пак по иницијатива на золвата. Следната година свекорот и свекрвата на ќерката си купуваат убав црвен капут. И снаата пак нешто не и е јасно , аууууууууу па скап капутот, па зошто и го купиле, па нејзе „ништо“ не и купиле. Женскава си мисли свекорот и свекрвата, не само што и плаќаат режиски трошоци без збор, не само што се потрудиле некој газот да не си го помрдне во врска со станбено прашање, што слободно може долу да седи на трпеза, свекорот и свекрвата требало секоја зима и капут да и купуваат . Абе цуцо, кога се женеше што мислеше за кој се жениш, за свекорот и свекрвата или за син и? Ти дале станбено прашање решено, храна и трошоци не плаќаш, и уште со туѓ буџет да се управува. И што е најбитно од љубов кон синот, никој ништо не и приговара се разбира. Тоа е личноста со која тој одбрал да го помине животот. *Се сетив на еден филм со Барбара Стрејсенд во улога на проститутка која уби еден свој клиент, бидејки ја силуваше. Ако некој го најде нека го погледне, има силна порака.