Да ама кога за тоа ќе постои соодветна тема за тие да ги изразуваат тие мислења, како на пример совети од машка страна...така нешто беше темата, нека си прават тема, па нека пишуваат до миле воље и кој сака нека ги чита, а не каде им стигне. И би требало да им се ограничи на мажите каде да коментираат затоа што форумов е женски Јас може да се каже дека не сум сеуште снаа, ама секако ќе бидам, а тој неможе тоа никогаш да биде, а и јас и без да живеам кај вереникот имам ситуации со мајка му иако не сум пишувала за тоа, се ограничував од причина што сеуште не сум иако тука пишуваат и девојки кои имаат проблеми со идните свекрви А за бебе мислев на темите за породување, не се доизнјаснив
Јас баш неколку пати прашував во темата, кај ви се мажите и сите ќутевте. Една не кажа дали мажот и ја оправдува или не. Баш сакам маж да чујам, па ако има и женет супер. А ако не ви одговораат машките одговори, најдете реплики, а не ограничувања. Иначе, Емоушнл, ти си една од тие жени кои сметаат дека мажот не треба да го пресоблекува детето и не треба да го храни оти е маж??? Па не смее во тема бебе да пише, оти нели, рабоа на мажот е да го направи, не да го изгледа бебето...Боже, какви не има има на светов И Капетане, ако имаш бебе, и таму да пишеш.
^Па и во темата за породување да пишуваат ако не си слушнала голем број на мажи се присутни за време на породувањето, можеби ќе се најде некој да напише од аспект на сопруг како поминал и да ги охрабри сите оние кои се плашат да бидат присутни на породувањето. Темата за совети од машка страна се совети за врски а не за брак. Форумот е женски да ама не им е забранет пристапот на машките и како што пишав се додека не ги нарушуваат правилата на форумот, не се вулгарни итн имаат право каде сакат да пишуваат. Нема рамноправност само на нас кога ни одговара.
Те разбирам дека сакаш да ми речеш да олабавам со моите зафрканции зашто тука доаѓаат луѓе да се советуваат, ама јас ќе повторам, личните проблеми и изместените сфаќања не можат да ја срушат реалноста и разумот. Реков, компромисот е основа... темел, ама ако компромис нема, тогаш останува само снаите да се крстат и да молчат или да си заминат од тој дом. Разберете дека мажот не е продолжена рака на желбите на снаата и колку таа е важна за мажот, толку е важно и семејството во кое тој ја донел таа жена, да ја сака, чува и бакнува заедно со неговите сестри, родители и внуци. Јас лично, никогаш, ама НИКОГАШ не би би донел жена да живее дома со моите. Ја сам не можам да преживеам со моите, не па уште жена да донесам да живее со нив. Е сеа сите овие девојки и момци кои се во ситуација да живеат со неговите родители во заедница, ваљда... ВАЉДА размислиле што може да ги очекува во иднина. По муабетите, сигурен сум дека размислиле... три пати. Најмалце.
Не коментирам на темава,бидејќи суште не сум официјална снаа ама тоа незначи дека не ја читам.Ова ми падна во очи и се согласувам со тебе 100%,ако и таа има вистинска љубов кон сопругот ќе ја почитува и неговата фамилија како својата. Ама има една друга ситуација,што ако свекрвата е таа што не прави компромис?
Па тоа основата на муабетот на последниве страна-две. Ако свекрвата не го прави компромисот, тогаш мажот мора да ја реши таа ситуација, ама во една таква заедница, пак свекрвата ќе го има последниот збор и ако е неразумна, тогаш тоа е лоша среќа за снаата, нема што друго да се каже. Мажот 20-30 години бил детето во семејството, мајка му му давала наредби и сега наеднаш тој да ја добие власта на одлучување и замолчување на жените за да ја реши сам како судија секоја ситуација, речиси е невозможно. Ако семејството живее кај свекрвата дома, а свекрвата не прави компромис, снаата мора да си замине додека маж и` не најде начин како да повторно да живее со неа во нормални услови.
Јас би рекла дека не треба само снаата да замине додека сопругот го решава проблемот,туку заедно да заминат.Сепак таа жена е мажена и тој истиот сопруг ја донел таму,тоа значи дека тој и ќе ја изнесе од таму доколку нема нормални услови за живот. А еден да си оди назад дома,а друг да решава проблем не ми изгледа баш на нормална брачна заедница. Како и да е,те препрашав зашто ме интересираше едно мислење од поинаква перспектива,односно не од снаа или свекрва.
Да, како може само таа да си замине? Кога веќе се земени тие двајца основале заедница, семејство, нема да остане цел живот со мајка му и таа да му раѓа деца, мислам... Се знаат веќе приоритетите. И пак се враќаме на компромисот, ама ако веќе го нема од страна на свекрвата мислам дека е јасно кој на која страна треба да се држи. Ако е некој таков фатен за сукњата на мајка му, тогаш тука стапува ова на Омни, нека си ја најде поубаво вратата снаата по со време, да не си ја чука главата покасно.
Te razbiram I maksimalno podrzuvam Captain Omni. I ne gledam rezon zosto maskite clenovi da ne komentiraat na tema bremenost,poroduvanje,bracni zaednici. Pa neli mazot e toj za koj se mazime I koj e tatko na nasite deca?! Ubavo kaza bitersweet, vo ova moderno vreme,ne e samo zenata zrtva za se,a tatkoto/mazot da bide samo nem nabljuduvac! Zatoa golem broj na zeni se soocuvaat so problemi,vo novonastanatite zivotni situacii,bidejki mazite ne se vkluceni celosno vo brakot,megjusebnata komunikacija I odgleduvanjeto na decata,pa na krajot se baraat drugi dezurni vinovnici,no ne I mazot...
Без да навредам никого, само да ви покажам како седнувам да ја читам темава, како сликава подолу... Внуци се внуци, и никој не смее да зуцне кој е поважен и кој се сакал повеќе. Нема повеќе-помалку, ,бабите и дедовците сите внуци исто си ги сакаат! Свеки моја во несвест паѓа комшиката кога треба да и дојде на гости, а дека доаѓа внука ја боли такваата. Ич не ми е гајле, знам дека ќе се освести кога ќе дојде на свет за месец дена. Башка што во моментот се пакувам за да си одам од тука после толку време, па уште помалку се замарам за мислење на жена која не ми значи ништо, освен што сум и благодарна што ја изгледала љубовта на мојот живот. Има сакав да кажам и такви кои покасно ги удира дека имаат внуче. Или пак како во нашиот случај, "второкласно" внуче е, женско... Не ми смета, жива да ми е и здрава, газот да и го јадат! Второ, аман бре, како може да сметаат деца??? Значи каки не деришта сум изнагледала, па се обидувам да им привлечам внимание, а не фа ги збеснам или да не ги сакам, или да ги презирам. Неможам да разберам, посебно што ако детето е такво го направиле родителите, само не се воспитува. Односно точно само и се воспитало, никој не му обрнал внимание. Не е криво детето никогаш! Трето, ако маж ми нема намера точно на пола да ги поделиме сите обврски, ич не ми ни треба. Работам исто колку него, ова дете сама не си го направив па сама да си го гледам. Се што се прави се право по пола, освен некои ситници кои си ги правам сама од безбедносни причини, а исто и он. Пелени менување, бањање, заспивање, наше е детето, не е мое! Колку едниот, толку и другиот. Пак ќе речам, ако не го прави тоа за НАС, ич не ми треба. Уште едно дете ако сакам ќе си родам, немам намера да посвојам дете од 30 и кусур години за да се влечка по мене. И да, мажи треба секаде да коментираат, инаку само жентурачи кога ќе се соберат на едно место, има експлозија од естроген, опасно е по живот. Опаметете се бре жени! Само се карате тука, бетер сте отколку со свекрвите по дома! Прекраток е бре животот со волку "јадови" да се поминува!
Јас мислам дека ќе се шекнам уште малце Луѓе неможам да живеам во заедница, незнам како ќе издржам уште пола година минимум Имам пишувано дека живеам со свекор, свекрва и девер дека немаме никакви проблеми меѓусебе, јас имам проблем со нивните навики кои се неподносливи но што можам да направам освен да се помирам со тоа Се нервирам и од мн други работи но исто и тоа нема како да го сменам (како нон-стоп да се има некој на гости) по гостопримливи луѓе жими се не сум сретнала. Незнам како да издржам, едноставно неможам никако да се прилагодам и ќе скренам уште малце. Постојано сум нервозна, толку работи ми се имат насобрано деновиве, толку сум исфрустрирана со маж ми само се карам за глупости зашто неможам а и не сакам да му кажам кој ми е проблемот уствари. Единствена волја за живот ми е бебушката моја што си ја чекам во секој момент
Омини кажи и го ова на твојата идна сопруга , не само што нема да стане сопруга очи нема да и видиш Ако не се слагаш со мама ќе мораш да си одиш Па зошто си ветуваат луѓето во добро и во зло , или при првата пречка- чао жено лоша среќа си имала не ти се погодила свекрвата . Пре би рекла не и се погодил мажот . Мене сосема ми е јасно дека е многу тешко да се подели љубовта , дека е тешко да се расправаш со жената која те подигнала од една страна а од друга страна со жената со која ќе градиш живот .. Ако свекрвата е таа што не го прави компромисот , маж кој ќе ја остави жената да си замине ,за мене не е маж . Има ситуации каде едноставно не е возможна заедница , па сопругот треба да си замине со жената , нема ваљда цел живот со мама да е . Една девојка пиша како свекрвата ја испудила од дома а мажот не мрднал со прст па уште и барал да и се извини за да се врати , ако го оправдуваш тоа не знам што да кажам .
Јас мислам дека сите ја нападнавте Тами многу остро. Јас ја сфаќам. Имам две деца кои ги учам дека играчките не треба да се трескаат, да се фрлаат, да се кршат, да се чуваат бидејќи нели не може секој ден да се купува нова. Ги учам на причинско последична релација. Ако го скршиш од бес, нема ново. Не дека немам да им купам, ама не може да се има све, и да се однесуваме како дивјаци од планина па ај удри на све. Од братучедка прва имам баш такво внуче. Значи од планина симнато. И јас нејќам бе да ми доаѓа дома и да прави лом, а мајка му и татко му да си пушат цигари, бидејќи ете дете е. И сега јас моиве ги карам кога се однесуваат како од планина симнати, а ова може да демолира све??? Е не може кај мене тоа не важи. Јас немам двојни аршини. И на тоа му викам да престане, го карам и слично кога веќе на братучетка ми не и текнува. Па ич не ми е гајле. За девојкиве кои уште не сте во брак, навистина е невкусно да коментирате на вакви осетливи работи. Не сакала деца, како не го трпела внучето, љубоморна била, не знам што... бла бла бла.... Купувате работи за внучињата не знам што... А бе ај... Ај ќе зборуваме кога ќе имате деца и кога ќе дојде некое дете и ќе и ја искрши омилената барбика на ќерка ви, а таа со солзи ќе ве погледне, не знам баш дали ќе бидете тооооооооооолку фини дами.... Е па јас не сум. Моите деца ми се најважни и не ми е срам да го кажам тоа. Не од брат, не од сестра, не од девер... Ајде ви се молам. Ако вие не си ги заштитите кој ќе ги заштити, па макар било и за една обична играчка. За парите само ќе кажам, дека е лесно да се китиме со туѓи перја. Нека тргне свекрвичето од пензијата што му ја даваат на деверот едно 1000-че и нека му го дава на „мирното“ внуче кога ќе дојде. Тогаш ќе остане простор и Тами и маж и да му дадат. Вака што... Од парите на маж и на Тами свекрвава дава, многу добра баба е, а плус цела пензија што оди таму нема проблем нели. Уфффф све сте многу фини, изгледа јас сум многу лоша и за тоа немам вакви проблеми.
Мене би ми било драго токму во оваа тема повеќе мажи да коментираат, бидејќи тие се и во најтешка позиција. Од една страна ја имаат жената која ги одгледала и со која живеат 20/30 години и кон која осеќаат и љубов и должност (посебно во ситуации на единци, на деца на самохрани мајки, на деца со проблематични татковци), а од друга жената која ја сакаат и ја одбрале за заедничи живот и оформување на семејство. Ако односот меѓу снаата и свекрвата не е добар, мажот (сем ако е баш дебелокожец) е тој на кого двете страни му се жалат, и за жал неретко тоа неубаво завршува. Јас во такво семејство растев - и татко ми во обид да балансира доби и висок притисок, и дијабетис, и куп нервози (не викам дека мајка ми немаше нервози, посебно кога дојде во куќата, во најубавите години). Лесно е да се каже, но многу тешко да се направи - фати ја вратата. А за финансиите, ете во брак сум, сами живееме, значи никој не ни се меша, и иако за крупни работи (одмор, телевизор, подарок за свадба) заеднички решаваме, за поситните трошоци секој сам си располага со парите. Еден во друг имаме доверба дека се ќе биде во разумни граници и нема да се прават глупости, но сметки не испорачуваме. Ниту имам појма колку точно пари синоќа потрошил мм во кафиќ со другарите, ниту тој ја знае точната цена на блузата што завчера ја купив (иако да, прокоментира дека имам доволно блузички ). Едноставно, невозите така ни се сведени на минимум, и, да чукнам во дрво, одлично функционираме.
Ако има каде сопругот да си оди со неа, тогаш немало воопшто да се најдат во ситуација да се замараат со свекрви. Ако имаат простор да живеат без свекрвата, нормално дека сите овие муабети од погоре паѓаат во вода. Животот и проблемите никогаш не се стриктно црно-бели, секогаш има стотици варијации. Мими златна, јас покрај мене имам жена, со ум, не полуписмена плавуша навлечена на индиски серии и Фарма... па кога нешто ќе и` објаснам, ќе се потруди да ме разбере, а потоа ако не се слага ќе дебатира со мене на темата, нема да ми го каже првото што ќе и` падне на памет само за да ме навреди. Инаку, секогаш ме фасцинирала човечката способност да го игнорира здравиот разум. Ставете се вие во позиција на свекрви, без разлика каков карактер сте. Имате ваш дом, со ваши правила и тие правила не може да ви ги смени ни полиција да дојде. Сакате да ми кажете дека во вашиот сопствен дом, ќе дојде некоја девојка на 20 и нешто години и вие ќе ги прифатите нејзините правила? И не ја барајте сламката за спас на честа на рандом снаата па да го напаѓате нејзиниот сопруг и да го нарекувате „мамино синче“. Тоа мамино синче имало муда на мајка му и татко му да им каже дека носи жена дома во нивниот дом. И особено не ми кажувајте дека треба заедно да си заминат од домот при конфликт, зашто, како што напишав во одговорот до Реинбоу и Тикнербел, ако имало од почетокот каде да одат двајцата како брачни партнери, воопшто немало да одат да живеат со свекрвата.
Внцуци - мали, слатки, разгалени. Ако им приречиш нешто - не ги сакаш, им љубомориш, лоша си. Ако ти се качат на глава - мора да трпиш, сепак деца се, што разбираат... Едно ќе речам, кој дома не чисти и не средува, нека не кажува многу. Само тие кои се дома вредни знаат како е кога на тазе исмукан тепих ќе ти дробат трошки намерно, на постелите ќе скокаат со кондурчињата, а претходно надвор шетале, ќе се качуваат на маса, ќе ти истурат сок на чаршав, ќе ги претурат сите фиоки, ќе им направите пудинг по нивна желба и ќе го плукаат на земја, во вц ќе направат ршум од вода и пена. ИТНнннн... А, мајката - или е на шетање, или со цигарето си пие кафе и ич не ја боли. Значи овде немаш почитување ни од мајката !!! Иначе не би дозволила нејзиното дете да го прави тоа !!! Факт е дека многу денешни деца се разгалени, збеснати, немаат грам почит кон постарите, култура... Кој е должен да трпи такво дете дома ???
Silver.E , точно е дека се што е претерано не се трпи и не е дозволиво такво однесување. Претходно некои феминки убаво си кажаа, дека од четири годишно дете, не може да очекуваш кога ќе дојде дома да седне со тебе на маса и да дискутира општи теми или политика.Нормално е дека ќе сака да си игра, а при игра нормално е деќа ќе растура. Меѓутоа, точно е и тоа дека постојат неверојатно распекмезени и размазани деца кои кога ќе ти дојдат дома ќе се обидат лом да ти направат. И тука нема лош или добар, во свој дом си ставаш ред до каде може да се оди со збеснувањето. Па и ако живееш со свекрва во нејзин дом, мораш да стави до знаење дека во твоите фиоки, твојот мал простор е недозовлено да чепка и протура, и мислам дека тука нема никој да се лути. Тоа се разбира не смееш да го кажеш со кавга или викање и карање, туку убаво да се објасни зошто сметаш дека детето или децата не смеат односно не сакаш да ти протураат по твоите лични работи. А стварно е невкусно и не е убаво да се замараш за тоа дека ако ти доаѓа некое дете еднаш месечно, правело лом зошто си играло со играчки?!
Ако децата се дома сами, им наоѓам занимации да бидат мирни, им викам со убаво ако прават бељи, ама мораш да си пред нив, зад нив. И одвај чекам да си одат. Ако се со мајка им, не се мешам, неа и велам: молим те види што прави детево, ќе направи некоја беља. И таа ќе потстани одвај, и пак по старото... Напорно. Затоа уште на врата кога ќе се појават ми се темни. И потоа се чудат кога не им одам на гости. Па не им одам за да не ми идаат ни тие често.