Па да, ама ако се тоа внуци на семејството (како во примерот), делот да не идат често не зависи од тебе ( а во примерот дури и сопругот сметал дека детето не прави ништо страшно). Плус, ако еднаш месечно не е ретко, не знам што е. Со други зборови - ако има нешто конкретно што не сакам детето да го фаќа, ќе го тргнам, но ќе му оставам работи со кои може да си игра или да шкрта (бидејќи ниедно дете нема да седне да гледа ТВ на троседот и така да остане за време на целата посета). Останатите соби ги држам затворени и толку.
[ Грешката е кај тој што ги воспитува, без разлика дали се родители или баби, дедовци, тетки... Знам многу случаеви каде што главен кривец е бабата и дедото ама знам и такви каде што грешката е во родителите.
Еве јас ќе се ставам во ситуација на свекрва пошто еден ден и јас ќе бидам. Значи син ми носи дома 20 и кусур годишна девојка која 20 и кусур години живеела под одредени правила (пошто нели не е од планина падната и живеела во семејство со свои правила и принципи и одреден начин на живот во рамките на своето семејство) и сега таа 20 и кусур годишна девојка одеднаш треба се` да заборави, да избрише се` што знае, се` што ја научиле мајка и` и татко и` и да ги прифати МОИТЕ правила, бидејќи таа е дојденецот и во новава куќа каде јас сум апсолутен господар мора да ме слуша и да ми се потчинува....ако не...се знае-ВРАТАТА И АУФ. Која сум јас, светица па да ми се клањаат, сезнајко, до толку ли ќе бидам ограничена и себична и нема да дозволам избраничката на мојот син да воведе некое свое правило. Секој дом си има свои правила и не значи дека моите правила и мојот начин на живот е најдобар. Потребен е компромис и разбирачка, а не своеглавост и усвитени глави. Од друга страна, треба да им се дозволи на оние кој решиле да засноваат свое семејство (кое во почетокот ќе се состои од мене и тебе) да си ги усогласат правилата кои ги знаат онака како што ќе биде најдобро за двајцата. Она што јас го знам и она што ти го знаеш и заедно да создадеме наши правила, нешто што на двајцата ни одговора без при тоа да има удел моето и твоето семејство. Сега јас и ти сме семејство, јас и ти функционираме како засебна единка и ние сме тие кои ги формулираме и одредуваме правилата на живот. Ни ти, ни јас не сме совршени, заедно се надоградуваме и надополнуваме и мора да се дозволи секој да си зачува барем дел од својата индивидуалност....ако не ај да се вратиме во камено дома....унга-бунга. И Капетане....кои муда жити сВе треба да ги има синот паднав, готово. Носи жена дома, си ја носи дома љубената, си избрал сродна душа, животен сопатник, некој кој во голема мера ќе го симне твојот товар од грбот на мајка ти. Не носи поБогу чудовиште. Мене повеќе би ме плашело ако син ми не најде некоја да ми донесе дома. Значи јас како мајка сум потфрлила и никој не ми го сака детето, детето мое не може да си најде некоја која ќе го сака со сите свои маани и доблести. Мојата љубов никој не може да ја замени, но јас со задоволство би го отстапила моето место во неговото срце на некоја 20 и кусур годишна девојка и ќе се радувам што моето дете љуби и е љубено. И уште нешто....знаеш ли ти колку е тешко девојката да каже дека ќе се мажи. Многу, многу. Мајка ти не знае што ќе и влезе во куќа (претпоставувам затоа мислиш дека треба да имаш муда ), ама барем мајка ти, ако си дома со неа, секој ден ќе те гледа и ќе знае отприлика како ти е. А како и е на мајката на невестата? Го знае само она што ќе и` се каже или што можеби од друг ќе го слушне. Затоа капетане, девојката т.е. невестата е онаа која ги има мудата (со извинување за копи-пејст на зборот )
Ако така веќе одиме, со рачуница кој колку пари дал... така можеби може бизнис да опстане, али брак, кој се темели на други вредности, на заедништво во добро и лошо...нц. А таквото однесување може еден ден ко бумеранг да ти се врати и многу да те боли. Тогаш ќе ја почувствуваш вистинската горчина од јадењето кое му го сервираш на партнерот. Кој носи пари дома е ситуација, една обична ситуација. Колку милионери почнале со неколку долари в џеб... Одамна уште имам слушнато за една ситуација. Женава влегла во куќа во која што само таа немала примања. Абе не да речеш дома, сите на улица од шо ја плукале секаде знаеле што мисли цела фамилија за неа и како се однесуваат со неа, а мажот бил од оние од типот „една е мајка“ и заштита од никого. Жими на сестра и` повремено што можела да и` се исплаче. По некоја година и таа се вработила. Нeколку години подоцна на мажов му се дешава несреќа која му остава последици. И тогаш жената е таа која го оставила. Му рекла „Сега ем не носиш примања, ем си таков каков што си. Сакам развод. Уште сум млада, сакам да бидам со некој кој ќе ме исполни во секоја смисла.“ Тој и` рекол демек не може така кој ќе ме чува, а таа му рекла „Нели една беше мајка? Нели ради неа се` требаше да трпам, затоа што никоја жена не вреди како мајка? Епа нека те чува сега таа мајка.“ И му киднала. Тоа е, некогаш не знаеме колку е горчлива манџата што сме му ја сервирале на некој друг додека самите не ја пробаме. Да се разбереме, ни ја оправдувам жената, ни мажот, но кога тој можел да ги прекрши правилата на тоа што еден брак треба да претставува, зошто да не може и таа? И нормално во една затуцана средина, од цела ситуација, збор нема да каже никој за малтретирањата кои ги истрпела снаата во најубавите години, туку сите ќе го жалат мажот кој бил оставен кога му била најпотребна слугинка.
Јас навистина не знам со што луѓе се дружите или што луѓе бе имате за роднини Ова што го кажувате не е како од планина симнати, туку како од кафез избегани да ви се гостите... И затоа ме чуди и ми делува дека се претерува, ама сериозно. Кај мене едно чудо деца поминале, од роднини, од другари, другарки, од комшии, од колешки на золва ми итн... и ниту едно, ама НИТУ ЕДНО не ми отварало фиоки, не ми плукало храна, не било дрско со мене и да не редам сега. Трошки не ми се проблем, деца колку можат-толку пазат. И не ми е проблем ако истурат нешто, па и моиве некогаш ќе истурат по дома, и се лутам само ако нарочно истуриле, инаку не гледам што е проблем. Последниот пат кога имавме гости јас истурив на масата, од брзање И никој не ме искара . Јас не сум најдобрата личност на светот, во никој случај, ама не се потресувам за непотребни глупости и можеби затоа и гостите не ми се како од ланец пуштени. Играчките се за играње, и децата никогаш не кршат од бес ако се заиграат и ако им пристапите со убаво. Кај мене гостинче еве повеќе од 10 години играчка не скршило. А трчаат, се бркаат, верувајте, на сред дневна имам и лизгалка, па сѐ било секогаш во ред. Можеби (значи, само можеби) и пристапот на домаќинот е услов за однесувањето на гостите и за тоа како ги доживува. А за внучињата, не ни пробувајте да се замерувате со свекрвите и со другите роднини. Јас на моите свекор/свекрва можам да им забележам само ако претерано ги разгалуваат моите, ама за односите со другите, немам право да се мешам. И искрено, ако забележам маж ми да им крие играчки на моите внуци за да не си играат со нив, јас би се навредила. Во заедница не е лесно, ама не си правете да ви биде и потешко, зашто тешко дека некој ќе ве прифати како свои ако вие не можете нив да ги прифатите.
Мешаш баби и жаби , рековме дека ако свекрвата поради некоја причина не ја сака снаата и заеднички живот не е возможен а не дека снаата е полицајка . Секогаш има каде да се оди , дали под кирија , дали кај жената .Ама да се заедно .Абе двајца ако се сакаат се можат и леб и сол ќе јадат само да бидат заедно . Зошто си ја земал жената ? Онака на проба , ако мама ја сака , ако нека се пакува Јас лично од маж сакам да знам дека ќе биде покрај мене без разлика на се ..
Да си замине додека маж и` не најде начин како повторно да живее со неа во нормални услови? Да ја остави кога и` е најпотребен? По таква постапка, може комотно да се збогува со неа, доколку жената има повеќе од еден грам памет и гордост.
Dzabe devojcheto tvoe ne gleda indiski serii i farma,koga ti bratko si beter i od Kazahstan .Mlad dechko so vakvi zakoraveni izjavi :geek: .Imale be ma****a ,zena im nosele na tatka si i majka si ...Pa ke gi nosat kaj svoite koga ne imale dovolno m****a da se osamostalat pred da kazat OP..
Работава излегува врти сучи снаата нека си седи со спакуван куфер зашто во секој момент може да се фати за квака...хммм Значи ако снаата не е во ред си оди,ако свекрвата не е во ред,пак снаата си оди,ако мажот решава проблем дома бидејќи мајка му не ја сака снаата,пак таа си оди додека да се реши проблемот. Аха...чекај бе малку снаата од улица е најдена?Нема родители?Она не е од фамилија дојдена?За свекрвата се омажила? Па на кај краева кој е тој маж и свекрва што толку вредат за снаата да живее во страв да не ја избркаат? И за мудата (извинете на израз) Лолита многу убаво кажа,незнам кој ги има поголемите кога се работи за мажење/женење.Жити мажот ако му требаат м... за да каже дека се жени. Значи јас многу убаво разбирам дека има секакви свекрви и има и секакви снаи,ама ако нешто најмногу мразам и ми доликува на пештерска комуникација тоа е ''ако не ти чини ете ти ја вратата'' Јак маж
Значи жено, ако ги немаш такви, не значи дека не постојат !!! Кај нас во фамилија, 50% се баш како невидени: -отвараат по фиоки, ти ја зема ташната и се од неа истура надвор, отвора фрижидер и зема да јаде, пола плука на тепих, релната ја вклучува, дајлинското го расклопило, лаптопот го бувнал на земја, го начекува мобилниот и врти на него негде, и уште милион други работи. Не си имала, па затоа лесно ти е да коментираш. Да не речам да ти даде Господ, ама само тогаш можеш да видиш за што зборуваме ние овде !!! Кој видел - знае !!! не сме будали овде напамет да зборуваме глупости.
Мислам дека премногу ја насочивме темава кон внуците, а проблемот овде за дискусија се свекрвите и снаите, иако можеби внуците се дел од причината за несогласувањата.
За некои мажи најарно е додека се живи мајките, да не се женат ако не. Шо ќе им е жена? Не им е забрането да си имаат девојки, со актуелното семејство се и повеќе од задоволни...
Спојлер И како по некоја случајност тие 50% лоши деца се секогаш децата на золвата, јатрвата или член од фамилија кој не го обожаваме. Нашите деца и внуците од сестра, брат се секогаш воспитани, освен ако и со нив не ни се растурени односите.
Значи се што сум сакала да напишам веќе го напишала Li0ness Јас стварно незнам во каква средина живеете , какви луѓе ве опкружуваат , какви роднини имате ама јас до сега немам сретнато ни претходно додека бев кај мајками , ни сега .... такви деца како што ги опиша ти Silver.E Еве јас секој ден дома средувам по малце сакам да е чисто , правосмукалка секој ден поминувам не ми е многу работа 5 мин. Што ако денес поминав исто со правосмукалка ќерками после мене цел тепих го напраи со трошки јадејќи кифличка , колку и да сакам да е се под конец со мало дете небива Сега е едно , па некако се тера ред ама кога ке дојде и другото и ке пораснат , собата нема секогаш да е тип топ спастрена ... ама па деца се Гости исто ми доагаат со мали деца , ама ниедно не седнало на кревет со кондурчиња , Ни па моево кога некаде иде на гости ! И јас се чудам исто како Лионес , ама па на крај краева ако до толку ти пречи што им ќутиш . Само ја собираш нервозата во себе , кажи си отворено што ти пречи ... дека не дозволуваш на кревет да се качуваат со кондури или или ... вака само ти се ствара горчина према внуците
Значи сега ние сме криви што околу нас имаме луѓе кои што не знаат да си ги контролираат децата, и јас како ДОМАЌИНКА треба да ги карам и да им кажувам што да прават кога се на гости??? Играчките се тука сите се во детска соба, никаде не ги криеме (бидејќи и немам кај да ги кријам, мал ми е станот). Што да направам како ДОМАЌИНКА за детето, да ги извадам и тенџерињата пошто ете и тие ги сака детето, или моите документи од работа, бидејќи ете сака да види што има во таа фиока и да чепка таму??? Јас кажав еден пример, блиска ми е братучетка ми чие е детенцево, ама имам уште неколку примери и на другарки и другари на мм чии деца се толку бесни. Вие очигледно се дружите со некоја друга висока класа на луѓе и нивните деца се умни и не прават лом. Јас како обичен смртник, познавам и НЕУМНИ деца чии родители не се замараат, и ги оставаат да прават лом и низ други куќи, бидејќи ете „такво е детето мора така по негово да биде инаку ќе плаче и ќе се треска од земја ако го скара мајка му“.!!! И ај мора одма коментар дека децата ни сметаат пошто не се од наша страна. Е од моја страна е и тоа на мајка ми сестра, дете е од братучедка ми и што?? Не ја сакам мајка ми пошто внучево е од нејзина страна. Мислам ај....
Ова го зборувам од што ми кажувале за мое однесување кога сум била мала. Децата страшно добро намирисуваат кога некаде се непожелни или не се добредојдени. Можеби се се`уште мали да го дефинираат тоа на тој начин, но го дефинираат на некој алтернативен, својствен на нивото на зрелост „оваа е лоша тетка.“ Децата се нешто најчисто и најтранспарентно. Буквално како огледало. Со какви емоции им пристапите, слично однесување и ќе добиете за возврат. Доколку им пружите внимание, нема да го бараат преку кршење и растурање од кое вришти „Еј, јас сум тука!“ Доколку се потрудите да ги заинтригирате, да се поистоветите со нив, да ги заиграте и тие ќе ве засакаат и ќе се трудат да не ве натажат. И ним им е потребно внимание и добредојде. Тоа што се помали, не ги прави помалку добредојдени гости од нивните родители. И не, не го зборувам ова затоа што сум гледала само мирни деца на луѓе од висока класа (патем класата нема никаква врска, али еве метафорички употребено). И не е можно само туѓите деца да се немирни, а вашите да не се. Имам и јас внуци кои ми доаѓаат и прават лом од станот. Крај краева, ако ломот е проблем, дадете илјадарка-две на жена да ви го среди станот од нередот што го оставиле лошите деца кои скоро за никого не се многу пари, на едно одење во ресторан шо се вели толку пари се фрлаат. А тоа што не сакате да се скрши, се знае, се чува ВОН дофат на деца, ставете во една соба, клуч на врата, речете „ја чуваме баба Рога таму со полиција“ и готово. Поедноставете си го животот.
Кој дел е тежок поточно, делот пред или после „мамо конечно ми се иполни сонот“? Како и да е, пишувате засегнати, гледате еднострано, имате ограничени размислувања, дури оние кои се помлади се угледуваат на овие кои се повозрасни, а овие кои се повозрасни се директно засегнати и пишуваат за да си олеснат на душата бидејќи немаат излез или излезот не им се допаѓа, па сите во хор ги напаѓате свекрвите. Убавата работа во некој паралелен универзум е што кога на форумот би биле 95% свекрви кои пишуваат, снаите ќе бидат оние кои ќе бидат ужасот и неподносието, јас веројатно тогаш ќе ги бранам снаите, само зашто не сакам да бидам дел од простата маса која тргнала да пали вештерки. Ваш проблем е тоа дали можете да го вклучите разумот или не. Јас сметам дека разумот е на моја страна бидејќи никако не сум засегнат од муабетите, па можам дистанцирано, надвор од кутијата да гледам внатре и да видам дека она што го пишувате се глупости инспирирани од фрустрации. Оние ситни испади на неколку девојки кои се обидоа да размислат беа тотално засенети од факелите кои ги носите кон кладата што мора да се запали зашто кладата не размислува на ист начин како вашиот. Уште еднаш конкретно на темата... тоа што луѓето се ултра глупи, па пред да стапат во брак, да направат деца и да си ги спакуваат куферите и да заминат од дома кај свекрвата, не размислуваат за последиците, не ме изненадува. Глупи биле, глупи се, глупи и ќе бидат. Тоа сепак, не ги елиминира од одговорноста кога поставуваат „генијални“ прашања од типот „свекрва ми не сака да прави гравче во петок, а сите знаат дека гравче се јаде во петок“. Ако сакаш да се омажиш, помисли кај ќе живееш со тој маж. Ако тој маж ти вика дека ќе живеете кај него, заедно со мајка му и татко му, а ти прифатиш, онда двајцата имате коефициент на интелигенција колку чизмите на Ивона... дебили сте. Брак не е обврска, колку и да ве учеле од дома дека е, брак во 21 век е нешто кое треба двајца партнери да ги направи среќни и задоволни. А да, исто така, не постои Господ, ниту Дедо Мраз, без разлика што ви кажале дома, па оноа со круните у црква, е само забава за да има попот за што да ви наплати под изговор на традиција. Коа сме кај традиција, знаете дека во некои општества и тоа на Балканот, традиција е кумот да ја проба невестата пред да се мажи? Не? Гуглајте и после мудрувајте и тоа колку е битно. Ако сакаш деца да правиш, боље имај два грама памет (пошто 3 е премногу да барам, освен ако не е комбинирано со мт), и размисли што ќе ги раниш. Све тоа убаво кампања трето дете, мавтање со знаменца на митинзи, али ако кактусот како дете у соба мајка ти ти го поливала, не си за дете. Сепак, најпаметно ќе биде да ме игнорираш и етикетираш како шовинист и глуп маж и да си го земеш маж ти, заедно со сестра му и дечко и`, со татко му и свекрва ти, да си ги земеш двете деца и сите заедно да живеете во двособен стан со пензијата на баба му, да си ги вадите очите и после да дојдеш тука да побараш оправдување од феминките кога свекрва ти ќе сака да гледа малечката невеста, а ти Среќни коцки, мада, мислам дека не идат у ист термин. И за име Божјо, начуете на памет неколку клучни линкови кои ќе послужат. http://www.makedonski.info/search/%D0%B ... 0%B5%D1%80 http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D1% ... A%D0%B0%29 http://www.makedonski.info/show/%D1%80% ... %BC/%D0%BC Та-та...
Пред да стане сопруга и снаа таа жена била нечија ќерка. Дома ја чувале како очите на главата а сега отчекуваме да стане второкласен граѓанин и чергиче за бришење нозе само затоа што отишла да живее во домот на сопругот? Се подразбира дека таа влегува во семејството кое веќе има свој начин на функционирање и таа треба да се приспособи, ама треба и другите членови од семејството да го направат истото. Спојлер Не викам дека треба да престанат да јадат ручек секоја недела во 2, туку ако се јадело ориз со копан за ручек, сега да се земе во предивид дека снаата можеби не јаде месо па место во едно тавче да се прават одделно, посебно ориз посебно месо (овој пример зошто јас не јадам месо па ми текна )Ако ме разбирате што сакам да кажам И вистина е дека снаат влегла во веќе формирано семејство ама пак таа и сопругот почнале друго Спојлер (и не мислам на тоа кога ќе почнат да имаат деца туку со самото стапување на брак, според мене и само мажот и жената да се, пак се семејство) . Па од тој поглед, во врска со финансиите јас би рекла дека заедничките трошоци (сметки, храна итн)се делат помеѓу сите што живеат во куќата. И да не се гледа кој колку пати мочал и колку пати се бањал, туку да се земе во предвид кој колку примања има, кој колку може да даде. А за останатото прво, тоа е на сопругот и сопругата. Дали ќе купуваат на внуци, дали ќе позајмуваат на домашните,тоа си е нивна работа, меѓутоа по договор меѓу двајцата. Не може јас да отчекувам брат ми да ми дава пари за јас да имам споредни нешта како фарба за коса кога сега има жена која треба да си купи фарба, или влошки или што и да е. Мислам дека малце забегавме со коментарите за тоа со внуците. Ако гледаме логично мислам дека ќе видиме дека без разлика дали детето ни е внуче или не,сите си имаме свои граници. Трошки е отчекувано кога имаш возрасни гости а не пак мало дете. Меѓутоа, да ми фаќа по фиоки или било каде и да е ако јас мислам дека тоа не е место каде што гостин да може да чепка се разбира дека ќе реагирам,без разлика колку години има. (сериозно! зошто таа потреба да се проверат фиоките во тоалетот кога си на гости? Ако сум ставила во фиока се подразбира дека не сакам да се гледа иначе би ставила на рафтовите, зарем не?!!!)Јас тоа го викам почитување на приватност! lilaaaa во однос на твојот пост вака мислам јас Кога ќе се соберат повеќе луѓе во една куќа логично е дека ќе се соберат различни карактери. Ти не сакаш гости, тие сакаат. Ти сакаш мир и тишина, да седнеш сама малце, и да се одмориш. Тие пак викаш постојано да имаат некој околу. Мораш да си најдеш баланс. Мора ли да седиш со сите гости? Излези си, прошетај се. Седни на некоја клупа, седни си на кафенце со добра книга, пушти го мозокот на пасење. Не е лесно кога дома не можеш да го направиш тоа,ама мораш да си најдеш некој вентил за да не пукнеш, и да не се караш со сопругот. Па и не мораш да му кажеш што точно ти е проблемот. Кажи му само ми фали малце време да поминам сама, или пак да сме само јас и ти. Кој знае може ќе те однесе некаде да се излуфтирате и двајцата, некој романтичен викенд во хотел Кратис каде што нема што друго да се прави освен да одмара Спојлер (кој знае дали е вистина така, од рекламата што сум видела па се шалам малце ) Ајде малце, лабаво. Да не се плашат снаиве дека ако се пожалат на форумов ќе бидат линчувани. Не можат да се искажат дома затоа и дошле тука, најдевајки се дека ќе најдат подршка и разбирање а не дека ќе бидат нападнати затоа што имаме различни размислувања и отчекувња за/од бракот
Abre kapetan kuk,na tolkavo mudruvanje, shto e poentata Nemoj be choveku so vakvi teshki filozofii,molim ti se