^^^Captain-Omni А ти вака фино лепо не извреѓа сите на културен начин,не направи прости не еманципирани жени,недоквакани што единствени проритети во животот им се живот со свекрвата и гледање на индиски серии. Ало човеку кој здрав разум го имаш ти ? Лоша свекрва е лоша среќа на снаата? Ова за тебе е здрав разум? Ако живееме со родителите на сопругот тогаш сме дебили? Ти сериозно?Па незнам кој е поголем дебил дали тие што живеат во заедница или ти? Нема секој можност да купува куќи и станови да живее сам,ти тоа треба да го почитуваш а не да деградирш и да нарекуваш луѓе дебили.Кој мисиш дека си ти,исправаш криви дрини на форум и се сметаш себе си за неверојатен интелектуалец,паметњакович и ќе вреѓаш овде остана толпа на ''гледачки на индиски серии''.Немој тебе да те снајде некој ден да живееш во заедница па ќе те прашам тогаш,или не уставри тебе неможе тоа да те снајде ти си премногу паметен за тоа. Он ќе ставал линкови со дефиниции иди бре таму. Срамота и безобразлук немам друг коментар.
Aуу,делот со традициите .Kои традиции бре,имаш слободна волја дадено од бог ,што ти се народни верувања,.кум да ти проба невеста .Aко си верник венчај се во црква ако не -не мораш,народот што си измислил не мораш и не треба слепо да го следиш.Aко некој пар се венчава за традиции за кумови да му се плукнам на таквиот брак .A за другото капетане се што кажа поддржувам ,и да надополнам дека има родители кои не си ги сакаат децата поточно синовите.E тука е најбитно што ќе се согласат дечкото и девојката каде и како ќе живеат а дури и под кирија да отидат ако зависат од мама тато што рекле ако дават да им се мешаат и у Aвстралија да се ,џабе е ,пиши пропало .
Он битно ќе има м**а да им каже на неговите дека носи жена дома, а за другото ни м од ма***а И после мене ме напаѓате кога викам дека за мажи оваа тема не е, нема бе паметно ништо да кажат, само ќе мудруваат и филозофираат, а уствари ќе кукаат кога ќе се најдат во таа ситуација. Неможе машко да го разбере односот свекрва-снаа, зошто по се гледано типов како и многу други е мамино мезимче, што неможе да се одвои од на мама ци***та. Е такви ги има многу, и најчесто заради вакви нестабилни, лабилни, неизградени и несозреани типови, кои незнаат машки да се справат со ситуацијата, се создаваат проблеми во заедница. Смешно ми е колку он се фали со здрав разум и отвореност, а он е со некои закоравени, нереални и лоши мислења. Он кога ќе се ожени или ќе си го подвитка опашот или додема мама му е жива, мама нека си ја гледа, па нит ќе треба на совест да носи некое девојче што животот и го затрул со мислењава кои се горенаведени А за традициите немам зборови, што да ти кажам ако решиш на некоја животот да и го заебеш (значи да се ожениш) онда да видиме дали родителите ќе дозволат туку така да си ја земеш од дома, мислиш кученце си вдомил. Он интелектуалецот голем бил, а другите сите прости. За постоењето на Господ молим те не коментирај, за тоа имаш посебна тема па тема па таму изјасни се дали постои или не.
Поддршка и разбирање имаат тука, ама ако некој им каже дека всушност, не е во ред нивното однесување, феминкиве одма рипаат како изгорени. Мене не ми е јасно како е можно да се свесни дека се мажат за некој кој сеуште живее со мама и тато и бато, и дека наеднаш, они треба да бидат оние чиј глас е најбитен. Заедница, патријархат, или матријархат. Ако е главна свекрвата, тоа е материјархат и немате право никој на глас. Дури ни маж и. Серозно сега, кажете ми. Вие што сте знаеле дека ке живеете во заедница. Мислевте дека ке ве сака некоја како мајка ви? Дека исто ке ве угодува? Нормано дека не. Како што ни вие свекрвата не ја сакате како мајка ви. Она си ги сака децата и внуците повеќе од вас и се друго ви е џабе. Знаејќи дека сте второ или трето разредни во нивниот живот, мислевте дека исто ќе ве сакаат како нивните деца и внуци? Нормално дека нема. Ниту пак вие нив како што ги сакате своите родени мајки. Нормално дека на скалата ке бидете под нејзините деца и внуци. Се доека не се вработите, прекинете да бидете издржувано лице (и ова не е навреда, туку вистина кога пополнувате формулар) и ке се иселите од заедница, ке мора да внимате и да си го знаете местото.
Капетанот може да размислува out of the box,само и само заради тоа што и вистина е out of the box..Генерално е во право,и неговиот радикализам е многу забавен за читање,ама па,не секогаш работите во животот ни се случуваат по наш и само наш избор..Некогаш ни се дешаваат невкусни и јадни и лоши работи не по наша вина и заради наш избор..Keep that in mind.. Злобата,љубомората,глупоста се се тоа човечки работи..треба да се знае како да се зауздаат..
Цка, ќе вдомиш куче од улица, па целото домаќинство колку-толку ќе се потруди да му удоволи па ако тоа треба да значи и менување на одредени навики. Зарем снаата и нејзината улога во домот вредат помалку од куче најдено на улица? Не зборевме жената да биде прва и најбитна во куќата но да се третира како дел од семејството, а не повеќе чест да и` се праи на жената која доаѓа за пролетна генералка затоа што она е туѓинка, туѓа крв има и да има статус на слугинка на свекрвата и задоволувачка на потребите на синчето. Ако не, нека се праат инцестоидни бракови, какви деца и да се родат, сигурно нема да бидат поголеми дебили од нас кои си се бориме за сопствените права во домот од кој и ние сме дел и не наведнуваме глава како луѓе од втор ред кога ќе се направи неправда. Не е робовладетелско општество па господари и слуги да има, туку е во прашање едно СЕМЕЈСТВО, во кое што секој член има посебна улога, неспоредлива со улогата на другите членови и затоа не може да се прави хиерархија кој е повеќе а кој помалку важен. И не мешајте религија и традиција и не ги омаловажувајте религиозните луѓе и не се обидувајте да ги убедите дека не се во право. Никој не е сезнајко и не ги има сите одговори, во спротивно и човековиот нервен систем и вселената одамна ќе беа целосно проучени и немаше во голем дел да претставуваат мистерија.
Тука зборуваме оти внучето е посакано од снаата. Оти му се дозволува да растура, а она да раскрева. Оти него да му дадат 100 денари за сладолед, нејзе не, оти маж и се мачел до 2 у кафич. Извини што овој пример го земам, ама со децата почнаа да се рамнат. И јас ако здравје се омажам, и немам плата, и чекам да ме хранат луѓето кои немаат обврски кон мене(не се заколнале но у црква ни пред матичар дека ке ме земат) па ке вминавам што ке пишувам по форуми за нив. Место фала што ми дават леб, ке пишувам како пиеле од шише и како внучето на јатрвата е невоспитано. Бтв, и јатрвата има фемина и фејсбук. И да нема ке открие оти баш вчера на ФБ кружеше слика со исмевање за една од темиве со принт скрин. А тоа е навреда според мене.
Кој Капетан, кое out of the box размислување? Ги врза во НАЈБИТНА врска снаата и свекрвата, до толку што ако не можеле да живеат, снаата требало да си оди, наместо да се стави како маж пред сите и да го реши проблемот. Ова е out of the mind размислување, не box Неговиот речник може да се карактеризира само како „простачки“, „шовинистички“ и „залуден-дека-е-најпаметен-на-целиот-свет-зошто-никој-друг-не-го-игра-па-се-расправа-со-куп-исфрустрирани-кокошки-на-женски-форум“. Игнор додека не научи основно ниво на комуникација.
Цка, мислев коментираш на другата дискусија што оди паралелно со оваа, општо за местото на снаата. А за ситуацијата со внучето, конкретно, на неколку наврати го пишав мојот коментар кој е сличен на твојот. Тоа веќе не е барање на заслужени права туку размазеност. Оговарањето пак на навиките на семејството на сопругот, не го ни коментирав oд што е за без коментар.
Тогаш човекот рече: „Сега најпосле, тоа е коска од моите коски, и месо од моето месо! Нека биде наречена Жена, зашто е земена од Мажот!” Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи кон својата жена; и тие ќе станат едно тело. Видов религиски коментари па еве го моето мислење во тој контекст.
Разговорот од типот "ако на снаата не и одговара, ене и ја вратата" го кажува маж кој очигледно не е подготвен за брак. Ако сопругата се перцепира како странец тогаш зошто воопшто сте се женеле? Значи секој кој не е крв нема право на збор и мислење во домот. Браво бе
Сигурно многу ти е убаво со тој памет И овде едно чудо невести се жалат заради такви мажи како тебе, заглавени во некои самобендисани себезалажувања, во некој паралелен универзум во кој жената сонува за маж-стопан на куќата, престилка, едно бебе во рака, друго за рака, застаната на шпорет (по можност на дрва) и со вечно наведната глава, затоа што, добога, знае каде е вратата ако не ѝ се допаѓа јаремот... А за mater familias и ставовите околу тоа не се ни замарам да се објаснувам, too much ми е некако.
Тие мажи не бараат сопруга и рамноправен партнер, туку слугинка за без пари. Уште малку и ќе прочитам дека сите жени после смртта на мажот ќе треба да го изведуваат сати ритуалот.
lilaaaa во однос на твојот пост вака мислам јас Кога ќе се соберат повеќе луѓе во една куќа логично е дека ќе се соберат различни карактери. Ти не сакаш гости, тие сакаат. Ти сакаш мир и тишина, да седнеш сама малце, и да се одмориш. Тие пак викаш постојано да имаат некој околу. Мораш да си најдеш баланс. Мора ли да седиш со сите гости? Излези си, прошетај се. Седни на некоја клупа, седни си на кафенце со добра книга, пушти го мозокот на пасење. Не е лесно кога дома не можеш да го направиш тоа,ама мораш да си најдеш некој вентил за да не пукнеш, и да не се караш со сопругот. Па и не мораш да му кажеш што точно ти е проблемот. Кажи му само ми фали малце време да поминам сама, или пак да сме само јас и ти. Кој знае може ќе те однесе некаде да се излуфтирате и двајцата, некој романтичен викенд во хотел Кратис каде што нема што друго да се прави освен да одмара Немам ништо против гостите т.е немав иако се кој саат шо се вика. Со на свекор ми и свекрва ми гостите немам ништо, од чиста култура само се поздравувам ке поседам 5-10 мин колку што ми е волја и си идам у соба, но девер ми и маж ми се година и пол разлика и имаат заеднички круг на пријатели, другари познајници и верувале или не нон-стоп има некој на кафе. Живееме на фреквентно место, па кој искочил до град обавезно врти и поминува на кафе. ОК и тоа се во ред, коа се само машки немам што да седам со нив, но имат и девојки/жени со кои јас нормално си живеам па многу често знаат да дојдат со нив, најавени кај девер ми само, па многу некултурно од моја страна ке биде ако не седам со нив. Без разлика далу сум расположена за гости или не, дали сум се зафатила со нешто по дома или само си одмарам у соба, у секој момент некоја може да ми тропне на врата од соба и да влезе и да си седне и да очекува од мене кафе да и варам и да ја дружам дури дечко и/маж и седи со девер ми и маж ми. Па неможам повеќе, наскоро ќе имаме бебенце ако не цели 40 дена сакам барем првите 3-4 недели да си го заштитам бебушот од разни вируси и бактерии и освен моите и ние што сме дома не сакам никого. На маж ми му спомнав еднаш како како ке биде од коа ке се породам дали вака ке продужат луѓе да си идат и он само ми рече па нема да влагат кај нас у соба. Не сакав да се бунам, ама јас сигурно нема цело време детето да го држам у соба само, ке сакам да проветрам да усисам и да пребришам прашина и нормално нема да го смрзнувам или да го оставам да дише хемикалии ке го носам у др соба. Незнам шо да правам, вчера цел ден имав болки незнаев дали породилни или лажни, кај свекрва у дневна гости, кај девер ми у соба цело маало собрано...му кажувам на маж ми овој цел се возбуди сите кренаа паника сто пати се покајав шо кажав и после цели 6 саати си ќутев, чекав да ми станат неподносливи па да идам на лекар но беа лажни изгледа А инаку како бев расположена да се кидне некаде викендов ама на маж ми страв му е од Скопјево да излеземе да не сум се породила имам уште 5 дена до термин па и на кафе не му се искача
не сум мажена тинејџер сум ( ) ама мама и баба многу се сакаат како пријателки се и нема врска ни поговорки ни ништо .. зависит тоа од каков карактер има сверквата
Во последниве неколку страни тоа што го прочитав, сфатив дека на некои многу им удриле факултетите, моменталната работа и моменталните приходи во глава. Па мислат дека се богови. Ај сега седнете, размислете каде се наоѓате, во која земја, колку е кај нас сигурна работата, колку е сигурно дека ќе ги имате денешните односно сегашните приходи па полека безбедно спуштете се на земја. Снаите требало да ќутат во туѓа куќа ако не работеле. Абе ајдее... Секој некогаш може да биде невработен или вработен, сеедно. Денес си овде, утре којзнае каде. Не треба да се гледа низ призмата на парите, а најмалку тие треба да ни бидат мерило за права во новонастанатото семејство. Срамота е што вака се размислува. Тргнете сите прво од дома, од вашите родители, од вашите баби и дедовци. Како ќе било и како вие или на пример вашите мајки ќе се чувствувале ако на почетокот на бракот со вашиот татко она била безгласната буква во новонастанатото семејство само заради тоа што била единствената невработена и финансиски не придонесувала во домашниот буџет? Нема свои пари, нема право на глас. Не е убаво нели? Уште си стојам на тоа дека не сме реални прво пред себе, па после и пред другите. Кога се работи за туѓо одвај чекаме да се најдеме во супериорна ситуација па да си лечиме комплекси.
Kога две индивидуи стапуваат во брак, формираат свое семејство кои ги вклучува нив двајца и ако имаат-децата. Cе она што пред брак било семејство, сега станува фамилија. Bо учебникот од прво одделение има цело поглавје за разликата меѓу двеве. Xипотетички досега би требало и вие да правите разлика, а ако правите голем дел од проблемите нема никогаш ни да се појават.Cекогаш, секогаш, 1000 пати секогаш семејството е на прво место, а потоа вие одлучувате според заслуги кој ќе биде на второ. Tипот што при кавга ќе ја праќал жена му некаде (не се знае каде), додека тој "машки" (пошо нели имал муда да ја донесе, сега ќе има муда и привремено да ја избрка) го решава проблемот со мама, мислам дека има блага ретардација. Mе интересира само, ако се имаат деца и тие одат со мајката некаде ( не се знае каде), па ќе се вратат откако тато "машки" ќе се разбере со баба? пошо тато е мушкарчина со големо M, замислете еј, ја донел мама дома, која храброст . и дали ако мама и баба стално се караат тоа значи дека мама пола живот ќе го помине некаде (не се знае каде), додека тато решава (битен момент се мудата) со баба? Aко батко зеленко е женет, тогаш сигурно госпоѓата е извонредно, вонсериски, екстраординарно глупа. P.S секогаш постои опцијата "драпање колчишта" и "играње мајтап" по форуми.