Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Абе има ли нешто поубаво од тоа свекрвата да си ја гледа снаата како свое дете и бабата и дедото да си го сакаат зетот како нивно ???
    па нема секако дека нема.
    двете семејства стануват фамилија и се борат заедно за своите деца кои сега стануваат самостални.
    Се трудат и двете страни да им помогнат да си живеат , па и тие и тие чувале дете и секако дека сега покрај своето дете ке го прифатаат и нивното.
    А ТОА ДЕКА НЕМОЖЕ ДА СЕ ПОГОДАТ ИЛИ ДА СЕ САКАТ СНАА И СВЕКРВА Е ЛАГА !
    СЕКАКО ДЕКА МОЖЕ
    САМО СЕ ЗАВИСИ ОД ЛУЃЕТО КАКВИ ЛУЃЕ КЕ СЕ СТАВАТ
     
    На captivating му/ѝ се допаѓа ова.
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.359
    Задевам! :D Изгледа како да си се обраќаш сама на себе, затоа.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Е овој цитат треба да биде заштитен со закон.

    Задолжитено треба да биде пред склучувањето на бракот да се научи ова и да се знае како оче наш, дури и од сон да ги станат да го цитираат. Посебно задолжително треба да биде за идниот сопруг (под претпоставка дека во него се крие неоткриен мамин син) и секако посебно задолжително треба да биде за идната свекрва (под претпоставка дека во неа се крие неоткриена посесивна љубов спрема синчето). А секако неизоставно да биде читање и учење и на останатите членови на потесното семејство. Како: баби, дедовци, мајки, татковци, браќа, сестри, тетки, стрини, вујни итн.

    Може постов мој личи на зафрканција ама јас сум мртва сериозна. Треба да се изготви еден документ во кој суштината ќе биде цитатов на confused. И да се потпишат задолжително горенаведените. Па после оди некој нека се меша и нека исправа криви дрини таму каде што не треба, кога казната за тоа пропишана во закон ќе биде парична. Мора народов наш по џеб да го удриш па да се научи. Зошто очигледно тоа што во црква попот вели дека сопружниците сега се едно и дека мажот треба да се прилепи за жената, нешто не се сфаќа премногу сериозно.

    Затоа друга политика, оп документче, так, црно на бело, потпиши, фала, молим лепо, па оди после речи дека снаата во туѓа куќа треба да си ќути или дека свекрвата требала пари да ти дава и децата да ти ги чува. Сите заштитени со закон и волкот сит и овците на број.
     
    На Anyshka, ana-banana, Glasna и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.393
    Moira,не употребив иронија и интерпункциски знаци и смајлија па постот не излезе како што сакав :) Аут оф д бокс го мислев во иронија,елем,он уопште ниту бил во слична ситуација,ниту па може да гарантира како ке реагира тогаш..
    Во право е за тоа треба однапред да размислиме во што влегуваме и со кого,а не пост фестум..А се друго напишано спомнав дека е смешни и радикално..
    Инаку и мене ми е бизарно однесувањето на снаата која фрустрациите ги истура на 4 годишно дете
     
  5. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    760
    се мислев дали да пишам оти пола и повеке ке ме изшамарат ама морав
    Таков сум си карактер со принципи и имам две деца кои се сега веке големи одат на училиште и додека беа мали ги држев построго и да не чепкаат секаде .Си имаат детска соба имаат играчи тон и нема што да ми носат и влечат играчки по сите соби .Украс не дигнав покривка не тргнав додека беа мали ,значи на мои деца не дозволував не пак на деца од другари или пријатели .Скорото реновиравме грдна пара фрливме за да ми е средено дома убаво комотно и ми дојде на гости другарка моја со две машки деца бесни бесни незнам како да ви кажам.Додека мајка му си седи и си пие кафенце со цигара едното со столот си го вози и струга од штотуку лакираниот пархет другото со измацана рака од чоколадо си игра пали гаси со прекидачот од сијалицата и зидот чоколадиран
    Луѓе мајката не мрдна со прст си се напуши напи и си отидоа.Ај што собирав полаа саат играчки ок ај што метев со правосмукалка смоки грицки чоколади насекаде ок се тоа што се средува а измацаниот зид и најтрагично пархетот цел со линии изгребани што да му правам да го лакирам поново ?
    е па срце ме зболе си реновирав од устата си делев моите не направиле ништо а некое друго од улицата што се вика дојди 2 саата и демолира
    Е па нека сум лоша колку треба ама не можзам веке да трпам и пак ке кажете деца се ,да деца се ама на децата им е играта со играчки а не со столеви да си ги возат а најинтересно е што на мајката жар и падна на тепихот па си имам една дупкичка баш на белата страна од тепихот е ај на здравје и да не се нервираш ? Налет нека е и гости и се коа само нервози се изнаполнив
    се извинувам на офф ама морав да се изпразнам :devil: :devil:
     
    На Anyshka, butterfly.mk, midnight.flower и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Наместо да речите, фала Богу, немаме такви внуци кои биле до толку бесни, вие нас кои имаме не правите будали.
    Се правите фини тетки, ве бива со деца...
    А, во реалноста и по гости и на кафе мајките со цигарето в рака не знаат ни кај им се децата, и тоа кај 90% мајки. Овде сите совршени бе. |(
     
    На Anyshka, butterfly.mk, Glasna и 3 други им се допаѓа ова.
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Ај ај доста оговаравте колку биле невоспитани децата на овие или оние |(
    Тами ја нема заврши нејзиниот проблем .
    Move on :D
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    ^^
    Не знам само дали ти си вистина опкружена со 90 посто мајки кои не си ги гледаат децата што прават и им е побитна цигарата и со многу лоши деца кои демолираат куќи... или познаваш една, две или три па ти годи да претпоставуваш дека сите се такви само ти си фина и паметна и знаеш како треба да се воспитува едно дете и како една куќа треба да изгледа.
     
    На Espadrila, bittersweet, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  9. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Ова офф топик, sorry-те ама и јас сум опчружена со такави мајки, за жал.
    Затоа ми е мило кога ќе прчитам овде на форумов дека не се сите такви.
    Вистина, имам 2, значи само 2 другарки кои пазат на децата.
    се друго,посебно во комшии :x :tmi:
    Ама да не заборавиме дека сите родители ги вопситуваат децата како што мислат дека е најдобро.
    Според мене многу од нив го практикуваат она "Accidental parenting" односно "Going with the flow"
    Јас за мене знам дека јас воопшто нема да се замарам што другите мислат за мене како мајка, и знам дека сите овие мајки што ги зборуваме го мислат истото.
    Така да, ако не ви одговара, не ги примајте на гости(што ќе ја примам, ќе правиме лице, еве пријателки сме, се дружиме а кога ќе си отиде да се нервирам што сум ја примила и детето лом ми направило) или примете ги ама јасно кажете кога нешто ви пречи. Па ако има малце срам мајката ќе си реагира времено кога детето ќе прави нешто што не треба.

    А сега, има некоја да се пожали или да ја пофали свекрвата? :D
     
    На Anyshka, Glasna и Silver.E им се допаѓа ова.
  10. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Еве јас да ја пофалам мојата :D
    Мојата идна свекрва живее на 2,300 километри од нас и поради природата на работата на мојот иден сопруг семејните средби се најчесто за Божиќ. Свекрва од најдобар вид :lol:
    Иако морам да признаам дека таму односот снаа-свекрва е мнооооогууу поразличен од кај нас. Впрочем и односот мајка - син/ќерка е поразличен. Така што ретко каде се дешаваат ситуации и проблеми како горе опишаните.
     
    На Anyshka и karenin им се допаѓа ова.
  11. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.181
    Rabotava e sam sebe odgovoriv :P
     
  12. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    ^ Важно си ја олесни душичката :D
    Нели за тоа и доаѓаме овде на форумов :D
     
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ^ Првиот дел во постот е од captivating, а вториот дел е одговор на истото од lilaaaa. Само што lilaaaa не го цитирала туку само го ископирала, па излегло дека сама на себе си одговорила. :)
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tami13

    Tami13 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    Ако под поимот домаќинка се подразбира само однесувањето/мислењето за свекрвата,деверот и сл.тогаш,признавам,не сум домаќинка,ама ако домаќинка е жена која чисти по дома,пере,пегла,готви,се грижи за мажот и детето,гледа да заштеди нешто (парите шо ми ги даваат моите на пр.за роденден или некој празник,ги трошам за бебето,а не за мои потреби,гледам да се искупам затоа што сеуште не раб.,а не раб. по желба на мм) епа тогашш....нз..кажете вие. А едноставно не ми се чекаше уште 2-3 год.затоа што сакав да му родам бебе на мм,затоа што он има проблеми со срцето и сакам во секој поглед да го усреќам!
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tami13

    Tami13 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    Детето умира по мене затоа што се му дозволувам...и пак ќе нагласам пошо гледам никој не ме сфати шо ми беше муабетот: МЕ НЕРВИРА СВЕКРВАМИ ШТО МУ ДОЗВОЛУВА СЕ,КО ДА НЕМА НИКОЈ ВО СТАНОВ ОТКАКО ЌЕ СИ ЗАМИНЕ ВНУЧЕТО..А ПРОТИВ ДЕТЕТО НЕМАМ НИШТО!
     
  16. Tami13

    Tami13 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    :D Има тој негови играчки тука,цел еден пакет,пошо,нели,напоменав погоре,без да му купи бабаму нешто,тој не се качува во стан....
     
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.359
    Δ
    Продавам големи лопати, за копање поголеми дупки.
     
    На zalosna, tessie и Li0ness им се допаѓа ова.
  18. Tami13

    Tami13 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    Значи,не се туѓи парите туку од мм се,а тоа е и мој кеш,а парите од свекорот се и кеш на свекрвами,така да,колку шо таа има право на парите дома,толку имам и јас,и и јас имам право да кажувам за шо да се,а за шо да не се трошат.
    ЗАКЛУЧОК: Заради тие што не можат да прифатат дека синот или братот веќе имаат свои семејства и дека не можат да продолжат со исто темпо,т.е.кај жената и детето,па уште и мајка му и сестра му да ги одржава,само заради нив постојат лоши снаи. Епа ај бе,нека не ви носи дома никоја и вееечнооо нека се грижи само за вас!
    Јас кажав дека ако е мое дете или на сестра ми ќе можам слободна да го искарам ако прави беља,па макар и 1 годишно ДА ИДЕ! Значи,МОЕТО ЌЕ ГО ИСКАРАМ АКО ГРЕШИИИ!
    Извини Цка,ама мене и сите останати во станот,т.е.бебето и старите,не храни тој кој што се заколнал со мене у црква,така даа...не читај меѓу редови,туку се со ред!
     
    На Anyshka и Glasna им се допаѓа ова.
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас велам едно, ти друго. Како за инает само да кажиш контра.
    Сега јас не знам со што сум опкружена, ти знаеш ? |(

    Оставете некогаш човек да си кажи што има. Јас разбирам да дебатираме, реплицираме, ама која е потребата од инает да вратиш контра за да го *закопаш* демек.
    Демек сега ти паметната, јас не знам...
    Ти не ме ни познаваш. Како можеш да коментираш колку % такви мајки познавам ? :^)
    Ти само претпоставуваш, и тоа погрешно.

    И воопшто, одвај се чека некој да не мисли исто за другите да му скокнат. :x

    И едно да нагласам.
    Не се исти снаите кои живеат во заедница и оние кои се делени.
    Оние кои се делени не се соочуваат со истите проблеми, пораат им е животот. Впрочем затоа и се делат.
     
    На Anyshka, jb82 и Glasna им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Да, се` додека ги заработува мт затоа што СО НЕГО си во брак. А живеете под ист покрив со свекор ти и свекрва ти затоа што тие се смилувале да ви дадат гага кров над глава на што немаат апсолутно никаква ни законска ни морална обврска. И двајцата сте полнолетни. Не ги мешај тие работи. Ти, мт и детето сте веќе ново семејство. За пензијата на свекор ти и свекрва ти искрено немаш право да зуцнеш, а можеш на мт да му сугерираш дека ти пречи што тој, од негова заработка им дава пари на неговите.

    И не можеш да бидеш љубоморна на третман кој го добива детенце кое доаѓа еднаш месечно на гости кај баба му и дедо му. Премногу е смешно и неосновано. Ти си дел од тоа домаќинство, но тоа не го брише фактот дека куќата ја направиле неговите. Така што, додека не си заминеш под кирија, или си купите со мт ваш дом, немаш право да командуваш кој ќе доаѓа, а кој не. Наместо да бидеш благодарна за покривот над глава, што не ве оставаат да се изложувате на трошоци од кирии и чуда, наместо да бидеш благодарна што си имаш помош околку детенцето додека си спремаш испити раат, ни на работа одиш ни, освен со жалење и средување на нередот од внучето еднаш месечно, придонесуваш нешто посебно во домот, па сега и ова многу ти се фаќа.

    Не ми се праело ни мене ќеф од сите гости кои доаѓале кај свекор ми и свекрва ми, ама сум била свесна дека сум во заедница и дека како што имам зелено светло да си поканам некоја другарка во тој дом, така па и уште повеќе тие имаат право да си се гледаат со кого сакаат и колку сакаат во дом што е изграден со нивна пот. Не ли ми одговарало друштвото? Ќе се поздравам, ќе прашам „како сте, што праите“, ќе си ставев во чинија од послуженото нешто ако бев гладна, филџанот со кафе во рака и правец соба.

    И аманте, немојте со тие приказни „мм не ми дава да одам на работа“ кога ви паѓа тешко еднаш месечно да зачистите по некое дете. |( Очигледно ти одговара што седиш таму и што не одиш на работа, ама сега се буниш шо нема преку леб погача. Тоа драга моја, ни кај мама дома го нема.
     
    На bittersweet, ilipili, LilBaby и 3 други им се допаѓа ова.