А Тами, ти што си мислеше кога се омажи? Зборувавте како ќе биде во брак? Или само трчајки се омажи без да прашаш кои се условите? Има една народна песна, имаше во текстот нешто : Кога се мажеше, што ти се чинеше, момче е шеќерче? АКо ја нејде некој, нека ја постира ЗНачи си можела да знаеш каква е ситуацијата и пред брак. ЗОшто да се смени после брак? И некако не се слагам со тоа дека парите на маж ти се и твои. Он работи, ти не. Од твоите пари можеш да речеш дека не и даваш на свекрва ти, ама од неговите, не знам колку имаш право.
Тами, ти велиш: Наместо да се карате и да се нервираш, што прават свекорот и свекрвата со нивната пензија, јас ќе те прашам нешто: 1.Дали секогаш имате јадење на маса за сите членови на семејството во заедница? 2.Дали сметките ви се платени? 3.Дали сте облечени и вие и малото? Млада си, не се нервирај. Здравје, ќе почнеш да заработуваш, ќе си го цениш секој денар, ти со него ќе располагаш онака како ти и мт мислите. И затоа, наместо да се жестиш за глупости, олабави, имаш дете, фокусирај се на него и работи на планот како да се тргнете од заедницата со мт и бебчето.
Да,секогаш има јадење на масата кое стигнало благодарение на мм,и сите сметки (од струја,тв,тел.) се платени од страна на мм,и и јас и детето сме облечени благодарение на мм (и чат-пат на моите дома). Така да на стариве не треба да им се дава дозвола да прават што сакаат со парите од мм само затоа што тие го родиле,меѓутоа заклучив дека ме советувате да не велам ништо,па ок,нема да велам,ќе издржам уште година дена
Подобро да не станеш свесна колку може да се смени ситуацијата во брак во однос на онаа пред брак... А во однос на болдираното... Се надевам дека не мислиш вака навистина, односно, мислам дека кога зборуваш вака, мислиш пред сѐ на парите на брат ти и идната снаа, те боли што идната снаа за парите на брат ти еден ден ќе рече дека се и нејзини. Ама, сигурно нема да мислиш исто и за парите на маж ти еден ден. Да, платата на маж ми е заедничка, е сега, ако тоа ја нервира сестра му, на пример, too bad for her. И парите јас што ги заработувам се заеднички односно, за семејството. Брак, семејство, маж и жена... така оди тоа. И бате еден ден ќе засака некоја малку повеќе, и ти секако ќе му останеш сестра, ама г-ца Х ќе му стане жена, ќе делат кревет, ќе делат добро и лошо и замисли-ќе ги делат и парите
А за кого он раб.ако не за своето семејство? А нели негово семејство сме јас и бебето? И не го окривувавм него шо и дава секогаш пари на мајкаму,и јас на моите кога недај боже би имале проблем би им дала пари,ама проблем...а не ако ги фатило некој бес. А свекрвава ја знае целата ситуација околу купувањето стан и одделувањето и упорно не' троши,мисли така дека поспоро ќе собериме пари и подолго време ќе седиме со нив,за да не и замине и др внуче надвор од дома па да не може секој ден да го гледа.
Да не ги измешавте малку работите. Во право сте дека парите на мажот се и на жената, и таа има право да каже ако и пречи нешто, но тука има едно големо НО, а тоа е дека се живее во заедница!!! Ова не го зборувам на памет туку од искуство на блиска личност. Брат и ја затрудне девојка му, слично како Тами не завршен факс, он само работеше, и неговите кога слушнаа му рекоа: Во ред, ја скашка работата, сноси си последици, тука може да живеете, ама да не мислиш дека сте на пансион, има да си плаќате сметки, да купувате за дома, да видиш што значи обврска. Од каде знаете дека истиот муабет не е правен претходно во случајов?? Затоа Тами душо, додека си во заедница свати дека не можеш да скокаш и да велиш јас и маж ми сме посебно семејство. Да се маваш во гради. Не сте, ти си станала дел од неговото демејство!!! Колку и да звучи сурово, ама така е. Кога ќе се тргенете на страна, ќе си имаш твој ред, тогаш парите ќе се ваши, а се додека им спиете под кров на свекрва ти и свекор ти свати дека тие ќе имаат право и да побараат пари на син ти и за сметки и за јадење и за се. Тоа е злато, сурова реалност. А за детето ако толку ти смета разговарај со јатрва ти. И таа била мајка, знае како е да има бебе дома, може ќе те разбере ама пак ти кажувам со дикат зашто тоа ти е меч со две острици.
Спојлер Штом се е благодарение на маж ти, и бидејќи ти се уште се нервираш,ако може маж ти сам да издржува заедница од шест члена, тогаш подобро, тргнете со под кирија па терајте си сами.
Тоа и јас помислив, водење куќа, 4 возрасни, бебе, подароци за семејството на братот, и штедење за стан на една плата - што ќе беше убаво повеќе луѓе во државава да имаа толку големи плати
Нијансите и усулот се најбитни. Секако дека треба материјално или кога веќе не се може материјално, со домашна работа (бидејќи некои од тоа заработуваат, реално не е мал придонес), да се учествува во домаќинството, со сметки и чуда, но тоа би требало сите да го прават. Ова што го прави свекрвата реално е безобразно и навистина треба да се отселат кога веќе материјално се доволно јаки. Сигурна сум на Тами помалку ќе и` биде криво доколку истите пари се даваат за кирии отколку ли за деверот и свекрвата. Ако е вистина тоа што го кажа Тами за свекрвата, газдата кај шо ќе седат под кирија ќе биде почовечен кон нив. Исто така фактот што родителите на Тами ги ослободиле сите од трошоците за студиите на Тами е голем плус кој треба да дава голема надеж дека побргу ќе може да се одделат. Тој не вложува само во домаќинството, туку за мајката да може да дава на другиот син и на внучето што навистина не е фер и треба да си се одделат. Затоа велам треба да си расчисти со мажот како и што затоа што тука поголем е проблемот во него отколку во мајка му. Аман толку да се сурови за сопствено дете затоа што седат под ист покрив. Па нека си се шират сами. А кога навистина ќе им биде потребна помош, снаата и синот нека им вратат „Сега сме посебно семејство и немаме обврска кон вас.“ Боли. Затоа во заедница не може да живее секој. Затоа и јас и мм се одделивме додека меѓусебните односи се`уште се темелеа на човечност, а не на фискална сметка за тоа кој кого колку потрошил, за да се остави образ и едните и другите утре во вонредни ситуации да може како едно пошироко семејство да се потпреме едни на други, се разбира со усул. Ова, доколку Е вистина дека свекрвата барала пари од аздис вон потребите на таа куќа и доколку заговарала да не соберат пари доволно за младиве да се одделат. За внучето сум се`уште со истото мислење.
Не ја дочитав темата, сакав на ова да реплицирам. Јас немам деца, имам внуци од сестра и од девер. Тврдам дека и од двете страни децата се најразгалени во присуство на бабите. Значи и оние од сестра ми, и оние од девер ми прават што сакаат кога баба е тука. Јас до сега не сум имала случаи да плукаат храна и слично, но од претурање по фиоки, газење и рипање по гарнитури (со чевличиња, со кои, иако децата се мали, газат секаде - не внимаваат) и други палавштини што можат во момент од кожа да те извадат. Навистина, ниту едните ниту другите не се однесуваат како од кафез излезени, но зборот НЕ, пред баба не важи. Истите тие деца, кога се само со мене, поточно кога баба не е присутна, се толку мили, послушни, се заигруваат убаво, без притоа намерно да прават бељи. Сум била сведок и кога родителите ќе речат: не така, а бабата ќе се пушти во одбрана: нека е, де. Еднаш- два пати, и потоа ни родителот не се труди повеќе, пред бабата. Но сум била сведок и на ситуации, во јавни објекти (кафуле, ресторан, дуќан за бела техника и сл) каде имало родители со тоооолку немирни деца, што вработените во објектот мака мачеле да си го зачуваат инвентарот, а родителот „мува не го лази“, ни да си го фати детето за рака (ова за дуќанот за бела техника, каде детето почна да фаќа и отвора скапи предмети), ни да го опомени, да го смири. Во таквите случаи родителите се криви, а таквите деца по гости којзнае што прават. За она другото, дека снаата ако не се согласува со свекрвата треба сама да си замине од дома - голема грешка (иако во главно ми се допаѓа начинот на размислување на Capetan Omni). Најголемата грешка е во воспитувањето од страна на нашите родители. Се‘ се оди во насока: ти сине ќе не гледаш. Мојот сопруг беше научен дека тој со својата сопруга треба да живее во куќата со родителите. Демек едниот син се одвои, другиот треба да остане со родителите. Така бил учен и татко ми, и многу генерации претходно. Иако во куќата нема комоција за две посебни домаќинства. Кога дојде време за брак, и кога ЈАС го прашав мојот тогашен дечко, а сега сопруг, каде ќе живееме, тој навредено ме погледна и рече: па кај мене, со моите. Се обидов да му објаснам дека подобро е сами да живееме, тој уште толку се навреди и ми рече: од каде знаеш дека нема да можеш да живееш со моите, па тие се добри луѓе?! (И моите родители се добри луѓе, но тоа не значи дека секој би можел да живее со нив. За илустрација: имав другарки кои многу добро се согласуваа секојдневно, но кога решија да бидат цимерки, да живеат заедно, се раскараа, кога цимерството заврши еве ги денес пак си комуницираат и се дружат.) Луѓето (свекорот и свекрвата) се навистина добри, но имаме многу различни навики. Се разликуваме како од два различни света да сме. Се веривме, поминаа два месеца, сопругот сам увиде дека не може да живееме во заедница. Решивме дека најдобро ќе биде привремено да останеме во заедница, додека да заштедиме доволно за учество за наш дом. И така и бидна. По две години живеење во заедница, ние еве се одделивме, и дури сега може да правиме муабет за градење наш дом, со наши правила. За оние кои ќе помислат дека сопругот бил мамин син и не сакал да се оддели од суќната на мама, па затоа не сакал од старт да живееме сами, ќе им речам дека тој многу си ги почитува и сака родителите, и исто толку ги почитува и моите родители. И би била најсреќната мајка на свет, доколку идните мои деца ме почитуваат и сакаат исто толку. За се‘ друго, само ќе кажам нема подобра школа од животот. Додека човек сам не сфати и разбере, џабе ќе му објаснуваш и ќе го убедуваш.
Да,еве и јас ќе речам деца се тоа...ама не се децата виновни туку мајката која сето тоа мирно го гледала и си седела. Имав и јас едни такви гости-родителите си седат и како ништо да не гледаат додека децата нивни руинираат по собите.Еднаш ми пукна филмот и јасно и гласно им кажав на децата(инаку муабетот беше наменет за родителите) дека ако продолжат со таквото однесување(скокање,мавање со перничиња,растурање храна по подот)друг пат кога ќе се јават да дојдат нема да ги пуштам да влезат. Толку беше дружењето....се налутија родителите и повеќе не ги носат децата со себе кај нас,а и самите поретко доаѓаат. Истите тие луѓе,кога ние ќе отидевме на гости уште пред врата -влезна не тераа да се собуеме,домаќинката само гледа под маса,случајно да не ни паднало нешто од храната долу,а нивните деца..... ееее....тоа е посебна приказна-абе ги нема,глас не им се слуша(значи знае да ги воспита дома да внимаваат,да чуваат,а на гости кога се -нека кршат) Пак ќе кажам...до родителите е,не е до децата.
Темата од снаи и свекрви се трансформира во тема Децата на пријатели/роднини кои се многу бесни и невоспитани, а родителите не им се замараат. Кој е тука проблемот со свекрвата и снаата???Претпоставувам новата насока на темава тргна од Тами и нејзината свекрва со односот спрема внучето (од деверот) и спрема деверот. Факт 1 - Бабите секогаш ги разгалуваат внуците и повеќе им допуштаат, а со тоа прават непријатни ситуации кај родителите на децата и роднините. Факт 2- Никој нејќе приходите од мене и маж ми - да завршуваат кај свекрвата, деверот или брат ми/сестра ми (освен можеби тие самите). Затоа по дома ќе се договорите кој за што ќе одговорен за плаќање во домаќинството. Кој ќе пазари кој ќе плаќа сметки итн....(додуша сево ова веќе беше кажано). Кога веќе се живее во заедница е така. И мора, значи МОРА да се најде баланс. Факт 3- Како снаа во куќа, од навиките, табиетите, инаетите...нешто ќе си донесеш ама и нешто ќе прифатиш. Факт 4- На ни една свекрва не и убаво синот да и биде несреќен. Ова го кажувам за нормални жени, без психички и психолошки историјати на болести, оти тогаш би биле исклучоци А овде читам и не можам да се изначудам. Таквите жени не се исклучок ами редовна појава!!!!!!!!!!!!????????? Аман жени Гет ит риал. Ајде ако сте премногу ФИНИ и трпите се, балансирате ама ви пука филм, тогаш разговарајте исто така фино и културно. Ако не можете да најдете баланс и се пукате со свекрвата- зошто тогаш се жалите дека и она ве спукала???? Сепак триста људи триста чуди..... Не има секакви, од различни куќи излезени, во уште поразлични дојдени. И сега? Ниту имам пари за нов дом, нити за под кирија, ниту со свекрвата се трпам? ЧАРЕ? Е за ова чаре ни Ајнштајн нема да измисли.
Само ова ке го кажам како може сите од страната на Mажот да сметаат а само 'TOJ SOPRUGOT: или мажот како сакате, да биде исклучок од фамилијата значи мора и тој да е ист каракер како семејството негово затоа драги снаички почитувајте ги васите свекрви затоа што родиле и израснале син за вас, и јас сум снаа но имам супер однос со свекрвами во брак сум 7 год си немаме преречено ниту еден лош збор и малку подразмислете сепак вашите мажиња ги одгоила и израснала свекрвата за вие да уживате со нив под чаршав
Факт е само дека фамилијата и родителите од мажот можеш само да ги почитуваш (повеќе или помалку или онолку колку што тие ќе го почитуваат мажти,а тебе мање-више) а ги сакаш само мажот и детето!
Δ Јас пак тврдам дека не е факт. За свекрвата, сум ја почитувала, и таа мене, ама тоа имало меѓу нас, почит од една жена кон друга. Заедно не сме живеале, ама како што беше лута пред да се оболи, на се што мрда лута, уште јас ќе сум и фалила пред очи Свекорот си го сакам, го почитувам, ама и го сакам. Он ми е оној постар човек во животот кој ме води, советува, ми отворил очи за сурова реалност, ме ставил пред него како неговите деца, ме тупнал по рамо при некој успех како би со свое дете. Он ми го дава тоа, кое мојот татко го промашил, и уште го промашува иако има време да надомести како така, ама пустото има и гордост која не му дава да си признае дека воопшто промашува. Да, само еден е татко. И јас татко ми си го сакам, каков е таков е, татко ми е, макар што го ругам тука многу пати оти е далеку од татко на годината, го сакам. Ама си го сакам и свекор ми, и ќе го жалам кога го нема, ќе ми фали, како родител. Крвта не е вода, ама не е ни секундарен лепак.
Мој наклон и мој поклон. Ни јас не можев подобро да го кажам. Од друга страна пак, и нашите родители не` сакале, но и ние сме требале многу работи да ги заслужиме, доверба, пофалба... е тоа оди во две насоки. Особено кога стануваме доволно возрасни да разликуваме меѓу добро и зло.
Tami13 многу несебично од тебе затоа што за здравствените проблеми на маж ти, си се одлучила уште толку млада да родиш дете(не му даваш него дете, ме нервира тој израз како да сега детето е на мажот и за него го раѓаш), несебично ама не е тоа доволно. Многу лошо се изразуваш и искрено по сево ова што го прочитав не мислам дека си зрела да имаш дете па ни да влезеш у брак, извини ама не сметам дека си. Се ќе сватам, ама ова што го збориш ти за детево од братот на маж ти извини ама ми е само недозреаност. Ја знаеш онаа поговорка, like taking a candy from a child? Тоа асоцира на нешто многу злобно за мене( добре де и прелесно значи) но и злобно, зашто само лош човек ќе му земе од рака лижавче на дете. Нема да ги изеде детето играчките, ќе си поигра ќе ги врати, стварно испаѓаш многу незрела и многу љубовморна со муабетиве.Јас имав таква учителка у градинка која ме казнуваше со тоа да седам у кукленото катче и да не смеам да ги фаќам играчките, знаеш ли ти кој стрес е тоа за едно дете, кое измачување?Мајка ми за малку ќе им викнеше инспекција, зашто некоја таква се дрнуваше да малтретира деца со што ќе му укинуваш право на дете да не игра со играчки- А ДА ГИ ГЛЕДА!!! Внимавај како се понашаш,зашто гледам дека имаш намера да се водиш по правилото само за своето да гледаш добро,а за другите може и со лошо, немој не е убаво. На крајот на приказната тоа е дете има 4 години а ти си воздрасна особа, не знам како можеш да очекуваш од дете да биде бубалче и да не игра со играчки и да не растури понекад, навистина не знам. Чекај и ќерката ти ќе порасне, ама чекај тогаш нема да си смета затоа што е твое, јасно ми е.
Па нормално дека своето дете не смета,кому му смета свое дете? А мене ми сметаат разгалени деца,без разлика чии се,а не затоа што се од деверми. Едно е детето да е немирно или да да нема којзнае колку и какви играчки па да му е интересно,да префаќа,да е љубопитно,а друго е разгалено дете што се дрецка и за најмала ситница. Некоја погоре ми рече дека ко ќе пораснела ќерками нема да и биле интересни бебешките играчки,да не сум ги чувала сега.Епа драга,тогаш зошто му се интересни и на внуков,нели он е поголем? Зошто со нив да игра фудбал? И,патем,има играчки со кои ќе си игра од 3,па мож и до 13год.,не ги скривам јас бебешките ѕвечалки.И кога веќе сте запнале толку за год.за мажење,ајде кажете,кои се идеалните год за стапување во брак? (значи год.,а не да ми речите ко ќе завршиш фак.и ко ќе се вработиш,бројка сакам). А зошто не сум зрела да влезам во брак? Заради тоа што ме нервираат разгалени деца,заради тоа што ми е битно моето дете да спие и да има се,а не некој разгален бабин да беснее по дома? Или заради тоа што ми сметаат некои навики од свекрвата? Или заради тоа што од љубов кон мм му родив дете без разлика на се,за да може со семејството да ужива во најубавите год.? М?