Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Затоа треба да се живее одвоено...секој на своја страна во свој сопствен дом.Тогаш ќе има почитување.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  2. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Јас драги мои снаи, како тазе снаа, ама и епитет на добро поткован звер, :rofl: :devil: со текот на времето ќе ве научам на ред, т.е да не им се нервирате и да не ги рецкате... ГО ПОТЕНЦИРАМ И СТОЈАМ ПОЗАДИ ТОА ДЕКА НИШТО НЕ ПРАВИТЕ БЕЗ ПОДДРШКА ОД СОПРУГОТ, ЈАС ЗА СРЕЌА (или по моја заслуга по 5 години тактичка упорност ја имам и повеќе од 1000000%) ЈА ИМАМ И ЗАТОА ЖИВЕАМ КАКО ШТО САКАМ.....

    Женава т.е свекрва ми(уште не сум навикната :lol: ) е што знам како да ја опишам.... :?: 3 дена живеев со неа, два од нив плачев и третиот нали кидавела... Тоа јасно и гласно го кажав уште пред да стане збор за брак, ама и останав на тоа....Е сеа таа сака да е прва во се, најдобро готви и чисти и не знам што, ама ете ме дал господ мене такво способно сеа шо да праам ме бидува и готово, и не може да се помири со тоа што син и нон стоп ме фали мене ... И кога и да се видиме(што не е многу често), ме навредува, за се и сешто, за банални и помалку банални работи, колку да вреѓа де, (отворено сопругот мој си знае дека не сакам да одам таму, милион ситуации кои тој не ги видел јас му ги имам предочено, така да виде убаво дека секое одење бара начин да ме навреди преку глупи споредби, со луѓе пред кои пак ме фали толку многу, срам да те фати).... Значи секогаш мора да ме омаловажи, мене или моите, и секогаш си одам ифрит нервозна од таму....
    Сеа не покажува она ново лице, ваква беше и пред да се земеме со маж ми, финансиски ни даваат се што можат за куќата што ја правиме, али за сметка на тоа па не престанува да ме вреѓа ... Не ја сакам воопшто, ама не ја мразам, ги викав мамо и тато, мада тоа е најтешкото нешто на светот, ама сеа престанав, ептен ако морам да и се обратам ќе ја кажам, затоа што неколку навреди што ми ги има упатено не се воопшто наивни, а и татко му на маж ми, за кој мислев дека многу ќе го сакам се испостави дека е чудно створење, ок е во суштина со мене, ама две ситуации кои ги имав со него, ја окончија работата. Замислете летово ми се јави да ме праша дали стварно ќе одам на одмор и дека не би требало, иако маж ми ми го плати одморот да си одам со колешка, и ме демнеа дали сум отишла или не, не се јавуваше на син му туку директно на мене, и од тогаш строга дистанца... Да и зборот дистанца е оној што го опишува мојот однос со нив, мислев дека ќе биде поинаку, се трудев, не ми направија којзнае колку лоши работи, ама јас решив вака да се поставам и однесувам, не одиме ни на ручеци, на блиц посети само, си готвам јас, а пуста желба нејзина беше да не знам ништо, да јадеме секој ден таму, па да се жали секаде... Ама ништо од тоа...

    Од маж ми имам огромна поддршка, за што и да е е на моја страна, ги знае многу добро, не се кара со нив, меѓутоа јасно им стави на знаење дека јас сум му приоритет, најважна , па после се они и полека се навикнуваат на тоа.... Трагедизираа кога си заминавме од таму, настрана да живееме, покрај голем стан, а маж ми нема брат сестра, куќата не е готова, трагедизираа ама прифатија.... Затоа сега на брзинка и наедно се, ама ќе ви пишувам и конкретни ситуации и начини на кои јас сум се справила со тоа....
    Првиот совет, мора да види сопругот дека вие сте направиле се, сфаќате кои се тие луѓе, што му значат, но јасно ќе го посочите вашето место во неговиот живот, дека тие му се од Господ дадени а вие негов избор и сите ситуации што ќе се случат кажете му ги, ништо не кријте и не држете во себе... Секоја навреда, па и преувеличена малку ;) (се во име на целта која треба да се постигне)....Вие ќе му родите дете и со вас ќе го гради животот... Тие заслужуваат благодарност во име на минатото, вие во однос на иднината, па затоа он убаво, пошто ве познава и вас и нив нека ја избалансира сегашноста, како знае и умее, се што ви смета он нека им каже, се што им смета он нека ви каже, вие само најобичен муабет, како сте што правите... Затоа што, што и да им каже тој, утрето ќе му простат, се што ќе кажете вие ќе биде врежано на камен и ќе бидете удрени баш со тој камен по вашата глава....
    Мислам дека ова се комплицирани односи од неколку аспекти, затоа треба внимателно и тактички да играат сите.... Ама никако не смеете да се нервирате и да си уништите ни еден единствен ден ради нив, затоа што животот го сочинува секој ден посебно и сите тие заедно... Еден лош ден, друг, трет, заради некои можеби ненамерно лоши старци.... Вие ќе поминете лош живот??????????? Терајте по свое и тие така правеле кога биле млади... Мислите не?????????
     
    На femina11, karak, zagrizena123 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.334
    Допаѓања:
    114.038
    Пол:
    Женски
    Моите живееа во различен град од баба ми па пак со еден телефонски повик знаеше така убаво да го нарани татко ми и дома 5 дена кавги да имаме.
     
  4. zagrizena123

    zagrizena123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    4
    Оффф како да ти речам незнаеш како со таа жена да живееш...
    Едноставно со неа нема разбиранње секако јас испаднувам крива да знаеш,понекогаш пробувам така но не оди прави огромни проблеми и сцени,господ нека ми прости ама само од неа неможам бремена да останам да има како во спална додека го правиме тоа ке влезе.
    А замислете таа не се има со нејзината свекрва бидејќи била таква каква што е таа сега ма не ја погледнува се жали дека многу лошо поминала а таа истото го прави,треба мноооогу да пишувам за да казам какви ли не работи имам од неа доживеано за тие 3 години,но со тек на време почнав да ги игнорирам се навикнав така и готово не ми смети што цела работа јас ќе ја завршам само несакам
    некој да ме вреѓа и да нема кавѓи,немам веќе сили.
    Сега само гледам да не се нервирам да не се замарам и здравје боже господ да ни даде едно бебче.
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    загрижена123, зошто имаш таков негативен став, зошто се предаваш,кревам раце и готово.
    Како прво имаш ли ти маж, за што ти е тој тебе, за приплод или да те чува и, брани, подржува и негува.
    Како второ што се замараш со неа, имаш посебен спрат, едноставно не се ни симнувај да ја гледаш, ако не сака да те разбере не се труди ни ти да ја разбереш.На светов секакви искомплексирани има, таа ја игра улогата на нејзината лоша свекрва.Мислам дека прочитав и дека те удрила, како смеела, зошто маж ти ништо не преземал,мене мојата не смее тон да ми повиши а камо ли рака да крене, па маж ми ќе ја фрли од тераса, ќе лета како полетарац.Зошто веднаш попушташ, бори се за себе, викаш дека си три год. во брак и веќе те малтретираат, зошто и ти и маж ти сте го дозволиле тоа.
    Како трето имаш 20 год. не се оптеретувај со бременоста, млада си ,ќе родиш.Прво научи да се грижиш за себе а потоа роди, замисли само како ќе ти биде кога ќе имаш бебе, непреспани ноќи, пелени итн. плус некој цело време да ти виси над глава и да ти соли памет.
    Мислам дека треба убаво да си се одвоите од нив, на културен начин, едноставно гледај да имаш помалку контакти со старите,готви си сама за вас двајцата, биди добра со маж ти, не се карај туку полека,смирено објасни му како се чувствуваш, без многу сцени, драми, плачења, верувај тоа не помага, само повеќе ќе го оттурнеш од себе.Биди итра, сврти го на твоја страна и не дозволувај да те газат.
    На крајот на краиштата имаш родители барај помош од нив.
     
    На zagrizena123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60

    Леле Боже, па ти колку си млада и вака размислуваш? На колку години се омажи? Па ти сега си во најполетните години и се оптоваруваш со свекрви? И тоа не една туку две?
    Девојче, живеј го животот според годините, излегувај со маж ти, одете во кино, театар, диско, кафанче и најди си работа ако немаш, само излези од дома. Па ти како мислиш да зачнеш кога си под притисок, се замараш со глупости и на крај ќе се претвориш во свекрва ти. Не знам од каде си но мој совет ти е да си создадеш нов свет со луѓе покрај кои ќе се чувствуваш опуштено, откачено и биди своја, а не каква што другите те замислиле, поздрав
     
    На zagrizena123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    загрижена мислам дека и јас го имам истиот проблем :@ заради сите стресови што ми ги прави таа неможам да забременам. Ти дал господ кука на 3 спрата што да речам јас во една мала дневничка и една мала спална друго немам, мора кај неа да готвам а неможам да бидам во нејзино присуство едноставно ми предава негативна енергија заедно со нејзината керкичка :devil:
     
  8. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Леле Заљубена ти си во иста ситуација како мене значи ,во стан си или во куќа, не им придавај на значење. Јасживеам блиску до мајка ми и повеќе време минувам таму, оти дома се сум под стрес ,освен кога нема никој дома тогаш сум смирена, оти така има лупање врати, трескање и ред други работи, при што само се нервирам и се тресам цела. Некој нон стоп да те суди, да не можеш ни на раат да се избањаш треба да прашаш дали може, така да пушти срце со Бог напред на сите да ви даде по едно мало прекрасно суштество во вашето меше, па здравје да ги ставиме на игнор и да си имаме друга грижа. Поздрав до сите, мислам да не е форумот ќе се шекнам.
     
    На zagrizena123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    225
    Јас живеам со родителите на маж ми веќе пет години. За да живееш во една хармонија мора да постои толеранција и почитување. Свекрва ми ми пере, пегла, готви ручек, кога легнувам да се одморам, ако не сум покриена свекор ми ќе земе ќебе и Kе ме покрие да не ми е ладно. Јас сум дома само мајка на моето детенце, да си го чувам. Но тој однос не го направиле само тие, туку нашата заедничка комуникација. Мора да се толерираат работи кои во моментот ни изгледаат којзнае што. Секогаш и сегде за ситница можеш да се искараш и со било кој. Е сега мислам дека само со љубоморни мајки не можеш на крај да излезеш и тука нема што да се толерира, кOга се работи за БОЛЕСТ, ПУ ПУ НЕ ДАЈ БОЖЕ!
     
    На nice-girl, Annath и blond им се допаѓа ова.
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Девојко блазе си ти, кај ги најде или подобро да прашам како ти успева да ти готват перат, пеглаат...
    Мојава ако зготви еднаш неделно добро е,пере ако види дека јас се спремам да пуштам машина за да ме изнервира, мие садови ако нема избор,чисти ако јас игнорирам неред или ако треба да и дојдат гости, а да ме покрие кога спијам????????? Кажи совет...
     
    На zagrizena123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.334
    Допаѓања:
    114.038
    Пол:
    Женски
    Е тоа е права свекрва која мисли добро за среќата на синот! Браво! :clap:
     
  12. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Неколкумина од вас кажаа дека и покрај психички неподносливите услови за живеење во заедница едвај чекаат да останат бремени. Дај Боже сите кои искрено тоа го посакуваат уште денес да зачнат, но зарем мислите дека тогаш се ќе се среди во односите мегу членовите во заедницата? Зарем не мислите дека таа, свекрвата, тогаш уште повеќе би била напорна, неподнослива и дури тогаш ќе видите што значи мешање и солење памет за тоа како подобро да си го чувате сопственото дете? Нели би било подобро првен да се среди станбеното прашање и просторот за живеење да се подели и за младите и за старите, да секој си има слобода и сам да си одлучува за своето домаќинство? Кога тие работи се поделени и средени тоа е почеток на здрава средина за одгледување дете.
    Во спротивно само полошо ќе им биде на идните мајки во вакви услови, каде и покрај непроспиените ноќии трудење околу малиот член во семејството, во очите на нивните свекрви повторно ќе бидат омаловажувани и окарактеризирани како неспособни за чување дете, а тие свекрвите пак ќе бидат тука за да дадат некој совет :?:
    Поентата ми е и јас не сум сама како што сакам, се додека не добијам слобода, простор за живеење и незавсност не ми паѓа на памет да раѓам дете во вакви несредени услови. Зашто за да гледам дете треба првен јас да бидам психички стабилна и да има услови каде ќе го одгледувам тоа дете.
     
    На Phyramide, macence...k и nesa им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.551
    Допаѓања:
    201.684
    Пол:
    Женски
    Ти држи вода муабетот стилас7, ама кај нас во Македонија некои (т.е повеќето) не се во можност да си создадат свое сопствено гнездо поради немање средства. А да не се лажеме, требаат пари, и тоа како. И јас сум против живот во заедница, ама ако навистина не се може, т.е условите не дозволуваат, дали и тогаш треба да се чека за дете? Ајде, и да се почека некоја година, па еве и 5-6, нека бидат и 10 години, ама кога ќе се раѓаат децата? (секако, ако парот сака да има деца). Колку повеќе се чека, толку е помала можноста за забременување, особено ако бракот е склучен околу 30 години. Но како и да е, животот во заедницата најмногу зависи од луѓето.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Тешко е да се живее во заедница,али не би можела да живеам само со маж ми цел живот и додека не се средам да имам дете,детето си иде само со себе,него не можеш да го планираш,зошто можеби ти кога ќе сакаш тогаш нема да може,се е Божја волја кога тоа ќе се случи,можеш се да имаш и посебно да живееш па да не можеш да одимаш дете,се може во животот да планираш освен тоа,тоа е мое лично мислење не значи дека сите исто мислат поздрав
     
  15. kiki3047

    kiki3047 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    24
    Тоа е точно дека требаат пари ако сакаме нешто наше,ние со маж ми нон стоп разговараме на таа тема ама повеќе од јасно е дека додека не се створат услови за тоа неможеме сепак и стамбен кредит да се земе обавеза е 30год тоа да се плаќа а мора и нешто да заложис ако сакас да ти одобрат,тежко е јас зивејам за тој ден кога ке имам нешто свое и јас сум 5месеци во брак а десет кога сме заедно уште немаме деца зивеем во заедница и свекрвата е таа која дектира се ја исправивме на бања вшера и не е далеку од нас на некои 15км а маж ми штета на работа е иначе уште вчера со свекорот сакаше да оди да види дали нешто и фали а што може да и фали кога таму има се полн пансион неможела многу до петок ке останела за да може да ја земе она пак главната позиција, а уште пострашно екај нас и брат му се меша иако не живееме заедно и за неја тој син е најдобра зошто и на серење оди со неја а маж ми не етолку се да и кажува еее колку работи има да се напише тоа е страшно но она е газда јас зивејам кај неја она правела куќа...
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. elenapp

    elenapp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Svekrvata da ti bidi kako majka nema sansi... Nekogas i nie mozebi gresime vo nekoi postapki nemozi samo eden da bidi vinoven za se...No ako soprugot ti e kako so treba i imas podrska od nego a ne pravi kako sto ke mu kaze majkamu se ke bide vo red... Jas so svekrvami se soglasuvam mnogu dobro kako drugarki sme naojgame zaednicki jazik.... Ne velam deka nikogas se nemam skarano so nea no toa bilo za nekoja sitnica...Ne se site svekrvi isti a toa deka go pokazuvaat liceto kakvi se i sto se da vo pravo si eva... :) :)
    [mod-kirilica:xwq86a2t][/mod-kirilica:xwq86a2t]
     
    На nena2010 и femina11 им се допаѓа ова.
  17. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    225
    Стилас во ред е тоа што го кажуваш дека би се мешале како да го одгледуваш сопственото дете, кога се мешаат за се, но,,,,,, едно е да планираш да купиш стан, кола, се што е материјално, друго е да планираш да добиеш дете кога ние би посакале. Детето не се планира, тоа само доаѓа кога Господ ќе го даде, затоа сите што се во брак и сакаат да имаат дете, никогаш да не ги ставаат материјалните работи пред него. Затоа што кога се ќе се оствари, тоа што најмногу сме го сакале, најдолго ќе го чекаме.... Поздрав
     
  18. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    јас мислев на решавање исклучиво на просторот за живеење и поделба на истиот помеѓу оние семејства во кои има повеќе членови.не мислев на материјални работи,мада во горема мера и тоа зависи за нормален живот.нели на детето треба да му се пружат услови за живеење , а ако на пример немаш соба каде ќе можеш да го легнеш детето да спие или нема услови за топлење дали мора по секоја цена да се роди дете а да нема кај да се чува?јас сакав да кажам онаму каде има услови за поделба и одвоено живеење од старите да се оделат па потоа да се добие дете. а кој не сака да стане родител кога веќе влегол во брачна заедница?
     
  19. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    291
    Вчера бев сведок кога една постара жена беше дојдена кај тетка ми нагости се жалеше кутрата како нејзината внука од син и викала дебела свиња постојано а девојчето било само 10 години...жената кажа дека внуката и викала -види се ма на шо личиш,мама кога зборува за тебе не те вика по име туку свиња дебела и ми кажа дека поради тебе ми го ставиле воа глупо име шо го мразам највеќе на цел свет еве овоа биле зборовите на внуката жената кога го раскажуваше ова очоте и се насолзија :( да напоменам дека жената (свекрвата) не живеат во заедница!
     
  20. him25

    him25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Мајката на мојот дечко ми прати долен веш од бети метлика и во него имаше сол и брашно. Кога ја прашавме што е, рече не знаела од каде тоа. Ми е страв да не ми прави магии, ако знае некој нека ми пише, ве молам. А вака не признава, а дома и нашол дечко ми книга-маѓии од Кајшаров.