Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.620
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Ква и со претходното и со ова мислење целосно се согласувам.

    Сите различно го перципираме проблемот на Тами.
    Јас не сум мажена ама знам што значи да се живее со свекрва.
    И да незнам од искуство на мои блиски, доволно ми е да ја отворам темава :D .
    Ама Тами нема некој голем проблем со свекрвата, она има проблем сама со себе и со маж и.
    Детево и доаѓа еднаш месечно, да е секој ден би ја разбрала зошто без разлика дали мажени или немажени, на сите ни смета кога доаѓа мало дете и буричка, растура. Ќе ја разберев бабава секојдневно да му дава парички на внукот.
    Ама тоа е еднаш месечно и плус девојката ги крие играчките од детето што е тотално незрело од нејзина страна, а дете како дете ќе си бара занимација.
    Што се однесува до бабата, баба си е баба, нема да прекине да му дава пари на внучето никогаш, ако не ги дава пред нив тогаш криејќи ќе ги даде. И тоа кога ќе потпорасне детето, уште повеќе ќе му дава, тоа 100%.
    Бабава според мене е стварно една од подобрите, не ја напаѓа, не се кара, не и мрчи, како што разбрав она студира така да бабава сигурно и го чува детенцево, и помага во обврските, а она го наоѓа најмалиот, најситниот проблем за да ја оговара.
    Кога она нашла ситен проблем за да ја оговара, што ќе биде утре?
    И овдека некои девојки и дадоа добар совет.
    Она бара нели мир, тишина и убав живот со семејството.
    Целосен мир нема да најде зошто на неа и смета најситна работа, а да не збориме кога ќе дојдат поголемите. Кога се живее во заедница, нема целосна хармонија. Брат со брат не се слага секогаш, а не па вака.
    И убаво и рекоа да се одвои со мажот и така ќе го има мирот што го бара.
    Средства имаат штом одржува 6 члена и дава плус пари незнам таму за што.
    Она наместо да го бара проблемот во внукот и во бабата и во деверот, треба да седне со мажот и се да му каже што и лежи на срце и што на неа и е потребно.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Мене од никогаш не ми биле јасни младите невести кои влегуваат во друго семејство, кога одеднаш се замислуваат жени, домаќинки кои веднаш ред сакаат да стават во новата фамилија.

    На мајка ми во кујна не и се мешам одамна :) .
    Жената си има некој тертип на редење на работи во тие „всечи“ (те) (кој како ги вика? :) ), кој јас никако не го сфакам и прифакам. Еднаш два пати се потскаравме за тоа каде требало да стојат чашите. Среќа моја вујна ми ме слушала, ништо не ми рече, но после еднаш на само ми објасни некои работи :D , и јас одтогаш на мајка ми ама “а“ не и велам што кај требало да стои.

    Со овој пример зборот ми беше:
    според мене проблемот е тоа што кај мајка ти си растеш со некои работи од мал, навикнат си, и во најголем број случаи не чувастуваш потреба да “средуваш“ работи(освен еве мене што ми се случи со тие чашите :D ), и затоа така безболно ни изгледаат некои работи.

    Додека кога одиш кај свекрвата (т.е. кај сопругот :D ), веќе ти се врти друг филм во глава, се јавува тој некој инстинкт на “домаќинка“ и започнува бескрајната трка со свекрвата(се додека не се одвоите, којзнае дали и тогаш завршува, ама ајде условно да се каже).

    Едната сака да си биде своја на своето, не дава слабост, уште може, не е престарена, па тука на една пуфла ли ќе и се дава, а другата помладата, која врие со хормони и на почеток се разбира сака да си игра “домачица“. И така се демнат една со друга, старата чека да и загорат ќифличките на помладата и потоа да ликува, она на мене... вчера се ожени и одма домаќинка ми се прави, и реков дај снао јас ќе ги печам она не. Ај сега да ја видам нека и ги принесе на кумовите такви изгорени.
    А оваа помладата ќе чека да ја “удри“ ( скраја да е) некој притисок, да нема никој дома освен снаата,
    па да ја носи на лекар или да и вика брза помош. Е да види она, кој повеќе и вреди, ќерката што е стотици километри далеку или јас што сум и тука пред нос, ај сега нека вика кифличките ми загореле.
    Комшиите ли ќе ја носат на лекар, а?

    И така, ќе поминат 5-6 години(според моја проценка), додека двете натпреварувачки да сфатат дека се наоѓаат во взаемно-условени односи, и дека најдобро е да се почитуваат.

    А мажите? Мислам дека тие не се натпреваруваат во ова дисциплина. :lol:
     
    На teacher, De-lovely, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.620
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    ^ Тоа зависи како каде, знам случаеви каде од прв ден коа доаѓа снаата свеки си легнуе и мува не ја лази.

    А снаата мора да спрема, чисти и од прв ден домакинка на таа куќа да биде, а свекрвата да не се ни понуди да помогне.

    Е во тој случај оправдано е снаата да ги мести работите како на неа полесно би и било да функционира.
    А свекрвите ќе мрчат и да не се понудиле да помогнат ќе наоѓаат маани.
     
  4. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    1.:D :D :D (блазе им).

    2. Многу сурово тоа бе :tmi: ...

    3. Убавината е во разноликоста ;)
     
  5. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Можеби, велам можеби потиснатиот проблем со свекрвата го манифестираше овде со фактот дека детето кое доѓа 1 месечно е многу палаво, и не се издржува.
    Нема проблем со старите?
    А пензијата (според кажаното, ако е така?) каде оди? Кој штеди за стан, и кој треба да одвојува пари и за животот во заедница? Мислам дека проблемот, главниот е во парите.
    Свекрвата може и да не збори многу, да си молчи, синот нека плаќа се, но за тоа пак финансиски ќе го подржува другиот син. Си направила “старата„ есап, мене така и се чини.

    *Нешто неформално:
    Ако има нешто од што најмногу се плашам во живот, тоа се стари бабички со побелени коси, кои се многу љубезни, никогаш не подигаат тон и секогаш се насмеани. И секогаш ти се обраќаат мајчински.
    Ќе се сетиш дека те изиграле после 1000 км пат. Ако се сетиш.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    До каде отидовте ејјјјјјј?!
    Што се не и кажавте на Тами13. Љубоморна, размазена,разлигавена, не спремна за брак :x
    Кој знае од неа подобро дали таа е спремна за брак или не? И од каде тој заклучок дека не е спремна?
    Всушност, што за вас значи да се биде спремен за брак? Да земеш маж, да отидеш дома кај него и да ќутиш, сите да те потиснуваат затоа што ти си дошла од друго место? Правите да звучи како да не треба да има свое милслење и како да треба да трпи се само затоа што е во брак, и затоа што живее со неговите родители. Ама не е куче или маче, кога ќе им одговара тука е кога не, ќе ја затоврат во двор.
    Зарем не треба да се обидат таму каде што е да направат место и за неа? Сега е дел од фамилијата, нели?Зошто само од неа се отчекува дека мора да се прилагоди на ситуацијата? Се отчекува од неа да ги сака и почитува сите затоа што тие се роднини на мажот, а таа не треба да отчекува да и биде возвратено во иста мера?
    И тоа љубомората.Ама бе. Од каде дојдовте до тој заклучок?
    Затоа што не сака малиот да игра со играчките на ќерка и? Зарем не е речено дека тој има цел пакет со играчки кај баба му кои му се постојано на располагање? И нели кажа Тами дека не и пречи да игра со сите играчки, туку со одредени, кои сака да ги чува за ќерка и кога ќе подпорасне,а се плаши дека малиот ќе ги уништи затоа што не знае да си игра со нив туку ги шутира и крши.
    Или пак љубоморна е затоа што не сака парите кои нејзиниот сопруг ги заработил да одат на непотребни работи како играчки на внукот. Значи, никаде Тами не рече, ми пречи што свекрва ми зема пари од маж ми за да му даде на другиот син кој нема за јадење.
    Како бе никој не примети дека дека другиот син (деверот) си има се и пак на него му се дава повеќе и повеќе. Како никој не рече, како него не му е срам? Ем живее кај родителите на жена му, ем родителите му ја даваат цела панзија а тој не мрда со мало прсте! А овој на мажот на Тами ем издржава 5 члено семејсво, ем свекрвица пак бара од него за да може да му купува тркакатаници на внукот. Значи пак ќе кажам,не е дека на детето му се скратува од уста затоа што Тами се лути кога мажот и купува храна за семејството на брат му, туку дека се трошат на глупости како играчки, кои и онака ги има премногу.
    Ако свекравата сака да го опсипува детето со поклони што не трегне од пезнијата пред да ја даде на другиот син па после место да го молзи сопругот на Тами да си земе од тие пари?
    И дадовете совет да се отсели чим имаат толку пари. А прочитавте ли дека сопругот од почит кон родителите не сака да оди под кирија.Чека да соберат пари да си купат стан.
    И! дека свекрвица се обидува да ги спречи со тоа што го забавува процесот на собирање пари?
    И ај кажете ми која сопруга не би сакала сопругот да гледа за нејзиното дете па после за сите други?
    Нели сите сакаме да им дадеме на децата се што ќе посакаат?
    Ми се чини дека или читаме селективно или имаме селективно памтење.
    Тами, јас не знам зошто воопшто се правдаш?
    Кој сакал да разбере до сега сигурно разбрал кој не, нема да разбере колку и да се трудиш.
    Ич да не ти е гајле.
    Гледаш дека упорно ти ставаат зборови во уста иако милион пати се објасни што мислиш, што ти пречи...
    Што се замараш?
     
    На Anyshka, evangelina.ina, Glasna и 3 други им се допаѓа ова.
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Captvating а што е твојот совет ? Да се испокара со свекрвата оти е попустлива спрема внукот ? Мислиш ли дека таквата ситуација ќе заврши добро за Тами ?
    А Тами нема лош однос таму нити е куче ниту маче , и смета разгалувањето на внучето 1 месечно . Никогаш нема да разберам човек што не може да направи компромис за доброто на сите за неколку часа месечно :^)
    А што се однесува на финансиите сите ја советуваа да разговара со маж и , таму е решението , ако оди на свекрвата пак ќе биде погрешно разбрана .
    А нема потреба да пишуваме колку е лош деверот , неговиот карактер не е тема на дискусија .

    И не знам колку сте приметиле ама понеуспешните деца скоро секогаш се ахилова пета на родителите.
    Не знам зошто е тоа така , така беше со татко ми и чичко ми , баба ми и дедо ми , постојано се обидуваа да му компензираат на чичко ми и не знаеа за доста ...
     
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    срцка од како го прочитав мислењево, сеуште се мислам што да те посоветувам, ама еве ја прашав мајка ми што мисли таа и ми рече, да си дојдат твоите и нека се прават како ништо да не било. Нека бидат насмеани, па ако свеки почне да те критикува мајка ти да ја потсети дека и тие биле некогаш невести и дека нивните свекрви ги подучувале а не ги критикувале ( знаеш нешто во тој фазон)
    А јас лично мислам да си го информораш мажот за кога сакаш да дојдат твоите и да биде и тој тука, па да си превземе мерки кога таа ке почне да лае.
    Навистина незнам што да ти кажам, ке оставам поискусните да те советуваат
    Жал ми е :* :* :*
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    На captivating и okcenzi им се допаѓа ова.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    мими немој да ме сватиш погрешно, но морав ова да го кажам. Велиш дека баба ти и дедо ти секогаш се грижеле и му давале повеке на стрико ти, епа праша ја мајка ти како се чуствува таа во врска со сето тоа. Како се чуствуваш ти ако на братучедот твој ( од стрико) му дава баба ти пари, ама не нејзини туку на татко ти парите? А како врв на сето тоа мајка ти да живее со старите и да ги црпат постојано. Ете тоа е проблемот на тами. Убаво што кажа дека и кај вас има таква ситуација па ке можеш подобро да разбереш.
    А на внук од мт ке му ќутиш, но твојот ке го караш.
     
    На Anyshka и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    хахахахаххахахахахахахахаххахахааххахаххаххахааххаха
    леле леле леле
    хахахахаха неможам да допрам хахаххаха
    браво
     

    Прикачени фајлови:

    • svekrva.jpg
      svekrva.jpg
      Големина на фајлот:
      99,3 KB
      Прегледи:
      161
    На captivating и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  12. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Воопшто не мислев дека треба да се искара со некој. Не знам зошто го доби тој впечаток.
    А викаш дека родителите компензираат кај понеуспешните деца. Да речеме дека си во право.
    А не е секогаш така, затоа што има родители кои ќе помогнат ама пред се отчекуваат синот/ќерката да си помогне сам/а.
    Ни Тами, ни нејзината ќеркичка не се криви затоа што деверот е ахилова пета на родителите. Зошто не и е доволно на свекрвата да ја даде пензијата
    (еве да речеме 90% а другите 10% да си ги тргне за кога ќе затреба да му даде на внучето),
    па мора да зема и од другиот син за да му даде на првиот?Нели и тој има семејство што треба да го гледа?

    Баш ме интересира да видам уште колку пати ќе се спомне дека внукот иде еднаш месечно на неколку саати. :^) Што има врска колку пати,колку ќе остане. Ако прави ршум ќе направи и за пола саат. Или играчките не можат да се скршат за пола саат, или пак да се разбуди бебе,да се расипе компјутер или да се направи некоја друга беља :smirk:
     
    На Anyshka, butterfly.mk и okcenzi им се допаѓа ова.
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Па не е местото на снаата да решава комплицирани семејни односи . Не реков дека секаде е така , ама сум приметила кај многу семејства секогаш понеуспешното се форсира и место да му помогнат му одмагаат ..
    Тами единствено што може да направи е да си има сериозен разговор со маж и .
    Да му укаже кои се приоритетите нивни и дека си има семејство за кое треба да мисли , нормално е дека сите си ги сакаме родителите и браќата , ама мора да се знаат приоритетите а тоа се сопругата и детето .

    Пак ќе речам не е проблемот со свекрвата со мажот е , таа би се навредила ако рече да престане да бара пари од мажот и . Верувај свекрвата погрешно ќе разбере .
    И пак се враќаме на истото дека ако сопругот е разумен и си ја подржува жената ќе нема проблем со свекрвите .

    Моите не живееле со баба ми и дедо ми , впрочем баба ми паднала "болна" кога соопштиле дека ќе живеат под кирија , оти нели било срамота при толкава куќа .
    А мајка ми воопшто не се мешала во нивниот однос , и јас сум се чудела зошто е тоа така , ама мајка ми секогаш велела дека не е наше да се мешаме во нивниот однос со децата ..
    А дете ко дете ми паѓало криво оти на пример на братучетка ми баба ми ќе и купи нешто а мене не , ама мајка ми се потрудила да не завидувам за играчки па таа ми купувала .Едноставно не можеш на некој да му кажеш да биде праведен со внуците и синовите ако сам не му текнува .
    И покрај се мајка ми си имаше добар однос со нив , оти нејкеше да исправа криви дрини .. А кога и да се разболеа , моите трчаа за нив. Не е убаво вака да зборам починати се луѓето , ама ни они не беа криви едноставно ги болеше оти едниот син не успеал па компензираа на секој можен начин .
     
    На darcy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    ај што се напраевме партал се напраевме на темава,бар вечерва да бидеме тивки сепак празник е на свекрвите Halloween :angel:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Ми се допаѓа како размислува мајка ти. За односот мајка-син и јас не би се мешала. Тоа си е нивна работа. Дали е добар или не, јас сум тука пред се за маж ми.
    (А и сама викаш, баба ти ве двоела па мајка ти те тешела и ти купувала играчки. Јас мислам дека и Тами истото го прави, на свој начин)
    Ама јас не би преќутила ако нешто мене ми пречи во мојото однос со неа. Не викам дека ќе се карам.
    Дали пуштам машина на скапа струја, дали детето ми е голо, дали премногу му забранувам, тоа е моја работа. Таа нема што да ми се меша, посебно ако не живее со нас.
    Сум видела како се однесувале со мајка ми, јас не би го дозволила тоа.
    Некој праша дали би се однесвале исто ако тие "маани" ги има мајката на снаатa.
    За мене исто ќе да е. Мајка ми уште пред да останам трудна знае каква мајка планирам да бидам и дека она мора да го почитува тоа. По дома нит јас и се мешам, (затоа што веќе немам право,нели? Секогаш им викам вие си знаете најдобро)ни таа не ми се меша мене. Ни пак се меша во мојот однос со сопругот.
    А кога ќе имаме снаа мајка ми ќе ја гледа како ќерка. Таа оддвај чека да ја добие :lol:
    Гледам некои од вас пишале дека не се мажени па еве ако сака некоја да ми биде снаа :rofl:
    Брат ми е згоден, вежба. По дома нема поделба на машки и женски работи. Тој прави се. Ќе го најдете на колена како полира, ќе го најдете во кујна како готви или мие садови. :lol: :rofl: :rofl: :rofl:
    Единствена маана може да ви биде тоа што јас сум му сестра (ако не ви се допаѓа начинот на кој размислувам :lol: )
    Мала шала женски, да го дигнам расположението, се надевам нема да се навредите. :dance:
     
    На Anyshka, okcenzi и mimiiiii им се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Според мене односот меѓу снаите и свекрвите треба да биде -Не ми се мешај , не ти се мешам :rofl:
     
    На Filiposka, Annath, Agrona и 6 други им се допаѓа ова.
  17. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079

    конечно свативме, уште да им пренесеме :party:
     
    На Anyshka, okcenzi и captivating им се допаѓа ова.
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Џули, а што со некоја која се жали дека свекрвата и ја зела пеглата без прашање или и влегла во спалната ??? Нив како ги советуваме со фино?

    Буџетот од мажот и жената е заеднички и двајцата треба да решаваат за него, а не трети лица. Само толку ќе речам !

    На тие кои имаат големи плати убаво им е кога мажот ги носи по вечери, одмори, кога си купуваат по бутици ? Ама сега Тами треба да молчи. Најадена, напијана си, не те тепаат, седи и молчи. Така ?

    И ова не го оправдувам. Има многу снаи вештерки ако веќе почнуваме ?
    И која почит е кон постара жена да речиш вештерка ?
    Колку и да не е за мирисање, толку вие бидете покултурни и поголеми луѓе. не користете ефтини зборови.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Има вистина во ова. Сметаат дека оние другите што се поотракани можат сами да се снајдат, дека не им треба толку помош.
     
    На Glasna и Tami13 им се допаѓа ова.
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.620
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Тие се неуспешни зошто се во центар на внимание секогаш и се навикнати се да им е на тацна сервирано, та кога ќе стегне животот за ништо не се способни.
     
    На imelda, Li0ness, Tami13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.