Ако и речам на мајками ( а и имам речено ) не ми се мешај за ова,за она ќе ми рече ок,прај како знајш,а ако и речам на свеки така,после секогаш ќе ме гледа коцкесто,надуено...
Епа тоа е тоа.Мојава од една страна е фина,си ќути,а толку знае да те поткупи со муабети и не само пари,и колата и којзнае уште што ќе му даде мм на брат му (не дека е мамин син,ама сака секому да помогне)
Милиони пати е споменато во темава дека односите мајка-ќерка и свекрва-снаа не се исти, и не ми е јасно зошто се уште се прават споредби за истото. Значи, кога девојката(снаата) живеела со едни луѓе 20 год во еден дом, се карала, споделувала добри и лоши работи, а патем со истите е во роднински врски, не може да биде ист односот со луѓе со кои живее 2 или малку повеќе години. Никогаш не е идеален односот со мајката, но во исто време мајката час се лути час те гушка, а свекрвата не знам дали тоа би го направила.
Сама ке се цитирам . Кога нема логичен одговор на некои прашања обично се одговара со Е ајде де,... зошто.
Тами, може ли да се заклучи дека проблемот е: 1. Во парите 2. Свекрвата не е мајка и дека детенцето што доаѓа еднаш месечно е најмал проблем?
^ Проблемот е во свекрвата што мисли дека едниот син и' е за уживање, а другиот за 'рмбање. Јас лично ова би го решила само и само со разговор со маж ми и со никој друг.
И боли тоа. Ако стварно го сакаш, тебе како жена те боли да гледаш како родената мајка едниот го штеди, а другиот го рмба како коњ. И *коњот* уште и молчи, се плаши од неа, ја слуша. Има многу жени манипулаторки. Иако велат дека еднакво ги сакаат децата, во колку случаи се гледа дека ич не е така.
И тоа како боли. И што е најтрагично истата таа поделба со тек на време почнува да излегува од контрола. Па на крај гледаме дека не само што синовите си ги делат, туку и внуците. И сето тоа е ок, нели, нема тука ништо лошо. Татко ми ми има речено "Ако некогаш во животот откако ќе се омажиш почувствуваш дека јас или мајка ти правиме и најмали ситници како твоите баби и дедовци (и од двете страни биле и се исти), слободно да не' ни збориш и да не доаѓаш кај нас." Се надевам дека грешките на нивните навистина нема да ги повторат, зашто навистина сум личност што може да се заврти и никогаш да не се сврти назад. Така и ме научиле моите.
Можно ли е свекрвата поголем дел од пензијата да ја насочува на другата страна поради тоа што смета дека на овој син еве му обезебедуваат кров над глава, живеат кај нив, а на другиот бидејки е домазет треба да му компензираат барем финансиски? Не сретнав никаде дали деверот работи? Но како и да е, и покрај тоа што деверот живее во друга куќа, на старите им е син, и во однос на наследство сепак го следува дел од куќа(или стан). А што ќе беше ако и деверот со сопругата живееше кај родителите? Неминовно е иселување и барање нов кров над глава, бидејки порано или подоцна овој проблем ќе исплива на површина, односно деверот ќе бара финансиска надокнада од наследството од родителите кога тогаш. Мислам дека ова е „есапот“ што го направила свекрвата. Затоа, Тами со сопругот си донеле правилна одлука да си купат стан. Постојано ќе им виси дека се должни нешто на деверот, вака, најдобро што побргу-свој стан. До тогаш ќе мора да се истрпи нешто.
Гледате како си гледате само од своја страна ? Спомнав претходно дека кај многу семејства каде едниот син е поуспешен , родителската помош и внимание е насочена кон едниот син кој поради некоја причина не се снашол. Еве татко ми завршил факултет , станал успешен во својата професија , чичко ми не го бивало за учење , подработува тука и таму по нешто , баба ми била посебно горда на татко ми секаде се кажувала чија мајка е , но секогаш кога и требало нешто прво кај татко ми ќе се јави да и заврши , а цело внимание и помош за чичко ми . А исто ги сакала , но тука родителот сака да компензира . Можам да замислам дека свекрвата на Тами е горда што син и е успешен и секогаш може да се потпре на него , ама па ја боли оти другиот е домазет па згора и на тоа не работи . И гледа некако да помогне , за другиот син не бере гајле , тој може сам , тој е силен . Ама па кога ќе размислиш секогаш е подобро да си синот кој не мора да чека помош туку може да помогне . Е сега доколку таа помош попречува во неговите планови за иднината на неговото семејство , тој како разумен маж мора да ја прекине и да си се грижи за своето семејство. И пак дојдовме до тоа ,МАЖОТ треба да пресече. Фер или не ,овие комплексни односи во семејството не може една снаа да ги реши , нити пак и е место да ги решава , ваша работа е да си функционирате како семејство по ваш терк... И јас сум се осетила делена од моите баба и дедо , ама тоа е , по некоја нивна логика било на нејзе може да и купат нејзините , на овие внуци нема кој да и купи А глупаво е не велам не , јас сум се чудела зошто мене не ме сакаат исто оти па детскиот мозок не може да ги процесира сите тие работи .. Не мерете на кантар , колку и дале на золвата или деверот , кој повеќе сакаат , тие ако не функционираат добро , гледајте вие како родител да бидете праведни . Јас барем не планирам да се мешам во такви работи . Секое семејство си знае најдобро за себе .
Дајте оладете со овие големите букви жити свекрвите. Можеме да прочитаме и со мали букви кога пишувате. Очи ми бодат, мигрена ме фаќа. Едно е Тами да мајка ти рече ОК, како знаеш така прави, што е повеќе како ма боли ме уво отколку поддршка да ти бидам сурово искрена, а друго е свекрва ти, оти види, не си при мајка ти, она се оттарасила од тебе(не во негативна смисла задолжително, ама еве некој друг ти бере гајлето сега). За момент сврти работа, замисли маж ти да е домазет кај твојата мајка, и неговата мајка да му рече ок прави како сакаш, твојата нема да рече исто сигурно. Толку се браниш на тоа, мојата мајка, моето дете, мојот маж, делење на ваши и наши, свеки, свекор, девер, внук, само иде на мене мене мене... ам оп, не си им најмилата на сите освен на себе. Па тешко е.
Taka e Imelda, se sogladuvam so tebe. Stvarno Tami napna so toa moe,moeto,mojot. Ama da se raboti za obratnata strana ke te boli I toa kako. I vprocem mazot ne e tvoja sopstvenost,vsusnost nikoj na nikoj ne moze da bide sopstvenost ili sopstvenik,sekoj ima razum I percepcija po koi se vodi.Ajt
Сосема нормално, ама Тами не го спомна маж и никаде, освен дека се негови парите. Но кој е неговиот став? Сака или не сака да дава на родителите пари? Смета ли дека тие што и ги дава на жена му и се доволни? Она му кажала ли дека сака повеќе пари? Сосема е во ред ако Тами и детето гладуваат, а маж и дава пари на мајка му, па таа да се побуни. Но и маж и е возрасен и сигурно мајка му не му рекла, давај ми пари или ке те натепам. Он тоа го прави доброволно. И жал ми е што човеков се убива од работа, се труди да погоди на сите, на сите има дава пари за да бидат задоволени, срцев болесник, и кога ке си дојде дома гледа незадоволна жена од тоа што не дава доволно. Искрено, мислам дека човеков од што е добар, ке страда.
Точно, се согласувам. Tami колку што се сеќавам не го напиша мислењето на маж и' во врска со нејзиниот проблем, а во ситуацијава реално неговото мислење е најважно. Еве што сум и' напишала јас во мојот прв пост за нејзиниот проблем. Инаку секогаш сопругот го влече најлошиот крај, зашто не знае на која страна да се сврти.
Едно е да побараш помош од твоите,па да ти речат шо сакаш прај,а друго е да се тргнат настрана ко ќе им речеш да не се мешаат за да не напраат проблем.
Tami13,ти го напиша својот проблем со надеж за совет а не за тапшање по рамо или недај боже да те обвиниме тебе или како и да е.Eте оти ние тука сме непристрасни можеме да дадеме мислење но прашање е колку тоа ќе биде вистинито од причина што лично да согледаш ситуација и друг да ти каже-не е исто.Cега јас да би била во таква ситуација би рекла на свекрвата отворено дека ми смета толку неред од малиот од деверот можеш тоа ненавредливо да и го потенцираш ,речи и за играчките дека едвај чекаш ќерка ти да игра со нив и некако одоколу да престане да го форсира деверот пред вас бидејќи тоа секого би иритирало и во случајов тебе те иртира .A за пари давање исто така можеш суптилно да сугерираш на маж ти да штедите повеќе сврти го повеќе да мисли за тебе и за ќерката,бидејќи вие сте му веќе поблиско семејство ,секако без да навредуваш никого а најмалку неговите родители или братот и верувам се ќе се реши набрзо.Mожеш моево мислење и да не го земеш во предвид бидејќи не сум мажена нити имам дете но само се обидов да се ставам во таа ситуација и да го извлечам решението кое ќе биде најдобро за сите.