Упс, извинете ми се скрши клуч у брава, па моравме да смениме Инаку се дешава, ете мене ми се има скршено.
Cтар,јака ти душа стварно да била на мене ќе ја задавев ни пет ни шест .Aбре дали светот оди по ѓаволите или мене ми се причини ?Tуку,мажот ти не ли изреагира после овој настан не му сметаа гаќите од татко му на креветот?Aма баш ич ли не му засмета?Tреба тој да реагира се согласувам со другите феминки мислам нема веза дали си женет или мажена ете и јас би се згрозила мама или тато да ми треснат гаќи на кревет ,значи сеедно дали јас кога би дошла на гости со мажот дома моите пребарувале и расфрлале или кај мажот неговите,тоа е пред се лична хигиена.Tаа турската ера во Mакедонија никако не завршува мислам крајно време е да се превземе нешто тие мајки ли се што така ги малтретираат снаите и онака син им не бил невин до прва брачна ноќ ,со исклучоци секако ,ама мислиш ќе и го земе некоја .Tоа ми е равно на инцест,боже ,боже.Mногу убава идеја даде другарка,искрено јас да сум душата ќе и ја извадам ,иако е некултурно но свекрвата е бесрамна до крај.A деверот и маж ти ако не се побунат тешко дека ти и золва ти сами можете да го решите проблемот.
Оваа очигледно срам нема. А богами, ни осет. Овој проблем можат само маж ти и девер ти да го решат, во спротивно вие ќе бидите неблагодарните и тие што сакаат да ја скараат со синовите,
оф од овие свекрви се би дала да живеам подалеку од неа, ама пусто се нема финансии иако сме на посебен спрат како со неа да живеам се осекам, станува сабајле во 7 ми мете или мие под прозор јас викенд малце да поспијам папсана од работа она мете, мие, збори, колку пати само мм ќе станеше нервозен ке и викнеше. Не си мете кај нејзиниот дел тука ми мете се мота само нмиз двор како еве ја сум главна за тутнувањето горе имам кажувано да не се повторувам малце се опамети сега не влага додека не отворам јас врата. леле а кога веќе почнавте за креветов да зборите во креветот кај сто свеки си спие со свекоров , со годиниии таму ги правеле и децава мајке ми золва ми доага со маж и и спие на него ја незнам како не и е гад бе па уште и ако прават нешто ау нејкам да мислам , гадно грозно ама секакви не има тоа е
Eeeeee, Боже, Боже, па тебе бре Стар треба некаква награда да ти се даде за најголем дебелокожец, односно за особа со најмногу нерви на свет! Мајке ми, ти подзавидев на реакцијата, достоинство на нивоу, закон, БРАВО! Јас имам огромна маана, неа и на золва ми им паѓам во моментот на провокација, неможам бре да додржам да не изедам вафли. Одма се нервирам и реагирам така да после некако не ми е криво, туку сваќам колку будала сум искочила и мака ми е. Незнам вака ко тебе, а така треба. Само стегни го мажето малку повеќе, сепак е машко и се работи за мајка му. Да се разбереме. Неможам бе да ги разберам свекрвици што не сваќаат дека синовите им се мажи а не деца! Женети, со деца, со фамилии, вдомени, она да кажува. Кај и бил бре паметот да преместува? За спиењето во кревет, немам зборови, тоа нема никакво објаснување. За тоа треба да има некаква казнена мерка, да се лежи во затвор за тоа. Брачниот кревет е еден свет сам за себе! Таму се заоснова бракот. Не зборувам само за секс и деца правење, зборувам за се што претставува бракот за мене, почнува и завршува на брачниот кревет. Нема да и стане јасно никогаш, ако еднаш го направила тоа, ќе го прави стално. Менување брава под итно, и клуч на спална кога не сте тука. Јас морав да ставам клуч на спалната, затоа што се нешто се фаќаше, пречистуваше по мене и тн. Јас не издржав, ептен голема ја направив. Само ти терај си смирено, не се живцирај, кога-тогаш едноставно ќе изгуби сила да ве малтретира!
Хаххаа, туку што ако им се допаднат играчките и се заиграат свекорот и свекрвата? Шала на страна, малку претеравте жени. Спиел некој во мојот кревет и ајде сега ќе го запалам креветот, ќе купувам нов, ќе фарбам, дезинфицирам, ќе повраќам... Се случува де. Има многу млади што спијат во брачен кревет на старите. Ќе смениш постелнина и готово. Не викам дека мене би ми било сеедно, и јас би се изнервирала, ама на крај краева, ќе сменам постелнина, ако треба и душек ќе излуфтирам и превртам и тоа е. Ех, зарем кога одите во хотел, постојано мислите кој се спиел на креветот и што се правел на него, хм? Ако е некој убав хотел, со добар душек, чиста постелнина, не значи дека вие сте првите посетители. Може баш некои постари и дртави спиеле и којзнае што се правеле пред вас на истиот тој кревет. Туку проблемот овде е во сопругот/синот, како и во многуте други ситуации што сме ги имале или читале овде. Тоа што неговите родители сеуште имаат клуч од нивната влезна врата е проблем кој синот/сопругот треба да го реши. И тоа е единствениот проблем, односно клучот на проблемот лежи во бравата!
Друго е ти сама да отстапиш на некој крвет, кога ќе ти дојдат на гости. Ама ти да одиш на одмор, а свекор ти и свекрва ти да ти спијат без твое знаење... извини ама не е убаво! Јас би шизнала искрено.
ееех а мојата свекрва кога живеевме заедно јас долниот спрат ке го зачистивав а таа оооп во соба кај мене лом низ облека низ шминки а бе секогаш Tака намерно правише,ке и речив ти треба нешто и она ке збеснише сакам да гледам,сакам да тI претам бла бла бла и секогаш малце да ме немаше таа во соба,кога ке речев на мм дека да и Kажи оти нема потреба да оди во соба ке му речише не бе само од веата зирнав или прозорот е го затворив која нерва... еднаш ме немаш цел ден кога се вратив извалкано заникаде,и јас пред мм ја повикав и она небев јас,вака Oнака кога бев на одмор две недели ја заклучив собата а кај креветор одтавив конец и кога се вратив не го имаше конецот,спалмата небеше како што ја оставив,ја отклучила со резерва клучи кој маки мачев... и ден денес лажи не јас неправев така и ден денес сум мирна кон неја а таа пак закача ти вака ти онака бла бла. сватив дека некои се болни во главата и ги оставам да си одат по нивно ниту психолог не може да помогне!. тоа е. мора да си гледаме животот и здравјето и потполно ги разбирам сите со проблемите со свекрвата.
Спојлер ^ Абе нека им се допадне ќе им ги подарам Јас би идела ептен во крајост така. Има милион начини да направам да се осеќа незгодно. Спојлер И да ме праша што сме праеле, да и речам, оргии, женче, оргии. Да не знае дали се зафркавам или сериозна сум За на крај да ми дојде со поп, да ми прочади. И никад да не и текне да дојде да спие, а таа тема да се затвори.
Хахаха, леле ми беше интересна ова тема па реков да видам коментари од вас.Имам една другарка,која идеше со дечкото година ипол.Беа неразделни,после училиште,пред училиште.Значи нон стоп излегување заедно за се нешто значи тие беа заедно.Делеа буквално све.Таа идеше кај него,сите знаеја за нив.Значи се обожаваа.Има 17 години.Му се предаде кога направија една година,односно пред 5-6 месеци.Искрено,не го оправдувам тоа што го направила,бидејќи мислам дека сме премногу мали за вакво нешто.Но,штом се чувстувала спремна за таков чекор,во ред.Јас не сум никој тука да и судам.Можеби е смешно во денешно време такво нешто да се каже,но како и да е јас си стојам за својот коментар т.е зад своето мислење дека не е во ред под 18 години да се имаат односи.И да не навлегувам во тоа,да продолжам ... Од како му се предаде се беше во ред,значи како и секој ден,најнормално.Сите им завидуваа,но за жал од време на време мајка му почна да се меша меѓу нив.Значи се беше во ред и одеднаш почна да се меша.И сметало што постојано биле заедно,не посветувал внимание дома на неговите,не учел ова она.И почнаа проблеми..Мајката на него ја нарече другарка ми курва,почнаа проблеми а оваа веќе не можеше да издржи пукна.Почна да се кара со неа,потоа со дечкото се скараа , он застана од страна на мајка му.И тоа беше толку.Раскинаа,многу и беше тешко.И најлошо е што се комшии.Постојано се гледаат.Од како раскинаа се гледаа уште едно 2 месеци но сфати таа дека тоа веќе не оди и прекинаа.Колку и да и беше тешко,таа продолжи со дигната глава напред ,знаејќи дека не е виновна за ништо.Можеби ова не е баш за тука,но ете Сакав да споделам со вас.
Еве ова го докажува она што го пишав во предхониот пост. Значи треба да знаеме со кој си фаќаме работа уште на почеток.. мажот е тука да ја заштити жената, тој ја зел не смее да ја стави под никаква тортура, тој е тој кој треба да се грижи и да ја пази дури и од самиот себе. Судирот на гереации е страшен, колку и да е добра нечија свекрва секогаш ќе има озоборувања зад грб посебно ако се опуштите пред неа заради нејзината ''добрина''. Знам еден случај каде што жена, здрава, нормална образована и културна се мажи и по 2 години полуде, секогаш кога ќе излезеше со детето нејзината свекрва со пријателките и претураа по сите нејзини лични работи..што ли бараа тампони или вијагра?! Кога ќе изреагираше жената мажот се разбира од страната на мајка му која беше светица! Каква иронија ми се гади дури да помислам на тоа. Затоа девојки главата горе, ако не ви одговара животот е пред вас и е само ваш!
Има милиони случки каде што снаата здрава права влегува во куќа а по година 2 полудува.А зошто зошто сопругот бил мамин син. Не се спротиставува иако гледа каква е ситуацијата. Имам братучетка која се омажи здрава права но со свекрваа се како маче и куче. Буквално немаат ниту една работа во која ке се сложат. Не ја бранам братучетка ми но не ја ни напаѓам. Бог да чува од такви свекрви како нејзината што е. Братучетка ми е омажена 3 години првата година имаше проблем неможеше да остане бремена па свекрва и ја нарекуваше јалова. Секогаш кога ќе излезеше брат. од дома свеки и пребарувала по фиоки алиштата. Еден ден во една од фиоките свеки принашла 3 апчиња не ни прашала зошто се право кога дошла брат. и се пуштила. Ја прашала какви лекови пие за да не остане бремена на брат. и светнало дека тоа се лековите кој се даваат на кучиња за глисти но не и одговорила ништо. После 7 месеци со мажот и отидоа во ск во ремедика на тестирање за плодноста и испадна дека во мажот и сперматазоидите се неподвижни и дека во нејзе проблем нема. Па потоа вештачки ја оплодија. Зборот ми беше дека свеки цел град ја научи за проблемот и дека снаата била крива што не останувала трудна а всушност син и бил неплоден. Значи буквално има секакви и снаи и свекрви. Среќа што јас ја немам таа слика за свекрва бидејки немам свекрва почината е.
Ова ти што го кажуваш Елеонора, мене ме потсети многу на една случка кога бев на факултет. Имав една другарка, мајка и беше пензионерка, и мајка и многу се дружеше со една друга жена (мислам дека другава се викаше Светле). И кога и да отидев кај другарка ми дома, ја наоѓав мајка и и оваа Светле, како нешто си разговараат, а јас воопшто не се ни интересирав што зборуваат. И така, пошто другарка ми изгледа им ги слушала муабетите или пред неа зборувале, почна да ми кажува дека таа Светле имала еден син и снаа. АМА не знаете какви гадотии за снаата кажувала, колку била нечиста, колку била не домаќинка...лелелеее цел живот на тапет на снаата го стави. Што е нај трагично, јас ниту го знаев синот на таа Светле ниту пак снаат , а ниту пак ме интересираше, ама си викам како можела по цело Скопје, кај стигне да ја збори. Значи понекогаш, навистина луѓето знаат да бидат бескрајно безобразни и злобни.
Очекував некаков пресврт на крајов на приказната, пример снаата била братучетка твоја или слично. Вака на крај тапа приказнава ми дојде
Кога savana93 постираше само се потсетив какви се маки имаат некој жени. Среќна сум што немам свекрва.
^А сопругот твој среќен ли е што мајка му е почината или само ти си среќна што е мајка му почината....ццццц