^ Да ама тогаш тие што ги сакаш немаат мајка па и не се баш среќни како тебе. Јас не сакам да немам свекрва, само сакам да не ме замара.
Не реков СРЕЌНА сум што немам свекрва во таква смисла. Секако дека сакам да имам свекрва но ја немам. Какво е тоа прашање дали мм е среќен или само јас? Среќна го кажав во онаа смисла СРЕЌНА бидејки немам такви проблеми како некој девојки.
Затоа што од прва рака имам видено колку свекрва може животот да ти го загорчи, отсекогаш сум викале дека најдобрата свекрва е онаа што не живее со нас. По можност живее во друг град Ама за жал од катиљ луѓе и друга држава не спасува. Пред некое време го слушнав овој пример (не е битно од каде и мојата релација со личноста). Се земаат младите и кратко по свадбата поради работа се селат во друга држава. Добиваат дете и свекрвата нели нормално доаѓа да ги посети. Од она што требаше да биде месец (еве и два месеца) посета, еве ја малата тргна на училиште а свекрвата уште си седи кај нив "на гости". Па уште и не можела на кауч у дневна да спие, па и спалната им ја окупира. Господ да чува и брани од неразбрани луѓе А да застанам малку и да ги одбранам и свекрвите Некое непишано правило е дека ако свекрвата е супер, тогаш снаата ќе се погоди катиљ. Да не може човек крајот да му фати на животниве приказни.
И јас сум слушнала за такви случки од животот. Еве стрикно го кажувам проблемот на другарка ми . Скоро се породи па свекрва и не дава до 40 дена кај нив никој да оди ама баш буквално никој дури ни нејзините. Па добро како сега тие се баба и дедо а на снаата родителите не се па несмеат да одат. Адетитеб такви биле глупости. Еве јатрва ми кога се породи немаше 40 денА па и таа и бебето шетаа и доаѓаа гости кај нас и што му е на бебето НИШТО. Знчи на светов непостои фамилија каде нема проблем било каков не само меѓу свекрва и снаа .
Мојата свекрва е добра жена домаќинка, грижлива, великодушна. Јас и мм не живеаме со нив, ниту јатрва ми. на почетокот живееле, но заминаа под кирија, бидејќи како што вели таа не можеле заедно, многу им било тесно, а тогаш и мм живееше со нив во истиот стан. Маж ми и јас бидејќи добро заработуваме живееме во сопствен стан (јас го купив пред брак, не е битно тоа) и супер ни е во брачната заедница, немаме никакви проблеми и се обожаваме Ја почитувам мојата свекрва многу, од друга страна ја жалам бидејќи во минатото била жртва на семејно физичко насилство, сега физичкото поради неспособност на свекор ми е емоционално и не ја разбирам во тој поглед воопшто. Како можеле да остане со тој ѕвер толку години во брак, па сега уште и да го гледа, да се грижи за него, буквално го гледа како да е бебе, од што толку се грижи за него. Мене ми се гади од тоа. Не знам дали е проблем, но мене искрено не ми баш сеедно, не знам да глумам и да се правам дека ми е сеедно, но мене тоа ми е лицемерие. Не покажувам нормално ништо пред нив, но одвратно ми е. ММ вели, ајде да одиме кај моите, а јас ич не сакам, сакам кога мајка му ќе дојде кај нас и сакам да си разговараме, но во таа куќа кога ќе помислам дека треба да одам, а знам какви гадости се случувале се згрозувам. Јас сум израсната во многу либерално семејство со взаемна почит и разбирање и ваквиот начин на живот ми е несфатлив, болен, чисто лицемерие. Освен тоа мм ги поддржува финансиски и тоа многу. Бидејќи свекрва ми троши повеќе отколку што има. И цело време е во долгови. Освен што мм им дава 300 евра месечно таа понекогаш знае да му се јави и да му побара уште. И него му е смачено, се нервира, но што да прави кутриот родители му се. Јас ништо не му велам, бидејќи тоа си е негов буџет, не троши од заедничкиот фонд, ама малку му остануваат за негов ќеиф.
Спојлер Cecilia, не е муабетот за некаков пресврт, пострашно е нешто од тоа.Да имаш свекрва која најбезобразно кај знајни и незнајни луѓе си ја оговара снаата! Зошто едноставно не се преќути? Ако нешто ја мачи во однос на снаата нека си разговара со неа и со син и, а не кај стигне , ама буквално кај стигне да ја збори. Како и да е, таа има само еден син.Да имаше и ќерка, па не знам баш дали така ќе постапуваше со снаата?!
И јас сум една нова феминка. И јас сум снаа во нечија куќа, но никогаш надвор од куќата освен со мајка ми со никој друг , ама баш со никој ја немам споделено маката. Со оглед на тоа дека овде никој не ме познава можам да споделам со вас. Единствен проблем со свеки ми е тоа што и покрај тоа што ме има мене во куќата таа за се бара помош од пријатели. Еве сега се спремаме за МИТРОВДЕН и зимам да правам слатки и таа се јавува на пријателките да дојдат да ги направат ко демек јас не сум знаела , па како знаев дома да правам овде незнам?! Исто што се нервирам е кога за било што ќе праша пријателките и ќе го направи тоа што тие ке и кажат ,а јас па дури и исто со пријателките да кажам јас незнам. Единствен проблем ми е ова.
[/spoiler] Како и да е, таа има само еден син.Да имаше и ќерка, па не знам баш дали така ќе постапуваше со снаата?![/quote] уште по бетер ќе била
Прва грешка - не ги споделувај маките со мајка ти туку ако навистина ти е нешто мака изјадај се на маж ти и второ, баш ти е гајле дали те вика да правиш колачи или не. Твое е да понудиш помош ако сака да прифати и свиркај си. Свеки сигурно не е сигурна во самата себе па затоа слуша и постапува по совет на пријателките. Незнам дали сте во заедница и дали тоа тебе те тангира, но ако е за некоја работа што не те интересира и не допира до тебе, не се замарај воопшто
Може тоа им е заедничко задоволство на свекрва ти и пријателките. не одат на кафиња, туку готват заедно. Не може заради тебе да им се скара и нив и на традицијата заедничка. Ти можеш да им помагаш. Секогаш викај дека можеш ако треба, ама не им се натурај. Ако е свекрва не значи дека не треба да има време со пријателките, па и ореви чистење да е тоа време.
Никогаш свеки не оди кај нив само за слава на гости а тие на секој собир секоја слава , скоро преку ден идат. Не и бранам да се дружи со нив зборот ми беше дека со тоа ме прави неспособна. Бидејки едната веќе и кажа ама свеќи ич не си става на акл .... и рече „Па добро бре имаш снаа , сега таа ти помага зарем мора за се помош од нас да бараш„. Јас се осетив понижена како да јас ништо незнам .А за колачите земав пример ма ного ми е гајле дали јас ќе ги правам или други сеедно не е именден на мм туку на сцекор ми.
според мене како нова снаа, треба заедно со свекрвата да подготвуваат, па посебно за големи празнаици. и таа е сега дел од фам. и неа и е пр. слава. знам јас кога се мажив скоро се јас правев, и кога се беше поставено на маса,и тоа што не беше од мене правено, свеки ме пофали ,,еве се од снаата правено,,. па за свекрвата треба гордост и радоста да биди дека новата снаа е домакинка. за името на мм јас побарав нови рецепти за колачи на интернет и ништо не ми рече. му објаснив дека е време да се сменат рецептите, дека веќе години ги прави истите, време е за нешто ново. секоја жена ќе се чуствува понижено во ваков случај. не е воопшто убаво така, ама наредниот пат ако чекате име на мт, кажи и дека ти се ќе направиш, дека не ти треба помош за ништо и ти барај совети од пријателки и роднини пред неа (а неа игнорирај ја) па да види како е.
Јас па тоа не го гледам како проблем. Многу се притресувате, ептен сте навредливи, мајко му. Ако ви бара помош, потајно сакала да каже не помагате, дека сте мрзливи, која е таа да и аргатувате итн. Ако не ви бара помош, ве навредува. Тоа не е компромис и за атер на мирот и контра секирациите. Јас ќе сум среќна да не ми бара помош туку јас ќе сум гостинка на таа слава. И јас сум човек што сака да помага, не треба два пати да ми рече некој, ама ако некој инсистира да не помагам, па фала му. Па после пред сите ќе кажам, ту што свекрва имам, не ми дава со мал прст да мрднам да се мачам, се е ова што гледате нејзино дело, алал да и е, како ме чува. И ќе ја гушнам.
Јас се омажив пред 3 месеца. По се низ кое поминав, го најдов човкот за мене и мн сме среќни.. Живееме со мм заедно со неговите. Многу весели и отворени луѓе, многу добро ме прифатија сите, посебно свекрва ми. Трудна сум, ме чува, ме штеди по дома..Добра жена.. Е сега, една работа ми смета.. Многу се радува за бебето, и секогаш им збори на гостите како кога ќе дојде бебето- она ќе се шета со него навака натака...Демек сегде со себе ќе го носи..Дури збори дека свекор ми ќе барал моето бебе да спие со нив, демек ние млади- да се одмараме...Некако како да ги меша улогите на баба и мајка...Прво дете ми е, сакам да стигне здраво на свет, секако помош во чување ќе ми биде добродојдена, ама без претерувања....Јас нема да им го дадам моето дете да спие со нив во соба...Овие муабети нејзини ме секираат...Или вика ти породи се само со лесно, па ќе си одите по одмори, јас ќе го гледам...И реков дека не ги разбирам тие мајки што одат без мали деца на одмор... Следен пат кога ке го спомне истово, ќе си кажам отворено дека јас бебето нема да можам да го дадам да спие со нив...Дека нема да може сон да ме фати...Баш да видам како ќе помине муабетот... И друга работа која ме секира е тоа што многу верува во алтернативна медицина ( ако може така да се нарече)...Ја слушнав како и вика на пријателка --кога има детето температура, измочај крпа и стави му ја на стомак, одма ќе му спадне температурата.... Жената е добра, многу забавна и се тоа...Ама тоа што верува дека дететотреба да се мачка со мочка, и тоа што планира да спие со него-- МЕ ВОЗНЕМИРУВА.
и после уште уста че отварате и че кажувате како свекрвите не чинат а снаите се светици (ја претерувате)
Мое мислење е дека нема што да се секираш и што се вели од далеку да се браниш. Тоа со *алтернативната медицина* нема да го коментирам. Остај ја сега. Па неможеш пред време да збориш е на моето неродено бебе кога некогаш ќе има температура тоа неможе да се прави. Туку фино лепо во иднина кога ќе дојде таков момент да треба да примени некои од нејзините ху баба ху методи ќе кажеш СТОП, јас сум мајка, последна одлука е моја. Најбитно ти е каков карактер е жената , дали прифаќа замерка и сугестија или сака да биде власт во куќа. А за ова спиење со нив, чување на бебето исто е пред време зборење од нејзина страна и џабе секирање од твоја страна. Ќе ти кажам пример на моја другарка која додека беше трудна, беше нешто подзамерена со сите околу неа, па викаше *нема да им дадам да го пипнат детето, а не па да го чуваат* Па после кога се роди и малку прка се разбира, го оставаше те кај свекрва и те кај мајка и. Па по некое време и на спиење. Од лошите муабети ни трага ни глас. И мојата сестра дур беше трудна исто така се згрануваше дека како некој жени можат даги оставаат децата по неколку дена кај баба, без да ги гледаат. Па кога се породи почна од многу мало, од само месец два да го остава внучето, зошто потребите беа такви. Твојата свекрва развива теорија и изразува голема радост. Сама ќе види дека во пракса не е се така едноставно.
Според мене не се толку криви свекрвите како што се снаите се знае младите се побрзи по нервозни и најмала ситница ИЛИ нешто што е кажано добро намерно одма помислат дека некој нешто им префрла или слично .
^ Убаво е да се чуе дека има и добри свекрви Се разбира дека се радува свекрвати дека ќе биде баба, по мајка ми гледам колку им значи. Сакаат да помагаат, сакаат да бидат дел од животот,супер. Ама лека-полека треба од околу (како со тоа одење на одмор) ќе и кажеш што мислиш дека е најдобро за твоето бебе.Не е дека она не знае што,како или дека ти не и веруваш со бебето, туку таа била мајка, воспитувала деца, сега е твој ред да правиш како што ти знаеш и умееш. За спиењето се согласувам со Ирена,постои шанса да го промениш мислењето. Спојлер (Може ќе сакаш да поминеш ноќ сама со мажето ) Ама не разбирам, дали сака да спие во кревет со нив или само да спие кај нив? Мене би ми било проблем ако отчекуваат да спие со нив, цела ноќ ќе ја мислам. А за другите работи, не се секирај. почекај да се роди бебето па ќе видиш како ќе се одвиваат работите.
Te разбирам како ти е. И мојата за се, за ајвар, визити, гости ги собираше комшивките, и повеќе време се губеше во оговарање, влечкање отколку што реално се работеше нешто. И на крај обавезно ја оговараа невестата, како не можела ништо сама, не ја бивало, морало тие да дојдат. И буквално и се имам молено, немој да ги викаш, ем не ни требаат, ем муабети вадат, ама џабе.
encimenci, најнапред ти честитам! Те имав читано во онаа другата тема, и баш ми е мило што ти се залечила раната и што си го нашла вистинскиот човек за тебе. За муабетите што ќе биде, ако биде, вака -така ќе правиме ич да не се сеќираш. Нема потреба пред време да се нервираш и караш. И моите така велат за своите внуци: ваму ќе одиме - таму ќе одиме, вака ќе правиме - така ќе правиме, па нема ништо од тоа. Се шалат, си прават филмови. За внук ми сега, татко ми вели: годинава ќе го однесам на лозјето да ми помага (а што туку се роди бебево ). Остави, времето ќе покаже. Не се нервирај пред време.