Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. majkat

    majkat Нов член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    8
    На почеток што и да направеше велеше снаата го направи. Криво ми е кога ги вика пријателките да и спремат , а уште покриво ми е бидејки барем кога ги вика да прави и таа нешто со нив а не само од страна да диригира. Пред некоја недела правам торта и покасно дојдоа пријателките мои им секов торта и секов и нејзе и ми падна криво како ме понижи пред пријателките „Од мене и моите пријателки подобро не прави никој„. Па добро и велам јас еве нешто ново од интернет видов и направив понекогаш треба и ново да се прави а не се исто.
    encimenci за муабетите што ти ги кажува ич не се секирај и мене така ми велеше кога останав бремена де таа ќе го гледала,де таа ќе го чувала,де се таа ќе му купувала , де со нив ќе спиел и тн ... но кога се породив и ме испуштија од болница тоа беше 3 ден откако с евратив и велам дај погледај го детето да не заплаче јас да одам во вц. (син ми спиеше инаку , а јас имав голема мака да одам во вц заради конците кој ми беа шиени) . Ми вели добро оди ,но јас ја подоставив вратата во купатило отворена и во дневна подотворена и слушам едно време детето плаче ке се раскине и веднаш отидов да видам што е работата кога гледам син ми крв ќе капне од него од што плаче а таа си спие не го ни слуша и тогаш и реков еднаш дете ти оставив а ти не го ни слушаш не очекувај во иднина да ти оставам дете ни 1 мин да чуваш. И така е еве и 2 родив но не и давам да ги чува го оставав син ми 2 3 пати така и секогаш исто детето плаче испосерано измокрено а таа спие не се ни замара.
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.359
    ^
    Како може некој да спие кога бебе писка?
    Не од атер, од инает или од што, туку физички да може да спие при таква галама а да не се разбуди? :^)
     
  3. majkat

    majkat Нов член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    8
    Na toa i jas se zacudiv kako da ne go slusne , kolku i da si vo dlabok son sepak toa e vreskanje ne obicno zboruvanje.
     
    На angela.bebe му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tami13

    Tami13 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    Што се однесува до готвење ручеци,слатки и сл.,правам кога стварно имам време(ако не,мм купува од слаткарница нешо,на пр.за ненајавени гости и сл.) Арно ама,и тоа шо ќе го направам,низ нос ми излага дур го направам,благодарение на свеки. Ама не турај толку шеќер,ама не таква чоколада,ама зошто сега ја појача/намали рерната...и ја и викам ама таков е рецептот и таа: ама знам,ова е слично ко она моено ( а моето со нејзиното нема благе везе) итн итн...и затоа не се замарм мн освен кога сакам на мм да му направам нешо онака од ќеф.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. angela.bebe

    angela.bebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    3
    Здраво...ве следам повеке време се пронаогав во некоја од приказниве некогаш плачев некогаш се смеев...па ајде јас да си ги кажам маките на форумов оти немам на кој да се искажам оддалечена сум од мојата фамилија околу 150 км..Што значи дека сум во голем град сосема сама...Со мм се заедно 2 год.на почетокот се беше од арно поарно ама со тек на време се се смени.останав бремена од ко се зедовме по 6 месеци,правевме савадба.за време на бременост ми најдоа инфекција од маче во крвта која што била мн.штетна за плодот со апчиња со ово оно заврши ок а (дотичниот)секогаш знаеше да донеси некое маче скитик дома мм фрли го тој пак донеси.и му реков да се роди здраво и живо детето мое да знаеш дека нема очи да му видиш..место него маче че ти давам да гледаш...се роди бебушот тој не изрази желба да го види па и на свеки не и даваше да иди..бев спремна да заборавам на се ама...праевме крштевка тие беа поканети не дојдоа поканата пред врата ми ја фрлија хех поклон не ни отчекував не толку старшно но по зборовите што ги слушнав пред некој ден значи мислам дека нема појче влице да му се опулам..беа на грозје берење со пријатели нивни тие имаат дете мало си дојдоа од нива и чупево мало ме прашува за детево мое и тој ја свика долу и и вика "дојди ДЕДЕ дојди ајде ке си одете ај уба таја на деде да ми дојдиш утре пак деде оти јас немам друго внуче ти си ми мене како внуче"и сега феминки како јас да реагирам на оваа а да не го повредам мм сепак тие се негови родители...ве молам поучете ме што да праам.текстов е малку подолг ама ова е скратена верзија за долгата треба два листа хехехех
     
  6. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.181
    разбирачка со ваков тип на луѓе се нема,џабе само ќе се нервираш :emo: ,тука може синот нивни да се нервира оти негови си се,а ако не им ја мисли толку за неговите што ќе кажат што ќе префрлат,зошто тогаш ти би се замарала.Aко не си го сакаат внучето,не си го сакаат ,не се ни први ниту пак последни што не си сакаат внуче,а и не можеш на некој со сила да го натераш да сака(по мое мислам стариве само си бараат некаква рчка,такви се ,зошто да е на арно кога може на лошо :?: ).Cовет!!! Tие ако со лошо се обратат вие со добро,тие со полоши зборови вие со најдобри зборови :D ..ќе видат не видат,ќе сфатат нема разбирачка и нема да им бидете интересни повеќе и ќе ве остават на раат,а што знаеш може и да сватат после све дека така ко што правеле не бидува.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. majkat

    majkat Нов член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    8
    мм во фторник има роденден и свеки рече таа ќе правела торта. Ако не и кршам атр нека прави таа ќе правам и јас од 2 торти глава нема да не боли белки.
    АНГЕЛЕ.БЕБЕ подобро да не го сакаат отколку да го сакаат а да не му обрнуваат внимание :)
    Еве кај нас кога се мирни децата ги гушкат милуват а заплачат веднаш следуват зборовите „МАЈКА БАРА „ :D
     
  8. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    А да се запрашаш зошто мт не превзема ништо за ти да не си повредена?! Ти несакаш него да го повредиш, а тој дреме ко мисир и дозволува неговите родители да те понижуваат тебе и твоето најмило?! Па само стап бре за него! Не се криви неговите, толку им сече, очигледно не даска, цела дрвна индустрија во глава им фали, роденото внуче да не го погледнувам. Ама ако он застане на твоја страна, односно ако застане во твоја одбрана, ова се ќе помине. Неможам бре да ги разберам мажињава вакви мамини и татини, седи по страна и гледа како му ја гњават жената и детето... До душа после примерот со мачката, незнам што да кажам. Јака ти душа, само толку! Господ здравје и памет нека ви дава тебе и на детенцето!
     
    На butterfly.mk, zalosna и irena.1 им се допаѓа ова.
  9. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Море ми се иде да ја запалам со партали син ми се разболе добри цревна инфекција бевме цели 10 дена во болница детето беше модро исцрпено од инфузии и температура имаше постојано не дојде да ме праша како ми е туку дојде и едно доагање од вратата убавото на баба оваа шо ти направи разболете значи нема мајка ти туку ОВАА!!!.Докторите влегнаа на визита таа зборува глупости детето дома било постојано гладно не сум му готвела таа ми го гледала јас сум се таврила по градо.Како бе може да има такви идиоти на светот да зборат дека мајката си го разболела своето дете а што не каже додека ние бевме во болница маж ми дома на леб и ајвар и пржени јајца бил бидејки светата ми свекрва не му зготвила ништо.уста има за др да зборува а нејзиното не се гледа или мижи митре толумби пагат.Ма да и се плукнам у табието ШОПСКИ што го има :@
     
    На angela.bebe му/ѝ се допаѓа ова.
  10. angela.bebe

    angela.bebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    3
    да ти кажам право на почетокот многу се нервирав ама видов нема никакво разбирање ниту подобруванње само јас се ставам во болка секако и мм ама тој не става се на срце...пробав на секој можен начин со нив и со добро и со лошо и многу пати знаев да си почутам ама некој ко че зборува неможиш да излзиш накрај со него едноставно од то и живеее тоој значино никаков разултат.Се обидувам се да си пречутам ама тој секогаш бара начин да ме изреволтира.Сабајлево станувам пред врата еден куп губре ронки исфрлани пред врата. сепак фала на советот
     
  11. angela.bebe

    angela.bebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    3
    елена.. не барам мм да застане на моја страна единствено што сакам е да биди на страната на правдината тој се труди да разреши што е можно појче ама изморен е и тој од нивните глупости крај карева вели ни арно ни лошо јас да дозволам детево мое некој да на понижува нема...инаку е многу избунлив т.е ако знае секоја ден какви не работи зборува тој за мене че го отепа :worried: :worried: :worried:
     
  12. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    Извини angela.bebe јас мислам дека треба да знае секој ден овој какви работи зборува. Мислам дека треба да ја знае вистинската слика за домот и што се случува. Вака он си е поштеден од некои изјави и нервози, на сметка на теба, се на твој грб паѓа. Двајца сте во бракот, а башка негови родители се. Немој да го жалиш.
     
    На butterfly.mk, Glasna, zalosna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. majkat

    majkat Нов член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    8
    angela.bebe немој да ги сватиш феминките грешно за твое добро ти зборуваат. Ти побара совет тие ти дадоа. Ти зборувам како на сестра слична мака имав т.с свеки се обидуваше да раководи со мојот и животот на моите деца , свеки ми правеше проблеми на почеток ко се зедовме со мм ама јас си застанав веднаш му реков на мм или тие или ЈАС , јас неможам некој да ми раководи со живот доколку ти можеш живеј си со нив а не со мене. Крај краева негови родители се нека си превземе мерки.
     
    На angela.bebe му/ѝ се допаѓа ова.
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.359
    Тоа што ти не се погаѓаш со свекрва ти не ти личи да плукаш по нас(шопите).
     
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    ^
    Што се Шопи??
     
  16. angela.bebe

    angela.bebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    3
    незнам од каде е хев ама во радовиш има едно маало што го викаат шопското маало и лугето што живеат таму се шопја:::незнам колку оваа че помогни ако не че чекаме одговор од хев
     
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Mислам дека шопи се исто луге како нас . :!: Само потекнуваат од планински неразвиени подрачија кои граничат со некоја соседна држава и зборуваат исклучиво на дијалект.
     
    На MSkorpionka, HEV и angela.bebe им се допаѓа ова.
  18. angela.bebe

    angela.bebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    3
    никако не ги свајчам погрешно значи во ред е се ги свајчам што сакаат да ми кажат не да го бранам мм ама вистина тој не е на нивна страна секогаш е на моја односно гледа ии тој што се случува ама ги знае и нема шо да праи со нив:::: инаку ве послушав и му кажав се на мм со го имам слушано дотичниот шо зборува
     
  19. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Тоа е тоа браво виножито!!!
     
  20. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Офтопик

    Овие прашања за потеклото се заплеткани ама обично велат дека Шопите биле едно од јужнословенските племиња (како Брсјаци, Мијаци, Драговити и т.н) кои за разлика од останатите долго време не се смешале и се изолирале во планинските предели на североисточниот дел (денешно тромеѓе со Бугарија и Србија). Денес се веќе асимилирани и декларирани како Македонци, Срби, Бугари, во зависност од државата во која живеат.

    "Шопите се најсевероисточното македонско-словенско племе. Црните Шопи се викаат така зашто црни одежди носеле, а еднакви биле со Белите Шопи. Првите живееле во околината на Ќустендил, Струма, Саса, Банско, Кресна, Дупничката околина и Горна Џумаја. Белите Шопи живееле во околината на Софија, Банско, Ниш, Морава, Самоков и Ихтиман."

    Ѓорѓија Пулевски
     
    На cecilia и MSkorpionka им се допаѓа ова.