А јас проста шопка уште чекам извинување За етницитет не зборувам. Ние како шопи си знаеме кои сме, од прабаби до нас самите традицијата си стои и не прави тоа што сме, и не ни треба гугл историја, и пишани статии да се декларираме како тоа што од памтивек сме. Ама некој да си дозволи да не вреѓа, и со зборовите, буквално не плука, оти корените нам ни се планински, како паметните сите други они родени на холивуд булевар, бравос, што друго да речам.
Де бре Имелда, не се секирај, и јас сум шопка, па ич не се запарам кога ке речат нешто. Шопјето се крупни убави луѓе, со развиени нозе и убави задници Жените им се многу плодни, а мажите многу работливи. Тоа се луѓе кои не ги поминало ни турско да им ја измеша крвта ни некој друг поробувач, они си биле у планина. Затоа се светли луѓе, не црни како централна Македонија. Иначе девојкава тоа го кажа во лутина, и не верувам дека имала можност да запознае други шопи па затоа вака вика. ЗА ова што го правела свекрва и, мислам дека има многу погрдни зборови. Жено, пакуј се и бегај од таму, таа ке направи детето да те мрази и да бега од тебе, ке мисли дека ти го оболуеш и носиш по болници, мало не сфаќа. Бегај подалеку, не ти треба некоја која на децата ке им кажува колку лоша мајка си.
прв пат слушам за шопиве интересно :up: а иначе сигурна сум дека жената не сакаше никого да навреди него сакаше да си се пожали лично за свекрвата
Јас ти се извинувам еве јавно пред цела Фемина. Сакам само да знаеш дека свекрва ми е Шопка.Немам лошо мислење за шопите, напротив. Свекрва ми е жена за восхит.Ретко кој од вас сретнал таква жена.На изглед слаба но внатрешно е многу силна жена.Пожртвувана мајка, сопруга.. жена за која зборовите неможам, не сакам не постојат.. Чест ми е што таква жена ми е свекрава. Исто сум родена во едно планинско селце. Немав намера да навредам некого,туку сакав само да дадам информација, што се всушност шопи?
Феминки ова со ШОПИТЕ е надвор од темава. Нека ме исправи админот ако грешам. Овде не е место за објаснување што се тоа Шопи.
И јас пред недела дена прашував,кумот вака ми објасни.Порано претежно луѓето кои живееле на нашите територии живееле по планините,по селата и живееле претежно номадски,додека пак во `поразвиените` места,односно котлините и полињата,како Скопската Котлина,Овчеполската итн луѓето живееле посовремено,да кажам.Затоа оние кои живееле попримитивно,или номадски биде наречено шопови,со тек на време од самото население,додека другите биле нарекувани которци. Ден денес,слушам дека сеуште се употребуваат овие називи,со цел некој да се навреди,ако се нарече `шоп`.Не ти викаат директо в лице,многу си прост итн,туку едноставно те нарекуваат `шоп`. Кумот ми кажуваше,дека него некои ден денес го нарекувале така затоа што како мал потекнувал од многу сиромашно семејство и всушност,кога сите носеле некои стандард пантолони,тој носел фамерки,кои му ги поклонил некој чичко,кој штотуку се вратил од странство.Е,сега,луѓево мислеле дека е примитивно да се носат фармерки,и почнале да го нарекуваат така.Но,со тек на време се испоставило дека тој бил тренди! Сепак,што е тука е.Сега тој има функција на директор на една фабрика,друга функција во општината и уште што не. Така да,ако некој се вреѓа од вакво нешто,стварно не гледам причина за тоа.Уште побанални ми се луѓето кој употребуваат ваков жаргон.
Мислам дека еден коментар кој за некој е безначаен може да повлече многу коментари после тоа така да ај да се вратиме на темава според наслов, без администратори. Кажете си ги маките снашки или ги решивме сите проблеми со свекрвите?
Спојлер Више установивме дека хев не мислеше да ги навреди Шопите, ако ништо друго, пошто би се побила сама себе (затоа што и маж и` е барем по мајка Шоп), туку во афект, максимално изнервирана од свекрвата, секоја нејзина одлика и карактеристика станува добар основ за вреѓање. Ко на пример сеа, дали таа карактеристика има врска со килажа, висина, припаѓање на одредена заедница и сл за некоја која ја изнервирала а и самата има такви другари/ки (не ретко и личности кои многу и` значат во животот) кои не и` ни текнало да ги дискриминира по тој основ. Toa e алтернативен начин да каже „леле колку ме изнервира.“ Познавам такви луѓе и не им го сфаќам премногу лично дури и кога ќе ме погодат во некоја таква критика. Туку гледам на тоа како на пример, во бес, цртаат карикатура на одредена личност и во таа карикатура се` потенцираат на негативен и подбивен начин иако реално немаат такво мислење за луѓе со такви карактеристики. За некои важи непишано правило кога ќе ги изнервира човек, сума сумарум, се` она со кое се одликува автоматски не чини, не ради тоа што е, туку поради тоа што му направил. Секоја чест на оној кој е доволно силен во таков афект да остане имун на кажување на такви зборови. И јас се стремам кон тоа како што се стремам и се` повеќе да примам со резерва она што доаѓа од другите луѓе па да не ни има потреба од афектни ситуации толку, затоа што носат и ризици да повредам некого, а со тој некој и себеси и да ме јаде јанѕата. Нејсе, човек колку што е силен, толку е и слаб. Се дешава. Малку знам за овие групи на Македонци, па да си признаам, добро ми дојде скршнувањево од темата. Мошне информативно. Нејсе, друго сакав да кажам, поврзано општо со темава. Значи ќе напоменам, има од повозрасниве и безобразни, факт, како што ги има и во сите возрасни групи. Но, на неколку наврати забележувам дека и ние младите сме многу малку толерантни кон нив, кон тоа што им го носат годините и ги прави различни од нас. На колку обуки на кои сум била, кога некој повозрасен имал поголема мака да научи/направи нешто, бил дочекан со превртување со очи, со негодување, со оговарање после (што не ни личи на еден млад интелектуалец). Еднаш, во една таква ситуација, јас побарав дозвола да и` помогнам на една личност. Затоа што сум свесна дека никој од нив не е пресреќен поради она кое му го носат годините. И тие сакаат да ја имаат нашата моторика и флексибилност, но ете. Свесна сум дека таа постара жена на моето нема да се врати, но јас (ако даде и да даде Господ и за сите, не само за мене, секој нека си дочека нормална и убава старост) дефинитивно ќе дојдам на нејзиното. И ќе ми треба повеќе време, труд и нерви да усвојам некое знаење и да направам било што. Поради вакво однесување и имаме проблеми со свекрвата од типот на: накриво ме погледна/ не ми купи златна огрлица за свадба/ ми купи златна огрлица и ме тераше да ја носам на свадба и си упропастив впечаток на комплетниот изглед/ си ја сака ќерка и`/ доаѓа на поседок во сопствениот стан и др.
Темава излезе надвор од контрола јасно насловот кажува што треба да се пишува. Не била само една феминка виновна за коментирање надвор од тема овде веќе станааа многу .
Tу бре Eлеонора ,ти три пати те едно исто повторуваш,па ако толку ти боде очи тогаш земи напиши нешто во врска со темава
Jas se vozdrzuvam od komentiranje na temava bidejki nemam svekrva , a samo gledam do kade gi nosite temite
Еве една приказна за снаа и свекрва, ама нешто не ми се верува дека е баш така. Поучна приказна: Снаа и свекрва Девојката наречена Лили се омажила и отишла да живее кај својот сопруг и неговата мајка. За кратко време Лили сфатила дека нема шанси да живее во мир со својата свекрва. Лили и нејзината свекрва не престанувале со кавги и расправии. А фактот дека Лили, според древниот кинески обичај морала да се покорува, уште повеќе ја отежнувало состојбата. Поради овие кавги и неслога во домот, мажот ужасно страдал. На крај, Лили повеќе немала сила да го издржи лошиот карактер на свекрвата, па решила што побрзо да направи нешто. Отишла кај еден познат билкар. Му ја раскажала ситуацијата и побарала да и продаде отров, за да може да го реши проблемот. Човекот се замислил и рекол: “Лили, ќе ти помогнам да го решиш својот проблем, но мора добро да ме сослушаш и да го направиш она што ќе ти кажам“. Лили прифатила. “Можеш да употребиш отров кој брзо делува, но тоа ќе предизвика сомнеж кај луѓето. Затоа еве ти повеќе чајеви кои полека ќе го трујат нејзиниот организам. Секој втор ден треба да правиш вкусен оброк, во кој ќе додадеш од овие тревки. Сепак, мора да внимаваш никој да не се посомнева во тебе кога ќе умре, па затоа мора да бидеш внимателна и да го смениш однесувањето кон неа, биди љубезна. Немој да се караш, попуштај, слушај ја како да е кралица.“ Лили била пресреќна. Се заблагодарила и поитала дома за што побрзо да започне со нејзиниот план за убиство. Поминале седмици, месеци…Лили секој ден и сервирала на свекрвата вкусен оброк зачинет со тревки. Цело време на ум ги имала зборовите на билкарот кој и нагласи дека мора да го избегне сомнежот и затоа мора да биде многу љубезна кон свекрвата. После 6 месеци атмосферата во домот била многу поинаква. Лили научила толку добро да се контролира, што повеќе не се лутела ни била нервозна. Немала ни една причина за тоа од страна на свекрвата во последните 6 месеци. Свекрвата била многу понежна, па обостраното разбирање навистина се забележувало. Нејзиното однесување кон Лили се сменило, па дури почнала да ја сака како родена ќерка. Лили и нејзината свекрва сега се однесувале како мајка и ќерка. Лили еден ден отишла повторно кај билкарот и го замолила за помош. Барала од него лек за да го спречи отровот. Таа е сега прекрасна жена и ја сакам како мајка, рекла Лили. Не сакам да умре од отровот што и го давав. Билкарот и одговорил: “Никогаш не сум ти дал отров. Тоа беа витимани кои го подобрија нејзиното здравје. Единствениот отров беше во твоите мисли, но сега и тоа го нема!“ Во Кина се вели: Човекот што ги сака другите, е човек што е сакан од другите!
Znaci naravoucenieto e: gotvete im ja svekrvite sekoj den vkusen obrok, popushtajte, ne se karajte, bidete ljubezni i tretirajte gi kako kralici za da Ve sakaat kako rodeni kjerki. Aj obratno....pa i nie kje gi sakame kako rodeni majki.