Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Како се воздржуваш да не коментираш кога ова веќе ти е трет коментар, ако не сум грешка :D
    И очигледно беше се вративме на тема, ама сега ти забегаваш :^)

    Он топик
    Јас да ви кажам од сите другарки кои ми се мажени, чекај бе што зборувам, сега сите се мажени :D
    само една има добар и пријателски однос со свекрвата.
    И она го вика истото што го кажува ЛОЛИТА777. Треба да покажеш почит, да не се караш, да бидеш љубезна ама и да не дозволиш да преминува граници кои ти си ги поставила. Таа има две јатрви и свекрвата поинаку се однесува кон нив, мислам пак дорбо затоа што жената си е и онака добра, ама се случува да им се меша дома, да им кажува што и како се прави и др работи кои би ја нервирале снаата ако не гледа на тоа како момент да се нучи нешто.
    пр. на заеднички ручек свекрвата прокоментирала дека другарка ми не ставила нешто во ручекот (некој зачин или не знам што). Другарка ми на тоа и одговорила дека иако таа (свекрвата) и други го готват тоа јадење на одреден начин, снаата и сопругот го сакаат јадењето на поинаков начин. (немој сега да коментирате дека чим било за гости требало да го направи како што тие го сакале, можела да попушти). Вистина дека во моментот малце било незгодно ама тој момент брзо поминал а свекрвата си знае за друг пат. Што не е во случајот со другите две снаи. Тие си преќутуваат и после се нервираат.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Немам ништо против шопите но бидејки не сакав да се расправам и полесно ми беше тука да си ја напишам маката и ако некој се навредил не сум имала намера да навредам никој ниту пак свекрва ми тое бесе во ефект на нервоза,инаку немам намера да се расправам со нејзе па затоа тука си ги изнесувам нервозите и сите зборови кои во ефект на нервоза ке ми дојдат .позз ти благодарам теси за разбирањето !
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.181
    за мир у кучи ,слушај свекрва :!: за да не фучи :D
     
  4. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    ако сите се расправаат за зачините во манџите, тогаш никој нема да најди мир во ниедна куќа.
    се случило и мене да ми замерат да готвењето ама и јас да замерам, не е живечката во тоа.
    ако не ме бендисва ручекот не јадам, ако не ги бендисва мојот ручек нека не јадат, ако тргаме и за тоа црти, каде крајот.
    како што кажа, жената прво гледа на мажот да му погоди, ако свекрвата, свекорот нејадат така нека си зготви друк ручек!!!


    ама не можи тоа така,ние снајте сме во туѓа куќа, ние мораме да ги почитуваме, тие не мора... ;)
    ова е мајтап, да не си свти некоја за озбилно
     
  5. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Воздржувај се бидејќи незнаеш да пишуваш кирилица.
     
    На Emotional123 и tessie им се допаѓа ова.
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    А како може да не знае да пишува кирилица? :?: Најверојатно нема македонска поддршка или пак е од телефон логирана. А и не е единствена која пишува на латиница. Не е правилно ама не е ни најтрагично. :)
     
    На zalosna, katalina и HEV им се допаѓа ова.
  7. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    4.207
    Ептен се изнервирав вчера :devil: искочивме со мм имавме работа и на идење свеки прашува дали ке се задржиме и дали ке дојдеме за ручек , не обрвнав баш внимание и само и рековме ке дојдеме брзо нeма многу да се забавиме . Е сега она мене никогаш не ми готвела едино кога непланирано ке ме задржеле на работа па од тоа што правела дента ке му даде на мм да не седи гладен , ми се чини јас повеке пати и имам давано јадење него она ли на нас. И така вчера планирав кога ке дојдеме да направам манџиче некое набрзинка и доагаме ние и мм вика мајка ми печела месо не прави манџа од тоа да јадеме. А, јас месо не јадам ;) нема врска му велам јади ти јас ке го јадам гравчето од вчера :) И си седам јас така а прозорот ми беше отворен од соба и ја слушам свеки збори со еден роднина, роднината прашува за нас како сме, што правиме и оваа ни две ни три. " Еве јадат им правев да јадат" :o роднинава искоментира нешто само како, аха епа добро и си тргна да си оди, и она ете ти ја " Епа им направив што да им правам, рекоа ке дојдат за ручек и им готвам јас"
    Ме извади од такт сака да ме направи пред други дека јас не му готвам на маж ми дека она готви за нас боже боже, прај се фина трпи ама вака да збори, и му реков на маж ми више ни колаченце мало не сакам да ми донесеш горе од неа, фала богу спoсобна сум да готвам, али очекувано он неа ја брани со она досадно " не мислела ништо лошо" |(
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Машки
    Досега ми беше пишувано кирилица а од брзање ова ми беше латиница. Едно што забележав во ова тема и затоа најмногу се воздржувам феминките уживат да нападнат друга феминка без разлика кој е проблемот. И тоа се едни исти феминки се они „СЕЗНАЈКОВЦИ„. Веќе нема логика да ја читам темава и затоа сум офф за темава.
     
  9. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Ви викам јас а една искоментира нешто малце од страна цела дебата се развива за тоа :lol:

    Еве јас да ви кажам дека денес баш правев муабет со мајка ми за темава.
    Баш ме изненади што ми кажа.
    Рече дека многу била среќна со свекрвата. Мајка ми млада се омажила и баба ја прифатила како своја ќерка. Понекогаш неа ја гледала повеќе од татко ми. Се грижела за неа...Абе што да ви кажам еден куп работи се изнакажа, ниту еден збор не рече лош.
    А нејзината мајка пак била спротивно.Кога вујко ми се оженил баба ми била таа што ширела озборувања за вујна ми.
    butterflysk Маж ти морал да чуе па да свати во кој контекст го кажала тоа.
    И мислам дека без разлика ти дали земала нешто или не таа пак ќе си зборува. Така да не се замарај. Либето под рака и уживај си, слдниот пат кога ќе бидеш во таква ситуација речи и, да ќе одиме да шетаме, и не, не треба да ни правиш ручек.
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. majkat

    majkat Нов член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    8
    Кај нас пак кога се работи за јадење свеки си наоѓа изговор само да не готви таа. Мене не ми пречи што јас готвам , би правела се јас ручек но да има кој вистински да ги чува децата а не со спиење и со необрнување внимание што прават. За слатките ви кажував веќе за нив незнам да ги правам според неа , пријателките знаат повеќе , но за ручек од пуста „мрза„ за неа знам да правам. Еднаш бев направила за прв пат едно јадење од интернет и седнавме да јадиме и свеки вели „Ај да видам што си направила дали те бива за домакинка„ . Јас само благо и реков „На кој не му се допаѓа нека си готви сам„.
     
    На captivating му/ѝ се допаѓа ова.
  11. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476

    :clap: Тоа викам и јас, посебно ако се жалат.
    Па не може да се отчекува во куќа каде што живеат 4+ луѓе на сите секогаш да им се погоди.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Јас па поинаку си ја примив приказната. Ако јас се прашувам, свекрвата не се променила многу и не станала преку ноќ љубезна со снаата, особено ако се работи за карактеристика поддржана и од традицијата на одреден регион, туку снаата конечно успеала да постави таков ѕид пред себе со кој нема да ги гледа негативните работи.

    Слично на советот кој го даваме „не им земајте при срце, туку со резерва“. А другите на тоа викаат „ама лесно е да се каже а тешко да се стане таков“. Е тешко е, тоа е процес, во кој несвесно влегуваме (како девојката од приказната која мислела дека ја труела свекрвата). Тешка е таа лекција да земаме се` со резерва и многу болна, но еднаш ли ја научивме, животот ни` е перманентно олеснет.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    проблемот е највеќе во мажите не во свекрвите,сните ќутат од култура (а има и некои кои се лижи-газ снаи и се што сакаат им се исполнува), и значи ќутат од култура и свекрвите тоа го користат и удри. А мажот ако на сета неправда молчи мајка му си добива уште сила и се случуваат неубави работи. Не велам дека мажот треба да се кара со мајката ама ако таа заслужи некој збор да си добие па и нека си го добие,никому не му е погодено па не може и на свекрвите да им е се погодено. И поарно кој има можност да живи одвоено да си живи,барем ке спаси живците.
     
    На Anyshka, majkat и Glasna им се допаѓа ова.
  14. majkat

    majkat Нов член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    8
    За жал така е заради почит кон сопругот најпрво снаите молчат(во одредени случаеви) но ги има и такви кој се зини уста да ти кажам и да ти го срушам светото врз глава.
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. majkat

    majkat Нов член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    8
    Синоќа што се деси неможам уште да се помирам. Најмалиот син има 25 дена откако е роден и свеќи посака таа да го заспие а јас да одам да ги исперам алиштата на детето. И покрај досега доживеаното и искусено со нејзиното внимание врз децата се согласив. По 20 мин доаѓам во дневна и гледам свекорот заспал на фотелја свеќи на двоседот а син ми го заспала и го легнала на кјошот од седмоседот (веднаш до неа), арно ама го легнала странично свртен и таа заспала до него кога влегов срцето ми застана детето се превртело на стомакот и лицето надоло воздух неможе да земе . Веднаш го свртев и гледам диши детето забрзено и велам кај гледаш што си го оставила вака детето ке се загуши , ми вели ама јас странично го свртев како се завртело. Незнам дали после ова ке и дадам дете да ми чува пак. Ова е нејзина 7ма грешка која не обрнува внимание на детето а сака да го чува. Уште се тресам мислев дека детето се задушило. :worried:
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Значи не и` број грешки, едноставно не го оставај детето само со неа.
    Што е поважно - алиштата или бебето, посебно додека е така мало и кревко.
    И колку сака нека моли да го чува или нека се лути кога нема да и` дозволиш, важно ти да си бидеш со мирна глава.
    Можам да замислам колку си се потресла од такво невнимание, ама за другпат знај си - не и` го оставај никогаш. Крај.
     
  17. majkat

    majkat Нов член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    8
    Срцето ми застана во тој момент. Мислев ќе умрам си помислив што ако се задушеше од невнимание на свеки јас ке бев крива што и дозволив да го чува и реков готово ова веќе ги помина границите. На претходното дете на 7 месеци му дала млеко од стелна крава (трѕдна крава) детето едвај жива глава извлече 15 дена во болница лежевме ,сега ова бебе ке ми го задушеше. Крај границите ги помина.
     
  18. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Машки
    :x :x :x Како да не ги сака децата твојата свеки штом така прави. Прво дава млеко од трудна крава што може да го убие детето , второ не внимава на детето дека можело да се задуши битно и било да се наспие по мое. А ти пак зошто кога ја знаеш каква е твојата свеки пак и даваш да го чува ти си крива таму.
     
  19. majkat

    majkat Нов член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    8
    Па ако не ги сака нејзин проблем не се само мои од син и се . Само грижа на совест треба да има
     
  20. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    ^Очигледно свекрвата не може да се грижи за децата.
    Прво мислам дека пред се затоа што се постари физички не се способни, (колку време ти требаше да ги средиш алиштата а таа заспала?).
    А гледаш и дека им дава храна што ти не би им ја дала. Тогаш му дала млеко и се дознало затоа што се разболело сироткото, па јас би претпоставила дека му дава и други работи кога ти не гледаш.
    И јас би ти препорачала да не и ги броиш грешките. И не се расправај со неа.
    Ќути си и работи си по твое.
    Дури и да речеме ај ова не било намерно. Уморна била, заспала, бебето само се свртило, ај да речеме се случува иако не смее.
    Не можам ни да замислам колку ти било страшно во моментот. :x Јас кога ќе сум почнела да викам, цела населба ќе ме разбере. Ама ај поминало. Фала Богу не се случило ништо, а посекако тоа немало да биде твоја вина.
    Веќе без твој надзор или надзор од сопругот децата со неа на само не!
    Јас не би рекла дека не ги сака затоа што бара време да помине со нив, ама ти викам,никогаш не ја оставај сама со децата. Лутела-не лутела, ич да не ти е гајле.