фала,меѓутоа еве пред малку рече ах се сетив тоа беше за сестра ми зошто и нејзе и праќала исто,и демек ги смешала ќесињата.незнам што да мислам,ме фати страв а инаку солта и брашното беа во мали ливчиња ставени...
Ииии не ми се верувааааааа, лудачки се тие, фрлајте тоа што сте нашле и ви дале........ По тоа што сим слушала од некои, солта им значела како да се скарап, нагризувала, а брашното не знам, од поговорка една, ќе си легне на брашното, може е тоа, претпоставувам. НE МИ СЕ ВЕРУВА ШТО СЕ ГАЗИ ПО ЗЕМЈАВА КУТРА......
Za xim25>Ич да не се секираш за тоа ма какви магии во денешно време таа само со тос нека си се глупира а ти гајле да си немаш ништо не ти може освен вака непотребна нервоза.Батали ја и биди со неа навреме резервирана односно игнорираја ја
Бог да чува. Фрли тоа по река, и дома од време на време помини си со темјан. Бидејки јас сум попска внука од времето баба ми така помнуваше од време на време особено кога ќе имаше многу луѓе низ куќа. И друг пат се што ќе ти даде фрлај ОДМА!!!!
Ne se plasi devojko, toa e za da ne te fakat uroci i upla...pozzz [mod-kirilica:18bcjli5][/mod-kirilica:18bcjli5]
Ma малку чудно е таа до толку да и мисли арно па да и направила кај бајачка да ја чува солта и брашното од уроци....хммммм...некако не ми оди,којзнае што правила?можеби да ти наштети ти направила арно? сепак не е на смеење работава зш верувам во такви работи се надевам ок ке биде све
Не мора да значи дека сите свекрви се вештерки или сите снааи се лоши.Јас живеам сама со сопругот и ај да кажам кратко сме во брак за да зборувам од таа страна но до сега жената е прекрасна во секој поглед,културна, спонтана,секогаш вели вие како си сакате, во ништо не се меша,барем за сега велам а и кога бевме во врска. Е сега да ви кажам за мајка ми и баба. Ние живеевме во заедница и скоро 15 години јас не паметам тие да се скараа.Заедно готвеа,заедно јадевме, заедно се, како помала и незнаев која и е мајка оти и на двете велеше мамо.Кога почина таа, мама ја жалеше исто колку тато,буквално и требаше време да се врати во нормала.Така да јас не верувам дека нема шанси да се биде близок со свекрва.Само треба да се поклопат карактерите и на двете личности и секако да се толерираат едни со други.Оти денес да извинете ама сите се на врв срце, еден збор и им се крши бисерот..Епа да простите ама и дома некогаш не се сложуваме во се, така да нормално е да постојат различни мислења, се додека има почит, ама и од двете страни мислам дека би требало да функционира.
Имаше една случка, сега ми текна, баба ми ми ја кажуваше пред неколку години. Дошло време дечкото и девојката да се земат, правеле свадба и после вечерата требало да ја исечат тортата. Се испосликале и невестата почнала да сече парчиња за гостите. Дошла свекрвата и и рекла: Потенки парчињата, потенки. Ама невестава по свое продолжила, а свекрва и пак: Потенки ти реков де, потенки. Оваа пак продолжила како што и одговара и свекрва и пак: Абре потенки сечи ги! На невестава и дошло преку глава и парчето торта и ја шлапнала во фаца! Кога го видел тоа младоженецот ја удрил невестата, па мажите од нејзина страна се замешале и настанала тепачка! Свадба со развод на крај испаднала работата! Не знам дали е вистина, ама се испосмеав кога ми кажуваше баба ми
Ве молам не претерувајте ако сакате пак да се уверите уствари што е тоа појдете кај било каква гатачка или бајачка нека ви каже што всушност е тоа,а јас ве уверувам дека ќе ви каже дека тоа е против урок и уплах...поззз
јадна млада,не би сакала дабидам како неа пошто и мене ме чека свадба.а се надевам дека нема да направам скандал.
Ако толку и мисли добро што не и кажала туку девјкав да најде сама и од памет да се извади! Фрлај тоа и ич не му а мисли. Све има по светов, божеееее!!!!!!!!!!!!!!!!
Хахаха леле ме изнасмеа до солзи, но сепак браво за невестата. Се мешала за парче торта утре за друго и ете така доаѓа до големо. Подобро на време да се тргнеш отколку да трпиш последици.
Сум слушнала за оваа случка ...... Колку е смешно толку е и мизерно, ама сепак едно големо хахахахаххахах
Се сложувам, богами со таква свекрва што за парче торта ќе ми соли памет, па дај моја свадба остави ме на раат, како и да е што е толку па битна дебелината на парчињата торта, а уште потешко со такво мамино синче што на свадбата се дрзнало да ја удри сопругата, а што останало понатаму, за се' што ќе мрчи мајка му од снаата, за се' ли ќе ја удира за да и' угоди на мамичка.
По коментарите за оваа случка може да се забележи дека и не сте баш објективни и имате предрасуди за односот снаа-свекрва. Немојте да бидете пристрасни Можеби свекрвата добронамерно и кажала.Можеби снашката не реагирала со одговор па свекрвата мислела дека не ја слуша. Можеби снашката била пијана и сечела навистина големи парчиња со можност да нема торта за сите. Шлапање торта во фаца, и тоа на сред свадба???Катастрофа, тоа на комшија не смееш да се дрзнеш да направиш а не на мајка на мажот. И на мојата мајка некој да и шлапне торта ќе јаде ќотек - кој и да е