Лош сплет на околности, свекрвата заспала, не верувам намерно. Се случува. Не е крива ни мајката што го дала да го почува, сепак, 24/7 не може да е со детето, треба бар да се измоча таа жена. Од ова само една поука, не го оставај бебето со неа, не може да го чува, не дека не сака.
Жената се пожали ние и дадовме совет дека не може да се потпре на свекрвата бидејки е невнимателна па ќе мора сама како многу други мајки . Арно ама мајкат продолжи да коментира , мене искрено ми е параноично некој да мисли дека бабата сака намерно да направи нешто .
Значи има поделба на супер мајки и обични мајки, не сум знаела за тоа, сега знам. Јас спаѓам во супер мајки, заедно со сопругот сами си ги чуваме децата, мислев дека и јас сум само мајка како и сите други ама ете браво за мене, супер мајка сум била. :geek: Работата е што повеќето тука а во случајов и мајкат превише драматизираат, демек мајка сум, трудна сум и сега треба сите црвен тепих да им постели, тука е проблемот. Мајкат самата напиша дека ете ја свекрвата сега само што дошла од работа и се плеснала да спие а за правење ручек абер си немала и не и била тешка работата, што е тоа на 50 и кусур години во конфекција да се работи на норма и да се стои на нозе 8 саата, мајкат е мајка бре тоа е најглавното нешто, сто стапа на туѓ грб не болат. Оттука повеќето форумџики пробаа да и објаснат на мајкат дека не има многу кои немаме свекрви да ни ги почуват децата, да направат ручек, да исчистат итн туку се тоа сами си правиме со помош нели на сопругот и место да се ослонува на свекрвата да си се ослонува на сопругот за помош. Така мајкат вклучи си го сопругот во секојдневието на децата и домот и ќе немаш проблем со свекрвата, просто и едноставно решение.
Тотално се согласувам со тебе во целост,ако жената не е способна не и давај да ги чува децата и те молам не очекувај од нејзе да раб цел ден и да ти готви размисли како би била сама со деца би шла на раб и би требало да готвиш а ти си дома и пак неможеш да зготвиш!!!
majkat а колку ти е големо другото дете? Ако е поголемо и разбира и тоа може да го игра малото додека нешто ти да привршиш. Кога маж ти е дома исто така можеш да завршиш некоја работа. Или пак ако имаш свекор и тој може да го причува ако не е како свекрва ти. Има многу начини, нема потреба да ја напаѓаш свекрвата за се.
Јас па не ја разбирам потребата од постојано жалење, драматизирање и потреба од тапшање по рамо. Прво и основно јас вакво нешто на јавен форум никогаш и не би напишала. Што да напишам? Дека моето дете за малку ќе го немало (не битно од која причина)? И тоа да биде постојан аргумент за оцрнување на свекрвата и да се провлекува низ 10 страни? Ок, ја осудија сите свекрвата, во ред. Ама јас да сум на твое место, прво јас на себе ќе си удрам една воспитна (буквално) и јас самата ќе си се обвинувам, знаеш зошто? Затоа што си знаела каква е свекрва ти (според случајот со првото дете), значи ова не е прв пат и што мајка бараше да и' го оставаш? Кога знаеш дека едноставно не е способна, не е одговорна итн (иако јас не би навлегувала зошто е таа таква, постара е и може да има мал милион причини) зошто воопшто помисли да го оставиш детето со неа? Значи само си барате некаква закачка и вие сте секогаш најдобрите, најмилите, најправедните, вашите се супер, на вашата мајка никогаш нема да и' се случи таква работа, она е најдобра баба... Ама не викајте два пати се е можно во животот, ама знам и тогаш ќе си најдете оправдување. Тешко на децата...
Ќе ја замолам мајкат да ни ја пренесе реакцијата на свекрва и откако детето завршило во болница поради нејзиното невнимание и како постапува после секоја нејзина намерна или ненамерна грешка. Дали и е жал, дали се обвинува самата себе, дали е свесна дека и наштетува на внучињата. И ме интересира дали твоите деца и се единствените внуци и во целава приказна како реагира мажот ти. Дали и замерува на мајка си поради неодговорното однесување кон неговите деца.
подобро решение од тоа за детето да се грижат мајката и таткото нема.кој коклу е во можност,ама доколку видиш дека не оди да ти го чува детето било кој тогаш не го оставај,ако е мажот на работа чекај да дојде па после работај готви и врши други обврски и толку.
ММ и да сака да го причува детето неможе на раб е од 5 до 18 часот. И свекорот е исто на работа значи буквално сите се на работа јас сум си сама и како што кажа погоре една феминка зар нетреба и да се измочам или недај боже да ми се оди по голема нужда. Ај ко сум сама детето во рака и со мене ама ко се дома може некој на 2 мин да го причува,поготово ако сам се понуди. Поголемиот син има 15 месеци а овој син ми е 29 дена.Стварно супер за сите што „самите„ се грижите за вашите деца со вашиот маж и јас сама си се грижам додека се на работа или ноќе ама тие 5 6 саати дур се дома на 2 мин валда можат да ме „сменат„ да го причуват детето. Јас невелам дека не се уморени ко се враќат од работа ама сигурно можат на 2 мин да ги причуват децата.И како што кажа една од феминките се што правам правам на рати дур сум сама ама кога има некој дома не е оправдање заспивање и невнимание на 2 мин поготово ако сам побараш. Да крива сум што и покрај се се потрудив да не сум лоша снаа која не дава на бабата и дедото да ги види внуците ,ама дозволив од почит кон сопругот и кон нив.Преселувањето не е решение во никој случај , треба да се стават на некој раб граници сепак ако се преселиш нема тие да не ти с есемејство пак ке ти бидат.
Јас некои работи никако неможам да ги сфатам, ве читам по форумов а и во реалноста доста често сретнувам жени кои биле спремни да се мажат и раѓаат, сакаат да живеат одвоено ама од друга страна потребата од помош е тука, со доста голем интензитет. Според мене ниту свекрва ми ниту мајка ми не е должна да ми чува деца, готви, чисти... Не е воопшто лесно ама па не е ни невозможно. И не зборам на памет, ќе ви го раскажам моето патешествие од пролетва па малку запрашајте се дали и вам до толку ви е потребна помош. Не добив бебе, туку 11 кучиња. Чисто за илустрација овие кучиња се бетер од бебиња, за бебе имаш памперс, има млеко од формула, има соодветна гардероба и е едно ете и две нека се. Значи мораше да ги хранам секои два саати со цуцла едно по едно, и само што ќе ги завршев мораше одма да спремам млеко за следното хранење, да им исчистам им ги исперам ќебињата и пешкирите кои се мењаа на секое хранење, да ги масирам за да немаат грчеви, да ги топлам... Во меѓувреме ја негував, хранев и чистев кучката која се породи со царски и 10 дена не можеше да станува, беше со инфузии и антибиотици не можеше да ги дои а не ги ни прифати малите и како капак и Петко кој баш тогаш имаше сообраќајка а само што се опорави од тоа го повреди коленото. Свекор ми и свекрва ми беа тука но не очекував помош, помагаа кога можеа најчесто за викенд да поспијам некој саат поише. Е сега на нет не бев седната месец дена, се бањав за 5 минути ама ниту домот ниту себе се запуштив. Бев ко зомби, се случуваше и по два дена да не спијам воопшто ама никој не ми беше крив а уште помалце должен да помага, сама се впуштив во приказната сама ќе влечам потези. И на крај, неможам никако да сфатам како со едно бебе не успевате на крај да излезете, јаде 15 минути, го успиваш уште 15, тоа е пола саат ете и саат нека е, но после си минумум два часа слободна да исчистиш зготвиш, испереш, па и во надвор да средуваш бебето може и во количка да спие нели? И тотално не битно е како свекрвата се справувала со домашните обврски пред вас туку запрашајте се како вие сами ќе се справувате со се ако имавте можност да живеете сами! Со добра организација, ентузијазам и посветеност се може да се среди, и ако јас и моите кучиња не сме меродавен пример пред мене други ги споделија своите приказни со бебиња. Така да, се поише верувам дека свекрвите к не се толку лоши колку што се некои снаи разгалени. Конкретно Мајкат, ако знаеш дека свекрвата не е добра дадилка не и ги оставај децата, не тоа ствар на почит кон сопругот гледај од другата страна а тоа е да ги заштиш децата од било какви не сакани влијанија. Остај и го детето кај неа но биди во соба, работата може и покасно да ја завршиш или кажи и неа она да среди.
Ццц најпрво запрашај се дали е исто куче и човек после дискутирај. Абе кај може куче со човек да споредиш? Кучето и да го оставиш само на 5 мин сигурно нема да се сврти и задуши од невнимание.Значи велиме ако немавме кој да ги чува и има кој ама невнимава доволно,е сега дали е исто има кој и нема кој.Да немало кој да ги причува на 5 мин тогаш сигурно би ги зела со мене макар и да сум во вц , но има кој а не сака или сака да ги чува јас од чиста почит велам ај баба е и го оставив ама 100 пати се пишманив.
Очигледно е дека секој си чита како што му одговара . Целта на целиот пост беше да се долови моментот со организацијата и дека со малку организација и голема жртва се постигнува се. Ако грешам поправете ме . Е сега јас уште чекам одговор на претходно поставеното прашање за да ни ја доближиш ситуацијата дома после сите несакани работи кои се случиле.
За мене е исто, јас моите кучиња како свои деца ги доживувам и да, ако го оставиш само може и да се угуши ако не правилно наместено, да се прекрши и сл. Бебето се раѓа со оформен рбетен столб, мозок и сетила кучето за разлика од дете сето ова го дооформува во првите 20 денови. Не е лошо тоа што си го оставила но нели ти текна на компликациите што претходно ти ги направила намерно, ко што викаш па да се запрашаш дали и овој пат да и довериш толку мало и кревко бебе? И свекорот и свекрвата не мораат да помагаат, што значи нема кој освен сопругот.
oooh kuce i covek isto ama ic ne e . izvini ama bebto ko se raga kakvi setila ima ? ja poznava majka si gleda ubavo mirisa ?Seto toa e posle 2 meseci pa duri i solzi nema do 2 mesec.Neznam dali imas deca i kako ti bi postapila da imase vakva slucka no jas pak ke recam od pocitta kon site go ostaviv pa ne e malo dete sveki plus sama pobara .Tuku aj da ne diskutiram poveke na temava .Ako nekoj ima nesto da mi kaze ne so temava neka pise vo lp jas ovde ne pisuvam veke zosto sekoj si go vrti kako nemu mu odgovara.Edno e da osetis na svoja koza drugo e da komentiras od strana.
Немам дете, ама никако не можам да се согласам дека детето после раѓањето не си ја познава мајката Го носиш 9 месеци и после не те познава?
па што ако е баба???Aко не е спретна за гледање деца,значи не е.што си играш со животот на децата!!Oтпосле касно е да докажуваш и да расправаш криви дрини некому од кога бељата ќе се направи,бидејќи велиш си свесна за ситуацијата,тогаш однесувај се и така.
MajkaT јас мислам дека треба да престанеш пред да се закопаш уште повеќе. Сеиозно, не ти го кажувам ова со намера да те навредам или да те омаложавам или нешто. Кога те прочитав прв пат се потресов од тоа што си го доживеала. Навистина е трауматично. И како што гледаш сите најдоа разбирање за тоа. А дека имаш проблеми со свекрвати, реално,мислам дека немаш. Си и ги оставила децата да ти ги чува, со двете си имала ужасно искуство па како што ти е повторено милион пати, не и ги оставај. Значи колку и да се тупи за тоа, решение друго нема. И како го објаснуваш сопругот што не може да ги прилува децата затоа што работи од толку до толку а свекрвати не? Не може ли жената да биде уморна? Ај не сакам да навлегувам во тоа, веќе се ти е кажано. И немој да разбереш погрешно, никој не се сомнева во твоите способности да бидеш мајка, сопруга или домакинка. Едноставно, речено ти е дека не можеш да отчекуваш помош од свекрвата, која раелно и не ти е должна да ти помага. Таа си го одработила своето, сега си на ред ти. Ти да одржуваш куќа, ти да готвиш, ти да чистиш, ти да средуваш алишта и со сето тоа ти да се грижиш за децата. Значи, сите оние обврски кои би ги имала и да живееш сама. И не знам зошто се жалиш. Што мислеше, кога ќе се омажиш ќе биде исто како дома? Мама готви мама чисти мама пере? Не викам дека не си работела ништо претходно, ама сериозно. Мажена жена си и мајка, имаш милион одговорности кои до сега не си ги имала,претпоставувам дека го знаеше тоа пред да се омажиш. Што е сега проблемот? Никој овде не ти милси лошо. Верувај, ако навистина имаш проблем со свекрва ти ќе добиеше огромна подршка и разбирање, ама некако не изгледа дека се вистински проблемите туку дека повеќе се работи за тоа дека таа не ги изполнила твоите отчекувања. Млада си, овде има некои жени кои имаат доста искуство, биди малце поотворена за тоа што е кажано и прими совет и критика. Ќе наушиш многу. Барем ова е мое искуство за овие неколку месеци на форумот Како и да е, почнав со тоа што сакав да ти кажам да седнеш малце да читнеш литература за мајки и деца,а напишав огромен коментар. Нема везе.
Јас навистина не те сфаќам кого сакаш да оправдаш во ситуацијава. Или себе, затоа што си знаела и пак си го оставила или свекрва ти со болдот од твојот пост. Да, не е мало дете ама сепак според нејзините постапки има некаков проблем. Значи не е жената толку сигурна за да ти и' го оставиш на неа. И која почит? Ај жити се објасни ми за која почит збориш? Се работи за твое дете. И што ако сама побарала? Ќе и' кажеш не може, ако сакаш да ми помогнеш среди ги алиштата и крај на приказната. Ако сака до задутре нека се лути. Подобро да ми се налути на мене и ич ако сака нека не ми збори ама детето ќе си го заштитам. Не знам каде е почитта овде и колку е таа битна кога се работи за твое дете. И убаво те прашаа погоре, што маж ти рече на ова? Што он рече кога се случило тоа со првото детенце? Што рече свекрва ти кога нејзиното внуче завршило во болница заради неа?
Зошто ти е напишано самите под наводници, не ти се верува дека има мајки кои се способни сами да си ги чуваат децата без помош од свекрва? Кај мене моментално е 2:55 изутрина, сеуште немам легнато, затоа што помалиот син ми е ноќна птица можеби ќе имам среќа некаде кај 5 да легнам да поспијам до 6:30 кога станува поголемиот син, вака функционирам веќе 3 месеци па не се жалам од свекрвата. Свекорот и свекрвата ги гледаат децата без да ги чуваат, доаѓаат или им одиме на гости, си поминуваат онолку време колку имаат слободно со внуците, не се должни ни да ме одменат, ниту јас да спијам а свекрва ми да не спие, таа нејзиното си го завршила моето допрва доаѓа, како ќе знаеме што значи да си мајка ако не се помачиш малку?? И само мала забелешка не може виновна да биде свекрвата што дала на бебето млеко од стелна крава, виновна е мајката која што воопшто и дава на 7 месеци бебе млеко од крава, на толку мало бебе треба да пие мајчино млеко а ако нема мајката млеко тогаш се дава ад млеко само кравјото млеко е далеку поевтино од ад млеко.