Добро ,ајде доволно беше....сите ја советувавме мајкат дека детето е нејзина обврска ,а не на свекрвата и така натаму и така наваму...доволно беше,зарем не,...да не се повторуваме.... А сега,ајде ако има некоја друга феминка проблем со свеки,нека напише....да помагаме.....
ве читам и морам да ја прашам мајкат нешто. Немам мое дете но сум чувала внуци 5 дена после излегување од болница, па и колку нејзиното месец дена. Зар мора кога спие да го оставаш на свекрва ти?? Го заспиваш бебето во креветче или на средина од брачен кревет со две големи пернци од двете страни за да не се пресврти, го оставаш да спие, ја оставаш вратата отворена и на брзина пружаш алишта, готвиш, пустиш. Зар кога спие детето ти бдееш над него како наречница?? Јас едно знам, ако жената била способна да гледа деца на 50 и кусур години ќе раѓала, затоа никоја не ти е должна да ти гледа дете.
Немам ништо против!!! само болдираново ми упадна во очи и ептен ме изиритира... Е ќе чува, ќе чува и те како Кога нејзината свекрва секоја прилика ја користи да нагласи дека внук и' повеќе бил кај нејзе отколку кај мајка си (која не го негира тоа, напротив си го признава дека било така), додека мајка му одела на работа, ама и баба му исто така, додека мајка му и татко му се шетале наваму - натаму, а децата бабите ги чувале, а сега јас пет минути не можам да отидам до другата соба или да влезам во тоалет без притоа едно десетина пати да не ми се тропне за да излезам побрзо зашто син ми ве вика, а не пак да ми текне да излезам на вечера, или не дај боже да испланирам викенд негде со сопругот сами. Значи уживала додека била со деца, и сега треба пак да ужива додека е со внуци. Eпа што и' се посреќило на жената со свекрвата, а сега и со снаата. А ти пукни што си немала таква среќа, ќе си ги чуваш сега децата сама, а утре здравје и за внуците ќе помагаш, зашто нели таков е редот.
^ За шо е должна свекрва ти извини вака? За деца чување? Јас не ја сваќам политиката на денешниве мајки,ем им стиска ем им писка. Сакаат да се мажат,да роѓаат деца и кога ќе дојдат обврските оп свекрвата виновна,таа треба да ги чува. Ма немој.Ако не сум способна за да си ги чувам сопствените деца,тогаш воопшто нема да се мажам. Или ајде обратно,нема таква сила или закон што лично мене како свекрва ,снаа ќе ме натера да и ги чувам нејзините деца,се разбира доколку јас не искажам желба за истото. Но некому да му глумиш дадилка,а притоа обратната страна изиграва јака мајка,тоа не доаѓа во обзир. Тоа за мене е безобзирност кон другата особа,нејзината слобода и желби.Се друго паѓа во вода
A за каков ред станува збор .Jас колку што знам единствени луѓе што треба да се грижат за сопствените деца тоа треба да си се родителите,све другото околу бабите и дедовците ако се понудат ете понекогаш да излезат во пресрет на родителите,ама нонсенс ми е кога луѓево се безосетно уфилмани кога без тронка срам кажуваат и те како се должни да чуваат внуци,значи овие постари MOPAAT да чуваат,за родителиве да NE MOPAAT,така му иде тоа. имам во фамилија баш од тие безосетните,свекрва ми 80 и кусур годишна ,не може глава да крене од пелени и плачки,значи без осетно и ги оставаат внуциве од различни возрасти да ги чува.Hа золва ми и било мерак 4деца,на девер ми 3,пеки,ама меракот им е поголем мајка да им ги чува,а како жена од толку стара е спретна да чува деца?во никој случај не се чувани децата како што треба,ама тоа е.
Ај и јас да се умешам во муабетов Во врска со тоа што свекрвата сакала да наштетивна внуците и мене не ми се верува да некоја баба сака на внучето да наштети, има луѓе што многу работи незнаат , па така и за млекото што му го дала на детето , колку и да се мразат свекрва и снаа не верувам дека бабата нема да го сака внучето а во врска со чувањето деца, и јас сама си ја чувам ќерка ми ,мислам дека најубаво е сама, моите се далеку 500 км , со свекрва ми не живееме во исти дом , мм од 4 до 12 навечер е на работа и се сама правам од секогаш, и кога беше ќерка ми бебе, кога ке требаше да чистам , готвам мијам садови, нејзе ја оставав во релаксаторот пред мене и си вршев работи и ја гледав што прави. Ако/немаш никој и кога ке одиш по нужда ќе го земеш со тебе во вц , во количка , ќе си најдеш некој начин.
Тоа што таа уживала додека си била со свекрва било оти така си ја наредила работата у животот. Колку и да не е фер, свекрва и` на мајкат не е воопшто виновна затоа што така и`се наредиле коцките. Со самото влегување во куќата, таа не станала инкасатор па да наплаќа за се` што си поминала “поефтино“ свекрвата кога била снаа. Не е нејзина работа кој на свекрва и` и` ги чувал децата. Влегуваат во туѓа куќа, па и на туѓ грб па уште сакаат и бесплатна слугинка од свекрвата. Е тоа ни браќата Грим не го измислиле во некоја од нивните бајки, не па да биде реалност. Спојлер И јас бев снаа во заедница, и мене ми требаше помош, па место да извољевам, стопати сум возвратила за истата и во склад со моите способности и можности од петни жили сум се трудела што повеќе можам да придонесам во тој дом. Затоа велам, големи, големи се очекувањата на одредени снаи, затоа завршуваат во вртлогот наречен опсесија од свекрвата, од тоа како живеела и зошто живеела, колку си ги чувала децата и внуците (а притоа самата таа снаа не се погледнува самокритички во огледало барем една минута) и во вечно незадоволство, десеткратно зголемувајќи ги евентуално постоечките проблеми и така не се ни доволно среќни и исполнети. Децата ваши се дел од вашето потесно семејство (маж, жена, дете). Тоа семејство ваша одговорност е да го планирате и ваша одговорност е да се соочите со обврските (на мажот и на жената). Зашто Турците кога честитаат за дете велат „да расте со мајка и татко“, а не „со помош од свекрвата на мајката“? Тоа што имало некои фини свекрви па им помагале на снаите со децата, секоја чест за нив. Ама сфатете, ниту една свекрва нема никакви должности и обврски кон вас и колку помалку се надевате на нив, толку посреќни ќе бидете. Таа и свекорот дури немаат обврска да ве држат како полнолетни под ист покрив со нив и да ве финансираат. Едно се вашите желби, а друго е реалноста. Се` додека сте со вакви очекувања, не може да очекувате среќен и исполнет брачен и семеен живот.
ма мора свекрвата да и ги чува иначе како че седи слободно на интернет или како че скита со бебе мало по кафичи
скоро сум сигурна дека ако не повеке пати барем еднас сите сте имале потреба да ви го приЧува детето свекрвата па зиви луге сме имаме потреби да заврсиме било која работа сто немозе да Чека,немаме секогас мозност за градинка или друго ресение па мора така,затоа не ми е логиЧно сто ја осудвате мајката оти го оставила детето 10 минути со бабата,за мене тоа е нормално,ако не ни помага најблиската фамилија па од кој друг да оЧекуваме?! E сега тоа сто бабата не е способна 10 минути да остане будна,јас мајкат да сум на твое место веке нема да и го оставам па колку сака нека се лути
За твоја информација во изминатите 5 години колку што е син ми, НИТУ ЕДНАШ, НИТУ ЕДНАШ не сум излегла без него негде!!! За овие 5 години ниту еднаш не сум била преку ден на кафе, а не пак навечер да излезам, освен за свадби 1-2-3 во годината. На доктор, на факултет, во собрание, во полиција сегде сум го носела детето само и само за да завршам работа. Јас си знам што се' сум поминала за овие 5 години со моето дете, затоа кога некој ќе ме р'чне да темава, ќе реагирам и тоа како. Пресметајте си колку пати мамичка или свекрвица ви ги чува децата за да можете да се шетате вие Жалосна, жалосна си богами со твоите коментари, впрочем како и самиот твој ник Оди нишкај си го детето како што и доликува на штотуку породена жена, наместо да дремеш на Интернет. Или и ти си од тие што седат пред компјутер, додека децата им ги чува свекрвица?
Е тоа го велам и јас па живи луге сме ајде ке кажам алиштата можат да почекат но има раб што веднаш мора да ги завршиш.Сопругот ми е на работа по 12 часа што значи однего помош само преку нок добивам.И zalosna јас нерекпов никаде мора да ги чува зошто така си го сврте разговорот?И ај да те потсетам кој беше мојот пост а до кај го донесовте А сите вие „супер мајки„ кој сами сте си ги одгледале децата никогаш сте немале потреба да ви го причува детето на 2 мин?Од сопругот добивате помош а што кога сопругот е по 13 часа надвор од куката работи по 12 саати?
од каде ти је ова информација дека сум породена ? и мојата свекрва је во мк нее со мене ме имаш душо помешано со некоја друга крени рачна
Спојлер Ке се воздржам од други коментари само ова ке го коментирам НЕ СУДИ МУ НА ЧОВЕКА ПРЕДВРЕМЕ АКО НЕ ЗНАЕШ КАКО МУ Е ВИСТИНСКИ.ЛЕСНО Е ДА ПОВРЕДИШ НЕКОГО СО ЗБОРОВИ А ДА НЕЗНАЕШ ЗА ШТО ГО ПОВРЕДУВАШ. Извинете за коментарот надвор од темава!
[/quote] женче,полека малку не се возбудувај толку прашањето важеше за тебе,другото беше општо генерализирање.A за одговоров твој,немам коментар.
Не можам да зборам за свекрва и свекор,ама во овој контекст ке ги стаам моите бидејки сите удираат по тугото а никој по нивното. Бидејки во последно време моите се опседнати со мојата врска и нивната желба да влезам во брак , често си земаат за слобода со мене да дискутираат за семејниот живот и за мајчинството. Мајка ми често знае огорчена баш од ваквите ситуации каде се чека на бабата и дедото да помогнат со ова или со она ,да ми каже керко ние сме стари луге се надевам ке имаш осет и ке си свесна за нашите способности. Отворено ми кажала дека од моите не можам да очекувам дека ке ми ги чуваат децата,ке ми ги раснат додека јас се занимавам со други работи во животот. Ако сум спремна и способна да рагам во ред уште денес да го сторам тоа, но ако сметам дека има нешто што фали во мојот живот што ке ми одзема внимание и посветеност тогаш да почекам. И ги разбирам искрено. Моментално татко ми има 60 години мајка ми има 58. И двајцата одат на работа. Мајка ми се врака во 3-30 татко ми во 4-30. Кога ке си дојдат од работа освен на маса на ручек што седуваат за муабет не се способни а не па мало дете со полно внимание да пазат. Одма после ручек легнуваат да спијат негде до кај 7-8 часот попладне ,кога ке станат ке се проматкаат и во 10 повторно си легнуваат . Дури понекогаш и жал ми е што се толку уморни па не можат да излезат да ни да се прошетаат ни на гости да отидат негде а не па дете да чуваат. Секако не е дека ми рекле не ни оставај дете нејкеме да го гледаме или да го чуваме , баш напротив мајка ми многу се радува и мислам дека со душа го чека денот кога ке и кажам дека ке стане баба. Постојано планира вака ке му правам така ке му права ке го шетам,по одмори ке го носам, ова ке му купам тоа ке му купам ама од друга страна знам дека тоа ке биде она кога ке смета дека е во можност да го стори тоа а не јас да и наметнам дека треба да поминува време со него или да го чести и да се троши на него како што имаше еден случај погоре каде бабата на едениот внук трошела повеке на другиот помалце. Така да јас уште од сега сум свесна барем од моја страна во поглед на грижа за идните деца како ке биде работата. Знам колку да очекувам и колку да барам. Така да и да е свекрвата иста ко моите немам право да замерам . Како успеале оние мајки кои живеат сами без свекор и свекрва така ке успеат и останатите.
Ајмо од по ново , ми се избриша првото мислење majkat И мм работи по 10 часа , го гледаме само за викенди асално , ама тоа е никој не ми е крив ни мајка ни свекрва Кога е дома е посветен татко , помага во Се . И дека го чувам сама детето не ме прави „супер мајка„ Инаку сите сме го поминале тој период кога се децата мали и се нема време за ништо ... ни за до вц Треба само да ги распоредиш убаво времето и што како ке правиш додека бебето спие , дали ке одмараш со него или ручек ке спремаш ..твое си е . На крај краева и за спружање алишта имаш решение , еден babyphone со тебе и ке слушаш дали спие или е будно . Ке го оставиш во креветче , без играчки во него , само бебе и нема да имаш страв дали ке се случи нешто Ако треба да готвиш ке го ставиш во количка и ке го имаш секогаш на видик . Исто и за вц . Абе за се има решение И ова не го зборам на памет .. Инаку освен мм од друг помош немам добиено , наше си е ке си го чуваме како знаеме , мм може да си земе една година или пола elternzeit тоес ке си остане дома и ке чува дете Малава е сега 20 месеци , полесно е за чување иако си бара исто внимание , за 4 месеци ке имаме принова ... Обврските тек тогаш ке се зголемат, пак неспиење итн итн... Не се плашам имам сепак искуство . Свекрвами е 60год. жена исчувала 3деца , нејзиното време било друго , мислењата околу децата се други итн, можам од неа некој совет да добијам или сл. ама да очекувам од неа да доаѓа и да ми помага дал околу дете или домот Не фала .. Си има свое слободно време , може како сака да го користи , еднаш во неделата е ден за внучето и си се водиме по тоа .. Нејзиното време за чување деца поминало ..Факт Мајками е далеку , неможе да доаќа често , затоа ке дојде кога ке се роди бебето .. ке дојде да се порадува на внучињата тоа е