Се согласувам дека после работа се изморени сите било млади било стари.Сепак работиш.Кажав што кажав са свеки еве и за моите да кажам пак. И моите се на работа од утро до мрак плус мајка ми е на физичка работа но сепак на снаа ми и вели „Мила дај да ги причувам децата одете вие одморете,прошетајте“. Зарем таа не е уморна кога ноќе плачат 3 деца од кој 2 близнаци од по 9 месеци и станува да ја одмени снаа ми за таа да се одмори зошто утре ја чека ден со грижа за 3 деца палави.Живи ин здрави нека се ама палавки се . Не е оправдање работата па за секунда да заспиеш , а да не внимаваш за секунда на внуците. Сум имала денови кога не сум јадела по цел ден , сум спиела по 2 саати сум немала време да одам во вц. Сум имала потреба да го причува син ми некој (нека е жив и здрав но мн е нервозен стално паче) ама немало кој. Еднаш побара свеки да го причува и и дадов за да си завршам работа да се одморам шо се вели од децки плач за тоа време а тоа можеше да ме кошта живот. Да згрешив што и дадов да го причува но точно е дека на сите ни треба одмена бар 5 мин. МаценцеЕНА имаш срека бар за викен е мт дома мојот и за викенд работи
МајкаТ, на снаа ти и се наредиле коцките, си нашла свекрва по мерка. Браво и за мајка ти, навистина убаво од неа,. Ама знаеш колку се ретки таквите свекрви? Како изумрен вид се. Така да не ја споредувај мајка ти со свекрва ти, верувам дека и ти не сакаш да те споредува таа со друи. И тоа што маж ти работи за викенд не ја прави ситуацијата пострашна, навистина. Не си ни прва ни последна жена и малада мајка чиј сопруг работи цело време. Мојот маж работи 2 работи, и кога ќе излезе од 8.30сабајле се враќа понекогаш и кај 11-12 навечер. И работи и за викенд. Од мене зависи како ќе си го организирам времето за да можам да си ги завршам сите обврски. Направи си листа со приоритети и води се според тоа, кога е дома тој прави ги тие работи што не можеш да ги правиш кога си сама или со свекрва ти затоа што не и веруваш со децата. Хелен, во право си сите имаме потреба да ни ги причува некој децата од време на време. Па макар и на 10мин, ама не сите имаме некоја личност која би го направила тоа. Никој не ја осуди МајкаТ за тоа што го оставила бебето на свекрвата. Туку нејзиниот став и однос кон свекрвата. Свекравата одела на работа, не правела дома ручек...да не се повторувам. Згора на се Мајка и ги бори грешките. Имаше наапишано дека ова и било 7ма грешка ако не се лажам.И коментарите дека свекрвата мора да ги чува и пази и да се грижи за внуците. Тоа е она што сите го искритикуваа.
Si me pomesala so nekoja druga feminka kade jas napisav deka sveki mora da gi cuva decata?Ja sporeduvav onka sveki so mama na edna feminka i pojasnuvav samo koga rece da mislam toa da bilo mama a ne sveki. Izvinete za latinskiot.A za toa dur spie da rabotam za zal e nevozmozno mnogu se prevrtuva i noke koga spijam budno spijam gledam sto pravi zosto zivo neka e ama zilavo e .
Искрено се извинувам за тоа што сум се помешала. Сепак, мислам дека иако не си го напишала со тие зборови ги имаш тие отчекувања. Нејсе, не е важно. Туку кажи ми, секоја секунда некој мора да има со детето? Јас воопшто не сметам ова дека е здраво и дека ќе создаде лоша навика за понатаму, АМА тоа си е твое дете и ти си знаеш што е најдобро за него, така да не се замарај со ова. Ама не знам како спиете? Можеби затоа што сте нанеспани сте како станати на лева нога Мала шала. Види, за преку ден ако сакаш да си ги завршиш обврските а сакаш да го гледаш детото постојано стави го во релаксатор или транспортер. Каде и да одиш можеш да го носиш: ако ти се моча, со тебе во ВЦ, ако готвиш, со тебе во кујна, ако спружираш алишта со тебе на тараса. Или ако немаш транспортер постели му кебенце. Така не мора да го оставаш само или со свекрва ти и да се секираш што следно може да се случи.
па еве сега на пример за да спие мора во раце да го држам инаку и да е заспен да го оставиш на др место станува.Ние си знаеме како спиеме понекогаш и седнати со дете во рака Ете мора да има некој со него со првото ваква мака немавме
е па исклучи се од фемина, оди заспи го детето на раат. И јас сум била како бебе терсене само во раце сум спиела па еве ја мајка ми жива и здрава е не умре од тоа. Аман жено напна со приказнава, како само ти да имаш маки дома. Што цацко те тераше да раѓаш едно поедно две наеднаш во толку мала разлика. нека ти се живи и здрави ама тоа е, тешко е. Ќе помине за едно 10 години па ќе биде полесно.
Како може двајца возрасни луѓе кои направиле дете да не можат само да си го изгледаат па им требаат свекрви, мајки околу нив.. Плаќаат жени да им ги гледаат?? Не знам како е можно да направиш дет,е а да чекаш друг да го гледа. И ако некој рече дека нема време, а кисне по форуми и на ФБ игра игрици, лаже.
nena не си сватила добро или не сум објаснила доволно значи малиов никако не спие во креветце само во раце и значи додека спие во раце јас на лаптопов гледам пријателите што ми пишале бидејки денес ми ероденден.А инаку ckа не реков дека барам да ми го гледа некој детето да не се сватиме погрешно.Подврати се малку погоре ке видиш Што кажувам.
Епа луѓе ТРУДНИЧКА is back. Само она знае да користи латински, наместо латиница. Наздравје нека ни е, ќе се влечка уште долго дускусијава за свекрвата кој намерно им прави лошо на своите внучињата . П.С Само уште ова, кој бил во присуство на мало бебе што плаче знае, нема ни најмали шанси да можеш мирно да спиеш, а тоа да ти вреска на метар од тебе. А истото тоа плачење да се слуша до купатилото. Мислам невозможно.
Ке си умрам од смеење. Добро, колку личности има у женава??? Мултипл персоналити дисордер, океј, има болест, ама, оваа не знае ни да се преброи колку лица има Нека иде у пм Извинете на францускиов
купатилото ни е веднаш до дневната затоа и се слуша плачот.извини феминке ама си ме помешала со некој друг.а латински наместо латиница извини незнам кај кој друг си го сретнала ама од брзање сум згрешила.
На човек ж`чката да му пукне е темава станата, не па да земеш две по две жени да затвориш во една куќа. Проблем како всушност проблем снаа-свекрва јас немам видено некое време, уморна сум, ненаспана, непрошетана, хормонална и исфрустринана, не знам како да се снајдам сама да го чувам бебето и покуќнина, не е за во темава.
Колку девојки пред 1 месец се имат породено сигурнон не е само 1 девојка? Кој ме познава лично а ве има доста знае дали е така или не .
Се извинувам на недоличното однесување ама темава се претвори во сра**. И најнајискрено изгледа никој си немате проблеми,бидејќи ако имаш мало бебе и ако треба да го чуваш НЕМА ДА СЕ ДРЕМЕ ПО ФОРУМИ 24/7 и да се пробува да се докаже нешто. Него ке си гледаш фамилијата. И бебчето. Друго логично објаснување јас немам. Така сваќам и ако навредам некого се извинувам.
те нема на листана кај родендени или пак врзуваш некоја лага и ај доста беше цел божии ден одговараш на коментариве оди таму кај детето
Па како човек да не ви одговра кога упорно си терате по ваше едно ви зборат вие друго , си вртите како сакате. Роденденот не ми е напишан затоа ме нема . Еве кога стално питате нешто како да не ви одговорам па вие свртете како ви одговара. А нена ако добро се секавам и ти вака упорно постираше дека си задоволна од мајката на дечко ти и тие исти феминки те критикуваа како сега мене , ти упорно докажуваше и што фајде докажа НЕ! Па така и јас џабе пишувам феминките подобро знааат од самата јас како живеам и што искусувам. !
Кое прашање беше наменето за мене? Значи како прво некои не го ни разбраа мојот коментар, а побрзаа како прле пред магаре да донесат заклучок дека свекрва ми требало да ми го чува детето јас да сум дремела на Интернет. Како прво, јас со свекрва ми не живеев до 3 години на детето, свекрва ми го гледаше само за викенд (читај: недела) од 14 - 18 часот кога одевме кај нив на ручек. Околностите беа такви да дојде ред да живееме заедно, значи сега сме заедно и ми помага околу чувањето, колку може и како може, тоа е нејзино. Второ, мојот сопруг минува 5 минути дневно со син ни, зошто, како, не сакам да навлегувам. Трето, мајка ми е почината, така да ја немам таа можност кога ќе ми текне да и го бутнам детето на мамичка и јас да уживам неколку часа или уште подобро неколку дена. Последно, син ми е со нарушена здравствена состојба (хронична болест) потврдена од комисија на највисоко ниво на здравствена заштита (од пред некој месец), она што јас го имам поминато со него не го посакувам на најголем душман. Ако тешко се чуваат здрави деца, замислете си како се чува дете со нарушена здравствена состојба кое е на хронична терапија