Тоа беше Нана19 јас не ја ни познавам мајката на мојот партнер повеќе од едно добар ден како сте и ни очекувам некаква помош ни од неа ни од мајка ми. Фала богу не сум во брак па и тој поздрав е доволен.
А зошто одговараш само на постови каде имаш прилика да се докажуваш и да се расправаш? Еве јас сакав да ми ја доловиш малку подобро ситуацијата во вашата куќа, ама не добив никаков одговор од тебе. Еве ти еден добронамерен совет и од мене како и од повеќето што доби: ако неможеш да ги ставиш на игнор барем потруди се што помалку време да поминуваш со нив. Сигурно имате ваша соба каде што имате приватност. Биди што повеќе време таму со децата и вади се на тоа дека сега е ладно и дека домашните со самото тоа што одат на работа се изложени на разни вируси и бактерии, а ти само сакаш да си ги заштитиш децата а и себе си. Јас лично машина пуштам навечер, после 10 (на ефтина струја де ) пробај и ти така, таман мажот ти ќе биде тука кога ќе ги пружаш алиштата да ги припази децата. А за ручекот кога ќе го правиш си сама дома. Со малку организација ќе си го зачуваш и здравјето на децата и твоите нерви.
Едно сватете на majkat маж и работи и затоа тој неможе да и помага, ама свекрвата иако работи таа мора и таа не е уморна ни за ручек ни за деца чување. Ти треба да гледаш со маж ти да се организираш а не со свекрва, сепак со маж ти си се земала а не со мајка му.
Извини нена2010 сум ве помешала. Артемидис на што не сум ти одговорила лично на тебе? Извини може не сум видела дека си ме прашала нешто инаку ке ти одговорев. Дусхице ајде потсети ме каде јас реков дека свеки мора да ги чува децата? Зборевме за тоа дека заспала (дури сама побара да го причува детето), и од која причина умореност или од лекови кој ги пие.Немојте да бомбардирате пред да ги прочитате моите постови добро ВЕ МОЛАМ.
Мајка, а да се исклучиш од фемина и да си ја олесниш работата за кога ќе дојде свеки од работа? Особено ако пишуваш на фемина а детето го држиш со другата рака. Знаеш колку му наштетуваш што од толку малецко се зрачи пред компјутер толку блиску? Самата рече, „да немало никој, ајде де“ ама тебе ти е криво што ем има ем не го чува како што треба. Па свекрвата не ти е дадилка па да МОРА да го причувува. Значи тука е чoвекот за таа работа, ама криво ни` е што не можеме максимално да го искористиме како мајка ти што ги чува децата од снаа ти. Па триста изговори како мајка ти била бетер со работа и здравје од свекрва ти, се објаснуваше на илјада пати како е поздрава и посилна од мајка ти и плус у конфекција работи (а тоа една лесна работа што е...) И не се криј зад изговорот дека и` го даваш од атер да не ја одбиеш. Не можеш да и` го дадеш да се заигра во твое присуство? Мора да го чува? Самата викаш кога бебето е мирно, арни биле, кога не било викале „сакало мајка“. Е па нормално ќе сака. Не можеш сега да испереш, да пружиш и друго? Или мора рутински еднаш дневно да и` се намуртиш и да најдеш повод да ја искараш за нешто? Корпус деликти дека самата кажа дека ти е криво што од работа легнувала да спие и не ти го чувала детето и наоѓала изговори да не готви и слично. Спојлер Туку мене од цела работа, едно не ми е јасно. Како може некој намерно и за инает да заспие? Ве молам кажете ми, да си поправам биоритамот шо ми се расипа од работа во втора смена. Озбилна сум.
Машалааа доста активни сте биле не бев се вклучила неколку дена на фемина и сега гледам бајаги се насобрало за читање.И да ви кажам ама ич не сум пишман што не сум била активна а имав доста време бидејки форумов за свекрвите и снаите станал сол и вода ужасно. Само се напаѓат феминки една меѓу друга. Ос свекрви и снаи до мамини мази и дадилки стигнавте.
Мајка, што седеше овие денови на фемина и пишуваше постови , ќе одеше ручек ќе направеше и се ќе средеше. Темава за никаде ја направивте некој што навистина има проблем не може да дојде на ред од вас. Верувај дека има жени што имаат многу поголеми проблеми од заспивање на свекрвата со бебето. Искрено мислам дека треба малку да се прибереш и да не паничиш толку. Не ти личи на твоите 23 години по цел ден да оговараш и да набедуваш некого. Свекрвата ќе и го убиела детето .. господе боже!!! Јас не би ни зборувала ни би се жалела ќе станам и сама ќе завршам се што ми треба. И тоа и го правам откако се преселивме сум сама , јас и ќерками што можам завршувам денес што не, па и утре има ден. Не дека не ми беше по лесно кога бевме кај моите или кога маж ми беше дома, но јас не би сакала цел живот некој да ми ги врши моите обврски. Така да смири живци и фокусирај се на маж ти и на бебето. Поздрав едит: И ај те молам објасни ми што прави бебе од 25дена по цел ден ? Имам пријателка која со 2 деца едното 1ипол и второто 3ипол години, чисти ,готви и спрема за , баба,дедо,свекор,свекрва,девер,золва плус они се 4ца. Е баш би сакала да те видам тебе на нејзино место, лесно е само да седиш по цел ден и да кукаш на фемина.. стани заработи направи ручек па кога ќе дојде мт и на раат ќе си седиш. Инаку додека живеев со мајками никогаш не помислував да и ја однесам ќерками кога ќе дојде од работа, без разлика дали спие , дали седи , или друго секој си има своја приватност и време за одмор. Потруди се тоа да го сватиш затоа што еден ден и тебе тоа те чека.
А зошто одговараш само на постови каде имаш прилика да се докажуваш и да се расправаш? Еве јас сакав да ми ја доловиш малку подобро ситуацијата во вашата куќа, ама не добив никаков одговор од тебе. Еве ти еден добронамерен совет и од мене како и од повеќето што доби: ако неможеш да ги ставиш на игнор барем потруди се што помалку време да поминуваш со нив. Сигурно имате ваша соба каде што имате приватност. Биди што повеќе време таму со децата и вади се на тоа дека сега е ладно и дека домашните со самото тоа што одат на работа се изложени на разни вируси и бактерии, а ти само сакаш да си ги заштитиш децата а и себе си. Јас лично машина пуштам навечер, после 10 (на ефтина струја де ) пробај и ти така, таман мажот ти ќе биде тука кога ќе ги пружаш алиштата да ги припази децата. А за ручекот кога ќе го правиш си сама дома. Со малку организација ќе си го зачуваш и здравјето на децата и твоите нерви.[/quote Очигледно е дека некој не сака да прими и свати најдобронамерен совет...туку дошол овде на форумов и темава да провоцира и крева тензија од чиста досада..пошто нема друга попаметна работа.Не верувам ниту во еден збор од напишаното...само игнор ..не е веќе интересна.
Читајќи ве помислив на обратна ситуација.Снаата да заспие со детето легнато на страна. или да му даде млеко од стелна крава.Што тогаш?Луѓе сме сите, секому може да му се случи, без разлика на околностите.За овие околности мислам дека и двете треба да бидете среќни што децата се сепак добро. Спојлер Мене ми се случи да дадам млеко од стелна крава.Не барам оправдување сакам само да знаете дека 1990 немаше тетрапак млеко ни млеко во прав, но затоа имаше војна.Македонија се оддели од СФРЈ.Јас од кај да знам дали е стелна кравата. Луѓето што го продаваа не ни знаеле дека млеко од стелна крава не е за бебиња
Абе мене ми е давано козјо млеко кога сум била бебе, па ништо не ми било, тогаш де, ама, само многу врекам сега Чудовиште од бабава оти не знаела подобро(во конфекција нема интернет), додека мојата мама знае најдобро ама за жал не ми е мене свекрва туку на снаата Пак ќе речам одамна нема проблем на темава. Со мои зборови од неодамна, дајте жени друго дете
Мене најјако ми беше констатцијата дека работи 12 саата во конфекција и уште уморна била жената ручек не и правела.
Ајде сега да окренеме на друга тема, иде Нова година, дали и што планирате да им купите на свекрвите?
Иако не се сложувам со свеќи баш најдобро сепак ќе и купам парфем кој таа многу го сака.ДИВАЈН ОРИФЛАМЕ
Јас искрено не планирам ништо да и купам на свеки, а на мама да!!!! ако свеки ми замери и ако настанат проблеми дома, ќе ви пишам, па се надевам дека тие исти феминки кои правт збрки по темите, нема и мене да ми замерат!
Интересно прашање , немам свекрва но затоа на јатрва ми , свекор ми и девер ми со мм им организиравме изненадување (новогодишна желба кај што сакаа да присуствуват). А за поклони мислам дека нема да им купам.
Незнам дали е соодветно моето споделување со вас бидејки насловот гласи Свекрвите и снаите - проблеми а моето споделување не е проблем со свекрва. Како и секоја снаа така и јас , нормално е да имаш некое недоразбирање со свекрвата нели? Па како велат Цреве во стомак се карат а не пак снаа и свекрва . Со задоволство можам да кажам дека имам свекрва која секој би посакал да ја има. Таа е толку ГРИЖЛИВА,ПРИЈАТЕЛСКИ НАСТРОЕНА , ДОМАКИНКА , ВНИМАТЕЛНА со еден збор се што една снаа сака да има во свекрвата во денешно време. Се чудам како некој жени имаат проблем со свекрва , значи таму мора да постои некој кој нензае да преќути некогаш или да попушти. Нели ПАМЕТНИОТ ПРВ ПОПУШТА. Еве воедно краток совет како да имате добар живот со снаа или свекрва барем според моето искуство. Колку и да ти вика , колку и да те провоцира,нервира едноставно игнорирај ја. Така јас правам и ми помага. Секогаш отворено кажи и што те мачи , што не ти се допаѓа не зборувај и зад грб . Јас секогаш отворено и кажувам што не чини и што треба да промени бар кон мене за друг не ме интересира. Значи иако мм не ме подржува во ништо штом станува збор за неговите јас не премолчувам на неправдата отворено им кажувам не дозволувам да ме газат. Исто така голема благодарност до свекорот и свекрвата имам што покрај тоа што се по 9 часа излезени на работа тие штом доаѓаат малиот го зимат да го причуват со цел да се одморам јас. И наместо јас да се грижам навечер за синот или татко му тој спие кај баба му и дедо му а има само 5 ипол недели.Бидејки не цица од х причини го храниме со вештачко млеко и навечер станувам му приготвувам хипп и го носам свекрвата го храни. Значи подобро и да сакам нема , и ако се пожалам грев е. Еден е над мене гледа се. Благодарна сум им бидејки на сет замор тие го зимат со нив и само велат „Снао ти утре цел ден ќе го чуваш треба да се одмориш млада си ти треба сила„ . Почитувајте ги свекорот и свекрвата дури и ако со срце не ги сакате со зборови кажувајте го спротивното дека ги сакате.
Исто како бебчето на другарка ми. Абе само што ќе го види татко и, без тој да и прозбори, се смее, прета целата, мислиш ќе полета. И ај после речи дека не си ги познава родителите...