Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    На тие кои ќе ме удостојат празнициве, ако не со поклон, барем со едно кафе, насмевка и издвоени 30ина минути од нивното време, можда ќе им зеам некоја ситница (зависи од состојбата каква ќе биде). Со свеки уште одамна се имаме договорено со поклони и честитања да не се обременуваме, доволно е секое слушање/гледање да ни` помине со убави зборови и желби кои не мора да ги содржат „Среќен/честит“... затоа што еднаш навикнеш ли некого на такво однесување, обврска е, некогаш се заборава (некогаш сум толку изулавена што не знам ни кој ден е иако сум на работа пример, други ме потсетувале за мојот роденден или за некој празник :D ) и кога се случува тоа веднаш негативни емоции се јавуваат, сомнежи, барем на момент помислување „некултурна една, намерно вака ми направи“. Може да си посакаме убави желби секој ден. И таа на мене благодарна и јас на неа.

    Душа мила, татино мезимче уште од мало. :inlove: :) :D
     
    На Nati.P, stefi23m и jb82 им се допаѓа ова.
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.359
    Јас на свеки планирам да и дадам некоја шарена честитка со многу светки по неа. А она на мене, па, земете во обзир дека откако она не се разбира од животот законски јас сум назначена да и раководам со пензијата... и тоа дека им имам фрлено мерак на едни чизми :wasntme:

    Среќни празници :D
     
    На ozbilnazena, Hipster, ph.orhideja и 7 други им се допаѓа ова.
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.084
    Допаѓања:
    43.276
    Пол:
    Женски
    Ох бре Имелда да си жива и здрава ме изнасмеа и мене и детево
    :D :D
    Ние оваа година на свекрвата и свекорот ќе им подариме кафе машина :) Скромно :wasntme:
    Овде за Божиќ помеѓу потесното семејство се подаруваат поклони . Мене втора година како свекрвами ми подарува книги за готвење , незнам дали со тоа сака да ми каже нешто или па :^) (шала)
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    300
    Sto ubav poklon planira svekrva ti da ti kupi imelda blaze tebe!
     
    На kaja11 и imelda им се допаѓа ова.
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.184
    Допаѓања:
    124.688
    Ништо.Еднаш и купив убава свеќа,која ја зафрли и никогаш не ја искористи па си ја најдов последен пат и си ја ставив кај мене во соба :angel: Коментарот и беше дека не сака украси,да и фаќаат прашина и да и делуваат кич |( Мислам ало,нема да добиеш пакетче никат више :evil:

    Да додадам и дека никогаш ништо не ми подарила за Н.Г. :)
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cherie.cherie

    cherie.cherie Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Во заедница сме со свекрвата ама за три години е сме си купле подарок... не сме воопшто блиски еднаш не сме седнале заедно да испиеме кафе...не планирам ни оваа година да купувам :D
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.359
    Избришано ми е мислењето, во сплетка најверојатно, ама јас пак ќе си се пофалам. Свекрва ми е злато последнава година и нешто, мене највеќе ме сака(тоа и кажувам на секоја посета), и што сакам ќе си добијам. Мојата свеки е најдобра од сите. Кој чека ќе начека.... склерозата да ги фати :D
     
    На tessie, slavica999, Sweetheart87 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.084
    Допаѓања:
    43.276
    Пол:
    Женски
    Имелда ти си среќна жена :D ^_^
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Ние со моите дома си купуваме така по некое ситно поклонче скоро секоја НГ и ај викам еднаш ќе и купам книга на свекрва ми и тоа ми беше најголемата грешка. Ми рече дека она не читала книги затоа што немала време, ќе ја ставела во плакар, пошто во витрина само за џабе и се ределе.
    И ај сега кажете дали заслужува пак да и купам нешто? :|
     
  10. babynova

    babynova Нов член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Слична ситуација имаме и ние дома. Со оглед на тоа дека сама сум по цел ден кога се враќат од работа мм свекорот свекрвата , малиот веднаш плаче се дури не го земат во прегратка . Кога ќе му повика свекрвата „Кај си ти на баба златото„ веднаш се врти или кога мм влегува го осеќа по мирисот и веднаш плаче за да го земе ако не го земе во раце не застанува со плачење. Баш со свекрвата пред некој ден си правиме муабет додека го држев во раце малиот и се смеевме и тоа одеднаш почна да се смее :D како мислиш не разбрало . :D А за нова година уште размислувам.
     
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.084
    Допаѓања:
    43.276
    Пол:
    Женски
    Да нервира ова , исто како што не е убаво да си го видиш поклонот кој со голема радост си го поклонил на золвата , да го најдеш кај свекрвата зафрлен :^)
    Затоа оваа година сите ќе си добијат ваучери , да не се замарам за секој посебно ..кога и така и така нема да им го погодам вкусот и нема да се задоволни на крај .
     
  12. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Кај нас дома правилото подарување поклони за нова година не важи :) Такви католички работи не прифаќам и точка. Можеби пограшно ќе бидам сватена ама тоа е сепак мое мислење. Па зар само на нова година се подаруваат подароци :^) А што се однесува до постарава генерација како на пр.свекрви ,баби,мајки си сакаат тимарење (ситници) почесто. Барем кај свеки моја се радува и на 100гр кафе и на цигари кога е без причина.Еве на пр. вчера и купив крема онака без причина. Додуша се спремаше да си купи сама ама незнаела каква сакала да смени па јас ја почастив. Роденденот и е одма после н.година па обично ја прашувам што и треба,жената е скромна па небара ама ја низ муабет детективски откривам :) досега не сум утнала освен бројче. Не е тешка и специфична жена.Не очекувам од неа да ми возврати зошто знам дека има мала пензија иако лани ми даде 500 денари што сакам да си купам,впрочем толку одвојува и за внуците од золвами. Оваа година не ми даде ништо ама здравје не е ни се во подароците. Што на пример баба ми која е каде- каде постара живее во сосема поинаков свет и одсекогаш сакала подароци зошто беше и така навикната. И ден денес на 95 години иако е склеротична и тоа доста се радува ко мало дете кога ќе и однесеш нешто па пготово за посебни пригоди.

    Srekicka срцка не се нервирај ама ич,има секакви луѓе. Којзнае и ние какви ќе бидеме на нивни години можда побетер. Не ја оправдувам свекрвати и слични како неа да знаеш има еден куп. Тие спаѓаат во група на незадоволни ЖенИ кои и во младоста биле такви. Ти направи се на будала и не и фаќај кусур,чим си имате традиција на подарување зезнија и овојпат купи и нешто па макар го фрлила во ѓубре. Биди ти пофакман од неа , не за друго утре може да ти замери дека не си и купила ништо ;)
     
    На Anyshka, Bozica1980, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Мене обратно ми се случуваше, кога ќе и купам нешто после кај золва ми го гледав.
    Сега пари и давам, на ти го дај ми го со чековине си играме.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  14. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Леле Cecilia, не ми се верува на муабетов!!!!!!!!!!!!!
    А мислев дека само мојата свекрва го прави тоа! :D
    Извини...ми олесна!
    И мојата исто, што и да и купев, одма после кај зовла ми го гледав :rofl:
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.905
    Допаѓања:
    203.122
    Пол:
    Женски
    Истото и кај мене. Јас купи и нешто на свекрва ми, таа на золва ми и го дава. Па сега, јас купувам според пригодата, а таа што сака нека прави после, нејзино си е. Да, боли кога си го бирал со мерак и со денови, а ќе го видиш кај што не му е местото, ама тоа е. Сега синот купува, јас давам идеи. За Нова Година или Божиќ не купуваме подароци.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  16. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Мене пак, ова со подарувањето за Нова година ептен ми е исфорсирано, наметнато и прави да не уживам во празниците, туку се чувствувам напнато со долг to do list. :( Трчај ваму, таму, барај, пребарувај, мисли, :!: пребројувај се (немам неограничен фонд на располагање)... ептен напорно.
    Ние по дома немавме таква навика и можеби затоа сега ми е чудно. И некако се чувствувам безвеза да купувам подароци на свекор, свекрва, девер, јатрва, а да не купам на моите дома. А бидејќи не сакам на моите да им е непријатно - не им купувам. :fubar: Не ме бива нели?

    А на децата ептен ми е мило да им спремам пакетчиња, на сите внуци и од моја и од страна на сопругот, та дури и на деца од пријатели (оние поблиски) им купувам по нешто, со цело срце. :) Ама на возрасниве... :worried: не ми иде некако. И не сакам да ми купуваат ништо - нема да ми погодат, џабе се трошат, а јас ќе се осеќам должна да го користам. :tmi:

    Годинава на свекорот и на свекрвата им купивме малку поскап подарок за годишнина (нешто што им беше потребно, а не можеа да си го приуштат), и им рековме дека тоа е и за Н.Г. И им рековме да не разменуваме подароци за НГ (и тие се во тесно со пари, а и ние - зошто да се трошиме?) ама имам чувство дека пак ќе завитка некој парфем свекрвата.
    Ги начекува поефтино - не оригинал, овие од Авон, Орифлејм, некогаш ми се ок, некогаш едноставно не се по мој вкус. :worried: И како такви не ги користам сите. И онака низ муабет и имам спомнато дека имам еден куп парфеми недотрошени, а таа мене: „А, па ти не користиш редовно парфем, а?“ - Како да го сфатам ова, да не и смрдам на женава? :^) :D
     
    На Anyshka, Mama25, Trnche и 2 други им се допаѓа ова.
  17. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.898
    Ниту кај мене дома не сме имале навика да си даваме подароци за Нова година, за среќа ниту кај свекрва ми. Така празникот се обележува со ручек, еден ден кај едните еден кај другите, и многу е полесно :) Дури и за роденден на свекрва ми и носам некое домашно направено благо, па и тоа не ми е терет.
    За внуците од деверот секако ќе купам подароци, како и за кумашинчињата мои и децата на неколку најблиски пријателки, барем знам дека ќе си ги бендисаат и ќе им се радуваат на подароците :)
     
    На Anyshka, Mama25 и tessie им се допаѓа ова.
  18. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218
    за мене давањето подароци на нова година ептен ми изгледа превземено од традицијата која ја имаат католиците,па така кога пред две години дојдов овде да зивеам кај мм,а тој зивее со фамилијата во странство сите си подаруваа поклони,мене ептен ми е глупо ама морав и јас да го правам и тоа требасе да мислам за повеке свекор,свекрва,двајца девери,јатрва и двеојката на другиот девер :o многу некако ми се гледасе,оваа година не сме во мозност да тросиме толку пари бидејки имаме бебе кое ке се роди и ни требаат пари за него па им казавме немојте нисто да ни купувате оваа година бидејќи ние немаме многу пари имаме многу тросоци околу бебето и нема да моземе да ви купиме нисто,така да оваа година се спасивме,а за догодина ке видиме :D и така ни еден подарок до сега не и се свигасе на свекрва ми кога и го дававме го гледасе вака :^) и никогас потоа не го гледав дека го користи,а вака баерем раат ке сум си оваа година :)
     
    На Anyshka и tessie им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    109.736
    Пол:
    Женски
    Јас купувам подароци секоја година, ама буквално, сум купувала у од пари што ги немам, од никаква плата, а не па сега. И јас имам приметено дека свекрвата дава по други луѓе подароци па затоа одтогаш па натаму купувам исклучиво тоа што сум сигурна дека ќе го користи, како на пример 5 пара дебели хулахопки, кои гледам сепак не ги носи, ама битно ги сакаше па ние и ги купивме за Нова Година лани. За роденден ја видовме дека ја носи на мм есенската јакничка па и купивме ние за една, женска нормално, за да не ја носи на мм, е добро таа ја носи, не можам да се пожалам, и тоа со мерак.
    Ќе купам и годинава, по некоја ситница, на сите тројца, и на мм нормално, на золва ми не ми се купува ама ептен нема смисла да ја одвојам, а може и има, собро тоа е друга тема, не би сега да ја чепкам. Јас подароци не купувам за да добијам нешто, секогаш се внесувам во изборот на подароци и подарувам со љубов, годинава пакетче за НГ ќе добијат неколку дечиња, неколку мајки и најблиските :D
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Мајката на дечко ми има исклучително добар вкус и бира прекрасни подароци, а јас се трудам да и` возвратам зашто мене ме радува многу тоа внимание. :)
    За Нова година планирам да и` направам пакетче со козметики, мал украс за елката и можеби книга или чај од LaSoy.
    Имаме заедничка омилена продавница за козметика, и двете ги сакаме чаевиве, читаме книги двете, лесно е да се одбере добар подарок кога знаеш нечиј вкус и интереси.

    Во тој контекст јас многу ја почитувам идната свекрва (ако кажам дека ја сакам ќе ме направат шлакната), :D ама засега така се чувствувам . Многу ми е пријатно во нејзина близина. Па сега ако се смени во иднина... :?:
    И да напоменам дека добивам поклон и за Нова година, 8-ми март и роденден. :D
    И апсолутно ништо не ми утнала.
    Сега, кога имам можност да подарувам колку што сакам, жива сила нема да ме сопре. :D Тоа важи за сите блиски, нормално.
     
    На SV1911, Dentina, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.