Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    И моите подароци завршувале кај бившата ми золва. :devil:
    Добро, барем не сум била единствената, се утешив малку. :wasntme:

    А, мојата прва братучетка си има најубава свекрва за давање поклони. Секогаш знае да и одбери модерен козметички сет, да и нарача парфем од Авон, да и купи убава блуза.. Поклоните и се десетка. Жената се труди и сака да одбере нешто убаво и младалачко. Поклони одберени со мерак. :)
     
  2. sim0na

    sim0na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    10
    Ахх овие проблеми свекрви-снаи дали некогаш ќе изчезнат.
    Значи јас сеуште сум неофицијална снаа а имам и неофицијална јатрва. Ама уште неофицијално кавгите се веќе направени ... веќе брат му и "Сна му " нескаат да живеат со нас не му сме на ниво според јатрвичката а ние за неколку месеци сме пред брак . На свекрвица и е наполната глата ама малово снаиче и ако има 19 години мн му е по кеф мн си го сааат и си го гледаат, Јас сум таа што нечини дека јас и мојот дечко се дивиме дека ние сни му биле љубоморни хехехехе смешноо а уствари е обратно елелел незнам до кај ке се трера оваа работа. Можи мојот пост не е баш за во оваа тема повеќе е за во јатрви али свекрвица има улога што е од нивна страна незнајте колку ми е тешкоо и за мене и за мојот дечко тотално се оделени со брат му ..мојов со пот сработува и си подкупива тоа што треба а брат му со прст не мрднува а се има од каде тоа. Најмногу боли тоа што се чувствувам не прифатена ние . за брзо ќе правиме веридба и слично со кого ќе се весеиме??? ајде од кај мене сите се тука али брат му и снаму?? тоа ќе биди и тој ама после сето ова ке се весели за наша среќа па на клепки да ми се обеси да ми кажува дека му е мило нема да верува, Извинете што со постов за сите изнакажав што и не припаѓаат тука но сепак морав некаде да се искажам што има многу за кажување :worried: ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Симона, а кога ќе стапите во брак каде ќе живете? Ако е при свекорот и свекрвата, како што викаш по тоа дека јатрвата(ту би) не сакала да живеат со вас, кој ќе ти се весели на свадбата за еден ден ти е најмалиот проблем.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sim0na

    sim0na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    10
    Имелда
    Да, ке седиме кај свекрва ми и свекор ми но на посебен спрат ... а за тоа за свадбата мојте тука се али неговите него како би му било :/ а да во паво си еден ден е али најзначаен е. Еве само провоцира нешто :/
     
  5. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Не и замерувај.
    Помлада е, и има поинакви размислувања и сваќања за соживот.
    А може и се плаши или е љубоморна затоа што веќе нема да биде единствената снаа во куќата.
    Не ми се верува дека јас го зборувам муабетот, обично не размислувам вака, ама можно е.Може се чувствува дека нејзината позиција ќе биде загрозена.
    За тоа со финансиите што викаш дека идниот сопруг работи напорно а помалиов си ужива има голема дебата поназат. :lol: :lol: Сепак, не се замарајте вие со тоа. Вие гледајте си за вас.
    А за тоа дека нема да се веселат на свадба,мислам дека кога ќе дојде денот ќе се веселат и тоа како, па син им е, нема да му ја скратат радоста. Иначе барам од тоа што јас знам од свадби секогаш има некој што е незадоволен така да не се замарај
     
    На sim0na му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sim0na

    sim0na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    10
    captivating
    Како да не се замарам ?? Таа нее мала да размислува на материјалното како мојот дечко има стан и го потикнува дечко е да бара дома а и него му следи само што е по мал се со време ...ние имаме кај да седиме и само го с'ска. и брат ми само се кара со мојов ... неговите се од кај помалиов ..и сето е ...
     
  7. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Чекај Симона, јас малку неможам д ате разберам. Значи во прашање се двајца браќа. Ти си вереница на едниот и кога ќе се земете ќе живеет на горниот кат од семејната куќа. А таа што е девојка или веќе му е жена на другиот брат? И зошто твојот брат се кара со твојот , тука не разбирам.
     
  8. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    И јас не разбирам.
    Знаеш како викаат, попаметниот попушта, а бидејки не разбрав точно што е проблемот, ова мислењево ме збуни и не знам што баш сакаш да кажеш можам само да ти кажам дека кој и да е проблемот ќе биде онолку голем колку што ќе дозволиш
     
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Баш така captivating сум имала вакви ситуации во животов. По моето искуство најдобро е да се поставиш дистанцирано и малку надмено од таквите. Значи не се расправаш, не исправуваш криви-дрини, ниту пак си љубезна женичка. Туку едноставно креваш ѕид околу себе, па ако сака нека прави провокации да ја видам, на ѕид што можеш да му направиш. Ќе види, ќе невиди, на крај ќе се откаже затоа што од другата страна нема одговор.
     
    На Daydream, mimiiiii, SimonaTino и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. sim0na

    sim0na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    10
    Тие се двајца браќа, а јас не му сум сеуште вереница туку планираме за 2 масеци ...да се средат некој работи ...мене цела работа во цел пост ми е да кажам дека и е рано сеуште да влези во куќа, пред се ги има за 19години со нејзиното мило наивно фациче ги врти сите против нас веќе има добено власт,како да е љубоморна дека дечко ми има спрат со пот ги сработи парите и се му е спремно да се жени а нејзиниот е мрза и немаат ништо само да се шета и најбитно е татко носи мама меси ... и со тоа само му зборува прво на брат му (ги имаме слушнато како таа му вика дека неможела да живеј со мене ...како брат му бил под моја власт подземен, јас сум го терала да се ожени со мене оти имал пари спрат ова она) сето го слушнав со свои уши ... па потоа на мајка му дека дечко ми не бил повеќе истиот повеќе бил со моите приврзан нон стоп бил со татко ми ( нормално кој и да е ќе речи јас го гледам тој кај други ) ... но за брат му не ме интересира кога е глуп нека го одвои од неговите , но сепак на идната свекрва ништо не сум и згрешила а таа е свртена кон помалава мн му е на кеф. али она е од "висока" класа.
    Сепак јас сум таква девојка што сакам сите да ги почитувам сепак ако му влезам во куќа ке ги сметам како мое сепак се сродуваме ...но како???????
    кога свекрвата си ги сака помалите му се по на кеф ...кога јатрвата ги има свртено од нејзина страна и сето е упм. Пред се кавгите се почнати пред да се влези во куќа, а ги предизвикува ИДНАТА ЈАТРВА ....што би било понатаму ....Само најбитно ми е што дечко ми сето тоа го има лично сватенo и ми има кажано кој не те почитува и ти нема да ги почитуваш без разлика кој е нема да ти се лутам ако гледам дека си во право. Се надевам дека во кратки црти ви раскажав што е проблемот .... сепак ги имам мн проблеми можам роман да напишам.
     
  11. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    Треба да бидеш среќна што имаш таков човек покрај тебе, секоја чест за тоа што ти го рекол.
    Колку повозрасни, толку поголеми проблеми. Добро мама ми велеше :D
    Не грижи се, само биди си своја, немој ништо-ништо да криеш од твојот вереник! Така никогаш нема да имаш проблеми. Секое добро, ти посакувам да бидеш многу среќна.
     
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.176
    Не се замарај поради тоа што твојата идна свекрва ги сака повеќе помладиот син и неговата девојка. Гледај на тебе и твојот иден сопруг да ви биде добро заедно, бидејќи ако тој те сака и те поддржува, мајка му и било кој колку и да се злобни во своите намери спрема вас, не ви можат ништо. Ако не те почитуваат, ни ти не ги почитувај, крај. Кога покажуваш карактер, се се менува во твоја полза, а ако си слаба, ќе те газат.
    Мене маж ми ме поддржува во се. Ако мисли дека нешто не е ок, тогаш ми кажува кога сме сами, но никако пред други. Тој истото ми го има кажано, ако не те почитуваат, немој ни ти нив. Без камен на срце го спроведувам советов на дело! :)
     
  13. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    уште пред да навлезете во брачните води,подобра прилика за тебе и за идниот твој сопруг,да си ги расчисти сметките со родителите и брат му,на чисто да сте си и вие и тие..инаку со вакви малограѓански сплетки,тежок би бил заедничкиот живот со сите на куп.
     
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.474
    Допаѓања:
    48.830
    Пол:
    Женски
    Симона а што па толку вртиш околу тоа дека таа е помала и има 19 години?!? Денес божем не се мажат на 18-19 години па да ја праиш толку голема работава и цело време да зоборуваш таа помала а вака праи така збори таа 19 години се занесува си умислува и сл. Од каде знаеш можеби и они планираат да се земат иако се помали од вас. Крај краева и нормално е девојката така што размислува. Сигурно нејке во една кука 3 фамилии да живеат да се стегаат. И нормално ми е мене тоа и јас не би сакала во една кукја со толку фамилии да бидам. Мене дури ми делуваш ко љубоморна да си малце што таа повеке се сложува со родителите на дечко ти и што повеке ја сакаат од тебе. Јебига некои луге такви се . Повеке се спретни знаат да се упикаат да остварат комуникација со другите. Крај краева тој каков е дали шета дали работи негово си е. Упорно се држиш за тоа дека тој бил галениче ништо не работел си праел кејфови и сл. Од дома така му дозволиле така ке си прави. Ти сигурно не му го овозможуваш тоа шетање за да му праиш есап што прави и како прави. Дечко ти си направил што си направил си вложил во спратот се знае негов дека ке е не знам што толку се замараш со брат му и девојката негва. Гледај си го твојот двор ти и дечко ти да си напраите и да си овозможите услови за вас а они двајца си знаат за нив . Уште бре невлезени во кука одма отровни стрели пуштате и есап туг праите и после се чудите зашто нема мир и спокој.
     
    На nena2010, captivating, midnight.flower и 2 други им се допаѓа ова.
  15. sim0na

    sim0na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    10
    SuperGirl24 ти незнам како ме имаш сватено со постот али да ти кажам дека ама ич не сум љубоморна едноставно јас со постот барав некој да ми дај совет а не да ме укривува ... пред се јас имам се со мојот дечко на што би му била љубоморна??? мојте родители ме подржуваат ... со брат ми и снами мн се почитуваме мојата фамилија е тука ,,,но неговата се расцепка??? знам како му е него кога некој/а го оделува од своите ... па нема јас да бидам ни прва ни последна што нема да живее со јатрвата и свекрвата. но мене ми е жал за дечко ми ... и ти што викаш 3 фамилии да живеат во една куќа неможела типката ... е за друга куќа нека се подзабриши малку. ако толку бара нека и даде мајка е и татко е кога бара толкку ...тие имаат толку и му дале ... кај нас има мн што ги познавам што двајца браќа со родителите и имаат жени и живеат во по една соба.... Со помојт пост кажав дека ги сврти сите. Па јас не сум будала кога гледам свекрвата дека неа ја сака поќе јас да и се пикам ...па фала богу си имам мајка. Пак ке речам мене ми е дечко ми не биди растргнат на мн страни. што некоја ќе дојди и ќе го одели од своојот брат и мајка ...татко му не се меша во ова ништо. Сепак благодарам за твоето мислење али како не доволно си ме сватила со постот и наеднаш даваш остри совети. Јас овде ви пишав да ми дајте мене совет без разлика дали јас сум љубоморна или слично. позз
     
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.474
    Допаѓања:
    48.830
    Пол:
    Женски
    Ни најмалце немав намера да те укорувам пошто нит си ми сестра нит си ми родбина па да си земам за слобода за укорувам и да солам памет. Но кога веке сподели проблем јавно ми запна на око тоа што постојано повторуваш дека таа е помала и се осекаш надмокно во поглед на нејзе затоа ти си постара па по некоја логика треба да имаш поголеми права и привилегии. Пак ке кажам се мажат и на 18 години па тоа не ги прави понедостојни од тие што се мажат на 25-30 или 50 години. Како што и ТИ си дошла во таа кука и мајка ти не ти оставила имовина зошто па на нејзе мајка и да и остава имовина за да се двои. Ако тебе не ти смета во 2 соби да живеат 5 фамилии на некому му смета тоа и си има право да бара повеке и да очекува повеке. Ти вложи во тој спрат,го градеше тој спрат и кука па да си земаш толкава слобода да ги есапиш останатите уште неомажена и невлезена кај нив во кука? Дечко ти и неговото семејство ако се функционални во поглед на семејните односи ниту една личност од страна дојдена нема да успее да ги оддели и да ги растргне на 100 страни. Но ако во нивното семејство има нерешени работи во поглед на тоа кој колку добива и како добива тоа си е нивна работа. Секоја приказна има 2 страни ,сите двоеле од уста за да изградат нешто,сите си крателе некои задоволства.

    Крај краева секој треба да си гледа за себе и да се труди да си овозможи материјално добро за себе а не да гледа дали некој добил повеке или помалку. Ти едноставно во секој поглед имаш аверзија према таа девојка и ти смета .Ти смета затоа што неговите ја сакаат повеке,ти смета затоа што со брат му шетаат и уживаат место да се замараат со посериозни работи едноствано постоењето нејзино ти смета и факт е тоа.Пак ке кажам кога веке знаеш дека тој спрат ке ви следи на вас двајца не знам зошто толку се замараш со животот на брат му и девојка му. И не е упикавање да се трудиш да имаш нормален и коректен однос со некоја личност,да сакаш да се збилижиш и да си живееш со нејзе ,секојдневието да го поминуваш со почит и благосотојба како што очигледно тоа го праи девојката на брат му а друго е некој да дојде и на се да глеа со резерва и да го есапи тугото понашање и да не се труди воопшто да ги поправи работите под изговорот -Ми постребале неговите јас си имам мои мајка и татко. Е да сите имаме наши мајка и татко ама ти ке идеш да живееш во НИВНАТА кука а не они во твојата.
     
    На tinkerbelll, mimiiiii, zalosna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    ^Simona a sto tolku si se opsednala so toa deka majka mu na deckoto ne te saka?
    Nemas nikakvo pravo da mu pravis smetki I racuni na negoviot brat,deka setal I ne rabotel,zatoa sto sigurno ima podrska od negovite roditelI.
    I da,celo vreme naglasuvas deka devojkata ima 19 godini,demek ti so tvoite 24 godini imas poveke prava od nea!?
    I zosto velis deka semejstvoto se rascepilo?-Zatoa sto ti licno ne se soglasuvas so devojkata,ne znaci deka brakata ne treba ocite da si gi vidat.
    Pobogu ni ti ne si oficijalna snaa,zatoa e podobro da ne se mesas vo semejnite odnosi.
     
    На bubuce и midnight.flower им се допаѓа ова.
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Абе Симона кај трчаш ко прле пред магаре.
    Прво ни вереница не си а некои си измислени проблеми ќе решаваш.
    Смири ја топката за себе живеј си не за другите.
    Ти со твоето семејство си во добри односи а за туѓите не се мешај.
    И почекај, до свадба работите може уште 100 пати да се сменат а идната јатрва да ти стане најдобра другарка.
    Јас барем тоа ти го посакувам.
    ;)
     
    На bubuce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    Чекај симона како може на едниот син цел спрат да се чепати а на другиот спрат ама да го дели со родителите????
    И после сакате да се сложувате е нема слога уште на старт родителите направиле раздор и на твојот дечко му дале малку повеке
    Па и у право е девојката што не сака да живеат 3 фамилии у еден двор
    Или па сменете се дај им на нив нека се чепатат сами горе па ти седи со свекрва ти доле и биди блиска со неа
    Па нормално дека свекрвата ке се определи повеке накај еден син и една снаа бидејки утре со нив ке биде во заедница ке живеат на еден спрат ке делат едно тенѓере и на староси ке и падне во раце на таа снаа што ке биде со неа заедно во заедница
    Ти треба да бидеш срекна што си настрана тргната со посебен влез и спрат и што нема да имаш обврска да ги чуваш старите така да биди си мирна и остави работите сами да се средат со тек на време сите маски ке паднат и ке се види кој е кој
     
    На stefi23m му/ѝ се допаѓа ова.
  20. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    А како да разбереш, сигурна сум ни таа самата не може да се разбере, со стилот на пишување што го има и јазикот што го употребува:

    :x Тешко на лекторот!

    Ете ти дала SuperGirl совет, сега ти прочитај уште еднаш и разбери. Сите ти дадоа совет, твое е да разбереш.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.