Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.474
    Допаѓања:
    48.837
    Пол:
    Женски
    Eva како не ти е јасно,другиот брат е помал и додека според ставот на Симона не порасне нема право леб дома да бара а не па имовина. Тој што е постар има право на се тој што е помал ке ќути и ке чека да дојде неговото време. Нема предимство тука и преку ред остварување сопственички права врз кука која впрочем не е ниту на едниот ниту на другот брат туку на СТАРИТЕ. Абе не за џабе во правото рекле КОЈ Е ПРВ ВО ВРЕМЕТО,ТОЈ Е ПРВ ВО ПРАВОТО. :D :D :D
     
    На jb82 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Аууу Симона... Верувам дека не можеш ни да замислиш колку е напорно пост твој да прочита човек :x Ако исто вака се изразуваш и се однесуваш „во живо“ многу ми е јасно зошто родителите на твојот дечко не те сакаат. Од далеку се гледа колку надмено се однесуваш и како се доживуваш самата себе затоа што твојот дечко имал СВОЈ спрат од семејна куќа :x И тоа некако си го доживуваш како ВРВ во постоењето на секоја девојка, си нашла дечко со спрат (ќе рече човек крило од кралска палата има) и сега нормално сите други девојки кои немаат дечко со спрат (со спрат бе...ццц) нормално се љубоморни и не те сакаат. Извини, твојата најдобра особина, најголем квалитет и најголемо постигнување е што имаш ДЕЧКО „со спрат“? Ајде, свести се малку! Прво, ТОЈ може има, ама ТИ немаш! Второ, тоа што е негово, не е автоматски твое, дури ни ако се венчате, дури ни според законот! А семејната куќа е семејна, значи и на брат му и на неговата жена. Кога ТИ и фамозниот дечко од темел, на свое, ќе си направите куќа, е таму ќе можеш да делиш, да пределуваш и да бараш нешто. А бе вие (посебно ти) живи ќе ги изедете уште невлезени во семејството, да не речам во куќата. И ако родителите на дечкото ја прифаќаат повеќе другата снаа (снаа ли е, девојка на братот ли е, нормално не сфатив), тоа не значи дека таа се упикува и дека е подмолна-може едноставно им се погодени карактерите, интересите, табиетите. Тоа не ја прави неа автоматски лоша, а тебе не те прави автоматски подобра. Види, не е секоја неприлагодена и неприфатена снаа по дифолт во право. Некогаш самата си го направила тоа. А богами и си го заслужила истото. Смири се малку, не се мешај каде што не ти е работа, не туку се мери со идната золва, гледај си за себе, не гледај што можеш да грабнеш, туку што можеш сама да направиш и да создадеш и ќе си имаш попаметни обврски во животот, ќе немаш време за вакви глупости.
     
    На LilBaby, tinkerbelll, Edie.S и 4 други им се допаѓа ова.
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Се гледа дека проблемот е во делбата на имовина :D
    Едниот син добива цел спрат , другиот треба да го дели со старите што воопшто не е идеално ;)
    Така да не е проблемот во девојката на братот , ами меѓу двајцата браќа .

    Девојката утре може ќе ти биде јатрва може не . Верувај дека проблемот е во деверот , тој смета дека е обесправен по тоа прашање и затоа се реакциите и незадоволството , а дрдорењето на девојката е само масло на огинот .
    И брат ми имаше девојка која го подбуцнуваше за материјалното , ама тоа воопшто не влијаеше на него , бидејки тој точно си знаеше дека ќе добие што му следува .

    Во овој случај симона ти ништо не можеш да решиш и воопшто не е твоја работа .
    Проблемот е во нивното семејство , тоа прашање треба да си разрешат двајцата браќа заедно со родителите .
    А ти стој настрана од ова ситуација оти твоето мешање и мешањето на потенцијалната јатрва ја влошува ситуацијата .
    Искрено и двете си го бутате носот каде што не му е место . :D
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  4. babynova

    babynova Нов член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Според моето мисленје и искуство нема што да се мешат идните снаи во делбата на имот.
    Јас имам 2 брата и 1 снаа , во скоро време ке имам уште една кога се делеше имотот оваа идната снаа се умеша ја сакала новата куќа била поголема за 2 квадрати , несакала со свекор и свекрва да живее сакала сама да си биде газдарица на куќата. Арно ама сегашнава снаа на брат ми (нејзиниот маж кој е помлад од другиот неженет) рече само вака„ Ако слогата е во делбата тогаш јас прифаќам да живеам во постарата куќа па ќе ја реновираме ако треба , јас сакам свекор и свекрва па таа незнае од колкава корист е да се има свекор и свекрва во куќа„. И да ви кажам делбата се одолговлече иднава снаа се нешто бараше се и недостигаше нешто , јас во тој момент знам не постапив правилно ама морав да застанам меѓу нив бидејки постариот брат неженетиот застана на страна на девојка му / идната снаа. Идната ми снаа му го напумпала мозокот и брат ми се расправаше со мајка ми и татко ми дури се закани дека ќе ги откаже од родители ако не му дале новата куќа и плус кола сакал да му купат. Тогаш гледајки ги тато и мама како тивко тагуват (сеуште немажена бев) ги собрав сите на ручек и им реков „Ако ова со делбата незнаете фино и фер да го делите тогаш и јас барам имот (со цел да ги разубедам) „ , арно ама иднава снаа се умеша пак и со овие зборови ме колнеше „Која си ма ти имот да бараш, брат си и ти ? Ти немаш право на имот што си пикаш нос секаде? Да даде господ да се мажиш во иста ваква куќа и на вас ама 1 м квадратен да не ви остават имот„. Јас замолчев очекував брат ми да ја прекори затоа што уште не е снаа а нос пикаше , но брат ми не го стори тоа ја подржа. Мајка ми и татко ми знаеја зошто така барав дел и не ме прекорија напротив се сложија и на суд имотот го разделија на 3 дела така што новата куќа падна на постариот брат и идната снаа а постарава куќа ја дадоа на малиот , а мене ми ја дадоа колата за која се направи бунт чија ке биде. По 3 месеци јас колата ја префрлив на сегашната снаа зошто таа избра да ги гледа моите во стари години не се противеше што ќе добие битно и беше да има кров на глава.
    Ова го кажувам со цел феминката што ова и беше проблем да разбере нешто ако и врти кликерот.
    Истото сега го гледам и кај другар на мм , тој е помал и е оженет 5 години има 2 деца и веќе 5 години сами си вложуваат во спратот кај што живеат , и сега постариот брат се оженил со жена од друга национална припаднос (што не е ни битно) и новата снаа сакала да го сменат имотот не сакала да живее во долниот спрат горе било посредено . Па чекај бре па тие сами си средиле се и сега некоја 2 дена дошла бара се на готово.
    Па и феминкава уште не одена како снаа бара што нејзе и одговара
    :D
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    имам свекрва од посебен тип...додека беше свекор ми жив беше многу подруга бубалка...збор да не и слушниш.А сега откако тој умре станува женава во 8 саат на сабајле и врти кај една пријателка на телефон и гледаат фудбал тенис и други спортови заедно (Преку телефон ги коментираат или не знам што) вика пцуе што да ви кажам...поубав аларм и да сакаш на сабајле нема да добиеш.Мажот ми и вели цело време не викај ама џабе. Ја натеравме да оди на ушно да си ги провери ушите ако вика од тоа да и дадат апаратче или нешто да и кажат.Се врати нервозна и почна да се дере дека ние сме ненормални да одиме да се лечиме ја прајме будала докторката и рекла нормално било за тие години да не слуша ништо не ти е и рекла земи си билобил и вендоксин капки.(не ми е јасно како може ушен лекар да ти каже билобил за помнење и вендоксин капки да земеш) Секогаш кога ќе ја прашаме нешто било кој од нас двајцата ПРИМЕР: ја прашувам - доручкуваше? и добивам одговор - што сакам ќе доручкувам. Или мажот ми и вели мамо ај напрај кифли одамна немаш напраено од тие твоите и добива одговор - кога ми е кејф мене тогаш ќе направам.Излегува од соба кога е време за ручек и после тоа пиеме кафе и да се избања и да оди во веце.и после и збори на керка и дека јас сум мрза дека ништо не чистам дека кифлите што сум ги правела биле тврди.а побарав од неа(уште на почетокот ) да ми покаже како ги прави ама добив одговор дека како ке ги направам такви ке јадеме....ве молам за помош веќе не знам како да постапувам со неа.Не велам дека и јас сум цвеќе за мирисање, нормално сите си имаме мани ама па ова ги претерува сите граници...само да се фучело. ХЕЛП!!!
    ПС.свекрва ми има 59 не знам дали е такво однесување е нормално за тие години...
    ПС.
     
  6. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    до годините ќе да е... и мајка ми има толку години, а веќе гледам почнала да се понаша како твојата, се на кавги и оди, сака се по нејзино да е... сега не до толку, ама тука некаде се... можно е веќе и скреолоза да ги фајќа, нема што да се прави, остави ја, нека си зборува, штом маж ти е од твоја страна, друго нема што да ти е битно, само тактички, што и да ти каже, ти прекутувај си, или пак одговори и ама на убав начин... јас така правам со мајка ми и ми успева многу пати...
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.541
    Допаѓања:
    108.678
    Пол:
    Женски
    Дидуш, склероза тешко, ама климакс сигурно, нажалост после неколку години откако ќе ги фати климакс станувааат страшни, значи мајка ми е малку поблага верзија, ама е со истите маки. Некои отворено си кажуваат, не се осеќаат веќе вредни, не се осеќаат жени и се понашаат страшно. Ти штом имаш подршка од сопругот ич да не се секираш, за свекрвата само игнор му е мајката, не се замарај со неа, почни да се понашаш исто ко неа, само во договор со сопругот, никако сама да и фаќаш инат, да види малку како е кога се понаша она лошо. Се е полесно кога се има договор со сопругот ;)
     
    На irena.1, zalosna, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    7
    Дефинитивно е до годините мојава е тука некаде ама мислам дека ја опииша накратко и мојава :D
     
  9. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    7
    Еве јас да си ја кажам маката од синоќа можеби згрешив што така направив може сум во право ама неможев веќе да истраам , доста ми е и од командање на животот и од мамини мази. Едноставно препукав и си изнакажав што ми тежи на душа. Беше 4 попладне и со мм разговараме да одиме кај кумовците да им кажеме за роденденот на малиот и му велам ај да се јавам да прашам дали се дома , а мм на тоа ми одговори „ почекај ке се јавиш накај 5 и 30 (времето кога свеки требаше да си дојде од скопје)„ . Му велам „Зошто во 5 и 30 а не сега„ , ми рече „Па да видиме и мама што ке каже„ . И овде препукав и му реков „Добро ќе чекаме царицата дозвола да ни даде, абе како можеш да дозволиш цел живот мајка да раковода со твојот живот , за се дозвола од неа зимаш, таа ти е сопруга или јас , таа ти даде дете или јас?„ . - „ Да мама како ке каже така ке биде„ .
    - „ Тогаш јас го зимам детето и си одам кај мајка ми а ти остани си со мајкати таа нека ти е сопруга и таа нека ти роди деца , ова вака не оди како мама ке каже како со мака ти да си оженет„
    -„ :^)
    Си дојде свекрвата и вели„ ајде да одам да се избањам денес четврток да одиме кај кумата да кажеме за роденденот нечини преку телефон„ (му се обраќа на мм)
    И велам „ Ти ли ќе одиш?„
    -„Па јас и син ми ти чувај го малиот„
    -„Добро бре жено како прле пред магаре си , наместо да кажеш јас ке го чувам малиот вие млади одете ти ке си одела , па бидува ли за се ти да трчаш„ .
    -„ :^) Па ти да не одеше зошто малиот мајка сака затоа„
    -„Ќе го земам со нас ама ние ќе одиме „
    :@
    ММ и вели „Добро јас , таа и детето ке одиме „.
    Свекорот крајно изнервиран зошто не очекуваа од мене реакција зошто секогаш молчев излезе ја тресна вратата и еве уште не збори со мене а и на детето не му обрнува внимание.
    Кога се вративме свеки работеше нешто во куња и мм отиде натаму и таа му шепотеше нешто па им реков „Што се има да се каже овде на маса а шепотења зад мој грб несакам„ , свеки рече дека го прашувала што рекла кумата за роденденот (па што има да каже роденден е не е крштенка или свадба).
    Стварно незнам дали погрешив со односот кон сопругот и свекорот и свекрвата ама веќе не се издржува , неможе се свеки да команда што да се прави , да се купува или да се оди некаде , се таа трча како прле пред магаре а снаата за дома била. :^)
     
  10. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Ако е сето ова вистина, ти немаш проблем со свекрвата туку со сопругот.
     
    На nena2010, zalosna, Glasna и 2 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.541
    Допаѓања:
    108.678
    Пол:
    Женски
    Амин Дарси, затоа јас минатиот пат и кажав, ако имаш подршка од мажот се е полесно, очигледно немаш Буџетче, иначе каква е таа исјава, мама како ќе каже. Не дека не, и мојов пробува некогаш да наметне прашај ја мајка ми, ама јас си ставам до знаење дека ако саакам да направам нешто не прашувам ни мама ни никој, јас како сакам така ќе направам, не сум ја прашувала мајка ми па камоли свекрва, а и за таа цел и свекрва ми има јасен став, како сакате така прајте, а често прашува и за совет од мене. Сеуште и мене ми е тешко да се опуштам, не викам не, често ја прашувам на телефон дури, барам совет, ама и самата ми дава слобода да одлучам сама, да направам како сакам. Ние имаме лоша навика јадење да се прави за кој што и како сака, 5торица сме дома, за сите би готвела посебно ако побараме, до толку угодува, што јас мислам дека не е во ред, па кога јас правам нешто не земам во предвид вкусови, си правам како што сакам, нормално да се јаде, да се пие, не да си го направам само по свој вкус де. За одење исто, не не сопира, не ни наложува, многу ретко знае да го праша маж ми дали ќе сакаме да ја однесеме до некаде, попрво би идела пешки. Често знае да рече деца ајде марш надвор да излезете да прошетате малку, што е ова седење дома? Ајде ти да ја однесеш жена ти на кафе, пример. Ама маж ми не дозволува да се меша она, не дозволил никогаш па ни сега, поготово за битни работи, за ситници не збориме, сепак и јас сакам често совет од свекрва ми, нормално, постара е, така тоа го гледам, има искуство. Тргнувам од фактот што организиравме свадба, се сами одлучивме што и како ќе направиме, купуваме за дома мебел и бела техника и она во ниеден момент не рече еве јас да кажам, за се сами се одлучивме, она само постојано вели, со здравје да си го користите, деца да ви го искршат, убав благослов богами. Ама ете од почеток така се поставени работите, маж ми и јас да си одлучиме. ;)
     
    На pikolino, zalosna, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.745
    Пол:
    Женски
    Се` додека се постават граници и нема злоупотреби, зошто да не ја прашаш... онака колку ќеиф да и` направиш, па ти терај си по свое ако тоа не ти е за прифаќање. ;) Нема круната да ни` падне од глава.

    Нормално, не правам муабет за екстремни ситуации на злоупотреба на нечија добрина како во случајот погоре.

    Знам по свекрва ми, кога ќе ја прашам нешто за совет или мислење, па уште кога ќе види дека со внимание ја слушам, ентузијазам до небо. Ќе гледа се` подробно да ти објасни, како и што... и јас се чувствувам поисполнето кога знам дека сум и` причинила за такво расположение.

    Не само свекрвите, скоро сите повозрасни си сакаат да ги прашаш за совет. Веројатно дека чувствуваат дека ја немаат силата и здравјето од младешките денови, па сакаат преку искуството да се почувствуваат од полза и вредни. Колку што ми дозволува мојот интегритет, се трудам да им го пружам тоа задоволство, затоа што знам дека на нивни години (дај Боже да ги дочекам во добра состојба) и јас ќе си барам такво внимание.
     
    На Agrona, bittersweet, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    7
    Секако и јас ја прашувам за совет во одредени ситуации ама добивам одговор „Како знајш така прај , јас незнам„. Мислам во случај за ручек или случај за зимница кога правевме. Се јавував мајка ми да ја прашам како треба да направам зошто свеки ми даваше само таков одговор. Или ако речам ќе направам ова , она ќе каже „Ехе ние вакво не јадеме„ . Ама јас сепак зимам правам и на крај излева дека сите јадат само немало кој да им прави досега или незнаеле . Да не грешам душа. Секако сака во се да се умеша како нејзе и одговара ама не секогаш успева. Летото нарачувавме мебел , а таа не сакала куњата во таква боја да биде (сино-кремова) , сакала да е (темно кафено - сива) потемна. Мм проба да ме убедува и тогаш да сме направиле како она сакала зошто таа и свекорор ке се лутеле ама јас му реков „ Таа е помлада или ние јас темни бои несакам, таа да не грешам душа остарела нема да е вечно жива„ , и така биде по мој вкус. Еве и денес се обидува да ми каже нешто мене ама да не е дирекна прави како некому да му се случило па вели така ти да напрајш охоо. Т.С на некој начин се заканува. Исто и одговорив „Охоо да ми команда свекрва во животот досега било ДА ама од денес НЕ пут под ноге со дете во раце и кај мајка„. Исто на тоа добив одговор „Аха ке те примат назад (кој родител не би го примил чедото назад ако знае дека има маки ) , ти овде ќе остариш овде коски ке фрлиш„ . Па от кај да знам дали повеќе овде ќе живеам или дома што сум живеела сиве овие години .(нели никогаш не се знае до кога ти е животот).
     
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Господ да ти е на помош, ако стварно е вака како што велиш. :doh:

    Ама, и срам да ти е, ако дотолку лажеш. :!:

    Иначе, вака по пишаново, нема лек за свекрва ти. :x
     
  15. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Kолку што ме држи памтењето,истиов проблем го имаше друга феминка со околу кумата и свекрвата,само што таа беше во исчекување..нејсе..муабетот ми беше дека истиов совет го доби,наместо да расправа криви дрини со свекрвата и да се докажува со неа,да проба да си го реши проблемот со сопругот ,бидејќи тој е тој што треба да пресече,а не да долева бензин на жена му во одбрана на мајка му.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    7
    Јас немам проблем со кумовците. Со сопругот колку што сме заедно се обидувам да му ставам на знаење каде е местото на мајка му зошто и таа била снаа и нејзината свекрва си го знела местото. Туку зборот ми беше дека од сопругот добивав одговор „Аман веќе доста и од двете ако не ти чини стани оди си а од мене не очекувај да се расправам со моите„ . Тогаш немав храброст да заминам ама недај боже така да ми рече пак зимам детето и си одам па нека одбира помеѓу мене и неговите (помегу мирен живот и живот со расправии и команданти)
     
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.474
    Допаѓања:
    48.837
    Пол:
    Женски
    Ме не па овие закани од типот-Ке си го земам детето и ке си одам кај моите,толку ми се детски и недораснати што немам збор. За секоја караница ли или негодување вака ке се закануваш дека ке го зимаш детето и ке си одиш кај твоите. Впрочем и со кое право ке го земаш тоа дете.Колку е твое толку е и на сопругот. Како ке ти биде тој да ти каже-Ке си го земам детето,ти пут под ноге со рацете во џеб срекен ти пат кај мајка ти и татко ти.

    Лесно е да се избега од проблемите,тешко е да се седне и да се напраи обид да се решат истите. А кој еднаш бега ,секогаш ке бега.Впрочем тоа е најлесно да се направи. Да не ставам грев на душа ама повекето пред да се одлучат на брак години и години се во врска со тој партнер,зарем во текот на тие години не успеавте да видите каков е што е какви се неговите дома.Преку нок никој не се сменил,или пред тие нивни мани и недостатоци полесно било да се замижи под изговорот дека коа ке ве земе за жена и дете коа ке му родите по дифолт ке поче да трчка по вас и ке се смени за 360 степени. Зарем не сте оделе во таа кука не сте седеле со неговите за колку -толку да видите каков однос имаат тие нивни родители ,како се понашаат коа ке седнете на заеднички ручек или вечера.Не знам, некое семејство е потрадиционално,некое е попатријахално ,некое е поматријахално,некаде мажот го има последниот збор,некаде жената.Тие работи лесно се гледаат ,особено ако сте во подолга врска со некого и реално почесто одите во неговиот дом. Крај краева до некаде и старите ги разбирам .Не сакаат да бидат отфрлени,и тие сакат да бидат дел од одлуките во тоа семејство особено ако живеете заедно.

    Буџет,седни ги на маса сите во таа кука и отворено кажи им дека за твоето дете ти ке одлучуваш а они можат само совет и предлог да дадат. Они за нивните деца напраиле што напраиле сеа на тебе е ред за твоето да правиш. Сакаш крштевка -прави,сакаш да одиш кај кумови-оди,сакаш со родителите често да се гледаш и да контакриш -прави го тоа, ама не се заканувај постојано дека ако нешто не направат онака ти како што сакаш дека ке си ги собереш парталите и детето и ке си одиш кај твоите. Покажи зрелост и доследност а не детско понашање кое на првото пагање оди да плаче во суќњата на мама. Возрасните и паметни луге ги решаваат проблемите а не бегаат од нив чекајки сами од себе да се решат.
     
    На ilipili, Nausicaa и galijan им се допаѓа ова.
  18. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    муабетот ми беше ,дека свекрвата (со дозвола на синот) правела сплетки околу договарањата ,преговарањата за околу кумата,ручеци и такви некои слични собиранки.
    Cватив дека ти немаш проблем со кумата,дека проблемот е во организаторот и во подржувачот на организаторот :P
     
  19. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    7
    Епа мојава без дозвола сама си дава дозвола :D мм за да не се налутела и оди по кејф.
    Супергирл24 , не на секој проблем еднаш сум го рекла тоа ама волку време во брак не се траи секој ден некој да ти команда. До вчера собирав се на се премолчував иако во себе од мака пукав ама ете вчера фала му на господ ми дојде сила и си се одговорив и на мм и на свеки. Па како и да е и јас сум човек а не животно па да ми команда некој особено свекрвица.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.176
    Budgettime до некаде те разбирам како ти е, татко ми е сличен на твојот сопруг, ја поддржува баба ми иако цело време измислува глупости. Не се нервирај, гледај да ја избегнуваш колку што можеш свекрва ти, иако ти збори како треба, ти слушај ја, не се обидувај да и докажуваш нешто бидејќи никогаш нема да се согласи со тебе, туку во едно уво ти влего во друго излегло, терај си по свое. Битно, не се нервирај. Тоа ти го кажувам од искуство, мајка ми е доста емоционална личност, па од такви стресови се разболе. Затоа, ти гледај со сопругот дипломатски да се однесуваш, секако ако сметаш дека сето тоа вреди, ти најдобро си знаеш. Немој да избувнуваш пред неа, уверена сум дека ако е таква како што ја опишуваш, само ќе се радува на твојата мака. Со маж ти зборувај кога сте сами за тоа што те мачи, не ја напаѓај мајка му отворено, туку од околу, кратко раскажувај што се се случувало во текот на денот со неа (ако нешто такво било). Не заборавај дека тој секогаш ќе ја прави мајка му светица, па поради тоа, со него само со добро, без закани. Нема да добиеш ништо ако им се развикуваш. Што е многу важно во твојата ситуација е да имаш на кој да му раскажеш се што ти се случува, да не ти се собира на душата, стрес е тоа, голем! Ќе имаш поддршка од детето кога ќе порасне, барем ние ја поддржуваме мајка ни сега, и помагаме во секој план.

    Читав се што имаш напишано за свекрва ти и баш ко да читам за баба ми...
    Што и да правиш, најбитно е да го правиш смирено, без нервози. Гледај со сопругот да поддржуваш блиски односи во смисол на близост, не само физичка туку и духовна, да не се дистанцирате поради секакви капризи на искомплексирани луѓе. Ти посакувам многу среќа!
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.