Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Olesita

    Olesita Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Misllam deka tokava vaznost na svekrvite ne treba da se pridava, teraj kako sto tebe ti odgovara i neka ne te boli uvo sto lae ona. ona nekka si zbori ti teraj samo po svoe, ke vidi deka nemoze da sse spravi so tebe i ke se otkaze a i maz ti ne go fermaj nekoe vreme pa ke vidis kako ke se vrti kako kuce okolu tebe.
     
    На SimonaTino, tessie и stetoskop им се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    20.083
    budgettime читајќи те тебе веднаш ми текна на една моја другарка од факс и морам да ја споделам нејзината приказна со тебе. Другарка ми после неколку месечна бурна и турбулентна врска се омажи за човек со кој од самиот почеток некако не беа компатибилни. Бракот од првиот ден се покажа како проблематичен ама другарка ми набргу остана бремена и место да почнат да ги решаат проблемите кои им се множеа она реши да слуша комшики, стрини и `душебрижници`кои ја убедуваа дека раѓањето на детето, само по себе, ќе ги реши проблемите. Бременоста и напредување, проблемите си остануваа. Доаѓањето на синот не само што не ги реши проблемите, туку само ги влоши. Другарка ми, кога виде дека работата се влошува од ден на ден, место да седне и да се обиде да најде некое решение, компромис, примирје, она почна со заканите од типот `Ќе си идам дома`, `Ќе се разведам`, `Ќе те оставам` итн. После една поголема кавга си го зема детето и отиде кај нејзините и седеше таму десетина дена, маж и секој ден идеше да ја моли да се врати, плачеше човекот пред неа и нејзините, преколнуваше. Другарка ми се врати ама после кратко време пак почаа кавгите и она си продолжи со заканите дека ќе си иде кај мајка и, дека ќе се разведе. Неколку месеци подоцна меѓу нив повторно изби жолчна кавга и она повторно се врати кај нејзините, маж и навистина дојде по неа но овојпат со муабетот `Да, имаш право, ние не можеме да функционираме, кажи ми кога да доаѓам да си го гледам синот`. Другарка ми шок, ова воопшто не го очекуваше. Помина одтогаш можеби пола година, она уште седи кај нејзините, тој не ја прима дома, не сака да се смират. Дали му е повредено егото, дали ја има одсакано, дали ја казнува на овој начин само тој си знае, меѓутоа другарка ми не може да се прибере, плаче, вришти, жали, а и нејзините и се премногу лути што вака непотребно си го искомплицира животот.

    Јас не сум мажена, немам свекрва но моите се разведени, од прва рака знам што значи несреќен брак и сопруг (во мојот случај татко) безрбетник и со најдобра намера ти викам немој да го користиш разводот и враќањето кај родителите како (празна) закана. Ако сметаш дека повеќе нема надеж за тој брак, разведи се, тоа е тоа, немаат сите приказни среќен крај но не го користи разводот како средсто за уцена ако навистина не го мислиш тоа, зошто може и ти утре да ги слушнеш тие зборови кои ја ледат крвта `Во ред, ќе се разведеме`

    Се надевам дека ти и маж ти ќе најдете решение на вашиот проблем, јас ви ја посакувам сета среќа на овој свет :)
     
    На captivating, SuperGirl24, jb82 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Да не ставам грев на душа ама повекето пред да се одлучат на брак години и години се во врска со тој партнер,зарем во текот на тие години не успеавте да видите каков е што е какви се неговите дома.Преку нок никој не се сменил,или пред тие нивни мани и недостатоци полесно било да се замижи под изговорот дека коа ке ве земе за жена и дете коа ке му родите по дифолт ке поче да трчка по вас и ке се смени за 360 степени.

    Kако да видам кога цела врска они киснеа кај другиот брат во странство и кога ке навратеа во државава гледања на кратко,демек уште не сте во брак да не заглавуваме едни кај други ако не биде ништо да не се бламираме обострано.
    A тоа родителско мешање(мама и тато на мм)ни ги нарушува/ше брачните денови...пишував...неколку години(пеколни да не пишам)работев во фирма на нивни познајници со убедување дека супер ќе ми е,ама не беше...ме имаа препорачано кај најолошите од луѓе,јас отворено им пренесував низ што преминувам,а тие па издржи ќе ти најдеме подобро,седи сега,трпи....седи и трпи за да не видиш дека што ветуваме не исполнуваме,за да речеме во денешно време снашката работи итн...ај ми е гајле за нив,ме боли што и мм ги подржуваше а му верував-ја изигра мојата доверба,на крај се скапа извинување за сите лоши однесувања и совети што ми ги даваше наместо разбирањето и подршката :(
    не е важно на карај си заминав своеволно од раб.бев и без работа во период кога свеки ми се ситеше со муабет сега син ми те храни и има да го слушаш бре до последно...ок,си најдов нова раб.еве и утре да си заминам ќе си најдам друго нешто по мој ќеиф.....совет ми е ама ич да не се замарате за свеки и цели фамилии,прај си трај си се по свое и навистиона се ќе си дојде на вистинското место во вистинското време,а брак совршен нема мора да се гради заедно,цврсто се разбира доколку сме и спроти нас имаме зрела психички и емоционално созреана личност за да се носи со предизвикот брак
     
  4. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Девојки ве молам помогнете ми имав предходно некои проб со свекрва ми но потоа се беше во ред се стреди раб до пред еден месец се беше добро но сега само ми ја одзема работата од рака и ми вика демек не сум знаела да чистам и она по втор пат ја прави истата работа ручекот што ќе го направам она ми го загорува се жали кај комшите и кај мм дека не работам дека по цел ден спијам ја му објаснувам на мм тој не ми верува му верува на мајка му :@
    Девојки и кога пијам кафе не ме остава на мир ми го зема кафето ми го истура и ми вика ајде стани оди кај мајка ми да му чистиш и се така е секој ден вчера пак кога пеглав ми ја зеде пеглата од рака и ми рече да одам да се одморам малце а таа за тоа време ја изгоре кошулата од мм и тој денеска кога виде пробудали и праша кој му ја пеглаше и јас му објаснав се а таа дојде во тој момент и рече јас ја видов како ја изгори кошулата :swear:
    Девојки не знам што да правам немам ни време да разговарам со мм да му ја објаснам ситуацијата бидејки иде на раб 3 смена и доаѓа сабајле во 5 и цел ден спие не можам да поднесам лошо да се понаша со мене ве молам кажете ми што да правам свекрва ми ова намерно ми го прави знам само колку да ме раздели од мм
     
  5. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    По кој знае кој пат веќе добивте совети дека треба да разговарате со вашите мажи.
    Мајli 15 прво пишуваш дека му објаснуваш тој не ти верува а после дека немаш време.Ти верувам дека е тешко што е трета смена, но нема ли тој слободни денови, па државни празници? :?: Би те советувала да се држиш понастрана од свекрвата, некое време . :!: Мислам дека имаш голем проблем кој само твојот сопруг може да ти помогне да се реши.Не би требало да биде да речеме на твоја страна или од страна на мајка му ,туку онака мирно да поразговарате .Зошто така се однесува твојата свекрва?
    Имам впечаток дека ти всушност се плашиш од нив двајцата.
    И на крај би те прашала Имаш ли барем малку самопочит? :wasntme:
    Првин совладај го стравот,потоа собери малку храброст , самодоверба и почни мирен разговор (не кавга )
    она со кафето стварно е претеризам , јас би си сварила друго кафе или пак би си заминала и кај мајка ми.И јас би била малку погласна денски кога тој спие :talk:
     
  6. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Еве ме мене имав проблеми со свекрва ми кавги расправии се се најлошо,дојде крштевка на малиот и роденден со свекор ми тие ја направија се зближивме тие денови супер ми беше како да не е таа жена.Но малиот не ми беше добар цел месец и веке мораше да одиме во болница,е таа дојде да ми помогне јас со надеж дека ке е истата ко дома.Луѓе се покајав што ја викнав ме обвинуваше дека детето поради мене е во болница,пред докторите зборуваше дека на детето не му се дава да јаде се и свашта...се изненадив бидејки дома беше толку добра и бев решена се да заборавам...е најмногу ме погоди ко ми рече дека детето од мене е болно и дека таа ке ми го земала детето преку судови...на тоа и реков ко ке родиш што сакаш прави тоа е мое дете и нема да ми го земеш,а син ти слободно земи го а ова е мое дете и излегувај од собата...мислев дека си се подобрила но ти многу добро лице правиш пред мм и свекор ми излавај да не те гледам,а и шетала по собите влегувала кај децата со жолтица...абе докторите мене ми викаат јас им реко кажете и вие да си оди јас нема шанси...докторите видоа дека и јас немам разбирање ја пратија дома...ко си дојдов дома еве веке 4 недели ке поминат таа со мене не зборува ниту префрла раат ми е...а никогаш повеке нема да паднам на нејзините игри дека се променила...па ова е веке претеризам...
     
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    Ми влезе на око ова сте правеле кршевка и роденден на малиот и свекорот и свекрвата ви ја направиле????
    Па зошто дозволувате да ви ја прават они беееее ке дадат некој динар и после ке се занесуваат дека ве поседуваат ,колку имате толку не мора со огромни торти и сваштарии и после олеле свекрвата вака свекрата така како минува времето се повеке сум убедена дека свекрвите си се на место младите претеруваат е сега во се има и исклучоци нели?
     
  8. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Значи жената за парите ми нема ништо преречено ниту пак да префрли дека давала нз зашто настана тој проблем...а свекор ми ја имаше желбата и тој ги даде парите за крштевката бидејки е 1 внуче и имаат 1 син единец и желба му беше на човекот.Ама нз што стана со односот на жената беше толку добра помина крштевката и роденденот таа пак почна наопаку е сеа не зборуваме мислам таа не ми зборува јас не планирам да и бркам во очи и реков еднаш зошто не збориш со мене што е сеа и таа толку...како решила така нека прави ако збори ке и зборам и толку...
     
  9. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    8.319
    [[​IMG]

    КОга го процитав неможев а да не го споделам :lol:
     
    На Agrona и pikolino им се допаѓа ова.
  10. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    7
    Еве ме мене пофторно со моите проблеми. Ви имав пишано пред некој ден дека започнав да си се одговарам на свекрвата си го кажувам своето ЈАС. Но за жал еве уште повеќе проблеми си имам. Овие неколку денови сме како куче и маче,на секој збор ми префрла , а заплаче малиот веднаш му вели не ти дава мајка ти да јадеш. Па дете е нормално ќе плаче ако не му се оди по кејф(понекогаш има работи кој неможиш да дозволиш да ги прави пр. да крши од покуќнината). Вчера се најавија моиѕе дека ќе дојдат вечера на гости ако немаме план нешто им реков дојдете дома сме не одиме никаде и малиот ке се израдува кога ќе ги види вујковците па и вас. |( И земав пари и отидов во продавница да купам нешто за да се пресрамам шо севели . Дојдов и замесив пита ја испеков и ја оставив да се олади. Свеки за тоа време не беше дома беше излезена на кафе кај комшивките. Кога дојде ме праша „Што си изнакупила волку работи ? Па и пита си направила по кој повод? :^) „ и велам „Ке дојдат моите па да се пресрамам„. Ме погледна овака :^) и ми рече „Е ако напрај уште нешто та белким ке ги најадиме ке ги напоиме„.Толку ми падна тешко и не размислив во нервоза што и реков но и се обратив со овие зборови „Замолчи веќе еднаш , никој не му е дојдено до едно парче пита или чаша сок , мислиш сите се ко тебе одат на гости за да си апнат или напијат ко да немат дома ?„ :@ (зошто кога оди некаде гледа право дали ке и послужат нешто и што и право почнува да се замезува како да нема видено.). Кога дојдоа моите не се ни поздрави со нив излезе некаде а кога дојде не прозборе со нив а зошто незнам (досега не правеше така) може сега мене ми е лута па ги казнува нив.
     
  11. marinka11

    marinka11 Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    33
    Е ако де што е проблемот ти рекла си и одговорила и што?
    Дојдија твоите ?Да
    Ги пречека ,се пресрами пред нив ?Да
    И што правиш драма од сето ова. Она си го тера нејзиното ти твоето и мир у куки, кога ке виде дека не и обратуваш пажна ке си легне на брашното и она и ти богами
    Ајде гледај си мажот и детето и не си прави проблеми додатни
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    7
    Проблемот е во тоа што така не се однесуваше пред да почнам да си се одговарам. От ко почнав да се одговарам веке не сме „мајка и керка„ како што кажуваше таа туку сме „куче и маче„.
     
  13. marinka11

    marinka11 Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    33
    е па ти и сама знаеше и ти беше јасно дека кога ке кренеш глас ке се сменат работите и не гледам јас тука проблем се однесувала вака или онака :^) нејзино право бе како сака нека си се понаша како она така и ти со неа и мир коа ке види оти не бива така ке си легне на брашното
    И шо се замараш со свекрвата ти гледај си ај твојата фамилија маз деца батали свекор свекрва мајка татко сите се они у втор план у прв план барем според мене ми е мојата фамилија
     
    На Anyshka, tessie, butterfly.mk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    576 страници испишани за тоа дека свекрвата никогаш не може да ти биде мајка, ниту пак снаата нејзе ќерка и ти сега кажуваш дека тебе баш тоа ти е проблемот :tmi: Без разлика на се, не смееш да паднеш на тоа ниво и да и се обраќаш со „Замолчи веќе еднаш“ а згора после тоа да бараш да бидете мајка и ќерка.
    Неможам да сфатам како после сето она непочитување од мажот ти, свекор ти, свекрва ти сеуште можеш да се замараш со нив. Пак проблемот е во мм, а не во никој друг. Ако сте благословени (како што самата велиш) со дете, како не знаеш да најдеш начин да разговараш со сопругот. Ако несака да се делите, барем нека застане во твоја одбрана кога непотребно ќе бидеш „нападната“ од свекорот или свекрвата. И избегнувај да ги клеветиш за секоја ситница, тоа ствара огромна недоверба кај мажите. А кога самиот тој ќе види каква е ситуацијата дома, можеби тогаш ќе посака да се тргне и да биде со семејството кое тој го створил.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    7
    Ако не се одговориш тогаш си глупава дозволуваш да те згази свекрва, ако се одговориш па зошто така , се смениле работите. Епа мислам доста ја носев на глава и јас имам свое ЈАС.
     
  16. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Budgettime,а сопругот твој каде е во целата приказна?или тој успешно си ја завршил мисијата,донел невеста на мајка и татко,па другото што сакате правете тројцата по дома,тој е ослободен од било што во врска со тебе.
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Според мене свекрвите најмногу добиваат слобода од синчињата свои па затоа вака ви прават , доколку нешто превземе синот тогаш нема да се меша но они си приќутуваат и затоа вака прават они.

    јас немам никаков проблем со индата свекрва
    но од моја гледна точка и ситуации околу мене знам дека се се криви синовите
     
    На Anyshka и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  18. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    7
    Епа мм во ситуацијата е аут. Кога јас се одговарам наместо да ме подржи иако знае дека сум во право ама за да не се налутат неговите на него или ке ми каже „АЈДЕ ДОСТА„ или ке каже „ И ДВЕТЕ СТЕ ИСТИ ПРЕСТАНЕТЕ„ а свеки си зима сила кога мм ми вели доста. Но не секогаш е дома мм за да не закути да не се расправаме па така слободно си кажувам што ми лежи на срце а исто и таа.
     
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    А да не е во право сопругот ? :D
    Мислам дека и двете се однесувате како кокошки на буниште :wasntme:

    Ајде доста ја бомбардираше темата :*
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.745
    Пол:
    Женски
    Епа што тогаш? Со тоа што и` враќаш и тоа не на културен начин, се покажува дека не си ништо поарна од неа (арно ти рекол мт и во право е шо не сака да се замара со прости препукувања малку се напнува на работа човекот) и 50-50 сте. Ќе се издувате и двете и готово. Нема победник тука. Да ја превоспиташ на 60 години, не можеш. Седи си мадро штом веќе не ви е удобно и практично да се делите.
     
    На midnight.flower и jb82 им се допаѓа ова.