Јас се согласувам со Бланка за тоа со невестата.Не сум воопшто компетентна да кажувам за оваа тема,но цело време читам што пишувате. Една се фали:свекрва ми пере,готви,мие садови..па што таа тебе да не ти е слугинка? Кога ќе се омажам ова во никој случај нема да го дозволам-свекрвата да ми ги пере гаќите.Срам ќе ми биде! Важно таквата свекрва е добра за сите нели? Тогаш поубаво не мажете се само за в кревет со маженцето,ако за друго не ве бидува! Снаиве се ко некои разгалени суштества,НЕ СИТЕ,но ме револтира тоа што овде пишуваат за некои банални работи те.ситници и испаѓа многу лоша свекрвава.Има лоши не викам не..пр.баба ми,ама не знаете какви вистински проблеми имала мајка ми со нејзе,а ова што го кажувате е смешки навистина. Свекрва ми ми влезе в соба,наслушува на вратата,ми рече да правам ручек,ја троши топлата вода итн..
Мојата свекрва ни должеше пари и кога побравме дел да ни врати бидејки ни требаа, таа рече ке ни ги врати кога ке родам дете. А инаку имав неколку спонтани и таа го знаеше овој факт. Јас си родив две живи и здрави дечиња, таа парите не ни ги врати, ниту пак ги видела децата.
да ви кажам поарно подалеко од свекрва пред да се омажам правеше се многу добра но после веридбата значи лани после мај месец дојдов да зивеам кај нив одма си го покажа лицето не требало да се паземе за деца биле сме говеда јас и маж ми оти сме се пазиле дури имаше и храброст да ме праша дали се паземе и дека сме говеда и скоро пред мајка ми реце дека јас,маз ми и девер ми сме биле гомнари не сме сакале да работеме а маж ми оде на работа,јас вонредно студирам а девер ми помаа на татко му автомеханичар е,има и многу др.други работи а за тие ми е најкриво мајка ми и татко ми што ме исчувале никогас ме немат рецено гомно или говедо не мозам да ја поднесам а немам друг избор
МАМИН СИН Ја понел мајката на медениот месец, па заработил развод Извор: Точка Еден италијански пар се разведува по само неколку недели од склучениот брак и тоа поради неподносливата свекрва. Мажот на медениот месец ја понел и неговата мајка, па тоа не и се допаднало на сопругата. Бидејќи бил истраен во неговата намера, жената поднела развод. Брачниот пар во декември минатата година заминале на меден месец во Франција, а жената останала шокирана кога на аеродромомот во Италија ја видела свекрвата, спремна за патување. Кога изреагира, нејзиниот сопруг со кого стапила во брак два дена претходно и кажал дека неможе да ја остави својата мајка поради нејзиното здравје. Тројцата го поминале медениот месец заедно во Франција, но кога се вратиле таа поднела документи за развод, поради преголемо емотивна поврзаност на сопругот со својата мајка. И после вие се жалите од свекрвите Малку хумор не е на одмет.
може ли да ви кажам еден виц и јас? ја омажила мајката ќерката и и рекла да ги слуша и почитува сите во куќата.така и било,еден ден ја праќа свекрвата снаата да донесе вода од селската чешма,а снаата не знаела во што се носи вода па прашала во што да донесам?а јатрвата на шала и рекла во решето.така снаата го зела решетото и отишла да наполни вода,на како што полнела така водата и течала,ја видел народот што прави и ја прашале оти носи вода во решето,а таа одговорила дека мајка и кога ја мажела и рекла сите да ги слуша во новата куќа.луѓето се насмеале и и рекле,епа ако слушаш секого и во решето вода ќе носиш. п.с.немојте да носите вода во решето
Сега една анегдота Кога дошла невестава кај свекрвава и вика старата : сега снао слушај како ќе биде, од сабајле кога ќе станам и ако китката со цвеќе ми на десно значи сум со арните, а ако ми е на лево тогаш пази се. И снаава и вика: А јас кога ќе си дрмнам една ракија од сабајле гајле ќе ми биде дали ти е китката лево, десно или на средина
Со свекрва ми се уште имаме здрав однос. За готвење она готви, освен ако се погоди на работа, а претходно нема ништо напраено ќе напраам јас. За миење садови се менуваме и двете, за пеглање и перење она, со тоа што јас моите алишта си ги носам дома, иако она ми вика да ги остаам јас не сакам. За муабетење некако иде, за деца не спомнува, јас го почнувам муабетот и секогаш е нормален. Некогаш ме провоцира тоа, јас сум поосетлива, но сите луѓе се различни, тоа и не е некој недостаток. Знае да се замеша и тогаш и викам прај маубет со маж ми, нормално изречено со пофини зборови како мм знае јас не и си се вадам. Така не се караме, кај и да е за некој месец се селиме оттаму и ќе бидеме покомотни.
Доброто во сето тоа е дека се селиш, инаку да си таму мора да биде другачије, барем по мене си знам, она пали она гаси командант и месач е во се, но не смеам ништо лошо да кажам онака во конфликт некогаш и пак се они во право, они се негови родители и бидејќи се нема делено од нив не може да замисли без нив. Ама дај боже да се вработам по струка, па мало другачије би било, а до тогаш трпи се и плус девер кој Господ да не ми пише грев, но го мразам многу, иако до сега никој не сум мразела нити сум воспитана така ,али позади грб ми работи се.
Jа сфаќам опседнатоста на свекрвите да бидат главни во СЕ и тие да го имаат последниот збор! Толку години таа била единствената жена во куќата и сега и иде нова, некоја туѓа, која сака да стави свој ред таму? Не иде тоа така за нив. Или по нејзино или по ничие. Златна средина колку и да се бара не може да се најде. Мојава, точно дека ми помага сега за многу работи, оти јас не смеам ниту тешко да дигам, ниту да се движам многу, но колку помага, толку и ми одмага, ми ја полни душава со нервози! Ама не и покажувам многу на неа дека се нервирам, си оставам малце време таа да си легне на брашното и да сфати дека е време на младите, а не на Титовите пионери! Така да, очајни снаи, нека она што ви влегува низ уво, веднаш нека излезе низ другото и ништо да не се задржи во вашиот мозок!
Еј добро е со имас девер,а замисли си како ке тие да имас золва и тоа две како мене секогас тие да бидат на прво место,секогас тие знат се,скогас тие се слусат, итн.а сната е како предмет во куката,и како десерт на сево ова дојдат и си ги наполнат торбите и си одат а тросокт ке го помират синот и сната.Ги мразам од дното на дусата посто и ја полнат главата на свекрвата идиотки се.
Снаи, јас да ве прашам вака, не дека застанувам во нечија одбрана ама... Што мислевте пред да се омажите? Сигурно не сте се знаеле 1 недела, месец дена со маж ви пред да се омажите. Сигурно сте ја научиле каква е. Јесда има некои што подоцна си го покажуваат лицето ама, не се сите такви. Извинете, не сакам некого да навредам или вознемирам, но во голем дел има и лично ваша вина. Блонд, немој да се навредиш те молам, те имам прочитано и дека незнаеш ниту машина за перење да пуштиш, камо ли да готвиш, а овде зборуваш за свекрва ти. Нели е малку, лицемерно и невкусно? На крај краева и со должна почит но жената вешот ви го пере а ти маана и наоѓаш.
јас и мм бевме во врска 2г.а неговите ги запознав послем две недели откако се фативме тогас сите беа добри(лицомерни)еднта золва така избувнувасе малце а другата бес со да ти казувам мед и млека. а за работите по дома јас си ги средува сама недавм да ни со прст да ми цепне.
Ја читам темата и прво што ми падна во очи е фактот што, по стапувањето во брак,новиот брачен пар,како по некое непишано правило,се вселува кај родителите на младоженецот.Логично би било,како и во сите нормални држави,новото семејство да се осамостои и да си свие сопствено гнездо .Во тој случај,90 % од проблемите и жалбите изнесени на темава би ги немало.Знам дека дека многу од снаите сега ќе ме нападнат,ама луѓе,тоа што родителите на вашиот сопруг(или вашите сеедно) ве примиле да живеете со нив е знак на нивна добра волја,а не нивна обврска,или пак некакво ваше право.Јасно ми е дека не живееме во Лос Анџелес,јасни ми се економските услови во државава,ама кога веќе двајца возрасни луѓе решиле да основаат семејство,би требало да бидат свесни за проблемите што ги очекуваат.Да се разбереме,не тврдам јас дека сите свекрви се цвеќе за мирисање,напротив,познавам свекрви излезени од пеколот ,ама ако веќе животот во заедница е неподнослив,најдобро за сите е младите да најдат некое алтернативно решение за да го решат станбеното прашање(стан под кирија,станбен кредит и сл).Поздрав
Абе ќе ве видиме вас немажените, ко ќе се мажите ќе прајме муабет не сега И јас размислував како тебе Офи , ама сега е друго, на сакање или на неќење ќе реци нешто и ќе напрај нешто што ќе те изнервира...Јас не се жалам од свекрвата моја, ме пери ручек ми прај ме гледат како ќерка нивна родена, ама некогаш од контакт ме вадат... ама поминва, мене од едното ми влегва од другото ми излегва, си го гледам мажот прво.Се немаме ни замерено ни скарано до сега фала богу, не ни планирам, освен ако не ни го земи господ умот на двете
Пуфи-цуфи, затоа поназад напишав дека не е ништо сериозно ако се потскарате некогаш. Се случува, луѓе сме, карактери се во прашање. Не треба да се замерува, исто како што не би им замериле на домашните ако се подскараме. Јас точно е дека не сум мажена па немам многу искуство да зборувам на темава, но некако ми е ту мач само да се напаѓаат за се и сешто, уште да фали да се нападнат затоа што дишат. Па аман бре луѓе, покажете малку разбирање. Јас гарантирам дека за истите работи што се подскарувате со свекрвите, ако се скарате со родителите нема да им замерите до тој степен.
Колку што е до свекрвите (немаме таква,се помлади сме),толку е и до снаите.И тие по некое непишано правило не си ги сакаат свекрвите.Ја гледаат како непотребна конкуренција во однос на својот маж,па дури и како присилна замена на нејзината мајка.Па тука филмови се вртат низ глава,сосема непотребно. Не може да бидат лицемерни пред брак,а по брак да се менуваат.Логично,кога си во заедница,особено како нов член,ти треба време на прилагодување,а тоа нема да биде кусо секако,зошто ти толку време живееш со едни навики,одеднаш треба да се прилагодиш.Но,малку ми е параноично да постојано се мисли дека те провоцира,те брецка,ти мисли лошо,а не се размислува дека,сепак за нејзиното дете се работи,па фала богу дека нешто ќе ја засега и интересира,затоа што му (ви) мисли добро,но не го знае правиот начин да ви пристапи.А плус,тука се и генерациските разлики.Ама како и да е,со својата мајка ќе влезеш во конфликт,но нема да го земеш за зло и ќе заборавиш,а тука...секогаш се памти,што е малку глупаво. Лошо е што некои од вас не си ги сакаат свекрвите,а ви готват и перат и чистат,ама ете од не знаење,можда и малце простотилук ќе одвалат некоја зеленка. Лично за себе,сеуште немам свекрва,освен потенцијална мама(иако никогаш нема да ја викам мама).Ја почитувам,иако никогаш не била лицемерна и не ме полажала дека ме сака.Си ја знам што човече е и знам дека може секакви да ја фатат,но навистина се трудам да изградам коректен однос уште сега со силен нагласок дека нема потреба од особена блискост,освен ако спонтано не се наметне.Иако,на почетокот инсистираа сите да ете јас да им одам,да се дружиме,да ме запознаат,но со текот на времето им стана јасно дека ова не е 18 век и дека немам такви намери дур не стане навистина сериозно,да не речам прстен да се закачи,па дури и тогаш дали така ќе биде.Таа се труди после се и се извини за работи кои ги направи,иако никогаш не сум инсистирала на извинување.Само...јас го гледам проблемот и го гледам и признанието.И спуштам повремено кога ќе претера,ама гледам да е на културно ниво.Во секој случај,не може да го скрие задоволството кога синчето ќе и дојде дома после одмор или кога тие ќе се вратат од одмор,дека бил испран,вкусно нахранет,па го подпрашува што планирам со факултетот,па после него (според неа,тука мора совршено да кореспондираме) и мило и доаѓа кога ќе слушне дека има уште малку или ова или она сум направила. Сепак односов не е комплексен,ако има здрав разум на двете страни,но сепак мислам дека на нас помладите повеќе се смета на здравиот разум и ние сме тие кои го држат балансот.Што затоа што имаме повеќе нерви,што затоа што сме деца на новото време и повеќе знаеме и разбираме,што од почит кон постар.
После моето искуство, неубаво, морам едно да заклучам. За тоа каков ќе биде односот снаа и свекрва битен е мажот односно синот. Не верувам дека постои психички нормална особа која би го оделила синот од мајката, во смисла: Сега си ми маж заборави ја мајка ти и татко ти и сестра ти. Тоа треба да си монструм за да го направиш. Е сега според мене секое синче треба пред да стапи во брак да си седне со неговите, и ако веќе решат да жиеват во заеднца, да им објасни дека таа жена ја одбrал да му биде сопруга и мајка на неговите деца. Не треба да се инсистира на љубов безусловна. Па не ги родиле снаите за да ги сакаат. Доволно е само да се има ПОЧИТ и од едната и од другата страна. А ако мажот е мамино галениче кое гледа дека жена му пати, дека психички е малтретирана од неговите, и си трпи во смисла Не можам јас со моите да се замерам заради тебе, тој не е ни за брак, ни за живот со него.