Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    но, не секој го може тоа, има многу фактори кои влијаат на таа одлука, факт е дека најубаво е да живеат сами младите, ем ќе нема кавги меѓу снаа-свекрва, ем сите ќе се среќни, ем никој нема да им се меша на младите, е затоа можеби сите млади чекаат прво да се осамостојат, па после тоа да мислат на мажачки, што донекаде се и во право ;) исто така нормално е дека треба да се има почит кон постар, и неможе да бидат на исти ум жена од 30 години и жена од 50 години, но некогаш и се претерува и од страна на свекрвите и од страна на снаите, не се секогаш снаите или свекрвите криви, а поглем факт од тоа дека мажот е најкрив нема :) значи тој е тој кој треба да воспостави ред и мир во куќата... а бидејќи тоа се случува ретко, најдобро решение е доколку се има можности сами и раат глава од се :lol:
     
    На Anyshka и pikolino им се допаѓа ова.
  2. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.094
    Пол:
    Женски
    ја претеруваш од мравка слон правиш :^) па жената само се пошалила за косата што е то толку страшно??????? и седниси поразговарајси со мажти (мислам ако те слуша |( ) само со него овије проблеми можиш да ги решиш ,,ако је ова некој проблем ццццц,, со никој друг
     
  3. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    едно е да се шалиш,а друго е да фатиш на некој му ја делиш косата на два дела и префрлаш преку рамо да не виси од зад грб.....реално која ми ти е она да ми завлегува во личен простор и да ми се брца во коса,моја е како сакам ќе си ја носам,ама таква е жената ме доживува како свое дете а бидејќи со синовите исто си се понаша(кога ја трпат кога и подвикнуваат,ама важно она да си каже како треба според неа)сака и со мене и трпам некако ама ете морам да се издувам и пишувам...на моменти си викам ај премногу и обрнуваш внимание ама кога почнува да ме чепка и да ми чепка работи па тоа навистина нервира(додуша овој пат како се дојдени на гости не чепка толку виде што имаме се минатиот пат сега ни се меша во преуредувањето на предметите,тоа што и е корисен совет го примам фала и ама другото KANTA.сепак нервира да ти соли памет некој за се и сешто.
     
  4. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    за се се криви М'ЖИТЕ НАШИ. колку сакаме може да ги кривиме старите ама они се такви , и ако синот не направи со нив човечки муабет бадијала ееее ... колку сакаме може да се тегаеме ама демек се мажи а немаат м*да да и вратат на мамичка и татичко.

    Треба таквите мажи да ги собереме и да ги запалиме на клада ко вештерки порано што палеле. :devil:

    АКО НЕКОЈ МАЖ ТЕ САКА И ПОЧИТУВА И ДРУГИТЕ КЕ ГО ПРАВАТ ИСТОТО,А ОДНЕСУВАЊЕТО НА СОЖИТЕЛИТЕ Е ПАРАЛЕЛНО СО ОДНЕСУВАЊЕТО НА МАЖОТ.

    Епа штом е така жени не ни преостанува ништо друго освен да имаме челични јајници!!!
     
    На Anyshka и Ethrnity им се допаѓа ова.
  5. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    RESPECT!!! Ова исто ко јас да го имам пишувано... значи не се трпи веќе еј!!! Се меша во се!! И кај што треба и кај што не треба.. преку се веќе нека оди... мајка ми не ми се меша и не ме испитува толку колку што ме испитува и ми се меша таа.. а не живееме дури ни во иста куќа!!!

    Еве ситуација вчера.... се договараме одиме на Св. Никола и тие чекаат и моите чекаат.... и јас му викам на мажот ми прво ќе одиме кај твоите па кај моите.. ќе одиме кај 7 ќе седиме еден саат дома ти па ќе одиме кај моите околу 8 таму ќе седиме 30-40 минути и ќе си бегаме за да го капиме бебушот.. пошо детето си има ред фатено и секој ден го капиме во исто време т.е. во 9 си заспива после капење и си спие до сабајле... а отидовме толку рано за да избегниме гужви да го видат тие детето.. да не стои детето во сто луѓе за да не насти ако има некој настинат итн итн.. и одиме.... и седиме и седиме и седиме и јадевме и бебушот јадеше и заспа бебушот и седиме и седиме дојде 8 сатот јас вријам да заминиме мажот ми се прави дека не треба да бегаме.. 8 и 30 јас уште ќутам и седам стана бебето уште седиме.. 8 и 40 и му викам на мажот ми.. треба да одиме кај моите вака ако имаш забораено да те потсетам... и тој као демек ЛЕЛЕ СКРОЗ ИЗУМИВ ТРЕБАШЕ ВО 8 ДА ОДИМЕ БЛА БЛА БЛА... и згора на се.. мајка му вика.. наљутена ко дива свиња.. АХА ОДИ СИНКО.. ОДИ СО ВРЕМЕ СИ ЗАДОЛЖЕН.. ОДИ ТРЕБА НА РАПОРТ ДА СЕ ЈАВИШ.. ВИДОВ ЈАС КАКО ДОЈДОВТЕ ВИЕ ТАКА НА БРЗИНА .. ЈАДЕВТЕ ОД НОГА.. А СЕ ЗНАЕ ДЕКА СЕ ЈАДИ СО СИТЕ ЛУЃЕ НА МАСА.. ОДИ СИНКО ... НЕ МОРАШЕ ДА ИДИТЕ .. ЈАС СЕГА ВАКВА ГОСТИ ДА ЧЕКАМ... еј АЛЛЛЛЛЛЛОООООООООООООООООООООООО!!!!!!!!!!!!!!!!!!! :fubar: :fubar: :fubar: И мажот ми не вика ништо јас по природа ќутам и не враќам.. и и се јавив на мајка ми фино лепо и и викам.. мамо ние не идиме вечер... а мајка ми и сите што ја знаат сверква ми знаат каква е .. и ми вика мајка ми.. добро не идајте ќе ти донесам јас утре јадење дома...

    И мајка ми и госпожата знаеја дека и кај едните и кај другите ќе се задржиме еден сат и ќе си бегаме... ама тоа е... за се е крив мажот ми. Таа е диктатор во таа фамилија.. ги командува никој ништо не и вика сите и ќутат и.. има еден збор нашла па зашла... ама тоа е.. ќе и дојде крајот еден ден...
     
  6. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Јас имам пробано да разговарам со мажот ми и секогаш тој разговор завршува со жестока караница... одиме на ручек кај нив... јас се осеќам ко најголем дебил на светот ми става да јадам само салата во чинијата и ми вика ова е за тебе за ручек... јес да имам дебели нозе и голем газ ама не ме викај бре на ручек ако сакаш да ми го извадиш низ носот.. и си бегаме дома и му викам на мажот ми... добро бе на шо личеше она мајка ти го ми го напрај на ручекот? Што сум јас свиња? Клинички случај? 200кг свиња за колење? И тој на сето тоа ми вика.. што направи мајка ми!?!?!?!? А СЕДИМЕ ЕДЕН ДО ДРУГ!!!!! И почнува мајка ми никогаш тоа не би го направила, јас да видев ќе и речев нешто, само измислуваш итн итн... бев бремена.. кога и да ме видеше ми викаше.. како си ти, се тркалаш? Мажот ми и тоа не го слушаше.. му реков дека ако не застани на моја страна и не почни да ме брани дека ќе се разведиме немам потреба јас да ја трпам мајка му... отиде дома му се искарале наводно.. ја држеше тоа една недела сега пак е истата... џабе ти е се..

    Верувај ме.. кога еден човек кога и да те види ќе му си трн во око.. или ќе те боцка постојано и постојано... само воздух да земи после извесно време ќе ти пречи и ќе ти смета.. значи на жената многу и има згрешено сверкава и пошо така изреагирала за косата. И јас ја подржавам пошо истата ја имам и јас...
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    TheEkaterina добро, се' ова во ред, во право си ама наместо да се лутиш на свекрва ти треба да се лутиш на маж ти.

    Свекрва ти да не ве врза случајно кај неа? Зошто ти ќутеше кога виде колку е саат? Зошто не му рече на маж ти? Фино лепо ќе си го земеш детето и ќе си станеш. Не ве сфаќам искрено. Повеќето како да немате воопшто комуникација со партнерите. Јас не сум во брак, имам долга врска ама како може ако сме се договориле нешто со дечко ми он да ми измрда и да се прави на тошо или обратно, јас да се правам паметна? Или сте премногу добри или сум јас премногу лоша, има нешто. Ем ви смета нешто, ем ќутите и се пукате од внатре. Зошто? Нема ништо лошо во тоа. Јас да бев на твое место, кога ќе видев колку е саат ќе му кажам на маж ми ајде толку и толку е саат мора да одиме. И не чекам повратен одговор зашто се работи за договор од претходно, само ќе го потсетам и станувам. Крај. А свекрвата ја игнорирам исто како ништо да не кажала. Просто и едноставно. Освен ако на мажите не смеете да им речете ништо. Не викам дека твојата ситуација е таква ама јас знам и такви примери.

    Значи не те осудувам, погрешно е тоа од страна на твојата свекрва, во право си ама решените не е во нервоза и омраза кон сврекрвата туку да му спискаш на маж ти.
     
    На vickyy90, zalosna и bittersweet им се допаѓа ова.
  8. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Му пискам јас на мажот ми не му ќутам.. ама проблемот е тоа што тој е премногу заштитнички настроен спрема мајка му.. значи само спрема мајка му.. таа му е на прво место ни јас ни детето никој само таа.. и не трга прст од главата па не знам што да е.. кога му запретив дека е крај дека готово ќе се разведиме само тогаш и рече нешто што не знам.. иначе шанси нема.. мамина маза .. како што ќе рече мама така..
     
  9. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.181
    Jac мислам дека си и го исполнила срцето,кога си се откажала од одење кај твоите.Hе разбирам како тоа твоите помалку заслужуваат да бидат испочитувани од твоја страна,за разлика од на сопругот родителите?Tие се твои какви се такви се,твои се :P исто и за сопругот неговите важи тоа,мегутоа некој по родител да се прави,па уште да си зима за право како мало дете да се дрецка оти TAA е поважна од било кој е мало морген..не сакам да солам памет ама не си требала ни да размислуваш околу тоа дали треба да одиш кај твоите или не,а ако и твојот на три ипол се правел си требала да му кажеш ако моите не те засегаат толку ,мене DA,идам сама ти седи си овде.толку.A според ова сопругот ја покажал почита пред се кон тебе,како негова жена,а потоа спрема твоите родители.
     
    На Anyshka, jb82 и TheEkaterina им се допаѓа ова.
  10. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    луѓе не знаете како е да се живее со вакви мажи(да бидам груба емоционални дебили),вчера сакам да и јавам на тел.на мајка ми дека ќе ме однесе до кај неа на гости и седнав баш на двоседот до влезната врата на спалната на неговите а таму мајка му да заспала,и јас дигам тел.и он ми шепти нападно не се јавувај,не се јавувај мама спие ќе ја разбудиш(обично гласно зборам,но откако ми кажа спие само сакав на мајка ми да и речам доаѓам и толку).....јас ја разбирам екатерина.....решение е или да си легнеме на брашното зошто вакви мажи не се менуваат и кога ќе ги нема и мама и тато еден ден они пак ќе си речат како би ми рекле мама и тато и така ќе прават или развод.....јас сум преразочарана од однесувањето на сопругот на моменти,мајка му му е мајка и си е таква зошто синот е незрел,несозреан и кога се оженил не рекол јас се оженив,ја најдов жената со која сакам семејство да направам и од утре сум свој човек а таа моја сопруга,ама тоа е :( после зошто имало толку разводи,ќе правиме статистики.....
     
    На Anyshka, butterfly.mk и TheEkaterina им се допаѓа ова.
  11. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Тежок е заеднички живот како со родители од сопругот така и со сопствените родители.
    Сепак, морам да кажам, дека на почетокот сите се замараме со сите ситници и глупости во животот.
    Од кога ќе дојдат деца и ќе се преокупирате со нешто сосема друго, во животот ќе немате време да ги анализирате сите постапки на свекрвите , па дури и сопствените.
    Со ова не сакам никого да навредам, ниту некого да поучувам или судам, само од лично искуство најдраго би препорачала до сите млади снашки, да не си ја трошите љубовта со сопругот на анализи што рекла свекрвата/што кажала јатврата/золвата...кој како погледнал кој кого повредил. Верувајте од искуство, после неколку години ќе се прашувате зошто емоционално сте се трошеле за такви работи кои ќе ви изгледаат како глупости.
    Животот е краток, годините брзо ќе ни летнат, ќе дојде време кога ќе треба со многу многу посериозни работи да се соочуваме....затоа :inlove: со мажите и уживајте...во едно уво влегол муабетот на свекравата од другото уво излегол.
     
    На lady.v, Annath и Moira им се допаѓа ова.
  12. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Екатерина, се изнервирав и јас од твојава свекрва. За одење на слава кај твоите, само ти си виновна. Ако сте се договориле така - така треба да биде и готово! А ако си ја знаеш каква е - тогаш сте требале во обратен редослед да одите: прво кај твоите (ете пак нека се 40 мин), па кај неговите 1 час и кога ќе дојде време за бањање, свекрвата ако сака и од земја нека се треска - тоа е!

    А за ова со јадењето, особено ме изнервира свекрва ти. Знаеш ли јас што би направила во таква ситуација? Како што кажа ти и маж ти сте седеле еден до друг. Таа ти ставила салата тебе, претпоставувам и на маж ти му ставила од јадењето. Јас би ја зела мојата чинија и би ја сменила со таа на сопругот, СИТЕ да видат, и ќе си продолжам најнормално. Ако настане драма, станувам, земам детето и си одам!!! А сопругот, ако сака нека дојде со мене, ако сака нека остане кај мајка му, може ќе му даде и да цица!
     
    На Anyshka, SV1911 и TheEkaterina им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.215
    Допаѓања:
    124.432
    Пол:
    Женски
    Само за болдот! Јас би си станала , би си отишла ни а ни б. А после дома ќе има разговор во кој многу ќе биде спомнуван зборот на Р!!! Гуска искомплексирана свекрвиште одвратно!!
     
    На TheEkaterina и tessie им се допаѓа ова.
  14. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Полошо е да одевме прво кај моите... тогаш ќе настанеше скандал... зошто прво кај твоите? Оваа е ваша куќа треба да сте кај нас.. што барате кај твоите? Кај моите не отидовме затоа што немаше време за бебето требаше да се капи.. јатрва ми која ја сакам и почитувам не и ќути... и заради ваква тортура заминаа со мажот и да живеат Србија.. секоја втора недела одеше таму.. па се преселија Германија.. и нема да ви се верува ама има 6 месеци како се преселени таму а оваа од тие 6 месеци 4 пати по една недела е одена кај нив.. и се враќа напиздена и накурчена како на синот му била магија направена од жена му да не ја сака мајка му, како не ја почитувал, не ја сакал... па ја отру жена му цел живот нормално дека ќе се освести.. човекот ја сака жената повеќе од мајка му не како овој мојот дебилот мама па мама!!!! :fubar:

    Пак ќе кажам крив е мажот ми за се.. јас и ќутам само од почит спрема свекор ми пошо чоекот е душа значи подобар од него нема.. ама оваа го има потиснато кутриот како маж не се осеќа веќе.. Ние со нив не живееме во иста куќа а постојано доаѓа кај нас секој ебан ден и кажува како детето не требало толку да јаде, како не било доволно облечено, зошто му е креветчето тука, зошто спие без музика, зошто немаш ручек направено, што ќе јади мажот ти кога ќе дојди од на работа, како можиш време да немаш јас тоа не го разбирам, ќе најдиш време, зошто си така облечена за низ дома.... :puke:

    Кога ќе се погодат со мајка ми две заедно дома... не и до дава бебето да го земи в раце па не знам што да е... мајка ми ретко доаѓа еднаш во неделата и кога и да дојде мајка ми оваа пред нејзе е тука.. а знае дека ќе дојде пошо мажот ми и кажува со криење два пати на дело го фатив кај што шетпи со нејзе као демек дојди иде оваа.... :@

    Спас нема... да си умриш и мака да не ти е..

    едит: Најлошо е што таа секогаш се претставува како жртва и глуми жртва а мажот ми паѓа на тоа.
     
  15. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    ekaterina маж ти е крив, ама и ти си крива, зошто? абе зошто да и ќутам? кога ќе се навијам, има да не сака уште еднаш да дојде, која е таа така да ми прави, што ако е мајка на мм треба да и дозволам на глава да ми се качи? да и дозволувам така да прави со мајка ми, да не и го дава бебето, море има од раце да и го земам, што таа не е баба? да ми дава салата да јадам, море има на неа да ја дадам, ете земи јади, јас тоа не сакам да јадам, и јас ќе го земам нејзиното јадење... ајде маж ти мамино галениче, теле е уште... ти покажи малце заби, не можам да сфатам зошто така да давате да ве газат и така да ви прават, па вие нели сте луѓе? покажете малце заби....
     
    На Anyshka, pikolino и tessie им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.215
    Допаѓања:
    124.432
    Пол:
    Женски
    А зошто му кажуваш на мажот ти кога ќе дојде мајка ти предвреме. Штом сте оделно колку едната и другата може да си доаѓа па и ненајавено. Глупости. Почни да не му кажуваш на маж ти дека ќе дојде мајка ти, викај си ја почесто, а видиш како ќе се сменат работите. А на тој твојот папочната врвка со време кини му ја инаку тешко тебе ќе биде.
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    А да ја седнеш ти неа убаво и да и кажеш дека џабе провоцира, џабе вреѓа и дека ако се надева дека ќе те натера да се разведеш од маж ти, гадно се лаже? Не се расправај со маж ти поради неа кога е јасно он чија страна ја завзема, паметно одиграј, полека потисни ја од твојот живот. Штом знаеш каква е, пречекај и ги нападите спремна и не и преќутувај ама и не прави драми за да не те претставува она тебе како лошата, нервозната или лудата.

    Дефинитивно! Нека доаѓа мајка ти почесто, нека ти биде сојузник, договарај го маж ти да одите кај твоите на гости, ако имаш брат или сестра посетувајте се со нив, нека биде твоето семејство повеќе вклучено
     
  18. hapy

    hapy Нов член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Ги прочитав сите мислења и сите донекаде се ок. Ако гледаш од страна на свекрвата , ако си еднострана и себична карактерно како што се 99,9 % од свекрвите а истовремено и исфрустрирани што се свекрви секоја снаа за нив не чини и да и се наогааш во добро или во лошо. Ако пак си од другата страна ем си во нови односи влезена ем немаш подршка од никого ( сопруг) ете ти тогаш фрустрации и од страната на снаите. Резултат сите нервозни, мислиш животот ти станал пекол. Доколку ова го чита некоја од феминките а која е свекрва, би сакала да размисли која и била смислата кога го родила синот: да биде единствена жена во неговиот живот ???? или треба да биде горда мајка која дочекала нејзинот чедо да биде свој човек, почитуван сопруг и уште повеќе сакан татко. Јас имам керка и син сеуште се мали, но усте сега отворено го учам синот дека доколку го дочекам денот син ми да се ожени (а не свекрва- тој збор ми е антипатичен) доколку постапувам на начин што не е долично им ствара нервози исл., отворено да ми каже и да се најде правилно решние ,а не само алапачирање изгубен о време, пари и нервози.
     
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.359
    Стварно?!? :?:
     
    На tessie и lolyta777 им се допаѓа ова.
  20. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    vichy мила мојата е таква,имам пишувано дека уште не земени рипна да се кара зошто сум рекла дека бил мој(со подзатворени очи и смрштено лице,со тон како кон најголемиот непријател ми рече "Твој или мој"),kako да се бориме за некој медал или трофеј,ненормална работа. |(
    Не може да сфати дека синовите и пораснаа и дека сега она веќе не е на првото место,има друг кој е поважен жената и ќерката.А никој не и дал повод и причина за таквото однесување,не е оставена ни за 8ми март,ни за роденден,дури и кога бев бремена маж ми што ке купеше за мене за стрвост морав да и дадам и на неа да пробала греота била,не само за тоа и за било што друго да не набројувам ситници народ е ми се чуди.
    А сестра и нејзина на синот му го упропасти животот 4 жени смени и од сите успеа да го оттргне го влечкаше по пазари со неа,по слави,по гости,сите начини ги примени само да го разведе од нив,и успеа.Е сега со петава жена добро е скоро 6 години се во брак.Тоа им е во генот такви се не можат да се одделат од синовите,и снаите им се смртни непријатели и противници.