Собери си ги тоа нервите и подрасмисли здраво. Таа свекрва ти од ваква тортура може да те поремети психички па утре ти да бидеш прогласена за нестабилна личност и да ти го земат детето. Мани ја таму, само гледај маж ти да го придобиеш, тој ти е најголем сојузник во моментот. Не ја напаѓај свеки пред него, оти така го лутиш, политички среди ги работите.
подршка од родителите на маж ти немаш од маж ти кога како,па ти на сама себе биди си најголема подршка.нема што да се потресуваш,што те пријавила ама баш ич да не регираш,и како прво престани да ги мачиш твоите со тоа што ти прават,едноставно не дозволувај тоа што ти прават да ти влијае на среќата со твоите детенцето итн,со маж ти ако се средат проблемите ок ако не не е до тебе се,бракот е за 2ца не за цел чопор и расчисти си со себе прво а после со сите нив ке ти биде леснотија на пр.сакаш кај твоите на гости ќе си се спремиш и ќе кажеш одам на гости,и толку ќе си отидеш ќе си поминеш убаво ќе си се вратиш итн кога ќе видат дека воопшто не ти значи се што ти прават ќе престанат да ти досаѓаат,а и ако стане неиздржливо секогаш има каде да си заминеш и дека детето ќе растело без татко ич да не мислиш тоа од тебе зависи со кого и како ќе расте детето,ама независно и со кого ќе е ни детето ни ти не сте должни да сте несреќни
неколку страници поназад ти имам напишано дека не ми е јасно како дозволувате така да ви се меша свекрвата? тоа мене не ми е јасно... абе која е таа да го прави тоа? што нејзино е детето или твое? ќе те пријавила во полиција, може само за гаќи да ти се фати... што ќе каже во полиција? снаата го однела детето кај нејзините без наше знаење, не полицијата и цел град ќе и се смее ништо не ти може со полиција... нека најде друг начин на заканување, тоа не бива... зошто ти не си одиш кај твоите? што чекаш? несакаш детето да биде без татко, а тој татко те жали ли ТЕБЕ, за ти да го жалиш него? детето посреќно ќе биде така, отколку да расте во семејство каде се ќе му биде забранувано и каде ќе го вртат против тебе, тоа го сакаш? размисли малце за детето... и баш ме интересира дали ако си одиш маминиот галеник ќе дојде по тебе... и не дозволувај да ти го забрануваат тоа, ти кога сакаш тогаш ќе си одиш и кога сакаш тогаш ќе си одиш дома, нема кога сакаат тие... покажете малце заби а и не ми е јасно што си барала да и дигнеш кога гледаш дека таа звони или пак кога ти го рекла тоа кажи и не ме замарај на гости сум, кога ќе си дојдам тоа да не те интересира, и има во 12 вечер да си одам, па да видам тогаш што ќе прави...
Не сакам да те осудувам, но стави се на на мајка ти местото, дали кога ќе порасне детето би била посреќна ако тоа е со татко, но ти повеќе да не си го гледаш, и да имаш забрана од некоја си никоја и ништо? Ако е така тогаш ужувај си со свеќи и со мажот ти и со ветото...
Разговарај со мажти ако сте во можност да испаднете под кирија на некое време, ова твоето тешко кој би можел да го издржи, ако несака да испадне од кај мамичка детенцето во рака и на неколку дена оди кај твоите да можеш психички да се смириш и да размислиш дали вреди среката на двоето детенце да ја жртвуваш во таква фамилија постојано со тортури
. Многу пати разговарав со мм за проблемот со мајка му и добивав одговор само вака „Де престани,се ти знаеш се ти си во право. Не очекувај дека ке се расправам со моите , сакаш да си одиш оди си мислиш ке ме исплашиш , оди ама детето ке го сонуваш не ти го давам„ ... Еднаш беше се скарал со свеки и ми вели ние одиме под кирија па ни твоите ни моите нема да идат, му велам нп кога сакаш оди кај твоите ама и јас кога сакам ке одам кај моите. Со кое право ми брани да одам кај моите? Па и сам велеше дека како моите родители секој би сакал да има , дека се добри , никогаш не се расправале ... а неговите мене душа ке ми вадат и пак „добри се„. Абе од вакви мамини мази човек да пукни му иди од мака. Подршка кога како ја имам од мм ама повеке е ретко да ја имам. Кон мене се променуваше само ако мајка ми зборува со него но последниот разговор што се случи мм ми рече „Мајка ти сака да ни го растури бракот„. Па која мајка сака детето да и е несреќно (напоменав дека за да бидеме заедно мајка ми тоа ке ја чинеше живот, и дур сите беа против нас таа не подржуваше). Се плашам само да не ми земе старателство врз детето зошто се во поголема финансиска состојба од моите и дека имаат многу врски со некој државни службеници
не сака да разбере океј, ајде теле е, ама ти што уште седиш таму? ти си повеќе крива, што му дозволуваш тоа да го прави, да те команда како што му душа сака или поточно како што на мајка му душата и сака... ти се заканува се океј и тоа, ти оди си кај твоите, вработи се, кога ќе ти го земе така... детето скоро во сите ситуации е со мајката, освен ако мајката не се откаже од него... само ако дојде до тоа, ќе ти требаат доста финансии, ако има толку врски како што велиш, имаш и апелационен и врховен суд, таму има правда... само да не дојде до тоа... нема што да чекаш, колку повеќе чекаш, толку потешко си правиш и за тебе и за детето... размисли малце, таков живот немале ни тие во средниот век...
Вработена сум и јас но ете деновиве немаме работа овој месец едвај 6000 ке земам плата моите со нивните примања им помагаат на снаата и децата зошто снаата не оди на работа а со платата на брат ми неможат да излезат на крај,другиот брат па ич к*р не го боли за нас идната му жена си го присвоила и уште неженет и ја дава нејзе платата . Размислував на тоа развод,старателство ама како кога немам доволно финансии за адвокати , судови ... а овде месечните примања за 6 члено семејство се 65000 до 70000 месечно а кај моите 30000 се вкупно значи помалку од половина од овдешните примања.
Aко не си во ситуација да промениш нешто,а верувам дека можеш,тогаш не ти преостанува ништо друго освен да си седиш и трпиш.
многу сум тажна...се прашувам како мама и тато на синето нивно-маж мој не разбираат дека пречат во нашиот живот?дојдени се од странство на поседок 3месеци(досега еден помина некако)и помагаат по дома навистина премногу но во се да се мешало,мајка му главно,кујната не си ја препознавам откако она навлезе и се заборави со нејзините готвачки вештини,се труди ја гледам,но несмасна е расфрла насекаде,така останува,во салатките редовно влакненце нејзино е додаток,чиниите од напред измиени од позади што се подзалепило останало а да немаат каде да преседат +уште еден стан имаат во скопјево на 15мин со кола или 30мин пешечење од нас и куќа цела од градот кајшто се родум,и еве денес требаа таму да заминат за нова година да чекаат таму и толку се радував што конечно ќе си ја зачистам кујната и еве дождов досаден ги премисли да не заминат сакам совет мислење од вас дали сум во право што ми пречат иако станов е нивни и како да сфатат дека ги сакам и ценам како родители на мојот сопруг но во иднина не сакам да продолжат да ни се мешаат во приватноста особено мајак му кој за тоа вади изговор не те бива за домакинлук толку и син ми губи време да обавува домакинлук што така е но тоа е наша работа,како јас ли ќе се научам/прилагодам на новиот начин на живот ако секојпат кога ќе згусти трча мама да се меша во се подома(а што си има таков карактер да дрнда и наредува уби боже е,параноично нападна жена,ај препишувам на годините)?
Е за три месеци, стисни заби. И што се замараш, нека се расфрла по кујна, пушти ја нека си работи низ дома, а инаку што би правела друго. Ако седне да те муабети ќе се раскарате...вака остави ја.А за чинитте постои машина за садови.
во право си 3 месеци ај ќе поминат додека трепнеш,но друго ме загрижува имаат и син со странство и главно таму остануваат подолго и се врткаат периодично и кај маж ми и како почнаа прво со недела-две неколку пати па месец дена летово и милсам дека тогаш се збудалев со мајка му и сега еве ги 3месеци а од летово што следи планираат да се вратат,за татко му немам замерка разбран човек е претпоставувам ќе си сака дома да си седи во градот од кајшто е,ама мајка му никако да разбере син и се ожени си има свој живот и се секирам дека ќе сака да си остане залепена со син и,а мене некако никој не ме прашува што мислам син им со нив одлучува и после само ме информираат кога ќе решат дефинитивно и толку,се осеќам како заробеник во 4зида,други одлучуваат,командаат со мојот живот ама баш за се
жено зошто не го седниш мажти и не му кажиш што ти пречи кај свекрвата и после тој да зборува со неа ....неможам никако да те разберам .... што ако овде пишуваш а на машти не му кажуваш .... вака ако продолжиш можи да ти биди само полошо и живци че изгубиш и се
штом е таква работата најубаво би ти било да се консултираш со некој адвокат или пак да одиш да прашаш во центарот за социјални работи, таму мислам дека е и бесплатно... во меѓувреме доколку можеш да си најдеш нова работа би било убаво... но штом работиш многу тешко дека тој ќе го дибие детето... ако не поради тебе, бори се поради бебчето, не вреди тоа да расте во таква фамилија каде ќе има нервози, кавги, каде ќе му биде забранувано да оди кај баба му, тоа ли е живот? извади го детето на правиот пат, бори се за него, не дозволувај да го проживее сето тоа, штом имаш и подршка од дома, немој да се мислиш, само прво распрашај се убаво за твоите права, што и како, без знаење на овој твојот... и немој да се предаваш лесно, овозможи му на детето убав живот, ти си мајка и треба да го направиш тоа, само храбро, секоја мајка го може тоа, нема ништо појако од мајчинската љубов
Боже боже боже дај ми трпение ТРПЕНИЕ СПАСЕНИЕ , нашава госпоџа демек неможеше да се качува по скали ... Мајка ми,татко ми,2та брата и снаата за роденденот му имаа дадено на син ми 300 евра . Арно ама јас не ги потрошив му ги чував во заштедата , а нашава госпоџа ги надушила кај се и постепено си ја празнела касава.... ММ денес побара од заштедата да му купи кола на акомулатор и му кажувам кај се оди и за 5 мин се врака и ми вели „Ти се шегуваш со мене? Па таму има само 100 евра и 5 илјади во денари кај се другите?„ Свеки мртва ладна ... Му велам како бе толку пари таму се и другите и станувам одам да проверам и што ке видам вистина , збеснав полудев куката во вис ја дигнав , почнав да барам на секаде никаде ги нема шок ме фати зошто имаше 1000 евра и 32 000 денари а сега само 100 евра и 5 000 денари . Додека барав свеки решила да ни ја каже вистината и доага в соба кај мене и мм и ни вели „Деца небарајте јас ги потрошив парите „ „ Бев должна кај една жена и се раздолжив , а друг дел од парите ги дадов на една жена која ми ја предвиде иднината (некоја циганка која шетала од кука на кука).„ ММ полуде почна да и вика и вели „ти си нездрава,си полудела зар уште со магии се занимаваш,зошто од на детето парите си зела за долг ?„. А свеки мртва ладна и вели „Па немав други а ми требаа и ги зедов„ . Значи како прво како смее да влегува во др соба, 2 како смее да зима пари без да праша , па и за магии ,бајачи и вересија да ги даде ЕЕЕЕЈЈЈ од на фнукот парите ... Мислам ке се поболам а мм тогаш за тогаш побесне и сега ми вели мајка ми ке ни ги врати . А како кога не работи веќе?
тешко тебе ако ја фати срцев удар ќе ги врати како не,ништо наравоучение ќе си ставаш пари во банка,бељата што е сторена сторена е ако ги врати супер ако не врз истурено млеко нема да плачеш и оттргање од неа,таа куќа со време ако не отидоа нервите предвреме