сакам и ја да имам пари да видиме свеки дал ке ми ги украде ке ги заклучам во кутивче, па во сеф, па во банка и ТЕРМИНАТОРОТ од иднината ке ми ги чува ама да имав пари
Да виновна сум што не ги ставив на сметка парите ама ете се случи. Не очекувавме со мм дека домашни луге би не ограбиле. Спојлер Само едно нешто не ми е јасно кај вас феминки... Ако некоја слична или иста приказна од животот сте немае вие зошто веднаш напаѓате со тоа дека некој друг е во прашање?
нема што да ве чуди, какви се луѓе шетаат по земјата оваа свекрва ти дефинитивно нема два грама мозок, јас на таква жена дефинитвно би ја задавила, па која е таа жити душа тоа да го прави, на кој ум е ццц и јас како една феминка што ти даде совет, пријави ја, па нека ти послужи како доказ за тоа што таа го прави пред судот, ако планираш да поднесуваш развод... а треба да поднесеш, бидејќи на тебе таму не ти се пишува добро а ме интересира што ти рече тебе мажот ти на сето оваа? како се понаша сега со мајка му? свашта има по светот цццц, човек да незнае од кој да се пази
А Мори свекрво синти изгледа цел живот ќе ти живее под сукната товоја од вакви како тебе си патиме поздрав
Не би сакала развод зошто мм да не е мајка му поинаков би бил. На пример кога таа отиде на неколку дена со свекорот за маврово јас и мм живеевме сосема поинаку. Немаше расправија , недоразбирање само разбирање . почит и љубов.А кога свеки е овде е сосем поинаков. Очигледно има некакво влијание свеки врз него или тој има страв од неа. Како и секоја вистинска жена ке се однесувам и нема да бидам детинеста заради свекрва да го оставам детето без еден родител или да се разведам. Ке траам се дур можам само се надевам бог ке се смилува. Знам ме осудувате дека и јас сум крива ама прво мислам на животот на син ми па на нејзе т.с нашите проблеми.Овде се изнакажав за на некој начин да ми олесни на душата. Спојлер Ако сите се разведувале заради недоразбирања со свекрва или свекор досега светот би бил многу помал
А демек тие што се развеле па макар и ради проблемите во бракот што биле предизвикани од свекрвата и свекорот не се жени?!? Само "напатените" душички кои од некои причини по секоја цена остануваат во брак се жени ?!? Многу навредливо размислување,затоа што за да се разведеш треба м*уда,за да останеш во брак по секоја цена и да се тешиш дека тоа е ради дете или било кој друг е себеубедување. Да ме пљачкаат во сопствена кука богами 100 пати ке размислам дали ке останам таму.Маж ми е ако е паметен ке дојде со мене,ако не слободно нека си остане таму.Јас работам за да му овозможам иднина на МОЕТО дете а не на моите СВЕКОР И СВЕКРВА. Од друга страна што би рекол татко ми-Пари се чуваат во банка не под перница на дофат на секој. Човекот е битие кое лесно паѓа во искушение особено па ако е и некој несовесен како твојата свекрва.Јас не знам маж ти како може да ја погледне т.е да седи во иста куќа со нејзе знаејки дека старката на НЕГОВОТО дете му ја потрошила заштедата и инвестицијата.Денес пари за играчка ,утре за факултет задрутре па и недајбоже за нешто посериозно. Али ти си знаеш.Читав негде низ твоите постови дека твоите не се во некоја најдобра финансиска состојба а и дека ти не заработуваш доволно за да можеш да се обезбедиш себе си и детето.Се надевам одлуката да останеш со сопругот навистина е базирана врз љубовта која ја осекаш спрема него и желбата детето да не расте во два дома,а не ради финансиската неможност да се одвоиш од него .
тема развод си има и таму кој што сака нека си коментира,она ко што ја читам досега само си пишува што ја мачи,инаку мене ми е исто како и на др.феминки навистина жал за неправдата што и е извршена но во голема мера си се таа и мм виновни бидејќи сите убаво заклучивме дека пари поголема сума не се чуваат дома а особено кога си знае она во каква фамилија влегла па тука и е ептен личен превид направен,нема врска и пишав јас над истурено млеко не се плаче,ум за др.пат и со внимание во таква куќа,такво опкружување итн.
Единствено што ми е страв е да не ми се одземе старателство. И како што реков мм е сосем поинаков кога свеки не е тука.
Ти кажав дека со пријавата за кражба во полиција ке ја направиш ненормална, како и со одењето по гатачки, па оттука и пред социјалното, ке се потпираш на тоа декасе е ненормалчно таму. Плус, во 99% од случаите, детете оди кај мајката кога е бебе, освен ако мајката не го злоупотребува
Еве да речеме профилот е вистински, и приказната и проблемите се вистински. Најдобар совет би ти бил (штом маж ти не е ист кога свекрвата е присутна и кога истата е отсутна): мажот под рака, детето во рака, парталите и да ве нема од таа куќа! Штом сте вработени - ќе се снајдете. Едно помало станче под кирија за почеток, скромно, но мирно и сложно да си живеете. А приказната: „трпам за детето да не остане без еден родител“ ако си ја повторуваш секојдневно, ќе дојде ден кога истото тоа дете ќе те мрази или во најмала рака ќе те обвинува што не си превзела некој чекор да излезеш од таа ситуација, бидејќи тоа е огромен товар за едно дете. Да знам јас дека мајка ми трпела се‘ и сешто поради мене - ќе се убијам! Ете толку е тоа тешко! А за ова ^ , само ќе ти кажам: тоа ти е лекција што скапо си ја платила! Ама тоа ти е, некој учи од туѓите, а некој од своите грешки. А има и такви, што никогаш нема да научат.
А можете ли во лп да ми оставите бр од адвокат? зошто јас незнам никој адвокат.Па да се распрашам околу случајов и дали можам да си дозволам адвокат,судови ... со мојава плата. Спојлер п.с ако има некој добронамерен па да ми помогне и финансиски а и психички
значи ти за тие два дена во годината(карикирам еве нека бидат и десет дена)живееш во брак :geek: извини budgettime,ама сопругот твој е далеку од прав маж.Tолку го тинтраш и жалиш,што дури си помислувам како и мајтап и двајцата да си прават со тебе.Eве јас ти давам предлог,земи на еден лист,со пенкало подели го на два дела,на едната половина напиши си ги сите позитивни страни и гестови на сопругот ,а на другата сите негативни негови,види што повеќе тежи(ама биди си искрена на самата себе)така ќе си знаеш дали вреди да се жртвуваш за тој брак и човек или си веќе жртва во таа куќа.
Budgettime, немој да мислиш дека слична приказна немале останатите членови,и дека поради тоа те критикуваме. Еве ти жива вистина, моите комшии останаа без златото кое наводно го чувале во спална соба. Без насилно влегување, очлигледно некој од нивните блиски „убаво ги олеснил“. Значи знаеме што се може да се случи и затоа ништо вредно дома не се чува туку имаш банки и сметки и имаш сефови на крајот.
Е луѓе ке полудам дефинитивно Оваа мојава свеки дефинитивно е за во лудница ... Па мајкла му стара полудела женава . Малку и е што се меша во се па сега и низ маала не збори за проблемите. Зборела за мајка ми и татко ми се и сешто,како јас сум била неспособна да гледам дете, како таа правела се (а под се подразбира само давање на јадење на малиот и менување памперс , ручек,леб перење и тн е моја раб). И на моја пријателка на свекрва и и давала совет како и таа да постапува со снаата . ццц е мм ако не превземе нешто дефинитивно ке го терам да избира мегу мене и детето и нејзе.
Додека ти се замараш со тоа кој што зборува ќе ти биде тешко. Гледај да се смириш, свекрвата да не ја мариш, и гледај да посветуваш повеќе пажња на домот и мажот. Не дозволувај таа да ти го рани детето. Зошто, зошто таа ?? Ти сама неможеш немаш време ?
Зато што јас сум на работа од 6 до 4. И ми е криво што не збори,како да некој ке ни помогне само ке ни се смеат.
тогаш вината е во неа, сепак таа е дома а ти парично придонесуваш за домот, и плус го одржуваш. а таа може и треба да ти возврати со тоа што ке го причува детето. сепак зборувај и со маж ти и со нема дека не е убаво тоа што таа го работи.