Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Moжеби некогаш сум подиректна но тоа некогаш и ни` е потребно за да ги сфатиме работите такви какви што се. Точно е дека и ти наоѓаш тага и неправда во многу нешта меѓу кои има и многу ситници, но и мажот е тој кој треба, со неговото внимание кон тебе и љубов и пружање на чувство на сигурност да ти ги оттргне мислите од тие работи. Да бил таков, ни неговите, ни станови, ни повици, ни девери ни чуда немало да ти паднат на памет, а не пак да ти расипуваат расположение.

    Самата рече си фантазирала врз основа на врската. Можно е некои особини и постапки во врската и да не си ги ни забележувала а биле показател на нешто што би можело да прерасне во нешто вакво во бракот од пуста желба да имаш убав брак и големо семејство со овој човек. Ама старите велат од секое дрвце не бидува кавалче и тоа може да не е по ничија вина.

    Најважно е да научиме да си простиме самите себеси кога работите веќе непоправливо не одат во добар правец. Имаш 30 години, ќе повторам, некои на тие години се`уште се во фаза на размислување што се однесува до брачниот живот. Имаш се`уште време да бидеш и среќна и исполнета сопруга и мајка, а штом господинов не сака, некој друг ќе сака.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Извини Виши ама мене ми се чини дека немаш што да правиш, досадно ти е па си измислуваш и преувеличуваш проблемчиња.
    Жено најди работа од 8 до 5 па ќе видиш дали ќе знаеш свекрва ти што правела денес.
    И со маж ти ќе ти се средат работите ти гарантирам.
     
    На Agrona и nena2010 им се допаѓа ова.
  3. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    е и јас барам таква раб.баш од 8-17х ама нема :D
    не е до работата,не ни до станот,не е ни до свекорот и свекрвата(иако па и не ми се омилени ликови во досегашниов живот ;) ) се си е до сопругот и многу други сопрузи кои мислат ја оженив ме сака она и вечно ќе ме сака,е не е така љубовта не паѓа од небо,во љубовта се вложува,се пружа и прима безрезервно за да од дена на ден таа расте и надминува и поситни покрубни тегоби што ги навлекува животот а од маж што мисли се оженив и толку си завршив раб.излегуваат вакви детски работи :( ,па потоа се читаме во дали да се разведам теми и др.теми што баш и не се лесни за тумачење но додека мажите ни се незрели несериозни и не сфаќаат дека со брак не завршува се во животот и толку тек дека во брак почнува се одново но со позрел пристап кон нештата,ќе не има мене разочарана од тоа и многу други.(и верувај работев порано и пак ќе работам но од 8-17х тешко бидејќи описот на раб.место не ми е таков за фиксно раб.време но нит тоа сменило нешто нит ќе смени нечиј карактер а уште помалку ќе направи некој да созрее прекуноќ и сфати дека влегол во брак,е што неспремен се впуштил во тоа па разочарал некој тоа е кој што си дробел тоа ќе си срка ;) )
     
  4. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    овај разговор мене ми личи за во темата дали да се разведам
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    А мене ова мислење погоре, како и сега моево ми личат на офтопик. Али ова е демократија, секој има право на свој поглед на настаните. :D
     
  6. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Реков нема да коментирам, навистина осеќам дека сите мои коментари се излишни и не можам да ве разберам...само да прашам
     
  7. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    епа нема деца,крај маж дете и жена што незнае да се справува со дете,па и она подетинува нема деца ;) и откако читнав дали да се разведам темите последни па и молам бог за захвалност што немало дете,тек тогаш што ли ќе сеум правела во старт 2деца за чување :) ,шала на страна fighter те сфаќам што не коментираш и јас на моменти не можам да си поверувам што доживеав од сопруг па и кога трезбено го прашав зошто ја смени бравата неможам само тоа да те разберам ми одговори мртов ладен се плашел да не си ја викнам најдобрата другарка која btw има 6месечно бепче и е самохрана мајка па не знае главата кај и е а не со мене да се журка,и плус мислел ќе си викнеме машко друштво,е по ова и јас немам коментар само џабе му 7годишно добро познавање и 70со ваков човек пак ќе го јаде црвот на сомнежот,додуша и мама и тато знаат да му ги подгреваат сомнежите,како и да е на сите едно големо благодарам-надвор од тема сме,ама тоа е :)
     
  8. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    580
    Пол:
    Женски
    Добро бе феминки зашо имате толкав ентузијазам да оставите впечаток на жени со крстот на чело.Дај не бидете смешни. Повеќе од очигледно е дека ниту свекрвите ги сакаат снаите,а и обратно.
    Шо е тука дилемата...не се поднесувале е добро де ни први ни последни не треба да ги бесиме некои жени шо јавно изнесуваат тука проблеми дека не ги сакаат свекрвите и им се одбивни.
     
  9. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    јас лично на старт на брак ко мајка сум ја сакала и нормално сум се отворила ко ќерка кон неа што е и моја огромна грешка,и не сакам да се правам со крст на чело,така сум сметала дека треба да ја доживувам но ете искуството покажало дека сум згрешила премногу што сум и поверувала и сум и се отворила за одредени проблематики бидејќи откако се искрснати брачните проблеми што пред се се меѓу мене и син и,она оп си се заврте и ми зари нож во грб и не пропушта прилика да нагласи нешто од тоа што сум и го признала во доверба,+проблемите меѓу мене и син и не ја ставаат неа во игра но она толку лично ги доживува џанам со неа ко да ги имам,и отогаш е во ладна војна со мене и е дополнително неподносливо затоа и се дрзнав да пишам дека ми е одмилена.муабетот ми беше не ми е мене од каприц да пишам вака така онака значи имало блискост/почит/доверба од моја стана кон неа за неа па и не се замарам кои и биле мотивите да ми глуми блискост а потоа штом почнат брачните проблеми она да ги злоупотребува како аргументи против мене,но згрешив шти и се отворив и тоа е научена лекција сепак човек учи додека е жив.
     
  10. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    За среќа немам проблеми со свекрвата. Во супер односи сме, а втора година сум во брак со маж ми. Зависи како се поставите и вие и свекрвите. Јас и свекрва ми и двете знаеме кога треба да премолчиме нешто. Мислам дека стрпливоста и почитта се клучот за добрите односи. Поздрав
     
    На kikav и SimonaTino им се допаѓа ова.
  11. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    ^Ама попот не рече дека од денес мажите не смеат да комуницираат со сопствените родители !?
     
    На kikav и tessie им се допаѓа ова.
  12. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Во заблуда си, не верувам дека останатите, уствари не знам за останатите ама јас лично во ниеден момент не сум рекла дека имам совршен живот или дека шетам со крстот на чело, ниту пак ја идеализирам состојбата во која живеам. Не значи дека ако коментираме,глумиме или сакаме да доловиме идиличен живот. Јас само сметам дека над 90% од феминките кои даваат овде совети многу ЗДРАВОРАЗУМСКИ размислуваат, тоа е се, и тука никој не глуми лудило.
     
  13. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    не рече тоа и никој не го брани,ама па и родителите на мажот не се тие кои одлучуваат што ќе работи снаата,кога ќе сака да проба за дете и дали природно или со помош на медицината-лекови и др.процедури,всушност бракот е за 2ца а не за цела фамилија во пакет тоа ми беше муабетот а кој со кој сака нека комуницира додека мојот живот е понастрана од наредби/критики/коментари итн,a и реално на родителите на мажот не им е место да се мешаат во мојата приватност,на крајот на краиштата они се само родители на мажот а со синот за што сакаат нека дискутираат додека тоа не завлегува во моја приватност.
     
  14. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    580
    Пол:
    Женски

    Види јас не кажав тендециозно Jанко,Петко Станко глумат лудило.Генерализирам,снаа и свекрва никогаш не се сакале,и нема да се сакаат.Има исклучоци секако бидејќи во животот не е ништо 100% сигурно и точно.Ама тоа е многу мал процент.Секоја чест за таквите :)
     
    На fighter и kikav им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.756
    Допаѓања:
    141.708
    Попот исто така вика и дека жената треба да ги напушти своите родители и да се приклони кон мажот. Вие сте 6мина во брак, недораснати две деца и мајки со пресилно его и нула толеранција кон другите.
    Се додека ти ја пршаш мајка ти за совет, а тој мајка му, од вас нема да биде ништо.
    не сте за брак и двајцата, а посебно еден со друг. Мислам дека кај вас во брак се сваќите, а вие сте марионети со конци водени од мајките. Замисли како би му било на вашето дете. Ке се изгуби у простор и време бидејќи тие што му се родители се неспособни сами да размислуваат со главата, а бабите инат ќе си тераат и преку него.
    Јас одамна ти кажав дека од вас не бива ништо, и те прашав кај си, кај мајка ти или кај маж ти сега?
    Но не ми одовори.
     
    На lady.v, De-lovely, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.227
    Допаѓања:
    124.500
    Пол:
    Женски
    Добро бре жени да ве прашам што толку сте зпнале со свекрвата да сте како мајка и ќерка?? Сте им се лигавеле пред да влезете кај нив, сте им се пикале ама не ви успеало? Аман бе доста веќе со тоа, јас во неа гледав втора мајка. Тоа ти е исто ко да го чекаш Дедо Мраз да ти се симне низ оџак во стан кој нема ни оџак а го нема ни Дедо Мраз. За многу работи самите сте си криви што до толку сте дозволиле. Гревчиња вие од почеток ангели, мамо сте им викале, леле леле, а бре што имам да ја викам мамо , знаете колку треба таа сомуни леб да изеде да можам ја да завикам мамо???? Или мислевте да и се пикнам на мајка му под кожа па да ме земе он за жена и сега кога со вас буквално метат подови како со крпи криво ви е па тешко ви е. Знам дека ова звучи сурово и дека многу ќе се најдат повредени и навредени ама факт е дека во најголем дел е така. Е па сега кој ви е крив што сте се зезнале де.
     
    На bibiiii, anggell, andromedae и 6 други им се допаѓа ова.
  17. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    драга Vichy после сите овие проблеми што ги имаш или создаваш сама очекуваш да останеш бремена, теско многу теско иде бременост кога организамот е под стрес, шансите се многу многу мали ,олади малку од свекрвата уживај си бе и не се замарај нека зборува што има да зборува ке види дека не и обрнуваш пажна и ке се поблече ,вака ти со твоето нервирање и даваш кураж секој ден се повеке и повеке да ти брчка по нервите олади од неа и труди се што повеке да уживаш во ствари кои те исполнуваат ,батали ја свекрвата не и обрнувај пажна стави ја на игнор и ке видиш како ке ти се промени животот ;)
     
  18. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    CKA-кај него бев т.е.ако може да наречам во нашиот стан,но ете ми се отвори работен ангажман(фала богу зошто не сакам никаква помош од неговите која потоа низ нос ти ја вадат и се фалат а тогаш како ние ви се најдовме,или ех ние да не бевме да помогнеме ќе се разведевте-а апсурдот е воопшто да не се мешаа и да дојдевме до развод од нас ќе си беше тоа а не вака мешај се они па и моите не се за фалење се мешаат кога гледаат како мама негова ме поставила ко крпа под нозе ко што пиша нена2010,така е моја кривица сум чекала вистинска љубов од неа,наивничката јас :( )значи работа која е прилично далеку од кајшто сум но од кај мајка ми е поблиску и му навестив дека е можно да заминам дома,не ми пререче само навечер ми искоментира нешто од типот празно ќе му биде без мене.криво ми е што толку замарав со проблемов но еве од мое искуство иако навистина верував во сакање меѓу снаа и свекрва,но еве гледам дека такво нешто не постои,многу ретко да се погодат и 2те истомисленички и да си најдат начин на разбирање.сепак јас не сум совршена за разлика од свеки и не го кријам тоа,не сум светица,но луѓе што се запознаени со моја проблематика коса им се дига од нејзиното однесување он мене ај сега да не се правдам што како сама сум си виновна со тоа мое премолчување и почитување кон родителите на мажот,на крајот на караиштата тие мене ништо не ми се до толку да ми се мешаат во мојот живот(во животот на син им ама што сакат нека си прават)
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Lepa Lukic на времето имаше една песна „Свекрву сам јутрос молила“. Текстов оди подолу


    Џабе другарки правење. џабе ќерка изигравање. Од тој однос не можете многу да добиете. Јас свекрва ми во живот „мамо“ не сум ја нарекла (иако знам дека и` е мерак, ама убаво и` објаснив дека не можам, не ја гледам така) па, освен малку на почетокот вакви проблеми ич не сме имале. Нит ни` се мешала нит ништо. После таква дистанца (но, да се разбереме :!: во таа дистанца мора да има однос полн со почит) не се ни осмелила да се замеша.

    Ја ја знам таа „да се зближам со неговата мајка“ стратегија ама не верувам дека успева. Имав една другарка. Леле мајко, нејзе колку и` зборев. На почеток, со свекрвата на шетање, на кафе, муабети. И` викам „Алоо, во програма си, тебе главниот лик ти треба или свекрвата?“

    „Па дечко ми.“

    „Епа ако ти треба дечко ти, излези со него, а не со мајка му.“

    „Ама он приврзан е за неа можеби повеќе ќе ме засака ако си мисли дека ме засакала мајка му.“

    „Мисли си“, си реков за себе, а нејзе и` одговорив со „Ти си знаеш.“

    Aма попот вика и дека жената треба да му се покори на мажот, а не за неколку алишта во полиција да го пријавува и да се мурти кога збори со мајка му. Али, секој си прифаќа што му одговара изгледа. :D

    Во потполност се согласувам со бејби стар, а не ми се верува во ова ти што го искоментира. АЈ во нивен стан седите, успеавте некако да ги набркате да не доаѓаат луѓето (замисли кој пораз е тоа за нив, си викаат „За што печалевме, поарно на сокак да го оставевме синот да се снаоѓа, за некоја која доволно и` било бурма да и` се стави па да му команда што ќе прави и со кого ќе збори.“) па сега и на телефон да им е страв да се јават? И ти се` уште тоа го сметаш за проблем? Срамота! Јас колку помлада од тебе во туѓа куќа сум влегла, па вакви циркуси не сум правела за едно јавување, ма колку сака пати на ден нека е.
     
    На baby-star, fighter, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    vichy не ги ни дочитав мислењата бидејќи мене си ми напорна за читање.
    Само сакав да кажам дека самите си ја кроиме иднината, треба да одлучиш самата, имаш два избора или да се посветиш на мт и да се обидеш да го смениш или да се разведеш.
    И те молам какво е тоа живеење кај мајкати, па зошто се омажи за да живееш со мајкати или со мт?
    Без разлика дали се работи за работа или за било што друго.
    И јас живееам кај мајками повторно , но мм е надвор од Мк после се што поминав овде , после 3 месеци молење од страна на мајками и татко ми , јас се вратив со крената глава и реков дека веќе никогаш нема да дозволам некој буквално да ме гази!
    Што се мора се мора, ова дете еден ден сака и своја соба и татко и мајка. Јас ја згазив мојата гордост попуштив и се вратив назад, само за да би заштедила што повеќе за утре ден да имаме нешто свое.

    На почетокот на бракот имав проблем со мм во врска со пиењето, но скоро 2 години му зборував, не се откажував од него , не му викав , не му се заканував дека ќе го оставам , туку со мојата љубов го сменив. Со убави зборови, со добри примери итн... Се гордеам пред се на самата себеси а и на него.

    Во врска со свекрвами, верувај ми свекрва ми да ти е тебе свекрва има живци да скинеш , а и свекорми не е нешто поарен. Мислам дека јас позрело се однесувам од нив.
    Свеки не живееше тука цела година, од нигде негде пак се врати .. океј тоа си е нивен живот, беа кај нас мм и тогаш беше надвор од МК, јас им реков тоа си е ваш живот како мислите дека треба да правите , така правете си мене не ме интересира.
    Пред да се врати мм , свеќи ми се најави дека ќе дојде на гости и така си седеше жената,ден,два,три .. чекаше ,чекаше и дочека да дојде мм , океј реков мајкаму е сакала да го види, мислев вечерта ке си оди , нели да се видиме јас и мм на раат, но не и се одело вечерта утре ќе си одела. Толку многу се изнервирав и ми идеше јас да си отидам, но не дозволив да ми го уништи денот, ја средивме малата со мм ,се дотеравме и си излеговме се вративме утрето дента.
    Морам да напоменам дека тие денови додека не беше мм тука , женава чисти,средува,муабет прави ..откако дојде мм се залепи за фотеља и уста не отвори (фала богу не ми треба да ми чисти), и пак не дозволив да ме изнервира и да ми ги уништи најубавите денови. А многу многу ме иритира кога работам нешто и кога некој ме гледа во раце !!!

    Откако отиде мм , после некој ден ми се јави ке дошла да ја види малата. Океј реков малку касно и текна дека е баба ама нема врска. Сабајлето ми се јавува свекорот и ми вика : Она си отиде, си ги собра алиштата и ми рече дека со тебе ќе живее !! А јас останав со подотворена уста како бре викам со мене па кој ја викнал? .. И после некој саат доаѓа она да ми каже дека пак ќе одела надвор од Македонија , он не се сменил , он ваков , он таков.. ја пресеков и и реков ти го знаеше каков е и не требаше да се вратиш. Фала богу не ми ни спомна за живеење со мене.
    После некој ден свекорот ми се јави да ми каже дека пак се вратила дома. (уствари сигурна сум дека он ја вратил).

    Е сега разбирам да има 20-25-30 години и да не знае кај сака да живее да не знае што сака во животот да прави, ама на 50 години ти да одиш натака навака, па пред се децата да ги срамиш .. НЕ МОЖАМ И НЕ МОЖАМ ДА РАЗБЕРАМ. Не се ни трудам веќе да ја разберам.

    Најлошо во оваа ситуација е што мм се нервира, и она тоа го знае и знае дека јас не сакам мм да се нервира, прво далеку е илјадници километри , треба да и биде жал да го нервира вака и вакви глупости да прави. Затоа и последниот пат и реков , се случи ли уште еднаш да правиш вакви работи, да го нервираш мм за твоите глупости и за тоа што ти не знаеш што да правиш со твојот живот , верувај ми дека ќе те отпишеме и јас и он. По ова следуваа муабети ама како би ти било тебе он да ти забрани да не зборуваш со мајкати, прво мојата мајка не заслужила јас да не зборувам со неа, а второ јас сигурно нема да му забранам туку тој самиот ќе се тргне од неа и ќе ги прекине сите контакти бидејќи тој така сака! И самиот ми го има ова кажано дека веќе не може дека преку глава му е , но јас секогаш му велам и од кал да е мајка ти е . Гледаш како ја чувам јас малата се тресам и тебе така те чувале. Не сакам некој утре ден да ме колне и да ми вели дека јас сум го разделила од синот.
    Исто така и одговорив и кога ми рече пред да си оди "немојте деца да се откажете од мене", мене не си ми мајка за да се откажам од тебе, мајка си на мм јас го почитувам тоа и како што самата велиш од мене лошо не си видела, а твојот син е доволно возрасен да си донесе сам одлука.

    Секако погоре и не го спомнував мм бидејќи секоја моја одлука е заоснована на предходен муабет со него , и само разговор , разговор и разговор !

    Најлесно од се е да ги кренеш рацете од некого и да се откажеш , но верувај ми чуството кога знаеш дека некој прави нешто за тебе, се труди да се смени , е многу убаво. Јас верував во себе верував дека со разговор со се дека можам да го сменам и го сменив.
    Никогаш не ми била целта да го тргнам од неговите и нема ни да ми биде, сакам само ние двајца да си ги решаваме проблемите , бидејќи ако сега не можеме ние да се средиме што ќе биде утре со нашето дете....

    Извинете јас се заборавив пишувајќи , но одамна не сум пишала во темава за мојата свеќи и за брачниот живот.
     
    На duffi и AngelOfArh им се допаѓа ова.