Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Јуник токму поради ова болдираното и седела и ќутела на фотељата. Многу добро знае што правела и затоа и' страв и не знае како да продолжи, како да го поправи она што се скршило во односот помеѓу неа и синот. Свесна е таа дека синот ја гледа скоро како странец во неговиот живот. Самото тоа што дошла покажува дека не и' сеедно и дека би сакала да го поправи односот. Ама не знае како. Па затоа седи и ќути. Можеби во надеж дека синот прв ќе почне.

    Теси извини вака, ама не има и такви кои не гледаме турски серии, не сме гледале и никогаш нема да гледаме, а животот не ни наликува на турска серија. :lol: ;)

    А се согласувам со тебе потполно дека некои жени се навистина drama queen и кога немаат проблеми, од мравка прават слон и си прават турски серии со сопствените животи.
    Од друга страна, верувајте (од искуство зборувам) постојат и такви личности што ни најлошиот лик од сапуниците не им е рамен. Само скраја да е, да не ти падне таков во фамилија.
     
  2. stefaneli

    stefaneli Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    17
    Јас се извинувам за мојот пост без голема почетна буква и точка запирка,зошто пишував од мобилен и бев премногу изнервирана.Тоа што некои драги феминки ми посочија со нивните постови што познаваат случај каде што свекрвата имала проблем со главата тоест некој вид на психички растроена личност.Во таков случај мислам дека е и мојата свекрва која сака да командува и да се меша во нашите животи,се приметува дали некој човек те почитува(зошто не те родула да те сака),или пак неможе да те поднесе.Пред некој месец го изгубив бебето во третиот месец во бременоста а таа со недели не излегуваше од соба да праша како сум после киретажата,после некој месец почна да глуми да пробува да и зборувам за да може да ни се упика и уште повеќе да ни го загорчи животот,со навредливи зборови како јас сум била мажот а мојот сопруг жената и сум му ја полнела главата,ние плаќаме сметки и се што треба а таа пензијата и ја дава ако не целаа бар половина на ќеркаи.Најмногу ме боли што го искористуваат сопругот за пари а мислам дека ни најмалку не го сакаат со золвами.Сега пробувам да го убедам да и го среди долниот спрат и да ја тргне од нашите животи без да може да прави кавги и да не навредува,малку тешко ми оди но мислам дека ако успеам да ја тргнам од нас ке ги частам сите членови на форумов,поздрав до сите и оние немажените многу отварање очи во каква куќа влегувате,не е лесно да се живее со злобна и несаглам свркрва,која е љубомотна и претура по кантата за ѓубре да провери што сме јаделе кога таа е во нејзината соба,и уште еден испат од летово што направи ни го фрли лебот на маса кога ручавме зошто не сме јаделе од тој што таа го купила.Епа сега нека кажуваат некои дека снаите нечинат,свркрвите се виновни и за многу пропаднати бракови и тоа по нивна заслуга,и мојата сака да ми го растури бракот и едвај чрка да се случи тоа мислам само дека и за тој ден живее зошто има 72год а после да умре среќна.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Еиииии сеа колку ми падна криво вака што ми го спушти...како ли вечер јас ќе заспијам... :D
    Цитатот на мојот пост се однесува на „таквите“ а какви се тие такви опишав погоре.
    Си требала да се препознаеш за да одговориш на ова. :D Но нејсе, битно се пофали дека не глеаш турски серии. Безбедна си, ;) тоа е најголемото зло шо си можела да го избегнеш, директен тикет у ложата на големите господа со префинет вкус. Мој наклон и мој поклон. :bow:
     
  4. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Снаи, а да ве прашам: Како ќе ви е на вас мажот ви да не се согласува со вашите родители? :?: И според горниов пример дека мајка му дошла да преноќи, да би дошла твојата мајка и мажот ти така да изреагира како би се чувствувала, и што би направила? :geek:
     
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Stefaneli,кога го исчитав твоjот последен пост, се сетив на тетка ми.Скоро иста ситуациjа, живееше со свекрва,со золва,го изгуби бебето..и баш така, од премногу мешанjа и кавги нивниот брак се распадна. Да бидам искрена навистина незнам дали само поради тоа што тогашниот тетин едноставно не сакаше да се одвои од маjка му или пак и однесуванjeто на тетка ми придонесе кон развод. Но во сите постови на многу феминки, па и од она што jас го имам слушнато,скоро сите свекрви во заедница со синовите и снаите, ги тргаат своите пензии и ги даваат на золвата или деверот. Дури и jас во една ситуациjа кога малку им помогнав на свекорот и свекрвата(само да поjаснам дека не живееме во заедница), се посомневав дека дел од тие пари отишле каj золвата или деверот. Факт е дека родителите секогаш повеке му помагаат на едното дете,бидеjки сметаат дека не доволно се снашло во животот, но дали стварно тоа го прават преку туг грб?
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    77
    Јас не сум во брак, но имало многу случаеви кога свекрвите претерувале. Една случка посебно ме изнервира, кога свекрвата отишла во суд да ги раведува синот и снаата. Снаата била од Србија и отишла на гости кај нејзините и таа да искористи, одма по судовите и адвокатите да се распраша како може да ги разведе и да ја избрка од дома. Сестра ми работи во суд и ми ја раскажа случката.

    А дека родителите на едно му даваат повеќе на друго помалку и тоа го има. Еден човек со два сина, близок познаник ни е, на едново дете што штеди ми дава помалку пари, нели дека заштедил и има, а на тоа што троши му дава повеќе, нели оти ги потрошило.
    А и тетка ми, додека беа живи баба ми и дедо ми, ќе им дојдеше на гости, болни-не болни, ќе им ги собереше парите и ќе си отидеше. Бог знае какви приказни измислувала.

    Се има по светов.
     
  7. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Не ни мислев да спуштам или нешто слично. На зафрканција беше кажано. ;) Ете и смајлиња има на крајот од реченицата. ццц :)
    Туку кажи тоа билетот за ложа за опера е? :D ;)
     
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Малку да избегаме од секојдневните проблеми вреди да се прочита
    ВИЦ ИЛИ ВИСТИНА ПРОЦЕНЕТЕ САМИ: КАКО СНААТА ЈА “СУРЕДИЛА“ СВЕКРВАТА!

    Доаѓањето на снаа во домот (кога синот ќе се ожени) дефинитивно за некои е предизвик, за некои радост. Ви претставуваме еден забавен текст каде се раскажува како снаата ја суредила свекрвата. Веројатно се работи за фикција, но сеедно, вреди да се прочита…

    Невестата била дочекана на трдиционален начин во домот на својот сопруг. Нејзиното ново семејство од неа побарале да одржи краток говор по повод вселувањето во новиот дом.

    “Мое сакано семејство, ви благодарам што така убаво ме пречекавте. Пред се, сакам да знаете дека со моето присуство не сакам да предизвикам да се чувствувате неудобно и поради мене да ги менувате вашите навики и обичаи…“

    Што сакаш да кажеш со ова невесто? – ја запрашала свекрвата.

    “Она што сакам да го кажам е дека оние што до вчера си миеле садови- можат слободно да си продолжат со својата работа. Оние кои переле алишта, нека продолжат со својата работа. Оние кои готвеле – не треба да ја менуваат својата навика поради мене. И оние кои ја чистеле куќата, исто така треба да продолжат со својата работа. Што се однесува до мене, јас сум тука само за да го забавувам вашиот син!“
     
    На Ariana.djm, a.c.k.a, Valentina.Vaki и 10 други им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Ја на снаата би и` рекла „Ако е за тоа, можете комотно да се разведете пошо само за забава ги има и пред Македонска, не мора син ми да го заробуваш со брак.“

    Снаата е дел од еден дом и таа мора да учествува со домашни обврски како рамноправен член на тој дом. Ќе се понадева дека некоја свекрва ќе и` чисти... да не биде двоен инает работата па и двете да се задушат во нечистотијата во која живеат. :D

    Апла приметно беше, као на зезање али ај. :D

    Не, не од опера, од филхармониски концерт се, опера не знам шо е ќе мора да ме просветлиш пошо турски серии глеам, а за опера не сум чула, али нема везе да не одиме офтопик. Установивме кој е кој. :D
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  10. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    јас од стално неможам да сватам зошто стварно свекрвата треба да си ги менува навиките заради новата снаа???како до пред да дојди снаата се успеваше да направи, а кога има снаа е уморна од работа???? :^)
     
  11. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    А зошто снаата или свекрвата да мијат садови, да пеглаат, преат или чистат?!
    Јас сум за тоа МАШИНАТА ЗА САДОВИ ДА МИЕ САДОВИ; МАШИНА ЗА СУШЕЊЕ АЛИШТА да ги суши, И ЕДНА ЖЕНА ЗА ТОА ПЛАТЕНА, да доаѓа да зачистува еднаш во неделата.

    Е тогаш, ќе може снаат и свекрвата мирно да си седнат по едно кафе да се напијат во денот. ;)
     
  12. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    јас ако имам пари да викам жена да ми чисти низ дома(а не треба еднаш неделно) биди сигурна дека нема да седам со свекрвами, и со тоа нема да има ни за шо да се замериме, па пак ќе си седниме да си пиеме кафе на рает!
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Па да, генералка секоја недела нема потреба, но да си одржуваш барем еднаш неделно е неопходно.

    А ако веќе сакаш да си викнеш жена, а свекрва ти очекувала ти да и` помогнеш во чистењето, плати ја од свој џеб, затоа што жената да имала намера да плаќа некого да и` чисти немало ни да те праша. Ферплеј.

    Проблемот е што има многу што можат да си дозволат семеен ручек у скопска кафана (скопска ја давам ко пример поради цените) минимум еднаш неделно, а као не можат да си викнат жена да им чисти. Ама не им е тоа толку филинг колку што им е да се изживуваат со стари жени.

    Многу млади жени се замараат со свекрвата, односно како нејзе да ја потчинат и преобратат бидејќи мислат дека во спротивно тоа ним ќе им се случи (снаинска параноја :rofl:). И` ја детектираат секоја нејзина маана и животот и` го прават пекол на жената поради истата.

    А камо така да се поставеле кон мажите додека биле во врска па и во брак понатаму. Не, на мажите припиревка што се вели, подголтнувале на нивните маани мислејќи дека магично ќе станат најдобри сопрузи на светот во брак, но напротив, најчесто мааните од „слатки и на моменти иритирачки“ стануваат НЕПОДНОСЛИВИ. Но, и за тоа е тука златна свеки за да биде виновна за се`. Не за џабе некогаш нена ја вика свекрИва. :D

    Но тоа сме ние жените, најголемите непријатели на самите себеси. :D
     
  14. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    јас не мислам на генерака, дали е еднаш неделно или еднаш месечно. јас мислам на секојдневните обрски кои ги правела свекрвата, до пред да се жени синот, а сега магично и е мака да ги прави оти била на работа, па магично чека на сната, или па прави кавги ако сната на ги направила.
    а за да си платиш жена да ти чисти, то е веќе многу различен муабет, некои одвај крај со крај врзуваат, па уште и за тоа да даваат пари
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    A снаата оди на работа? Личи ли само затоа што влегла во таа куќа да дреме цел ден а свекрвата изморена од работа да чисти по неа како да добила уште едно дете? Мене ми е крајно нечовечно, а и тебе би ти било кога ќе дојдеш на нејзино место, па ќе ти се погоди снашка со такви размислувања.

    Им се мазите како дома кај мајките ваши никогаш прашина да не сте забришале или јадење да сте направиле. Па дури и да е така (а најчесто не е), вие сте снаа таму, мора учество да се има во домашните обврски. Ако ви е тешко, дадете си од свои пари за жена да ви исчисти и финито. Зашто мора да ја умреме свекрвата со нашите каприци? Зор ли е? Друг начин не постои?
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  16. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    па без разлика дали оди или не!
    јас не одам на работа, па единствен одмор (и тоа не секогаш) ми е кога малиот спие!
    демек ако одиш на работа, оправдано е ако не исчистиш или ако не зготвиш??
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Ко шо реков погоре, еве имаш син. Имаш прилика и ти да бидеш свекрва еден ден. Се надевам снашката ќе ти биде со размислувања исти на твоите. ;) Ем туѓ леб да јадеш ем да те служат нигде не го бива.

    И аман веќе со тоа „дете имам“. И снаа ми сега скоро стана мајка па се` правеше сама на нејзиниот спрат. Пушта машини, чува дете, чисти, готви, пере. Ете ја, здрава, права. Плус со тешка бременост и со палавко девојче кое ден денес сака ненормално многу внимание. Мајка ми сама и` нудеше помош, ама оваа човек беше, не сакаше жена во години да се мачи и таму и ваму да чисти.Толку да сте се мазеле.

    Реков ја, полека умира времето на свекрвине лоши како во народнине приказни. Размазените снашки се во подем.
     
    На nene88, Bozica1980, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    не дај боже и син ми да ги трпи и да ги има истите проблеми како мм!

    конкретно за мене: свеки нема скоро две години со правосмукалка поминато, ако помини, еднаш на 2 месеци, врви со нејзината од на дедо ное векот, оти му било тешко со новата од свадбата, требало да се чисти после, требало да се менва водата,
    за ручек знај да зготви еднаш неделно, а другите дена јас го прам,и 300 мани наоѓаат.
    некое тенџерче или нешто ако сум замила на рака, другиот ден си го наоѓам кај шо сум го остајла.
    за тоа велам, како стигаше свеки моја и да зготви и да измие(машина ни дадоја за свадбата), и со правосмукалак да помини и ушто 100 рабти да не набројвам, а сега му се мака, ќе дојди од работа ќе јади и не станва од на кревет скоро цел ден.

    и сигурно не сме само ние со ваков пример.
    оти постарата генерација така се учени сната ја заменва свекрвата.
    зошто да се заменва оти не се поделат обврските???

    и далеку од тоа дека сум разгалена, само криво некогаш знај да ми биди оти само јас кога можи и таа!
    јас и кај мајками чистев и готваев, ама чистев тоа што сум извалкала јас или мајками, а тука сме свекрва ми, свекор ми, девер ми, па по кое правило јас по нив да чистам и расфаќам.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.757
    Допаѓања:
    141.717
    Мојата комшика има 3 деца, сите се по 2 години разлика, првото го роди на 21. Дипломираше, со бебе, свекрва немаше (живее во странство), мајка и почината, се правеше сама. И ога и да отидев кај неа, светеше дома, а растурено беше само на земј,а на кебето со играчките. Жената еднаш не се пожали, секогаш имаше спремно јадење и за маж и, и за децата, и еве ги и на школо сега одат, а она на работа, и пак и е се чисто дома. Едноставно, некои се способни и не се жалат, некои чекаат свекрвата да им чисти оти они родиле дури едно дете.
    АКо сте станале сопруги и мајки, треба да се справите и со тоа, не свекрвите да ви чистат по дома, а вие на форуми да пишувате. Остајте Фејсбукот и форумот, и одете да исперете. Оти со кукање тука, не ви се мијат само садовите. Секој што има време тука да пишува по пола саат, има време да помине со правосмукалка.
    Жена не е за под јорган само, викаше баба ми. Ама вас ни мајките ни бабите не ви кажале што ве чека и каква одговорност имате.
     
    На anggell, Bozica1980, Markusa2 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    боже здравје, од вготина ќе бидиме делени. и мене ќе ми биди дома чисто само кога мм растура/или не растура. а друго е кога си во заедница. сите обврски треба да се поделени, не е ни сната ни свекрвата робот.
    Cka немој да ме мешаш, јас во темева имам пишано, АМА ПРВ ПАТ СЕ ЖАЛАМ!
    и седам пола сат тука оти и исчистив и зготвив, оти сум способна, ела повели на кафе ќе се увериш.
    од такви што само знаат лајна да јадат,овде по форумите да се прават некој, е од таквите како Cka преку гла ми е!
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.