Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Проблем стар колку планетата Земја - снаи и свекрви :)
    Јас мислам дека несогласувањата сепак можат да настанат најмногу во такви заедници каде што сите живеат во една куќа. Има исклучоци ама обично е така. Колку и да се погодени карактерите, караници мора да има, поголеми или помали.
    Родителите се родители, мислат дека бидејќи останувате со нив дома сеуште можат да ви се мешаат во животот. Едноставно тоа им е родителски инстинкт, сакаат да ве перат, чуваат, мазат, пазат - И да ви се мешаат така малку во животот :) А тоа ви иде на живци признајте. Ама чудно како не ви иде на живци да ве перат, мазат, пазат и да ви велат „О сине јадеше? Ајде маме“ :)
    Немам свекрва, ама бидејќи имам зад себе долга врска со заедничко живеење имав потенцијална свекрва. Табиет многу специфичен. Ама верувате дека кога јас и дечко ми се каравме, женава секогаш застануваше на моја страна? Едноставно имавме надстандардно убав и коректен однос. Зошто? Затоа што не живеевме со неа. Да бевме со неа често ќе почнеше истото перпетум мобиле - кај бевте до сега? јас јадење ви правев? што е ова толку пари трошење на журки, по ресторани? итн итн :) Сега карикирам, ама поентата е таа.
    Видов кај мене дома што значи ептен лоша свекрва. Баба ми е ама морам да признаам дека потерсене карактер во живот немам доживеано. Бог да ја прости. За среќа не живееше со нас, а мајка ми го реши проблемот на многу едноставен начин и мирна и беше главата после тоа.
    Значи мој предлог за оние кои не издржуваат со свекрвата до степен да им иде да полудат - отселете се. Возрасни сте, барем мислам дека сте возрасни кога веќе сте стапиле во брак. Верувам дека сакате да сте си на само со мажот, да градите нова фамилија во нова средина, а не врз темели кои веќе биле изградени пред вас, од некој друг.
    Бидете си вие тука секогаш за своите или неговите родители, во близина, но имајте си и свој живот. Ќе ви биде милион пати поубаво, сигурна сум.
     
    На Bokicka, Annath и nena2010 им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    26.330
    Ист случај кај мене. Многу чудна жена, згора на се, живееме заедно :o Хаос. Ако ви кажувам што се правеше, нема да ви се верува како еден човек е во состојба тоа се да го направи.
    И кога и двајцата родители ми починаа (и синот нејзин-татко ми) не е сменета ни за 1%. И не ми се верува што човек ке беше.

    едит- ми текна еден пример на една познаничка. Кога почина татко ти, свекорот и свекрвата (баба и и дедо и) ги избркаа неа и мајка и буквално на улица. :fubar:
     
  3. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Јас до сега не сум имала некој поголем проблем, најверојатно затоа што и не сум имала некоја поголема блискост со - мајките на моите дечковци... Искуството мое е дека сум имала позитивен фидбек, пошто исполнувам некои нивни критериуми што си ги зацртале во глава...ама моментот што знае да ме изиритира е кога ми го фали ( демек ненаметливо) дечко ми пред мене. Е тоа ми шкрипи по нерви страшно. Мајката на сегашниов дечко нит ме сака нешпто посебно, нит ме нејќе. Немаме никаков контакт. Само здраво и чао. Се упознавме и од тогаш сме на тоа. Јес да дечко ми е мамино галениче и пазен и мазен и чуван и гален и искрено блискоста со неа поише ме плаши отколку што би ми пријало, зошто мислам дека ќе биде престрога во оценките спрема мене...
    Од друга страна пак,не сум јас домакинскиот тип на девојка, и не сум од оние...лавбл девојките..ко што кажа Лилит погоре - да се врати најаден испран и испеглан, е тоа баш и не гарантирам. Ова ќе се деси ако сам си се пегла и средува, а ко што си е педантен - ништо чудно.
    Како и да е, жената ми е многу мила и симпатична, ама не сум луда по некоја блискост вештачка и бондинг...Се во свое време.
    Немам никакви емоции на темава. Должно почитување... и позитивни ставови...Па другото- Боже мој... Морам да истакнам дека е многу убава, меѓудругото. :)
    И секако, алал да и е како го воспитала синчето....срцево само си готви си средува... абе.. Не можеш да не го сакаш :rofl:
     
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Е вака Офи сеа, јас и мм живеевме заедно уште пред официјално да направиме веридба, т.е јас си бев и тука и кај моите. Тогаш свекрва ми не беше таква каква што е сега. И јас си ја фалев на секаде. и другарките што ми се мажени ми убедуваа дека таа ќе се смени откако официјално ќе и станам снаа. Јас им се смеев.
    Ама што се случи ? Баш така ко што тие кажуваа. Ако претходно имав дозвола да правам што сакам овде (од ручек, десерти и да се бањам кога сакам), сега сето тоа е изменето. На нив не им се допаѓа моето готвење и овде си има одреден ред за јадење. Се знае секој ден што се јаде, од понеделник до недела, и потоа пак иста песна. За десерти-зошто да се замарам сега да правам, треба да одмарам.А мене кутрата ми се јаде, и на крај морам да идам да си купам тоа што го сакам, а сум можела и дома да го направам. За бањање и сите останати работи што вклучуваат трошење струја (овде спаѓа и готвењето), треба исклучиво да го правам тоа кога е ефтина струја!!! Ај бе да седам цел ден и да чекам да дојде ефтина струја да го вклучам бојлерот да почне да се стопли вода, па уште неколку часа да се стопли вода.
    Што се донесува до перењето, јас порано се си перев сама и не давав ништо во перална да ми се става. Ама ја начекав еднаш како ми брка по алиштата и ми бара дали имам нечисти да ми ги стави за перење.По овој немил настан решив да и ги давам алиштата кои се за во перална да ги става таа! Долниот веш (гаќички, маички, боди, градник) си перам јас на рака, од причина што не сакам друг да ми ја гледа мојата долна облека( и кога ги ставам да се сушат ги кријам колку што можам, правам камуфлажа со останатите алишта).
    А тоа дека јас не знам да вклучам машина-да-оваа овде не знам да ја ракувам(стара е од на дедо Ное времето), за ручек правење-кај моите дома јас бев главна домачица, јас бев одговорна за главното јадење-ручекот уште од мојата 11 година. Пораснав порано од што требаше! Јас за разлика од мои другарки и многу овде што не знаат едни јајца да си спржат, јас знаев се да правам јадење!

    И за нешто за кое немаш искуство обиди се да не напаѓаш, снаите биле криви....
    Исто ко да даваш мислење кои се најдобри секс пози, а си девица ;)

    И од почит кон постар човек не сум се скарала до сеа со свекрва ми, си траам. Сепак стара жена е, има околу 63 години, толку колку што има баба ми.
     
    На del-fin, missperfect, stilas7 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Јас пред да се земеме со маж ми мислев дека мајка му е супер, дека ќе бидеме најдобри другарки. Ама не е така, таа сака за се да си даде свое мислење, во основа пожелно е да се прифати.Кога ќе сум се породела да сум живеела со неа,а маж ми во станот во градот кај што сме сега, демек фатена сум јас во рацете едно дете да гледам, па мора она секојдневно да е до мене. Ако се прашувам јас , подобро мајка ми тој месец да е со мене отколку таа, сепак мајка си е мајка. 100 пати е подобро да живееш сам, нема кој да ти кажува дали ручекот е добар или не, дали сакам денес да мијам садови и да бришам прашина. Дали цел ден ќе се шетам во пижами или мора да се скоцкам како за пред народ. Така да убаво кажа Блонд, колку помага, повеќе ќе одмага ако е со тебе. Вака сам, па како знам.Така побрзо мажот ќе научи да го користи зборот жена ми, а да почне да го заборава мајка ми!
     
    На Anyshka, missperfect, stilas7 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    За ова никако не си во право, со оглед на фактот дека сеуште не си живеела со свекрва и не знаеш како е мислам дека не си компетентна тука да коментираш. Не може да бидат лицемерни пред брак,а по брак да се менуваат., баш напротив повеќето се такви, мојава знаеш што беше китка, готвеше переше, се она знаеше јас правев јадење ама си правев по мој рецепти, нормално секоја кука различно го прави секое јадење, па јас никако да и погодам нејзе. Првата година уу деца ова она, а сега да ја видиш вештерка, само колни , да напоменам не само мене и маж ми, во коалиција со нејзината ќерка која не знае едно пире да направи.
    Ти пожелувам кога ќе се омажиш да ти биде свекрвта ваква какво што ти ја замислуваш и опишуваш, а до тогаш трај си бидејки тоа што најмалку го сакаш тоа ќе ти дојде на глава
     
    На evangelina.ina и stilas7 им се допаѓа ова.
  7. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    blond како јас да сум го пишувала ова, значи во иста ситуација сме :@
     
  8. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    И јас се приклучувам кон Блонд,истото се случува и кај мене,значи како иста мајка да ѓи раѓала,и јас како Блонд уште од мала готвам и си сакам да готвам,едноставно обожавам кога сум во кујната и кога испробувам некои нови рецепти,дома мојте се восхитуваа и маж ми исто така,ама на секој не му одговаре тоа,демекс струја многу се троше,демек ке остане и ред други работи,но веќе готвам кога не се дома,готвам тоа што сакам да јадам ,а знам оти и они го јадат,за перење иста е случката од 1 до 4,или после 10 вечер како и за бањање,другар ми се смее,никогаш дома не бев запазувала време кога нешто ќе правам да има евтина струја,но тоа важи само за мене и маж ми за нив не важи и за нивната ќерка,они кога сакат тогаш уклучуваат,а јас еднаш требаше да одам на преглед го уклучив и одма се крева паника поздрав на сите
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    A што е уште по интересно, јас и мужето ги плаќаме сите сметки дома, од нив ништо пари не се бара за ништо. Плус и ние пазаруваме за јадење. Они само леб купуваат.
     
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Секаде е исто, ефтина струја па ефтина, на глава ми се качуваа со таа ефтина струја, нормално за нив и ќеркичката тоа правило не важеше.
    Е сега со оглед на тоа дека сметките ги плаќаме по пола, не дозволувам да ми забранат и да ми се мешаат, водам евиденција на таа ефтина струја, но ако треба да чистам, испеглам, да се избањам ич не се замарам и им викам дека си ја плаќам струјата што ја трошам.
    Што се однесува до другите трошоци, сакам Блонд да прашам зошто само вие купувате, фактички вие нив ги раните, а каде се другите трошоци на пр. за хигиена, па ништо тоа не е без пари, плус и бебе очекувате. Јас сум најголем бунтовник во таа тема, ако сакате да јадете, купете, нема проблем јас ќе зготвам. Порано купував еднаш неделно за јадење и го полнев фрижидерот до мах., за три дена празен..сакам на детето да му мачкам паштета, оп нема појела маца..така е зборот..Е сега купувам секојден, поделени сме со прашоци, сапуни, шампони, купки, омекнувачи и тоа по моја иницијатива...зошто ние се да плаќаме, да не ќе речат фала или на здравје..па нас парите не ни паѓаат од небо. Од друга страна тие децата ги школувале, им направиле матурски, крштевки, дипломски, свадби..а нас тек сето тоа не чека...

    Морам и ова да го кажам колку и да звучи смешно, свекор ми знаеше да си земе чорапи од маж ми :@
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kiki3047

    kiki3047 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    24
    Па исто е де и он доага полни торби прави се важен и за се е он главен он ккао каже тука неможе ни мајкаму да се замеса нити татко му ко незнам мислиш он незнам кај просетал или видел, само се фали со неговите пријатели и секој збор му еовој ми епријател он така ми рече и во право е ти верувас ли неможе со него да се поразговара нормално а маж ми се љути не сум ги ценела.Не знам што да кажам секако ке погрешам неопишливо е
    [mod-tekst:ndtlmpjk][/mod-tekst:ndtlmpjk]
     
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.601
    Допаѓања:
    106.485
    Пол:
    Женски
    Сакам да ве прашам како да и кажам на свекрва ми дека не сакам да ми помогне во врска со перењето и пеглањето алишта за бебето? :$ Сега прв пат треба да ги исперам а таа сака тоа да го прави :?:
    Немаме проблеми и недоразбирања и живееме сами јас и маж ми само а таа сака да дојде и да ми помогне. Навистина не ми е тешко и не би сакала да ми помогне. Сепак сме во добри односи и несакам да мисли после дека сум лоша снаа. :lol: А ме вади од такт понекогаш збори дека треба и да го дојам и да го дохранувам бебето, ке било гладно , треба да и давам од цуцла да пие па се до 3 години демек детето требало до 3 год возраст да пие од цуцла абе кои глупости..едноставно јас си знам и несакам да ми се мешаат. :envy:
    Се извинувам ако прашањево не беше за оваа тема..
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Лолита, во право си ова за школувањето, матурски итн. Не паѓаат пари од небо, ама ете овде свекорот и свекрвата се водат од тоа дека они не се пензионери, работат земјоделие и немаат многу примања, а ете јас и мажулето имаме па да речам, големи примања и двајцата. Ама проблемот лежи во тоа што се прават многу паметни изгледа, сакаат да водат они есап за се, а на крај да не даваат за ништо пари. Ама ајде, живот, што да правиш, што вели мајка ми: фрли зад себе да си најдеш пред тебе :)
     
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Девојки, т.е. жени- не сакам ниту да ве обвинувам, ниту да велам дека сте во право.
    Сакам само да се вмешам со некои совети за штедење :!: ;)

    Кога ви велат да работите на ефтина струја не треба да го сфаќате тоа како хајка против вас, туку како еден корисен и добронамерен совет за заштедување на повеќе пари.

    Ефтината струја е 1,67денари за еден киловат.
    Скапата струја е дупло поскапа- 3,34денари.

    Се она што троши многу струја правете го на ефтина струја- ако се греете на термо печка пуштајте ја да се полни после 22, а исклучете ја сабајле во 6 кога ќе станете за на работа ;) (така ќе ви биде топло цел ден, а ќе заштедите дупло пари), или ако сте дома од 13до 16 пуштајте ја тогаш.

    Имате проблем со топлата вода?
    Пуштајте го бојлерот од 22, а исклучете го пред да си легнете ако седите до доцна или пак рано сабајле. Кога ќе станете утредента ќе имате топла вода. Пуштете го пак во 13-16 и ќе имате топла вода цел ден ;) .

    За готвење- е овде има малку проблем бидејќи тие што не се домакинки не се дома од 13 до 16 за да готват, ама можат да си направат навечер некоја манџичка за утредента, а ако сакаат да прават некое брзо јадење тогаш не е проблем да се готви и на скапа струја ;) , проблем е пример кога треба да се динста месо пример 3 часа, па после да се пече- тогаш ќе потрошите многу струја.

    За перење и пеглање користете ја Недела- тогаш и онака сте дома.
    А не е проблем ако преку неделата треба да испеглате некоја кошула и сл. , не се трошат многу пари ;)

    Така ќе заштедите дури и половина од парите кои ги давате за струја, а сепак нема да ви фали ништо- ќе ви биде топло и ќе имате стално топла вода ;)


    Се е до добра организација, а тоа што тие ви го велат некогаш е со добра намера, верувајте- не е секогаш како што си умислувате.
    Лошо е кога човек ќе се внесе во нешто и си мисли дека е така и после што и да прави другиот вие мислите дека е против вас.

    И не можам да сфатам како не се трудите воопшто да ги сфатите и нив- што ако правеле веќе матурски, дипломски, зарем и тие не сакаат да живеат?
    Цел живот биле жртви за децата, и сега кога децата формирале семејство и тие сакаат да здивнат, а не само да даваат, даваат, даваат.

    Барем да се цени тоа, да се даде некоја пофалба, а не да се обвинуваат за сопствената неспособност да успеете во животот.

    Секој сака малку внимание и насмевка, така можете да го стоплите секое срце ;)
    И уште еднаш ќе кажам, најопасно е да си внесете во глава дека се против вас - тогаш што и да прават тоа вам нема да ви изгледа убаво.

    И да престанам ептен забегав, тоа е моето мислење и е општо на темата, не е за никој посебно наменето ;)
     
    На Bozica1980, LivingGlam, julie77 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Значи вие во буквална смисла на зборот гледате две деца, јас така гледам на работава без лутење.
    ОК не се пензионери, свекор ми и свекрва ми се стечајци, на времето колку заштедиле толку сега имаат, колку ти е чергата што би се рекло. Од нас не побарале пари, ниту пак ние од нив, може на пр. да ми порача свекрва ми да и купам нешто но секогаш потоа ми дала пари и обратно. Јас сепак мислам дека во склоп на целото семејство ние сме си посебна единка и сега за сега не ни водат есап, дури некогаш знае старата да ни рече дека претеруваме со трошење, а што да правам ако таа не купи морам јас, сепак мора да се јаде. Значи ние делиме сметки и храна, иако ние купуваме повеќе храна и јас почесто готвам, знам дека избегнува да готви зошто тоа и е трошок, демек мене не ми е, ОК. Во почетокот се невирав ама веќе се навикнав, почнав да го практикувам она старото-низ едно уше влегува низ друго излегува. И плус готвам што сакам ама само ако сакам, знам и на три ипол да се направам па да си пржат јајца. И во право е мајка ти , ќе ја послушам. :)
     
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Верувај сето ова што го кажа го практикувам, инаку до сега сметката за струја не знам колкава би била. :)
    Што се однесува до тоа дека старите сакаат малку да здивнам, има тема во општи дискусии и таму се произјаснив да не се повторувам.
    Сепак благодарам.
     
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Сесилија, ај кажи ми совет како да се справам со нив кога јас си го вклучам болјерот да се топли вода,а тие го исклучат кога мислат дека е доволно наполнет ? Или кога некој друг ќе ми ја потроши водата? Или кога ќе ти каже немој сега не го вклучувај, за 2 саати се вклучува ефтината стуја, а мене ми треба итно ?
    Или што кога ќе ти каже: "Тоа ќе го носиш денес на именден?!?!? Ама таму ќе има многу гости!Ама тебе стомакот ти се познава во ова"-епа како може жена што може да ми биде баба да ми каже што е модерно и ок за дотерување? И која е она да ми каже јас да се кријам дека сум бремена ?????


    Инаку, и кај моите дома се водеше есап за ефтина/скапа струја, и јас водев есап и таму и тука.(до душа, кажете ми едно семејство кое не води есап за ова) Но :!: ако го оставев цел ден болјерот вклучен со причина, немаше ништо да ми речат, ниту пак ќе имаше кавги, а овде :x :x
    За се треба да се има осет.
    И покрај се', јас не се расправам со нив, ги почитувам зошто се родители на оној што го сакам најмногу!

    едит:ако сакаат старите да здивнат, зошто тогаш не не' oстават на раат ? Зошто не остават јас да се грижам за мојот маж? А тие нека си се грижат еден за друг ? Може себично од моја страна, но ќе го осетите сето ова кога ќе сте вие во брак.
     
    На Anyshka, missperfect, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Блонд и јас сум во истата ситуација како тебе.Кога е вклучен бојлерот се гаси бидејки доволна ми била таа вода ( мислат дека ако тие се бањат со млака вода и јас ке се бањам,е како па да не),веднаш се поставува прашањето снао пак ли ке се бањаш.Кога го вклучам ел. шпорет или микробрановата за подгрејам нешто веднаш коментираат како сум горела дрва и + сум трошела струја (а се грееме на камин,како што знам јас на него не се готве) и ред други работи.Затоа најдобро е сам па како си знам.Едвај чекам да ја завршат доградбата за да се одделиме па да нема секој ден префрлање дека многу биле големи сметките,многу сме трошеле,требало да заштедуваме некој денар и ред ред други работи.
     
  19. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Јас во неколку точки ќе ги наведам работите кои јас ги применувам во овие комплицирано боцкачки постојано напнати потенцијално експлодирачки односи....и успеваат ;)
    1.ОД МАЖОТ ЗАВИСИ СЕ во овие односи.... Од мажот зависи дали вие ќе бидете третирани како царица или магарица....(пред некое време свекрва ми ми вика, а блиску ти е станицата, одма тука, ќе се качиш и пред работа те остава автобусот, а уствари знае дека син и ме носи секој ден, и јас и викам не, ... ме носи ..., и таа дебилот, ,,а па јас тој што го почитувам не би го будела рано, жал ми е,,....
    Ај сега...кое е ова боцкање????????и таман да зинам, муж ми, јас ја сакам, нејќам да се бутка по автобус и ништо не ми е тешко за неа!!!и таа, ама дома си спиеше до 11, до 12...итн...жал и било...ама син и ја суреди, вика и на нејзината мајка и е жал она да станува во 7 и она дома спиеше до 12, и освен книгата не фатила ништо, сега се` прави....енд оф дискашан!!!!!!!!!!!!!
    2. Ништо повеќе од умерено дистанциран однос....никакво зближување, никакво карање....не бев блиска ни додека бевме во врска, нит сега....најобичен муабет, како сте, кај бевте, ова си купив, она и тоа...од нив имаше бодежжжиии, но претежно премолчував, маж ми го праќав да среди,он е должен тоа да го направи,тој со неговите, јас со моите, ама се што ќе ми речеа и префрлеа јас му кажував, за еден ден да не се изненади одеднаш демек почнало да ми смета.....
    3. Никакво вмешување на вашата фамилија во овие односи, моите и неговите се имаат видено се на се три пати...нема зошто ни да пријателуваат, ни да ни ги решаваат проблемите, дома кажувам чат пат по нешто.....ако ептен неможам да издржам, ама за тие што трпите се, па дури и физичко малтретирање мора да барате закрила од дома...
    4. Тие што живеете во заедница, навреме да си ги одвоите сите рачуници, сметки, храна, хигиена, козметика, затоа што мојата старосватица, со многу солидни примања на крајот на месецот нема леб за децата, дека полни фрижидер за децата, а старите волови, сосе деверот кркаат павлаки и млеко и тн....нека се лутат колку сакаат, и моиве се лутеа кога си заминавме од кај нив, а еден им бил, па вака, онака, ама кажувам и има така да биде и точка.........
    5. Јасно и гласно, не со карање, туку од една до друга ситуација, како ќе се местат ситуациите, така да си ги кажете ставовите, и основните начела според кои вие мислите дека треба да функционирате, вие и вашето семејство, т.е сопругот и децата....во последната дискусија, на повисок тон им кажав дека да, они ни се фамилија и треба да се консултираме за многу работи со нив, за поголемите одлуки, само за да чуеме што мислат, но ние сме семејство, само јас и маж ми за сега, и ние одлучуваме, и ние се договараме за односите меѓу нас, за функционирањето на бракот...

    Горе доле, сума сумарум, пак се сведува дека се зависи од вашиот сопруг, и овие точки не важат за оние кои по секоја цена сакале да се ,,упикаат,, во некоја фамилија, мажот не ги рецкал многу ни додека биле во врска, ама упорно сакале да се омажат за него, со надеж дека ќе го сменат, а нема...ако не го смените во врска, очекувајте дека ќе бидете газени во брак....
    или една позната тактика на сите несигурни во својот партнер, па со цел да ја зацврстат позицијата кај него, се зближуваат со сила со мајките нивни, сестри, браќа, ко демек ако ја остави, овие ќе интервенираат, епа сега таквите ќе го јадат и ќе ќутат и ќе сфатат дека не се мажи по секоја цена, треба да те молат, а не да се упикуваш....мене ми беше доволно маж ми што ме сакаше, се чуствував сигурна, и не ми требаше зближување, подршка и агитација од никој,
    јасно му кажував дека вака и вака и вака ќе биде во бракот, и така е...нити глумев, нити се правев нешто што не сум, а се што ми ветил ќе исполнипа макар и тепачка да има, затоа што ќе го оставам не е само мој срам, и негов ќе биде подеднакво, а да трпам јас за некого не...па кој сака нека е тој, а ако се смени ќе се сменам и јас и ќе биде лошо да...ама и за сите, не само за мене...
    Затоа што не е ова филм, па ќе заврши еден, ќе пуштам друг....живот е, и од тоа каков ми е секој еден ден, зависи каков ќе ми биде животот во целост....
     
    На Catfish, Neytiri, missperfect и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Блонд, извини што ќе ти се вмешам малку, ама гледам врз основа на она што го пишуваш тука дека не си задоволна баш од односот со свекрвата и свекорот. Не баш, ама ич :) А зошто ти и мажот не се иселите и не си најдете некое станче или билошто под кирија?
    Ако толку ти е дојдено преку онаквото, одете си. Многу едноставно решение ;)
    Плус пиша дека имате релативно добри примања значи дека не би требало да ви претставува проблем.

    Нит некој ќе ти се меша во нешто, нит ќе ти го гаси бојлерот, ниту пак ќе ти кажува како да одиш облечена. Simple as that :) Не разбирам што те спречува во тоа?

    Јас останувам на моето. Ако треба да се мажам еден ден, ќе се мажам единствено под услов да живеам сама со мажот. Тоа ми е некако како да треба воздух да дишам. Така ме научиле моите.
    Мислам побогу, колку е тешко да се навикнеш на соживот со еден човек понекогаш, не пак со повеќемина кои не се твоја фамилија (не се твои родители).
     
    На blond и sesilija им се допаѓа ова.