Старост бе стефи, ете така можела. Таа една година прави 300 промени кога си во педесетите, за разлика од кога си во дваесетите години од животот. Aма кажав јас, и ние на нивното ќе дојдеме па ќе ни` биде криво после. Уште и бираш со која правосмукалка да чисти... башка и еднаш неделно праи ручек, ПЛУС на работа оди. Ти да одеше на работа, со ваков став кога си дома, па да ти рекоа чавче едно да измиеш револуција ќе кренеше. Ај, делете се побргу и жената на стари години раат да види, греота. Доста и` беше режимот. И не можеш да и` браниш на Cka да пишува само затоа што вистината што ти ја плесна в лице те погоди. Жалам.
абе тие се што имаат во животот претрпено стваро се греота, ама и вие еднаш ќе се пожали човек одма го напаѓате! нема мене ништо што да ме здоболи, ама има некои на форумот, е како неа, еднаш ќе одат кај комшивката, се му било цакум пакум, па и кај мене е, кога ќе се најави некој се знај дека ќе исшистиш
Алал да ви е на сите што сте во заедница , јас не би издржала ни ден .. Зошто ? Си го сакам својот мир и комодитет , во 90м2 доволно ми е ... Ако сакам ќе исчистам денес, ако не ќе оставам за утре .Ручек исто , што сакам Јас ке зготвам . Не би ми било пријатно без разлика дали ќе седиме дома и двете или ќе одиме на работа , верувајте секој си го сака својот Мир. И ние младите и старите Сме си створиле свое семејство , маж деца ... за мене тоа е семејството сега. Јас не би трпела некој да ми командува секој ден или да ме гледа попреку ако не поминам правосмукалка , или ако направам пржен стек а свекрвами планирала друго нешто. Или обратно .... Во една куќа две домакинки неможе . Вака секој на своја страна , сме си помили . Еднаш во денот се слушаме по телефон , се интересира за внучето. детево исто ја бара бабаму ...
Затоа си ги разгледуваш приоритетите пред да влезеш во брак. Ако ти е комодитет приоритет, ќе се договориш со дт, ќе се земеме кога ќе може сами да живееме. А не вака, ем трупнати на нечиј грб ем ќе се изживуваме, ко свекрвите да не се луѓе, ко на нив да не им треба комодитет ко ние да сме им незаменливи паднати од небото и едвај не` чекале у нивните животи.
мене никој никогаш ми нема ништо речено, ни оти не сум исчистила ни оти тоа сум зготвила, јас правам муабет за очекувањата.се очекува дека свеки ќе се тргни настрана а сната е новата чистачка, а за приоритетите сите имаме различни. ако сме во заедница нико со никој се нема скарано. пак ќе речам од година треба да ја правиме куќата, ке си имаме башка спрат, па можи и јас на некој ќе му тријам сол над глата
Тебе кој ти е? Да триеш сол над глава некому? Да не можеш да си седнеш на фемина раат богати. Лоша, лоша свекрва. Само дренов стап за неа. Внуче и` чуваш, син и` забављаш... еее па многу сака она... Не е финтата што е напорно чистењето, туку зошто да чистам кога свекрвата ми е дома? Туку не правете спратови, одете во друг стан, пак ќе ти пречи женава. Глеаш, пак размислуваш за триење сол над глава. Дур е жива ќе ти пречи жената, зошто е свекрва не за друго... Толку да се немало почит...
Абе Стефанија, ти вака и одбрусуеш и на свекрва ти како мене? И викаш дека лајна јаде? Јас кажав што мислам, и не те нахранив лајна. Нека ти е на чест. Вакво однесување од една мајка...ах.
Она е мајка, све и` е дозволено. Cka, како не ти е срам такво непочитување пред eдна мајка. Одма да се извиниш, под итно. Сите имаме различни дефиниции за мајка додуша...Додуша и нејзе некој ја научил да рани луѓе со лајна на 25 години... абе да не знае човек што да помисли ...
е искрено се изнасмеав со последните постови, ама нај искрено. не за џабе свеквите ги викаат и свекриви!!! и заклучок после се....... јас чистам, јас внуче чувам, јас готвам, јас син и го забавувам (што нигде то не го реков) и пак јас лошата..... не бе реков јас, не е да се пожали човек, одма триста мани му се наоѓаат.
Да кажам и јас за мојата свекрва за чистењето,откако сум дојдена 3години нема фатено крпа во рака,јас одам на работа и чистам дома а таа само дреме со сериите и сака да командува во кујна што да сме јаделе,пред некое време купив стек и го зготвив таа полуде зошто нејзиниот стек не сме го зготвиле.Мажми и вика па ти што не го зготви ништо не правиш цел ден лежиш,таа му одговори чекала јас да и го направам,во купатилото па и да не зборувам ако не исчистам јас пајажина фаќа,си пржи да јаде само за неа или пак цел месец јаде леб и јогурт а има пензија,чека ние да го наполниме фрижидерот иако сите сметки и се е на нас.Па ве молам ај кажете кој е тука нормален а кој луд,ко јас за нејзина слугинка да сум дошла а не да му бидам сопруга на сопругот.Немаме никаква приватност да ни дојде некој на гости на раат она е главна на маса и чека јас да ја служам,иако ме има вреѓано и кажано се и сешто,како брлива особа да е а не нормална жена.Сега работам на случајот да ја тргне на друг спрат па да видам тогаш кој ке и чисти и дали ке изигрува инспектор што претура по кантите за ѓубре да види што сме јаделе.Ама сопругот си ја знае каква е ми вика батали ја нели гледаш дека е швркната и не сака да ја одели од нас,незнам веќе како ке терам је ме збудали и мене немижам да ја поднесам во моја близина во иста соба,трпи трпи ама неарен човек тешко се трпи.
Снаи бре снаи кога ќе станете свекрви, немој да го првите истото што ви го правеле свекрвите на вас. Лично имам слушнато една свекрва како викаше Море како ми правеле така ќе правам а син и уште ерген. И снаите слушаат други жени кои ги боцкаат, а после и го гледаат сеирот. Затоа мислам дека зад сите недоразбирања меѓу свекрвите и снаите стои некоја советничка Која нормална мајка би му посакала лошо на роденото дете? Ако страда снаата страда и синот? Дали во лошо ќе ви помогне советничката или вашата свекрва? Колку и да сме немоќни,сиромашни,чистењето и храната не би требало да се главните проблеми,како што гледам по темите.Проблемот е кој да седне на престолот, а кој да си ја свитка опашката. Затоа пак ќе речам помлади сме,за жал финансисќи повеќето имаме проблеми, зафатени сме по цел ден,и потребна ни е помош од постарите.Затоа истата треба да ја цениме, почитуваме ако сакаме да напредуваме во животот. Секаде, во секој дом , постојат кавги и проблеми.Малите проблеми ако се прувеличат, ќе настане еден голем проблем.Не треба да се дозволи тие да прераснат во трагикомедии. Паметниот секогаш попушта.Така и вие, обидете се барем, за да си речете утре, ете барем се обидов да бидам човек.
Во нашиот случај советничка и е керкаи со која се слуша 100 пати на ден,зошто се љубоморни што сме повеќе имотни од неа,без оглед што сопругот мој и направи ќука, да не живеат во една соба како што живееа до пред некое време,нив им смета нивниот син и брат што има жена,сакаат тие да го стават под нозе и да го користат уште поврќе,зошто секој месец дава плата на лепи очи на сестраму за баш никаква равота,таа си има и друга работа од кај што си зима пари а мажми и дава секој месец плата,куќа направи плата дава и којзнае до кога планира да и дава и плус старата прнзијата пола и ја дава,а ваму чекаат јас да купувам се и да ринтам по дома како коњ,ако е во мене проблемот слободно пишете,само незнам зошто мојов уште ја држи мајкаму до нас при огромна куќа,јас да молчам и трпам а тие да прават што сакаат,си мислат дека ке ме избркаат па ке цицаат пари додека не пресуши изворот,како да се справам и што да направам да ја одели мајкаму од нас,ако има некоја поискусна феминка нека напише некој совет,зошто јас веќе не сум паметна и незнам на кој начин да постапувам,сега со мајкаму вопшто и не комуницирам а во заедница сме на исти спрат во една кујна и купатило,најмногу од се ми треба мир да сме сами,ама таа старата итро игра знае во колу доаѓа син и и шпринт во нејзината соба бега,кога е дома не излегува од соба,а онака цел ден се мора по кујна и дневна.Дали ова за вас е нормална мајка да му соли памет да дели од неговиот леб да дава на сестраму па и куќа цела да и направи како шѕо и направи,и пак му префрла ти на сестрати не помогна.Што сајаат тие две да го умрат пред време за пуст интерест и лакомост,толку сум разочарана што немам воља за живот,позз
stefaneli и јас имам сличен проблем. куќата што ќе се прави на лето ќе биди на 3 спрата. едниот за старите, едниот за нас, едниот за девер ми. сакаат 3тиот спрат да му го направат на девер ми кој е 16 год. таму да си спиел. а нашот да ни го остават само со тулите, ние да си го правиме, а кредитот кој треба да се земи да се плаќа на пола. и јас немам памет поќе, ни како да постапувам ни што да мислам. и ко ќе слушниш секакви муабети од тие што ти се дома и на тие што се надеваш дека некогаш ќе ти поможат, е после се ќе ти смета. и кој чистел и кој готвел!
Кај нас е куќата направена со сопствените пари на сопругот,куќата на сестраму е направена од парите на сопругот,и сега провлемот е како да ја одели мајкаму на друг спрат за да нема веќе кавги нервози разни подмукли работи какви што прави,па да видам тогаш кој ке и плаќа струја и греење кој ке и го полни фрижидерот кој ке и чисти и се по ред,дали тогаш ке ја дава пензијата а купува само по еден леб и јогурт,а мажми зошто и допушта и се држи за нејзината суќна не ми е јасно,пред некој месец бебето го изгубив аба а да не се кажало од нувна страна,безбаеш веќе на што да се пазиш од нив на се спремни.
На крајот темава се сведува на финансиски проблеми во семејствата, кој, колку и на кого ќе даде! Од тоа си патиме ние.
Не е само во финансиите проблемот,туку во мирот и спокојоѕ кој треба да го имаат еден маж и жена а не и да трпат безобразлук од мајкаму која фрла леб на сред јадење,убаво е што направил на ќеркаи да си ја прчи оделена од сопругата а тука нас ни изигрува командант,туку мажми незнам кај гледа па не ја одели да можеме како луѓе да живееме,и лоха мајка си ти ако фледаш да го користиш едното дете да ринта да му дава на другото,да не е должен две дамилиида издржува уште и под нпзе не гази мајкаму и дваицата.тоа ти било мајка,така ли убаво му нисли што сака да му ги брка жените,и уште да му кажува ти за женати се оставаш, а што оставил не ми е јасно кога е залепена за нас како слеп за стап.
а си и дала шанса на свекрва ти да ја видиш дали е жената фина? Или по дифолт, свекрва е не чини. Мислам дајте малку луѓе полека, една да кажеше реален проблем, ама не тие што имаат вистински проблеми не седат на форуми туку ги решаваат.
ние до сега немавме услови, ни да се делиме, ни да напрајме нешто наше. ама да имав од првиот ден ке бев на башка спрат, без да ме интересира ни што јадела ни што пиела ни ништо слично. само сериозен муабет со мт, ние од утре си одиме на нашиот спрат и точка. а според тебе кој е вистински и голем проблем, свекрвата да му стои над главата на сната дури спие, со ножот враце и да размислува дали да ја убие??? е да тоа е голем проблем, ама во реалниот живот, некои ситници за некои луѓе се голема работа, а за некои се само тоа ситници!
stefaneli Тука маж ти е крив. Кога може две фамилии да издржува, моќен е и да се одделите. Главниот проблем ти е со него, не со неа. ВИЕ сте тие кои треба ДА СЕ ОДДЕЛИТЕ, а не тој НЕЈЗЕ да ја оддели. Како да ја оддели? Во нивна куќа сте, ако си заборавила. Со сета почит и емпатија кон маката која си ја имаш, ама мажите многу некако ги заштитувате. Ако цркне свекрвата санкир сите брачни проблеми ќе ви се решат/